|
||||
ОД ДРУГАТА СТРАНА НА ИМПУЛСОТ |
Марија Емилија Кукубајска ОД ДРУГАТА СТРАНА НА ИМПУЛСОТ (Аполо на Месечината, 20. 07.1969) Песната е напишана на 20 јули, 1969, во Штип, во тек на ТВ преносот од „Аполо 11“ на Месечината. Објавена е во Јаглен и Дијамант, Наша Книга, Скопје, 1973 и во второ, дополнето, едитирано издание на „Временија и Неоткрит“ и „Јаглен и Дијамант“, ИНТЕ(Р)Грации на ИСТОРИ-ЈАта, ЕМАРИ, 2013) (извадоци) Море на Тишината: Живот од сончевиот камен Мисло-дајно го вденува нервот на мозокот Низ корени разгорени и во метален пламен. Со мислооки дендрони во недовидна големина Усвитени ќелии населуваат нови умови и тела За да не бидат заробеници на љубовта кон знаењето. ........ Крстители на туѓини неветени, Патувачите, на нов еон посветени, Од име на железни немири Во име на нерасплетени етери - Се предаваат на тајна што се шири, Ја покоруваат во гради на срцевината, Зближувајќи се и со себе, И со родители на на далечината, И со деца на близината, Добрината. Земјата гледана од Месечината Останува ли облечена во об-лик На тело осамено, кораво, студено тело?... Временија – тајна непоречена, Го кани Неоткрит на небоплодно дело. 2. Во длабината Безимена смрт, Постоиме се’ уште, и се’ повеќе ние. Бевме поим за безогнена топка - Бескрајни господарства и закони живи Низ коски и меса што крие. Знаме бевме на црвена вода Во студени огнови што се вие. Бевме најпрецизни дијалози Меѓу световите и умовите. Сведоци станувавме, За бескрајот навидум невидливи, Титани сега стануваме На Земјините улоги. Се вративме, сепак слепи патници Во разгорени човечки очи, провиденија. Се вративме, таму- кај нас, за каменот пак да се стори збор. Ситното тело невидливо – порасна, се пронајде во простор Преку врвови на силата, одгласува теченија на вечноста, Оѕвездува хор за човечноста и нејзините крила, струни Над предавства – победа за лансирање на човечниот извор: Ѕвездените летачи: Еве ви ја панорамата. Преселете ја во очи, со мисла измиени Гледајте, месечината не е само за сонувачи; За дофат е пожива драмата на умувачи На нејзината мртва сцена Од земјини актери посетена. Плитки се шуплините на сенките, Но од моќта на светлините Личат на длабоки гробни црнила. Далеку – зрно плод е Земјата. Ранлива роса во ноќта. Но, нескротлива е љубовта На запалената идно-мината сила Кон тие машински студени, Од човек разбудени крила. Од овде се гледа Земјата: Капка во космосот скаменета, заспана далечна убавица. Од раѓања згрчила пеплосани лица. Од почит кон неа, во Море на Тишината Притаивме маневри, знаме посадивме, А таа, и овде ни’ испрати гласник Од творци на замниот (к)рај, питомината. Во сонот на пустината – оставаме опомена За воскрес во Земниот рај по операцијата. Сончевиот ветер е скротен од нашиот жив кОд Како факир што освојува змија несигурности. Дали? Во талогот тишина разгранивме врати, портали Изртевме око и уво, овој свртај да не не’ отфрли, Испрати напрашено и глуво во распаднат п-Ад. Овде, величествена пустош ... Болно нечувствителен мир. Но, Ние, со ново господство вклучуваме стру(н)и По брегови на тој неограничен вир на тајни. Нас, живи темели – Овде бесчувството на месечината не не’ сподели Со безживот. Прескокнавме - и сон и небосклон Електронски ќелии да нахраниме – врели Од разгром на судбинскиот ѕвон, да сме - живи... ... Морето месечево го заучивме да зборува: Абер, алунирање, аманет. Со брегот – бранови недоречени да ни’ чува За шепот, шум, шумо-атоми, Од Господарот на (в)Етерот, Во вселената што не’ насадува За ние стебла да садиме, кон небото Негово, наше, човечно, човеково. |