|
||||
АНТОЛОГИЈА НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ПОЕЗИЈА |
АНТОЛОГИЈА НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ПОЕЗИЈА (НИК Наша Книга – Скопје, 1974 Извадоци од ПРЕДГОВОРОТ на Димитар Митрев: АКАДЕМИК ДИМИТАР МИТРЕВ МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ПОЕЗИЈА е одамнешна појава низ невремињата, во знакот на судбинското воздејство. „Јунак падна – бајракот не падна“. На развеаните во крвавите буни ал-бајраци не се нашла подруга дилема ... со едналва сила се одгласува лапидарната потресност на зборовите: смрт или слобода. Слободата на македонскиот народ да би станал господар на својата национална судбина, човечки правдини и за немакедонците, да дојде, најпосле, и на овие сокаци. Затоа човекот што бил предводник на една национална револуција, чие остварување ги натфрлува рамките на вообичаен револуционерен демократизам, со јасни до очебијност зборови ја сикажал визијата, која и за нас и за долго ќе биде битка кон култивирањето на најсуптилните хуманизаторски својства. Битка – и тоа своевидно тешка и сложена – и за сите оние во светот што во сопствените денешни визии си ја замислуваат и согледуваат единствено како поле за натпревар на најочовечените достоинства меѓу народите. Во оваа антологија, „лириката е остваредна како најприсно единство на националното и интернационалното. Секој од застапените поети навлегол со својот самосвојствен лирски немир, со грчот на трагична болезненост или со бранот на полетна понесеност во некоја од тие суштини на револуционерност, која е многу повеќе од стеснето татковинско светочувствување. Несомнено, тоа создава и цврст и богато синтетизиран впечаток, дека така сфатената физиономија и така сфатениот рефлекс, значат многу и обележување на трајни црти од развојноста на македонската поезија во нејзиниот воопштен поим. Не некаков каприц на индивидуалниот вкус, туку една историска проекција го овековечила како таков.... Одамна се знае, и многу трагика има во тоа сознавање: на овој простор во срцето на размирниот Балкан што го носи името Македонија историјата крваво патувала и низ обилно обилно пролеваната крв на нејзините бунтовни колена се осмислуваа во своето траење и во својот поход кон иднината. И токму поради такви трагични перипетии и преломности во народните судбини, лириката насекаде по светот е поуниверзална за светот на човечкиот безброј со призвукот на својата потресно-борбена каденца. И сосема природно е што поетите ги однегувале како свој порив, како кажување кое потресува, мотивите за мачениците од времето на Преродбата, за Гоце и Илинден, за Рацин и Вапцаров, за хероите паднати во нови револуционерни надигања од нашите најјужни предели. Антологијата содржи 33 поети, од првата повоена генерација, Кочо Рацин до најмладиот поет, Марија Кукубајска, меѓу кои Ацо Шопов, Блаже Конески, Гане Тодоровски, Јован Стрезовски, Ѓорги Сталев, Анте Поповски, Славко Јаневски, Петре Андреевски, Јован Котески и Михаил Ренџов. Димитар Митрев ја има вклучено во Антологијата песната од Марија Кукубајска посветена на Гоце Делчев и Илинденското востание, „Македонија се колне во тебе“ (сонет за Гоце). Сонетот е награден на анонимен конкурс распишан од Сојузот на студенти на Македонија, 1972 година. Резултатите од конкурсот се објавњни во Студентски Збор, стр. 2, Скопје, 1973 И СТУДЕНТИТЕ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПИШУВААТ ЗА ПОЧИТТА КОН ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И ЉУБОВ КОН ТАТКОВИНАТА МАКЕДОНИЈА Споменикот на Гоце – тоа е Македонија, од КУКУБАЈСКА, Марија, е есеј награден на истиот конкурс, со I Републичка награда од Сојузот на студенти на Македонија. Резултатите од конкурсот се објавени во Студентски Збор, стр. 2, Скопје, 1973.
Сонетот е вклучен во предговорот на брошурата издадена по повод отварање на Постојаната поставка за Илинденското востание, Црква Св. Спас, Скопје, 1998, во организација на Заводот за заштита на спомениците на град Скопје, директор Васил Иљов. Сонетот е објавен во Нова Македонија и повеќе други списанија и весници. |