Среда, 31 Јули 2019    PDF Печати Е-пошта
ВО ДОЛНА ПРЕСПА КАКО ДОМА (7)

dkhb1

ДОЛНО ДУПЕНИ – МЕСТО НА БРОЈНИ ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ 

Долно Дупени е долнопреспанско село од збиен тип со околу 250 куќи, во кои денес живеат околу 230 жители. До ослободувањето на Македонија селото немало ниту еден жител со средно образование, а по војната со вишо или високо образование се стекнале повеќе од 80 лица, од кои шест се доктори на науки и универзитетски професори

Селото Долно Дупени се наоѓа во Долна Преспа на крајот од југозападниот дел на Република Македонија, сместено во јужниот дел од источниот брег на Преспанското Езеро, на надморска височина од околу 900 метри. Од градот Ресен е оддалечено 34 километри. Атарот по големина е среден и зафаќа простор од околу 14 километри квадратни. Во него работи основно училиште до четврто одделение, а денес има само две продавници, некогашен Дом на културата, споменик на НОБ и др.

Селото по големина е средна населба, а во последно време со иселувањето на жителите во странство - Австралија, Америка, Канада, европските земји и низ градовите на Македонија бројот на жителите е многу намален. Меѓутоа, бројот на населението се зголемува со изградбата на голем број викенд куќи на Македонци претежно од егејскиот дел на Македонија.

Што се однесува за потеклото на името на селото Долно Дупени до сега не е пронајден пишан документ за неговото потекло, но од некои постари луѓе се пренесуваат неколку преданија и претпоставки. Името на селото потекнува уште од времето на цар Самуил.

Се вели дека дел од ослепените војници на цар Самуил биле пренесени во Преспа, односно, на местото каде денес е лоцирано селото Долно Дупени. Бидејќи војниците биле со извадени очи (дупнати) и кога требало да се посочи местото на кое биле лоцирани, се велело „кај дупените“. Подоцна, со текот на времето, придавката „дупени“ почнала да се однесува на самото место каде биле сместени војниците и кога тоа место почнало брзо да се населува, населбата ја нарекле „Дупени“.

bskjb2

Селската црква

Според едно мислење атрибутот „долно“ бил придодаден кога Преспа станала единствена административно-територијална единица и заради разликување на двете села во Преспанската Котлина со исто име (Дупени). Како појдовна основа за разлика меѓу нив се земени атрибутите на двата предела во преспанската географска област, така што едното Дупени по пределот Долна Преспа, а другото Горно Дупени по пределот Горна Преспа. Така во Преспа овие две села се со исти имиња, а со различни атрибути.

Според другото мислење има поголема веројатност дека атрибутот „долно“ му е даден на селото Дупени во времето на неговото преместување на денешната локација. Веројатно, во тој период, сама по себе се наметнала потребата населението на Дупени да прави разлика помеѓу делот на селото што се преселил и оној дел што сè уште не бил преместен.

Така, спонтано дошле во употреба изразите Горно и Долно Село, а бидејќи селото на претходната локација се викало Дупени, неопходно била наметната потребата отселениот дел во пониските делови на падината да биде наречен Долно Дупени.

Во атарот на селото постојат повеќе локалитети од археолошко значење, како: Блато, Бранејнца, Крушина, Маркова Нога и други. Исто така, атарот на селото Долно Дупени е познат по десетте црковни објекти, и тоа: црквата Свети Архангел, која е подигната кон крајот на X и почетокот на XI век, а била обновена во 1893 година, во дворот на црквата се наоѓаат и селските гробишта, потоа црквите, Свети Атанас, обновена во 1864 година, Свети Врача (посветена на свети Кузман и Дамјан), Свети Никола, Света Петка, Света Јана, Свети Димитрија, како и манастирoт Света Богородица, средновековен духовен центар, обновен во 1906 година, потоа црквата Свети Илија која се претпоставува дека е од времето на цар Самуил и вакавчето Света Филипија.

hvbj3

Плажата во Дупени

Долно Дупени е долнопреспанско село од збиен тип со околу 250 куќи, во кои денес живеат околу 230 жители. До ослободувањето на Македонија селото немало ниту еден жител со средно образование, а по војната со вишо или високо образование се стекнале повеќе од 80 лица, од кои шест се доктори на науки и универзитетски професори и тоа: Крсте Ангеловски, Владо Поповски, Петре Георгиевски, Драги Митревски, Наташа Ангеловска и Татјана Макаровска.

Од Долно Дупени истакнати бизнисмени, меѓу дугите, се: Душко Поповски, Михајло Николовски-Мајорчето, Милош, Добрила, Ристо Тодоровски, Ристо Петревски и други.

Од Долно Дупени потекнуваат детскиот писател Владо Димовски, аналитичарот Владо Јовановски, потоа поетите Наум Јовановски (Струмениковски), Ана Калајџиевска, Васил Петревски (од Јабука, Војводина), Ангеле Тодоровски и Ванчо Трајковски (од Австралија), Михајло Николовски- Мајорчето (од Канада),

Исто така, од Долно Дупени се познатите и признати следните интелектуалци: Спасе Макаровски, Живко Наумовски, Михајло Диневски, Јосиф Ангеловски, Владо Крстиќ, Владо Макаровски, Јорданка Ристевска, Драгица Каранфиловска, Спиро Макаровски, Љупчо Пајковски, Злате Макаровски и многу други. Исто така, треба да се споменат и зетовците од Долно Дупени кои се доктори на науки, и тоа: Стеван Костовски и Мијат Мијатовиќ, потоа снаата дупенска Валентина Божиновска, новонаселените (викендаши) амбасадорот Петре Наковски, новинарката Дора Ангелова и многу други.

Во публицистиката посебно внимание заслужуваат: Владо Димовски кој е писател за деца и возрасни, автор на радиодрами и сценарист на телевизиски играни серии, а е автор на книгите: „Цвет од сонце“ (1995); „Приказни од А до Ш“ (1998); „Умни глави“ (1999); „Приказни за буквите“ (1999); „Јазична работилница“ (2002); „Тате, мама и јас“ (2002); „Приказни за голем одмор“ (2003); „Во срцето на птицата“ (2004); „И човек и пес“ (2004) и „Љубов за летање“. Сценарист е на ТВ-сериите „Умни глави“ (2ОО2); „Погрешно време“ и „Македонски за странци“. Автор е на 20 радиодрами.

kknf4

Проф. д-р Владо Поповски е универзитетски професор. Беше и министер без ресор, министер за одбрана и министер за правда, а беше член и на експертската група за подготвување на текстот на Уставот на Република Македонија. Имa објaвено повеќе од 120 нaучни трудови: моногрaфии, студии и стaтии, меѓу кои: „Изборите и положбaтa нa грaѓaните во изборниот процес“ (1994); „Политичките институции и општествениот живот во стaрa Грцијa“ (1986); „Прaвилaтa нa Мaкедонскиот востaнички комитет од 1988 годинa“ (1979) (коaвторскa студијa); „Мaкедонскaтa лигa и Устaвот зa идното држaвно уредувaње нa Мaкедонијa“ (1985) (коaвторскa студијa); „Мaкедонското нaционaлно ослободително движење до ТМРО“ (1989); „Општините во Република Македонија“ (1998) (коaвторскa студијa); „Мaкедонското прaшaње во документите нa Коминтернaтa“ (студијa и документи) (1999). Тој е добитник нa Републичкaтa нaгрaдa зa нaукa од облaстa нa историските нaуки „Гоце Делчев“.

Проф. д-р Петре Т. Георгиевски е универзитетски професор, има објавено околу 200 трудови, како и следните книги: „Социјалното потекло и животната ориентација на средношколската младина“ (1972); „Социологија“ (коавтор), (1998); „Социологија на образованието“ (1999); „Социолошки речник“ (коавтор) (2007) и „Социологијата како критика на општествената образовната и културната промена“ (2012). За својата работа има добиено повеќе признанија, од кои и одликувањето - медал од Јегелонскиот универзитет од Краков, Полска еден од најстарите европски универзитети.

Владо Јовановски, аналитичар е автор на книгите: „Долно Дупени - село во Преспа - минато и сегашност“ (1994) и „Населбите во Преспа, местоположба, историски развој и минато“ (2005).

Наум Јовановски (Струмениковски) е роден во Долно Дупени, а живее во Куманово. Тој е професор по македонски јазик и е автор на стихозбирките: „Време“ (1995); „Песни“ (1996) и „Лирика“ (1998).

Мето Поповски, синот на Филип Поповски, еден од првите учители во Љубојно, остави вечни траги со своите телевизиски емисии за судбината на Македонците во Егејот, за животниот пат на Американката од Љубојно - Марија Алберт Хилберт - сопруга на Стојан Јанкуловски, за судбината на Васил Попјаневски од Брајчино и други, за што беше добитник на високи признанија.

Петре Наковски беше амбасадор во Полска, а е автор на книгите: „Постела за чемерните“ (1985); „Македонски деца во Полска“ (1948-1968), (докторски труд); „И каменот е земја“ (1988); „Големата удолница“ (2003); „Големата измама“ (издадена и на англиски јазик) (2007); „Македонските бегалци во Полска“ (1948-1975, 2008) и „На пат со времето“ (издадена и на англиски јазик), (2010).

Затоа со право се вели дека селоТО Долно Дупени во Долна Преспа, на брегот на Преспанското Езеро е расадник на голем број интелектуалци, село на рибите и  јаболката село што се наоѓа на најјужната точка во Република Македонија.

Продолжува

 G6

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.