Сабота, 17 Април 2010    PDF Печати Е-пошта
Обединетата македонска дијаспора на Симон Трпчески ќе му врачи Награда за истакнати постигнувања
Симон Трпчески
Фото: Њујорк Тајмс

По повеќе месечно планирање, Обединетата македонска дијаспора (ОМД) утре ќе го инаугурира својот огранок во Лос Анџелес во чест на нашиот светски познат пијанист Симон Трпчески.
На настанот, ОМД ќе го одликува Трпчески со Наградата за истакнати постигнувања на ОМД што се доделува на личности кои придонеле за развој на стопанството, уметноста, науката и други сфери значајни за Македонија и за Македонците во земјата и во странство.

- Овој настан следува по гостувањето на Трпчески во Филхармонијата на Лос Анџелес и во Walt Disney Concert Hall. Неговото прифаќање на нашата награда е за нас голема чест и настан од ваков калибар, со истакнат гостин каков што е Трпчески, е соодветен начин да го прославиме неговото дело, но и да го промовираме отворањето на огранокот на ОМД во Лос Ангелес, изјави претседателот на ОМД Методија Колоски.

Се очекуваат повеќе од 200 гости, не само од Лос Анџелес, туку и пошироко, од Калифорнија и од останатите делови на САД. 

- Вакви манифестации би требало во иднина да бидат секојдневие за нас Македонците, бидејќи кај нашиот народ постои немерлив талент. Дел од нашата задача и мисија како организација е посветена на промоција на се што е македонско и на промоција на нашите таленти, истакна Колоски.

Според Бобан Јовановски, новоизбран директор на ОМД одговорен за САД, отворањето на регионалните ограноци е клучен дел од агендата на организацијата со цел да се обединат центрите на македонското иселеништво во САД и во светот.

- Би ни било многу полесно да останеме во своите седишта во Вашингтон и во другите светски метрополи каде што се гради светската политика, но ние како организација сакаме да се приближиме до нашите членови, да бидеме поблиску до нив и со нив, рече Јовановски.

Засега ОМД има отворено ограноци во Вашингтон, Торонто, Парис и Мелбурн.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.