Среда, 21 Август 2019    PDF Печати Е-пошта
СВЕТИ МАЧЕНИК СПАСЕ РАДОВИШКИ

Marko KitevskiПроф.Др. Марко Китевски

УШТЕ ЕДЕН ПРАЗНИК НА МАКЕДОНСКИ СВЕТИТЕЛ. ВО СРЕДА НА 21 АВГУСТ Е ПРАЗНИКОТ НА СВ. СПАСО РАДОВИШКИ.

sv-spaso-radovishki-1

21/ 8 VIII. СВЕТИ МАЧЕНИК СПАСЕ РАДОВИШКИ

ПРИМЕР ЗА ВЕРНОСТ КОН ХРИСТИЈАНСКАТА ВЕРА

Овој светител се среќава со две имиња што кај народот создава забуна дека се работи за два светители. Еднаш се среќава како Спасо Радовишки, друг пат како Анастасиј Струмички.

Во православниот календар македонскиот светец Спасе Радовишки има два празника: на 21 август според новиот (или на 8 август според стариот) календар и на 11 септември според новиот (или на 29 август според стариот) календар.

Овај светец се среќава и со две имиња што кај народот создава забуна дека се работи за двајца светци, а не за една личност. До оваа забуна доаѓа поради тоа што житието на овој светец, составено од неговиот современик Никодим Светогорец е напишано на грчки јазик, и е објавено пет години по смртта на светецот во книгата „Неон мартирологион“ што значи Ново мачеништво (Венеција, 1799). Притоа по грешка името на светецот од Спасе (што на словенски јазик значи спасение) на грчки јазик е погрешно преведено и како Анастасиј, што значи вознесение. До забуна доведува и тоа што овој светец се среќава и како Струмички, а тоа е поради фактот што Радовиш во тоа време спаѓал во Струмичката епархија.

За овој македонски светец сосема малку е пишувано кај нас, а и во народното предание во овие краишта (Радовишко и Струмичко), споменот е исчезнат. Можеби причина за тоа е фактот што житието било пишувано на грчки јазик, кој не само што за населението од овој крај бил неразбирлив, туку кон овој јазик се имало и нескриен отпор. Оттука ликот на св. Спасе Радовишки не е присутен на фрески и икони од постар датум.

Неговото житие сведочи дека е роден во Радовиш во семејство на благородни родители коишто го воспитувале во христијански дух. Кога поодраснал го дале во работилница за оружје за да го изучува овој занает и да може да си обезбедува егзистенција. Така Спасе го изучил оружарскиот занает кај некој мајстор кој подоцна се преселил во Солун. Кога наполнил 20 години Спасе заминал за Солун за да го посети својот поранешен мајстор. Овој пак имал неколку скапи турски облеки (костуми) за кои немал платено данок и барал начин да ги изнесе од градот без да го плати тој данок (царина). Затоа го замолил Спасета да облече една таква облека и да ја изнесе од градот. Во таа облека ти си прав Турчин, му велел тој, никој нема да те познае дека не си Турчин за да ти бара документ за платен данок. Спасе се спротивставувал, правдајќи се дека не сака да облекува турски алишта, а и се плашел да не биде откриен. Но бидејќи многу го почитувал својот мајстор не можел да го одбие. Ги облекол алиштата, но на крајот од градот бил забележан од цариниците. Му биле побарани документи за платената такса, а кога рекол дека е Турчин и дека не треба да плаќа данок го натерале да ја каже салеватата. Тоа била молитва кон Алах што ја знаел напамет секој Турчин. Спасе се збунил и молчел. Дали не знаел што е тоа салевата, дали не сакал да кажува нешто што значело исповедување на муслиманската вера?! Со тоа бил откриен дека не е Турчин и бил приведен кај началникот кој му рекол: „Ти не си Турчин, но можеш да бидеш ако сакаш. Еве како убаво ти стојат турските алишта, а и убав си и паметен, зошто да не се потурчиш?! На тоа Спасе одговорил: „Јас си ја сакам својата христијанска вера и не сакам да ја менувам.“

Потоа бил одведен кај повисокиот службеник кој со ветување на висока служба и големо богатство, раскошна палата и удобен живот, се обидел да го придобие Спасета да си ја смени верата. Но Спасе сето тоа го одбивал нудејќи да си ја плати казната за прекршениот граѓански закон. Царинскиот началник побарал совет од муфтијата, а овој му рекол: „Ти го имаш во едната рака мечот, а во другата законот, употреби го она што го сакаш!“ Тогаш Спасе бил испратен кај месниот мула заедно со петмина Турци коишто требало лажно да сведочат дека ја навредувал муслиманската вера. Мулата се обидел со убави зборови и поубави ветувања, но и со закани да го придобие младиот човек, но и тој се разочарал поради тоа што планот не му успеал. Сега тој го испратил кај муселимот. Тој, пак, што сè не сторил да го придобие Спасета. Му нудел богатство, служба покрај себе си, и најпосле чифт пиштоли оковани со сребро и сомотна облека. Но и тоа Спасе без двоумење го одбил. Потоа му биле ставени пранги на рацете и нозете, на вратот синџири, под ноктите му набивале спици од трска, на нозете му набиле игли, го тепале и го влечеле и постојано му говореле да го прими исламот. Но и покрај таквите невидени мачења останал верен на својот Бог Исус Христос, изјавувајќи дека земните задоволства при нечиста совест се лоши задоволства. Тогаш градоначалникот го осудил на смрт со бесење. Притоа им порачал на егзекуторите бавно да го водат кон бесилката за да има време да се предомисли и да го прими исламот. Но Спасе не се исплашил од смртта. Додека го воделе кон крајот од градот каде што требало да биде обесен, исцрпен од мачењето паднал и ја предал својата душа во рацете на својот Спасител. Тоа се случило на 11 септември /29 август 1774 година.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.