Среда, 04 Септември 2019    PDF Печати Е-пошта
ВО ДОЛНА ПРЕСПА КАКО ДОМА (12)

dkhb1

 ИЛИНДЕНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИТЕ ПРОСЛАВИ ВО ПРЕСПА

Илинденската иселеничка традиција во Љубојно живее над 45 години, а со тоа Илинден е и слава и верски празник. Илинден како ден на востанието на македонскиот народ да стане и ден на Љубојно и околните села, Брајчоно. Долно Дупени, Наколец, Штрбово, Крани и Арвати, како и Селата во Долна Преспа во егејскиот дел на Преспа и Мала Преспа во Албанија

Ако долнопреспанци со пушка во рака биле учесници во двата Илиндена за слобода на Македонија, денес тие со продолжувањето на македонските традиции, духовност, со обичаите и со културните настани ги зацврстуваат корените на Македонија, на македонскиот народ во Преспа и насекаде во светот да бидат вечна..

Иселеничките средби се исполнети со интересни содржини, а по традиција, на 2 август се одржува општ собор на многуилјадниот народ. Ечат песни и ора, се радуваат луѓето на многуте визити, видувања, спомени и завет - дека каде и да се, ама на Илинден, во Долна Преспа да се.

Овој голем ден верската и национална симболика на македонскиот народ ја издигна до ниво на магија која го поврзува, независно дали се наоѓа во Македонија, Австралија, Европа, Канада, САД, Европската унија или на други простори во светот. Овој македонски празник е ден над деновите, симбол над симболите, магнет над магнетите.

Иселенички средби се одржуваат во Љубојно, во Долно Дупени, Брајчино и Штрбово, во Подмочани, Болно и Пустец, во Мала Преспа. И овие средби, главно, имаат иселенички карактер. Средбите ги организираат и финансираат иселениците од дијаспората и месното население. А целта е да се вратат иселениците во своите родни огништа, да има повторни видувања со роднините и пријателите, да има пријатни мигови во родните огништа и сето тоа да остане незаборавно, со желба таквите средби да бидат мотив повеќе за другарување и организирано другарување на Македонците од Преспа и пошироко.

dljhb2 

Музејот во Подмочани

Така, овие иселеничките средби во цела Преспа, покрај другарувањата во родното место, со невидена сила ги привлекува иселените повторно да се вратат на дедовските корени. На средбите се паметат долгите прекрасната атмосфера и моментот кога селото е живо како во поранешните времиња. На иселеничките средби сите се дел од многубројните случувања кои остануваат за паметење во родните села под Пелистер.

Карактеристично за „Љубанските илинденски иселенички средби“ е тоа што со реконструкцијата на „Воденицата“ на Нивичаните во „Чивлик“, културните манифестации започнаа да се одржуваат во дворот на воденицата каде средбите добија нова културна димензија. Културниот дел од средбите започна да се организира во попладневните часови на 31 јули, на кои со своето учество редовно манифестацијата ја збогатуваат фолклорни групи, истакнати естрадни пеачи, градоначалникот на општина Ресен и на други институции, како и голем број видни личности од општествениот, политичкиот и црковниот живот во Република Македонија.

Меѓу нив посебно место заслучуваат: градоначалните на Ресен Димитар Бузлевски, Михајло Волкановски и Ѓоко Стрезовски, д-р Живко Гошаровски, надлежниот архиереј на Преспанско - пелагониската епархија на МПЦ, митрополитот Петар со свештеници од Ресен и Битола, Васил Наумов, директор на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, министри на Владата, пратеници на Собранието на Република Македонија, оптествено-политички функционери, културолози, новинари, телевизиски екипи, видни иселеници од дијаспората и други знајни и незнајни личности.

dhll3 

Македонци од Мала Преспа во Канада

Карактеристики за Вториот ден на „Љубанските илинденски иселенички средби“, пак, е тоа што тие од „Воденицата“ продолжуваат на „Полена“. Така, од 2007 година средбите добија нов правец на културен план, особено кога на 1-ви август во предвечерието на Илинден актерката Елена Мосе, член на Народниот театар од Битола ја изведе монодрамата „Пјав“. Потоа Илинденската вечер продолжи со изведба на свои програми на културно – уметничките друштва „Везилка“ од Охрид и „Моминок“ од Прилеп.

Од втори август 2005 година отпочна да се изведува дефиле по улиците на Љубојно во кое учествуваат голем број граќани, членови на културно – уметнички друштва, познати личности, преводени од градоначалникот на Ресен и организаторот на Средбите. Потоа, се одржува богослужба во црквата „Свети Илија“ и се положува букети свежо цвеќе пред спомениците за Илинден и НОБ.

Музичкиот дел на „32-те Љубанските илинденски иселенечки средбите“ во 2005 година го водеше музучката група „Биоритам“, а настапија познатите естрадни уметници: Татјана Лазаревска, Јасмина Мукаетоа, Гоце Арнаудов и љубанецот Ламбе Алебаковски. Таа година музичката ѕвезда Ламбе Алабаковски настапи за прв пат на „Полена“, каде беше прифатен со љубов и награден со аплаузи, овации и бакнеши од младите генерации. Од оваа година па се до денес Ламбе Алабаковски е присутен на „Љубанските илинденски иселенечки средбите“ со свој репертоар на забавна и народна музика.

Триесет и четвртите Љубански илинденски иселенички средби се одржаа во 2007 година на кои се продолжија традициите од предходните години. Тие започнаа во „Чивлик“ пред културното љубанско наследство „Воденицата“. Средбите продолжија во вечерните часови на „Полена“, каде присутните ги поздравија љубанецот Ратко Милошевски кој шивее во Детроит и кој беше претседател на манифестацијата. Исто така, на присутните на средбата се обратија господинот Димитар Бузлевски, градоначалник на општина Ресен, неговата екселенција Јордан Плевнеш, амбасадор на Република Македонија во УНЕСКО и Весна Палмер, иселеник и донатор од Колорадо, САД.

allgs4 

Селото Герман

Во вечерните часови Илинден беше збогатен со необичната и професионална изведба на вечер на љубанската поезија „Мементо“ за Наум Манивилов – Преспански во режија на Владо Цветановски и амбасадорот Јордан Плевнеш, а по сценарио на Бошко Рајчовски – Пелистерски. Во оваа иведба учествуваа групата „Љубојна„ од Битола и актерите Бошко Бозаџиевски и Елена Трајковска. Потоа, програмата ја збогатија со свои оригинални ора и песни КУД „Таше Милошевски“ од Ресен и КУД „Чиперо“ од Кечкемет, Унгарија, со што се прошири во народна веселба која траеше до доцна во ноќта.

Четириесет и петте „Љубанските илинденски иселеничките средби“ , пак,  се одржаа во центарот, познат како  „Полена“ во Љубојно на први и втори август. Тие започнаа со народна веселба, за потоа да ги прогласи за отворени градоначалникот на општината Ресен, д-р Живко Гошаровски. Веселбата ја збогатија младите и полетни играорци на Друштвото „Гоце Делчев“ од Битола, кои се претставија со грст македонски народни ора и песни, за што беа наградени со аплаузи.

Во текот на средбите присутните ги забавуваа  групата „Нели ти реков“ со познатата Кате, која беше ѕвезда на 45-те „Љубанските илинденски иселеничките средби“.  и естрадните уметници Благојче Стојановски - Туше и Ташко Каранфиловски, групата „Гердан“ со естрадната уметничка Марија, како и бендот „3Г“.

Крај

 c6 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.