Среда, 11 Септември 2019    PDF Печати Е-пошта
СВЕТИ ВЕЛИКОМАЧЕНИК ФАНУРИЈ

kitevskiПроф.Др. Марко Китевски

На 9 септември е празникот на светиот великомаченик Фануриј
9 IX/ 27 VIII. СВЕТИ ВЕЛИКОМАЧЕНИК ФАНУРИЈ

Светиот маченик Фануриј најмногу се славел во Македонија, Мисир, Родос и на островот Крит. За него скоро ништо не се знае, ниту во кое време живеел, ниту кои му биле родителите, ниту од каде потекнува бидејќи неговото житие се изгубило. Се знае дека кога Османлиите го зазеле островот Родос, се зафатиле со обновување на разурнатите тврдини. За тоа камења носеле од блиските урнатини и притоа откриле разурната црква и во неа мноштво икони, сите оштетени, само една била цела и била како да е скоро сликана. Владиката на тоа место, еден свет и учен човек, дошол и причитал дека на таа икона пишувало свети Фануриј. Иконата била со лик на светителот и со сцени од неговиот живот. Било прикажано неговото мачење, по што владиката заклучил дека се работи за светец. Но кога побарал дозвола да ја обнови црквата бил одбиен. Упорниот владика отпатувал во Константинопол каде што добил таква дозвола, по што ја обновил разурната црква. Потоа црквата станала собиралиште на народот и оттука неговиот култ се проширил на поширок простор. Се случиле и многу чуда.

Останало запаметено во народното предание дека тројца млади свештеници што биле заробени од Агарјаните биле продадени како робови на островот Родос. Новите господари ги измачувале, а свештеницте откако разбрале за чудата на свети Фануриј деноноќно му се молеле да ги ослободи. Тоа го правеле тројцата без да знаат еден за друг, бидејќи биле кај различни господари. Се случило тројцата во исто време да добијат дозвола да одат во храмот и да се помолат на светителот.

По молитвата пак се вратиле кај своите господари, а ноќта светителот им се јавил на Агарјаните и им заповедал да ги пуштат робовите, заканувајќи им се со жестока казна. Но тие помислиле дека се работи за некаква магија направена од свештениците, по што пак ги оковале и уште пожестоко ги измачувале. Но тогаш, свети Фануриј им ги симнал оковите, а на Агарјаните им се заканил дека ако не ги ослободат веднаш ќе ги стигне казната. И навистина се случило нивните најмили да бидат ослепени и парализирани со ужасни болки. Тогаш господарите ги повикале свештениците да се молат за болните, по што пак свети Фануриј им се јавил и им се заканил дека ако не остават писма за ослободување на робовите нема да бидат излекувани.

Дури откако во црквата оставиле такви писма биле исцелени и среќни ги ослободиле робовите и ги испратиле во нивната татковина. Тие пак откако направиле копија од иконата на свети Фануриј се вратиле дома славејќи го светиот маченик Фануриј.

Според друго предание мајката на свети Фануриј била голема грешница. Свети Фануриј го молел Господа за нејзино спасение. Кога настрадал за Христа, кога бил каменуван, тој се молел на Господа да ги помага сите оние што ќе се молат да спасение на неговата грешна мајка. Затоа христијаните во Мисир го молат Бога со молитвата: „Спаси ја господи мајката на св. Фануриј и помогни ми мене грешниот“.

На иконите, светиот маченик Фануриј е насликан како млад војник, во едната рака држи свеќа, а во другата крст.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.