Среда, 16 Октомври 2019    PDF Печати Е-пошта
ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА:СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН ОД ЉУБОЈНО, АНАЛИТИЧАР НА МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО (6)

New snk

Славе Николовски-Катин кој е познат само како Славе Катин е голем вљубеник во својата родна Преспа, во етничка Македонија и македонскиот народ, како и во Македонската православна црква - Охридска архиепископија и во Македонците насекаде во светот. Тој и е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија и на животот на Македонците во дијаспората

Тој е роден на 19 август 1941 година во Долна Преспа, во куќа која во тој период ја заплискувале брановите на Преспанското Езеро, во непосредна близина на старата населба Наколец. Тој е роден точно на почетокот на Втората светска војна, кога Хитлеровска Германија, опијанета од идеологијата на фашизмот, се крена против целиот свет, верувајќи дека има сили да завладее со него.

Во големата светска катаклизма, во семејството на Сандра и Ристо Николовски (Барџевски) се родил синот Славе кој ќе ја продолжи семејната лоза. И не само тоа, тие како да претчувствувале дека нивното прво и единствено чедо, ќе стане познато и признато име, не само во Преспа, туку и во Македонија и надвор од неа ширум светот. 

Во неговата биографија е забележано дека извесен период по неговото раѓање, семјеството се преселува во Љубојно, од каде е неговата мајка Сандра (од семејството Грежловци). Таму Славе го минува поголемиот дел од детството, од младоста, а се навраќа во него скоро цел живот. Катин таму има библиотека со над 4.000 книги Таму од мали ноѕе го почувствувал тешкиот печалбарски живот на луѓето од Преспа, особено преку печалбарската сага на дедо му Алексо (Алек) Ристов - Грежлов.

Основното и осумгодишното училиште (со мала матура) го завршува во училиштето „Димитар Влахов“ во Љубојно, а Средно техничкото училиште, геодетски отсек во училиштето „Здравко Цветковски“ во Скопје. Студирал две години Геодезија на Вишата геодетска школа во Белград., се школувал и во Торонто, а дипломирал на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.      

Во брак е со Нада Николовска, родена Иванова, во Винива во 1949 година. Таа денес е пензионерка, а беше советник и инспектор по македонски јазик во Бирото за развој на образованието при Министерството за образование на Република Македонија. Нада Николовска - Катин е автор на дваесетина учебници и друга литература и на повеќе од дваесет дидактички дела по македонски јазик кои значат голем придонес во наставниот процес во училиштата во Македонија. Нејзините дела, во исто време се и афирматори и бранители на македонскиот јазик и литературата во земјата и светот.

По завршувањето на средното образование, неколку години Славе Катин работи како геометар во Собранието на Општината Ресен. Како студент во Белград, во почетокот на 1966 година заминува за Канада, каде останува четири години. Во Торонто се школува на специјализираниот Институт за англиски јазик и литература „Раерсон“. Извесен период работи како геодет, а пројавува активност и во македонската колонија во Торонто. Еден мандат, во 1978 година, бил генерален секретар на Црковната управа на Македонската православна соборна црква “Свети Климент Охридски” во овој град. Паралелно се занимавал со новинарство, активно соработувајќи со списанието “Духовна искра” од Торонто, но и со други печатени и електронски македонски медиуми во Канада и Соединетите Американски Држави. 

Во летото 1970 година, по препорака на тогашниот југословенски амбасадор Митко Чаловски се вратил во Македонија како студент на Владата на тогашна Социјалистичка Република Македонија, преку Матицата на иселениците од Македонија. Заедно со неколку студенти од Канада и Австралија имал статус и бенефиции како странски студент во Македонија.

По дипломирањето на Филолошкиот факултет (1974), Катин четири години работи како координатор и стручен преведувач во Хидробиолошкиот завод во Охрид, во периодот на истражувањето на Охридското Езеро, утврдено со Договорот помеѓу Заводот и Смитсоновата фондација од Вашингтон. Во овој период, интензивно работи на повеќе преводи од научен и стручен карактер, од македонски на англиски јазик и обратно, за потребите на Заводот, но и на низа преводи на англиски јазик на научни трудови објавувани во земјата и странство.

Од 1979 до 1984 година, Катин е во Матицата на иселениците од Македонија, каде ја води Информативната служба и работи како преведувач и новинар во списанието “Македонија”. Од 1984 до 1990 година се наоѓа во Републичката конференција на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија (РК ССРНМ), каде го уредува “Информативниот преглед” и други информативни публикации на оваа општествена организација. Воедно, од Претседателството на РК на ССРНМ е именуван за раководител на Службата за информирање, за секретар на Комисијата на РК ССРНМ за меѓунационални односи и секретар на Одборот за остварување на улогата на ССРНМ во сферата на религијата и верските заедници.        

Од 1991 до 1998 година Катин (именуван од Собранието на Република Македонија, како самостојна и независна држава) ја врши функцијата потпретседател на Републичката комисија за односи со верските заедници. Во 1999 година повторно се враќа во Матицата на иселениците од Македонија, сега веќе трансформирана во Министерство за иселеништво, кое, по една реконструкција на Владата, е рангирано во Агенција за иселеништво. Со цел поангажирано да се посвети на иселеништвото, во 2001 година, Катин ја напушта Агенцијата и заминува во предвремена пензија. 

Меѓутоа, во овие дваесеттина години по пензионирањето, тој е активен во издавачката дејност. Како главен и одговорен уредник на една од престижните издавачкати куќи–Книгоиздателството “Македонска искра” од Скопје, тој постигнал видни резултати во издаваштвото, особено во учебникарството. Славе Катин уредил и објавил неколку стотини наслови од кои најголем број се учебници и дидактичка литература, кои значат голем прилог и придонес во образовните процеси во Република Македонија и за учениците во дијаспората, а кои се одобрени од Министерството за образование и наука на Република Македонија, потоа дела на македонски иселеници, асоцијации и организации во Канада, САД, Автралија и Европската Унија, како и книги на бројни познати и непознати автори од Македонија, како и дела од творештво на Славе Катин.

Како функционер на Владата на Република Македонија, Славе Катин бил на посети и разговори кај поглаварите на Романската, Украинската, Руската и  Српската православна црква, потоа во Цариградската патријаршија во Истанбил  и Ватикан во Рим. Исто така, бил и во делегацијата на Владата на Република Македонија за погребот на Мајка Тереза во Калкута, Индија, а многу пати патувал со делегации на Македонската православна црква -Охридска архиепископија за Канада, Соединетите Американски Држави, Австралија, бројни европски земји, Турција и Израел.

Во неговиот творечки опус од 55 дела, посебно внимание заслужуваат книгите: Македонците во САД и Канада (на македонски и англиски),Македонските православни цркви во Австралија, Канада и САДИлинден 1903-2003 и македонските иселеници; Македонски холокауст; Македонскиот иселенички печат (на македонски);, како и делата Придонесот на Македонија во светската цивилизација; Од Панонија до Егеј, Во чест на св. Кирил и Методиј, 40 Поклоненија на гробот на Св. Кирил во Рим) и Ореолот на Дева Марија и Св. Богородица Сливничка во Преспа, (во коавсторство со академик д-р Антоније Шкокљев-Дончо и проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ), Macedonia in Ancient Times, (Македонците во античкиот период), The Balkans and Macedonia (Балканот и Македонија) (во коавсторство со академик д-р Антоније Шкокљев-Дончо и Ристо Стефов).

Славе Катин е автор на делата за големите македонските донатори од дијаспората, Атанас Близнаков (две изданија), Петар Стаматов (коавтор со проф. Методиј Трајковски) и Ѓорѓи-Џорџ Атанасоски (две изданија), од САД,  на митрополитот Кирил, Георги Томов од Њујорк, Светле (Стив) Стамевски од Детроит, Андреа Бранов од Мелбурн, Семејството Јановски и Семејството Видиновски од Торонто,  Бошко Рајчовски-Пелистерски од Флорида, Благоја Механџиски-Зегин од Скопје (на македонски и англиски), Есма Реџепова-Теодосиевска (на македонски, англиски и ромски) Силјан Мицевски од Битола (во коавторство со Ѓорѓи Лумбуровски) и Гога Печенковски од Ресен (на македонски).

Тој е исто така познат со лексикографските изданија: Англиско-македонски лимнолошки лексикон, речниците за деца: Ајде да учиме македонски, англиски француски, германски, турски, албански, влашки и ромски, како и со преводот на романот Александар Македонски (од англиски на македонски) од Урлих Вилкен, како и по делата: Evliya Celebi’nin dunnya seyahatleri izlerinden (По стапките на Евлија Челебија) (на турски) и Love Stories, (Љубовни приказни) (на англиски).  

Посебно место во творештвото на Катин заслужуваат последните негови дела: Илинден во Љубојно и Преспа (на англиски и македонски), педесеттото дело Светот на дланка и Македонски иселенички меридијани (на македонски), Израел и Македонија (Israel and Macedonia)  (на англиски,хебрејски и македонски), Александар Македонски (на македонски),   како и педесет и осмото дело Macedonians in the world (Македонците во светот) (на англиски).

Во текот на неговата работа и творечка дејност објавил педесет и осум публикации, лексикографски изданија, преводи од македонски на англиски јазик и обратно.  Исто така, автор е на над три илјади новинарски текстови и други единици од науката, фељтони, репортажи, осврти, портрети, преводи од литературата, јазикот религијата и културата на англиски и на македонски јазик, како и на друг вид текстови и материјали што се објавени во земјата и во светот.

Славе Николовски – Катин беше акредитиран новинар од Македонија за Австралиско-македонски неделник од Мелбурн во период од три години и за Меѓународна политика од Белград. Поголемиот број од неговиот опус на материјалите се однесува и е сврзан со активностите и животот на македонските православни црковни општини во Австралија, Канада, САД и Европската Унија, како и на македонските иселеници во прекуокеанските и европските земји, а 50-тина преводи од македонски на англиски во рубриката ,,Од месец до месец” во списанието Македонијасе однесуваат на културно-политичкиот и општествениот живот во Република  Македонија.

Има учествувано на 50-тина симпозиуми, трибини, конференции и друг вид сесии во земјата и во светот на кои има презентирано, главно, реферати што се однесуваат на културата, литературата, јазикот и религијата, како и на информативната и друга дејност на македонските иселеници во прекуокеанските и во западноевропските земји.

Како активен новинар беше избран за секретар на Здружението на новинарите на Македонија, на која должност остана пет години. Потоа беше член на Претседателството и на Комисијата за меѓународна соработка на Здружението. Беше член и на Советот на Центарот за странски јазици во Скопје, на Издавачкиот совет на „Меѓународна политика” од Белград и член на „Друштвото на литературните преведувачи на Македонија“. Два мандата беше потпретседател, како и член на Друштвото за литература и култура Македонија-Канада, потоа бил почесен член на Здружението за примена на македонскиот јазик во службената и во јавната комуникација; потпретседател и доживотен член на Одборот на Фондацијата „Атанас Близнакоф” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” и Фондацијата „Браќа Џидрови“ на д-р Лефтер Манче од Отава. Бил член на Меѓународната академија за слобода на религијата во Вашингтон, САД, а почесен член е на Литературното друштво „Браќа Миладиновци” од Торонто, Канада и на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија, а е член на Друштвото за наука и уметност од Битола. Република Македонија.

Во еден подолг период Катин го свртува вниманието на себе со својата динамична информативна и публицистичка дејност поврзана со овој корпус, поради што е централна фигура во односите меѓу црквата и државта, од една, и односите на државата, црквата и дијаспората, од друга страна. Ваквата негова позиција му овозможи номинација во разни друштва, здруженија и организации во Републиката и пошироко. Исто така, забележително е неговото учество на бројни симпозиуми, трибини и семинари во земјата и странство, на барање од нивните организатори кои ги ценат и почитуваат неговите погледи по низа прашања од сферите во кои дејствуваат. На овој план, Катин оствари исклучително богата и динамична комуникација со бројни субјекти во државата и светот. Тоа му овозможи да навлезе во суштината на проблемите со кои беа преокупирани Македонците во дијаспората, но и државните структури во земјата, кои во разни периоди имаа различни погледи кон иселеништвото, што е и причина за отсуството на една конзистентна држвна стратегија кон нив.

Свесен за тој факт, Катин настојува да ја пополни таа празнина, да го надомести тој вакум со предлози и сугестии, но и со конкретни практични чекори да воспостави извесен баланс во односите на државата со раселените Македонци, со што започна да го гради големиот (златен) мост на нивното поврзување со Татковината, како самостојна и независна држава. Но, и нивното меѓусебно запознавање и зближување, независно од оддалеченоста на нивните дестинации. Меѓутоа, неговиот придонес не запира тука. Катин е свесен дека на Македонија може да и’се помогне најмногу ако во неа се инвестира во реализацијата на низа проекти од значење за нејзиниот побрз развој, односно ако за тоа се заинтересираат и самите тие во дијаспората, како успешни бизнисмени.

Широката палета на Катин за остварување на стратегиските цели на овој план, опфаќа бројни зафати, дел од кои веќе функционираат. Освен неговите релативно чести посети на трите континенти и личните средби со иселениците, преку монографските изданија за најуспешните од нив, Катин се обидува интересот за соработката со дијаспората да го пробуди и кај луѓето во државниот врв на земјата. 

Ефектите од ваквите посетите на угледни Македонци од дијаспората на својата Татковина, допрва ќе се почувствуваат, како што ќе се почувствува и придонесот на Катин на овој план. Историската димензија на неговиот национален проект поврзан со иселеништвото, објективно го афирмира во уникатен лидер на едно светско семакедонско движење за промоција на Македонија, не само како колевка на една стара цивилизација, туку и како држава која придонесува развиениот свет сè повеќе да ја чувствува и во сопствениот развој.

Славе Катин, во период од педесетина години објавил над 3.000 текстови, главно, за Македонија, за иселеништвото, религијата, културата, македонскиот јазик и литературата и други области во информативни гласила во Република Македонија и странство и тоа во: „Нова Македонија”, „Вечер”, списанијата „Македонија”, „Македонска ревија”, „Литературен збор”, „Културен зивот”, „Студентски збор” „Лик”, „Весник на МПЦ”, „Трудбеник”, „Бирлик”, „Климентов збор”. „Духовна искра”, „Обединети Македонци”, “Македонија”, “Искра”, „Повод”, „Австралиско-македонски неделник”, „Македонска искра”, „Македонски весник“, „Македонски иселенички алманах“, особено во Веб-порталот „Македонска нација’, како и во други гласила и портали во Македонија и странство. 

Славе Катин е добитник на голем број награди и признанија од бројни организации, друштва, установи, цркви и црковни општини во Република Македонија и во странство. Тој е исто така добитник на најпрестижната награда „Крсте П. Мисирков“ на Здружението на новинарите на Македонија од областа на журналистиката.

Славе Катин не припаѓа на политичка партија, бидејќи тој е припадник на етничка Македонија, на Македонците во дијаспората и на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), која како институција игра значајна улога во опфаќањето и сплотеноста на Македонците надвор од Македонија, особено во прекуокеанските земји и насекаде во светот.

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.