|
||||
ФИКТИВНАТА „СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ |
ФИКТИВНАТА „СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ Деновиве во издание на „2 август“ од Штип, излезе од печат најновата збирка раскази од писателот Васко Ѓоргиевски под наслов „Фиктивната Северна Македонија“. Во збирката се објавени 31 кратки раскази и во нив писателот го искажува својот револт и разочарување од она што се случуваше во последно време во Република Македонија со наложената промена на нашето уставно име и со најавите на промена на нашата историја. Притоа, на уметнички начин, ги потенцира најзначајните пунктови (конкретни настани и лица) кои придонесоа за ваквата состојба. Ова е петта збирка на Васко Ѓоргиевски, родум од Битола, кој живее и работи во Австралија како лекар. Останатите четири збирки се исто така тематски детерминирани со теми од животот на Македонците во дијаспората и во татковината. Александар Донски |