Среда, 04 Декември 2019    PDF Печати Е-пошта
ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: ГОГА ПЕЧЕНКОВСКИ ОД ПЕРОВО – ЧУВАР НА ГОРНА ПРЕСПА (13)

goga1

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Животната прикаска на Гога Печенковски е, истовремено, и историја на Преспа, а преку неа и на Македонија. Заоа што она што се случувало од исконските времиња на Александар Македонски, преку незаборавните битки на цар Самуил, до оние на Гоце Делчев и Стив Наумов и Мите Богоевски, во Преспанскиот Регион, ги отсликува сите историски голготи низ кои минувала Македонија, сè до нејзиното прогласување за самостојна и независна држава

Гога (Ѓорѓи) Печенковски е роден на 6 мај 1920 година, но во матичната книга фигурира датумот 20 април, веројатно по стариот календар, во селото Долно Перово, во Горна Преспа. Неговиот татко Андон бил роден во Перово во 1868 година,  а неговата мајка Софија (Цоца) била родена во селото Покрвеник во 1875 година, со која имале пет деца.

Според податоците во скромната Монографија за Гога Печенковски издание на „Македонска искра“ (2004), од авторот на овие редови Славе Катин, Гога Печенковски потекнува од печалбарско семејство.

Неговиот татко Андон уште како млад заминал на печалба во Истанбул. Тој бил активен член на ВМРО и учесник во Илинденското востание. Заедно со другите приврзаници на македонската кауза, мотивирани за идеите за национална и социјална слобода, тие секогаш биле на првата борбена линија, подготвени да го жртвуваат својот живот за слободата на својата татковина. Иако младоженец, таткото на Гога, без збор ги прифаќал задачите што му биле поставувани.

Гога Печенковски уште како дете се интересирал за сите случки кои биле дел од животот на неговиот татко и неговите соборци. Тој се гордееше со неговото семејство, особено на неговиот татко Андон, кој бил еден од напредните селани во Долно Перово. Тој бил одличен рибар и рибите што ги ловел ги продавал особено во Царев Двор. Неговата девиза да се сака Македонија и Преспа ја продолжил неговиот син Гога Печенковски.

goga2

Преспанско Езеро

Инаку и Гога (Ѓорѓи) е роден во печалбарското село Долно Перово во убавата Преспа, во која тој беше вљубеник во сè она што Господ го дарил на овој убав крај во Македонија.

Животната прикаска на Гога Печенковски започнува во Долно Перово, а за­вр­шува во Ресен. Неговото родно место Долно Перово се наоѓа на средишниот дел од територијата на Општината Ресен, а непо­сред­но до северниот брег на Прес­пан­ското Езеро. Селото е рам­ни­чар­­ско, и се наоѓа на иста надморска височина, како и езерото.  Овде нема по­шумени подрачја, така што полските работи и риболовот се основ­ни дејности   на неговите жители. Во се­ло­­т­о работеше основно учи­лиш­те до четврто одде­ле­ние. Бројот на жителите, од четиристотини  во 1961 го­ди­­­на, се намалил на околу двесте во 1994 го­­­дина, со тенденција на на­та­мош­­­но намалување. Сите жители на се­­­лото се Македонци.

Во Долно Перово сè уште функ­ционира црквата „Свети Атанасие“, изградена во стилот на три­­корабни базилики. Таа се наоѓа на источната страна на се­лото, на брегот на Преспанското Езеро­. Црквата е градена е со кршен и делкан камен, со кој се об­ра­ботени прозорците и има два влеза: од западната и од јуж­ната страна.. Цр­ков­ниот трем се наоѓа од ју­го­за­пад­ната стра­на. Стариот жи­вопис е ош­те­тен, освен во нез­на­чителни фраг­­менти кои се нао­ѓаат на сводот од цен­тралниот ко­раб. Црквата е по­дигната во 1867 година, а неј­зината внат­реш­ност денес е мал­терисана и мо­лерисана. Не­ма податоци за зо­графот што го ра­ботел ико­но­стасот.

Задоволство е да се биде во Перово, зошто таму ка­ко и во цела Преспа, се чув­ству­ва свежиот воздух што доа­ѓа од високите букови и борови шу­ми на планините Баба, Галичица и Бигла. Та­му се дише чист планински воз­дух и секој може да се восхи­тува на уба­­вината на природата и на при­ро­д­ните контрасти што овој дел го прават тол­ку привлечен.

Интересно е да се спомне дека во Долно Перово, по­крај селската црква, во непосредна близина се подигнати и пеш­тер­ските цркви „Свети Илија“ .Се претпо­ставува де­ка пештерските цркви се по­диг­нати во XIX век, а подоцна се об­но­вувани, но денес се речиси со­се­ма напуштени. Многу жители на Долно Перово и на Евла, како и на цела Преспа и Македонија ги напуштиле родните огништа, но не и носталгијата со која по­сто­јано живеат.

goga3  goga4

Поради исклучително добрите кли­матски и други услови, уго­сти­телско-ту­рис­тичкото стопанство во Преспа од година во година за­зема сè позначајно место. За не­говиот развој се преземаат ор­га­низирани напори од страна на си­те заинте­ре­сирани субјекти. Вид­ливи резултати во оваа гран­ка се постигнати во изминатите неколку децении, а плановите за неговиот развој во иднина се уште поголеми. Впрочем, по­стој­ните природни убавини, кул­тур­но-исто­ри­ските споменици и по­вол­ните можности за нивно ис­ко­ристување, овозможуваат идеални ус­лови за натамошни продори на овој план, особено во развојот на до­машниот и странскиот туризам, со што овој питом македонски крај ќе се вброи меѓу најдобрите рекреативни центри во земјата.

Затоа и во неговата монографија се вели дека Гога Печенковски беше еден од големите вљубеници на Преспа и остана да го помине животот во Ресен, во Преспа. Таму, во Долно Перово тој се венчал со неговиата животна сопатничка Славка во селската црква „Свети Атанасие“ во1940 година. Меѓутоа, интересно е да се спомне  тоа што во тој период нивото на водата на Преспанското Езеро било многу високо, затоа младоженците и сватовите отишле во црквата со чунки (преспански кајчиња), бидејќи црквата била под вода.

Според зборовите на Гога, непосредно пред Втората светска војна, во Преспа била организирана Комунистичката партија, која била мошне активна на теренот. Во неа членувале и неговите братучеди, меѓу кои и Јонче Печенковски, кој бил активист во тој дел на Преспа. Дури Гога раскажа дека на неговата венчавка, Јонче бил девер, но попот не го прифатил за девер, бидејќи Јонче бил комунист, односно антихрист кој не ја признавал црквата и за свадбата морале да назначаат друг девер.

Се чини политичката активност на Јонче ја продолжил Гога Печенковски уште како младоженец и се вклучил во народноослободителното движење. Имено, борбата за ослободување на Преспа значела прво воено крштевање на Гога како заменик политички комесар. Личностите во оваа категорија биле одговорни, смели, борбени и пожртвувани. Таков бил Гога Печенковски, тој бил активен борец во ослободувањето на Преспа од германските и албанските фашисти во 1944 година, сè до ослободувањето на сите територии во Македонија.

Според податоците во неговата монографија може да се заклучи дека историјата на семејството Пе­чен­ковски е тесно повр­за­на со настаните во Ма­ке­донија, со неј­зината историја. Нив­на­та  приказна е ма­ке­донски ле­топис за оп­сто­ју­ва­ње­то на Ма­ке­донците. Ма­кедонија како земја и традиција, ка­ко етнички ор­га­ни­зам и оп­штес­­твена заедница, це­ли ми­ле­ниу­ми била запретана во пепелта на долгата бес­кру­по­лоз­на обес­пра­веност, потчинетост и роп­с­тва од најразличен вид. Сè до неј­зи­ното појавување на ис­то­рис­ка­та сцена како птицата фе­никс, рамноправна на го­ле­мо­то свет­­ско семејство на народите и др­­жа­­вите.

Уште како момче во Долно Перово, Гога работел како рибар, за подоцна да биде назначен за претседател на Земјоделската задруга во Долно Перово. Бил референт за откуп на земјоделски производи во Ресен, потоа бил на различни функции со задача да извршува голем број активности по партиска линија, меѓу кои, бил шеф на кадровското одделение, организациски секретар во Партијата и на други функции. Во тие повоени немирни времиња, Гога бил испраќан на усовршување и учество на бројни конференции, семинари и други политички курсеви, особено оние кои се однесувале за унапредувањето на овоштарството и на други прашања и проблеми во земјоделството. Затоа и бил директор на Земјоделската задруга „Респлод“ (ресенски плод) која била основоположник на напредокот на земјоделството, особено на овоштарството во Ресен и пошироко, во Горна Преспа.

Интересно е да се одбележи дека при обработка на земјиш­тето, жителите од Преспа, често наидувале на темели од неко­гаш­ни градби и водоводна ка­на­ли­за­ција. Таков е случајот со ло­ка­ли­­тети­­те кај Долно Перово, ка­де и денес се откопуваат гли­не­ни ќу­пови од големи раз­мери, раз­ни монети и други ме­тални пред­­ме­ти. Вакви ло­кал­итети има речиси на сите страни на Прес­пан­ското Езеро.

Историските извори ука­жу­ваат дека Преспа, заедно со Охрид, претставувала крстопат на цивилизациите. Трајни све­дош­тва за тоа се бројните спо­ме­ници од ма­теријалната култура на Македонците, но и остатоците од три важни магистрални па­тиш­та: Виа Игнација, Епирскиот и Ста­риот битолски пат, како нај­стар каравански пат од ви­зан­тиско време и средниот век. Тра­сата на тој пат почнувала од Кор­ча, одела преку преминот Гора, долината на реката Черава и селото Љубаниште, до западната страна на Галичица.

Потоа патот се спуш­тал до Стенски Хан каде што излегувал на Епирскиот пат. Оттаму одел по неговата траса до Сир Хан, од каде што скрш­ну­вал покрај северниот брег на Езе­рото кај Долно Перово, родното село на Гога Печенковски и од рео­нот на денешното село Под­мо­чани, се качувал на преминот Код­ра, а потоа се спуштал до се­лото Маловиште, Битолско. Од­ов­­де и денес, како некогаш, па­тот оди по реката до селото Ка­жани, а потоа по рабовите на Цапарското Поле ги поврзувал си­те потпелистерски села и се спу­ш­тал во Битола.

Инаку, про­цесот на осознавањето, во смисла на национално освесту­вање во Преспа, се јавил во XIX век, но и многу порано, со подигнувањето на верски објекти и нивно укра­су­вање со икони и фрески, кои го­ворат за тешката историја на ма­ке­донскиот народ. Иницијативите за подигнување на цркви и други објекти потекнувале од занает­чиите и трговците, особено во историските околности кои овоз­мо­жувале извесна верска сло­бода на македонското насе­ле­ние. Во таквите прилики доаѓале до израз и постигањата на македонските градители и зографи.

Обновените археолошки ис­тражувања на локалитетот на Го­лем Град на Преспанското Езеро, ги потврдија претпоставките за организирано живеење на овој езерски остров од III до I век пред нашата ера. Откриени се остатоци од две цркви и потврдено е постоењето на средновековна некропола. Населбата својот процут го до­жи­веала во римскиот период од IV до VI век. Новото зажи­ву­вање би­ло регистрирано во пе­риодот меѓу IX и XIV век, но овој пат како манас­тирски комплекс. Целосно била сочувана црквата „Свети Петар“, а делумно црквата „Свети Димитрија“, во која се прет­по­ста­вува дека е погребан свети Ди­мит­рија.

Продолжува

 B3

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.