Среда, 14 Септември 2022    PDF Печати Е-пошта
Брсјаци и Мијаци

brsjaci1

Брсјаци и Мијаци, двете најсочувани племиња на нашата територија, вечните ривали но сепак најдобрите луѓе на овие простори.

Сторијата ќе ја започнам цитирајќи го Г.Божовиќ кој во својата колумна за овие народи објавена во белградска “Политика” ,во неговиот текст кој е интересен за запознавање на животот и култура, како и за вечното ривалство и карактеристики меѓу Мијаците и Брсјаците ќе забележи:

„Доаѓам кај нив од Мијаците кои толку ги засакав и жалам што вечерва покрај мене нема ниту еден Рекајлија за да го прашам сега на оваа слобода и божја ширина што мисли за Брсјаците…” но ова не го забележува само тој, тоа го забележав и јас како Брсјак кога се вратив од кај Мијаците.

brsjaci2

Брсјаците и Мијаците се сметаат за едни од осумте племиња кои ја населуваат територијата на Македонија.

За првпат, Брсјаците под ова име се споменуваат во делото „Чудата на Св. Демитрија“, поврзано со опсадата на Солун. Во 799 година независниот брсјачки кнез Акамир, кој владее со територија која се простирала во Македонија и јужна Тесалија, како архонт на Берзитија, бил еден од предводниците на бунтот против византиската царица Ирена I. Во изворите е регистрирана и Брсјачката буна во Охридско и Демирхисарско против османлиската власт во 1881 година.

brsjaci3

Баварскиот географ Баварус од 9 век забележал дека Брсјаците или Берзитите / Верзитите живееле на територијата на денешна источна Германија, западна Чешка и југозападна Полска, поточно меѓу градовите Баутзен – Ерфурт – Праг – Краков. Во 9 век Берзитите сеуште постоеле како посебен етнос и држеле под себе 10 градови  (Verizane ciuitates X).

Има мислење дека името на Брсјаците било дадено од Мијаците. Меѓутоа, името на Брсјаците или Берзитите (Верзитите) никој не ги поврзува со градот Бер или Верија, кој за првпат го спомнува Тукидит во 432 година п.н.е. и еден од најзначајните градови на античка Македонија по Пела. Не случајно во 1 век апостолот Павле и Сила прoповедаат во Бер. Ако Бер, како македонски град е еден од центрите на кнежевството на Акамир, сосема нормално би било тие да се именуваат како Берзити или Верзити кои поради историските настани (бунтови, востанија) мораат да се повлечат од Византија на север до Дунав и кон територијата на горе споменатите држави. Инаку градот Бер и за време на Самуиловото царство се наоѓа во македонски раце.

Постои интересен податок од градот Бер, каде по пребројувањето на населението во 1912 година градот е одбележан со неколку јазика и религии меѓу кои македонски јазик и религија христијанска.

Сите овие податоци го дополнуваат мозаикот со кој се оспорува теоријата за доаѓање на Славјаните на Балканот и укажува дека Македонците се тие кои се селат од овие простори на разни страни во светот. Дури и соседните кавги меѓу македонските племиња ги пренесуваат во новите населби. Така вековното ривалство меѓу Брсјаците (Берзитите) и Мијаците кои во минатото живееле во Солунско, продолжува со доаѓањето на Мијаците во Реканскиот крај. Говорејќи за границите и потоа за името на Брсјаците, Божовиќ се обидува да го користи толкувањето на Мијаците за што вели:

„Брсјачкото име е многу старо и познато на спомениците. Иако во коренот е чисто српско, сепак тешко е да се објасни. Мијаците во тоа име најчесто ја гледаат особината на Брсјаците кои  се избувливи и брзо се подготвени за кавга и борба… Меѓутоа, изгледа дека тоа име доаѓа  поради нивната особина брзо да пешачат по планините или просто како планинци. Според тоа нивното име би значело горјани, планинци, шумски луѓе, луѓе од планина…

brsjaci4

Брсјаците, како и Мијаците, некогаш биле повеќе. Меѓутоа, плаќале данок во крв и на другите племиња. Покрај се`, имаат аспирација да се шират и да станат се` посилни. На цела Западна Македонија му го натураат своето обележје, а нивниот говор е главен и најсилен на југ.

brsjaci5

Денес главнината на Брсјаците се во Поречје. Поречани се нивни најизразени преставници за карактеристиките на говорот и носијата… Мијаците се многу попаметни, поснаодливи, пообразовани, потрадиционални, повеќе побожни и поправославни. Но затоа се помеки за борба, помалку способни да ја организираат и да ја водат отворено и бунтовно. Брсјаците на прво место се јунаци. Борбени, брзи на потег, чувствителни и тврдоглави, непосредно и попрости од Мијаците, ќе напише Божовиќ за македонските Брсјаци.

brsjaci6

Како резултат на исламизацијата и притисоците кои ги вршеле муслиманите во нивната матична територија, Мала и Долна Река, во XVIII век доаѓа до иселување на некои семејства од селата Галичник и Лазарополе кои, главно, се населуваат во планинската област Азот-Велешко. И покрај тоа што целата област е населена со Македонци, најголемиот дел од нив се идентификуваат како Брсјаци. Луѓето од селото Ореше како и од соседното Папрадиште, пак, се припадници на друга локална заедница Македонци наречени Мијаци. Токму поради тоа во етнолошката наука за овие две села се вели дека се мијачки оази во брсјачка етнографска целина.

…За да си дочувајет својето тује никако не се ородувајет со Брсјаци, иако се со нив најблизу и една вера. Многу поти од Папрадишча одит по девојка дури во Смилево, далеку околу 60 километри, преку ридови и долови, полиња и планиње. Зар овеја не покажуват најјасно колку је голема сила нагонов за самоодржување? Та мије сите си живуваме ушче во п’лн племенски и средновековен живот!

Први фамилии шо се доселиле во Папрадишча биле: Рензовци, Анѓелковски, Китановци, Дуковци, Новевци, Убевци, Василковци, Марковци и Галевци… Од книгата „Галичник и Мијаците“ од Риста Огњановиќ – Лоноски,  Скопје 2004.

За етимологијата на името (етнонимот) Мијаци и Брсјаци има повеќе теории. Секако, значајно место му се придава токму на народното толкување: Мие (ние) сме јаки; Брс (брз) и јак.

Петар Поповски на оваа тема зборува во својата книга “Мијаците директни потомци на Античките Македонци каде што објаснува дека Мијаците биле најјаките пешадијци, а Брсјаците биле јаката коњаниците.

Имено, Мијаците себеси се сметаат за нешто повеќе од Брсјаците, а пак Брсјаците за нив потсмешливо велат: Мијаци, Тријаци, три камења белутраци.

Во текот на моето истражување наидов на многу интересен податок кој што Иван (Ванчо) Михајлов во своето интервју во Хрватска во 1970година ќе го каже:
Секој малку пописмен човек знае, дека во скоро сите европски земји има области со различни географски имиња, а суштествуваат и племенски имиња. При Бугарите имаме географски имиња: Добруџа, Тракија и Македонија, но и денес се среќаваат уште племенски имиња: рупци, торлаци, брсјаци,мијаци,шопи.
Ако новите скопски жупани, поради омраза против Бугарштината, сакаат под маската на географското име да прогласуват „Македонска народност”, логично е да ги запрашаме: зошто не ги прогласуваат во својата жупанија како одделна народност Брсјаците и Мијаците?
Во својот извештај, рускиот конзул во Призрен, Јастребов, упатен до министерот за надворешни работи Н.К.Гирс му пишува:

“Како што е извесно, христијаните од Тетовската (Калканделенска) околија, макар што по потекло не се Бугари (тие впрочем не се ни Срби, туку се Македонци, по име Мијаци и Брсјаци)…

…Според јазикот, впрочем, тие стојат многу поблиску до Србите, отколку до Бугарите, исто како и речиси сите Словени од целата Скопска губернија. Меѓутоа, во суштина тие претставуваат род од едно посебно племе под името Мијаци и Брсјаци, кои во Македонија живеат од древноста…

–Извор- С. Дракул, Руските дипломатско-стратешки контроверзи околу македонското прашање, 100 години . од основањето на ВМРО и 90 години од Илинденското востание, стр. 362;

brsjaci7

Ривалството на овие две племиња се опишува и во првите два дела од освртот на „Кигата за Мијаците“ (Македонска библиотека No 12, Софија, 1941) од прилепчанецот Георги Трајчев  „Мијаците и Брсјаците, иако и во блиско соседство (кичевски на пример), немаа абсолутно никаков контакт меѓу себе. Ниту се женеа, ниту се мажеа едни со други… “  Оттука, тој причината за оваа појава ја бара во психата на Мијаците, за што вели: „Галичаните се чуствуваат себеси како роднини на некогашните благородници, во кои тече аристократска крв; па следователно на тоа имаат аристократски дух, т.е. се современи патриции, а сите други (брсјаци и др.) се плебејци, подолна раса на луѓе, со кои е навредливо да се ородите.“

Со оглед на фактот дека Мијаците се раселувале на Брсјачката етнографска целина не може со сигурност да се потврди тоа што го пишува Трајчев.

Исто така, се смета дека Брсјаците и Мијаците се основачите на градот Струга. Со појавата на Јужните Словени на Балканскиот полуостров и потребата на миграција, Брсјаците (Березити) дошле од исток преку Битолско и Преска и се населиле во Струшко каде се измешале со еднокрвните Мијаци кои живееле таму. Тие две племиња заедно покрај Дрим ги стрижеле (стружале) овците, по што се има и верување дека името Струга доаѓа токму од стрижењето (стружењето) на стадата.

brsjaci8

За Илири во средновековието се сметале сите јужни Славјани, па и Мијаците и Брсјаците.

Кадијата Емил Хаџи (така се викал) му јавил на царот дека во царштината се уште има племиња за кои царот не знае. А царот, некој многу умен човек, наредил да се изврши попис и со главешината на племето да се склучи договор. А во него стои: Мијаците и Брсјаците да ја признаат неговата власт, да пришијат на својот бајрак полумесечина, а царот ќе ги остави да живеат во мир. Така и било, се раскажува во приказната што ја забележал д-р Тома Смилјаниќ Брадина (во ракопис) која се чува во МАНУ. Брадина е роден во Тресонче на 13.06.1888 г. Во Франција ги завршил студиите по географија и во Клермон феран докторирал на тема „Нашите стари племиња Мијаци и Брсјаци“. Тој е прв доктор на науки во Македонија. Течно говорел шест јазици.

Во денешно време кога некој ќе каже Мијак веднаш не асоцира Дебарско-Реканска етнографска целина, а за Брсјак Поречијата . Токму на овие две места каде сонцето свети на поинаков начин и воздухот има посебен мирис со децении ги одржуваат традициите на двете племиња.

brsjaci9

Фото: Приватна архива на авторот/Google

Автор: Бранкица Б. Анѓелевска

http://hybread.mk/brsjaci-i-mijaci-dvete-najsoshuvani-pleminja-na-nashata-teritorija-vecni-rivali-no-sepak-najdobri-luge-na-ovie-prostori1/

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.