|
||||
Обичаи за Водици во с.Зубовце |
Обичаи за Водици во Зубовце под Шара и како младите го чуствуваат зубовце Во Јордање крештајусја Тебја Господи, Троическое јависја Поклонение. Родителе со глас Свидетелство ваше тебје, Возљубљенога тја сина Именуја. И дух видје голубиње Известуваше словесе Утврждение. Јављенсја Христе Боже И мир просвеиште Слава тебја... Со оваа песна се буди Зубовце и Зубовчани на ден Водици. Традиција создавана со генерации и прифатена од генерации. Овој ден е познат во с.Зубовце како ден кога се прима крстот. Кумството и Водичарските обичаи во Зубовце започнуваат со сучењето на врвкита во куќа што го има крстот- стари кумови, инаку врвката се суче на Василица. Во овој обред учествуваат сите жени и девојки од маалото на крстот. Со сучената врвка се врзува крстот, со толку китчиња босилек колку што има куќи во маалото. На 18 јануари Водопост, кумот што го предава и кумот што го наследува крстот, котлето со крстот и босилекот со врвките кои претходно се сучени го носат во црквата Света Марија. Таму се осветуват сите 10 крста и со осветените крстови, најнапред одат во куќите што го даваат и земаат крстот, потоа во останатите куќи во кругот на нивниот крст. По традиција во секоја куќа најпрвин кумовите се послужуваат со топла зубовска ракија, а потоа и со веќе познатото јадење за водици: Посен грав, туршија , тазе месена погача од куќата, ореви, јаболка, црвено вино и на крај кафе. Кумовите со осветената вода од котлето ги рисаат (прскаат) членовите на семејството и собите со една цел- да биде куќата среќна и весела, годината родна, и им посакуваат долг живот. Истиот ден после пладне жените се собираат во селската црква, каде што новите и старите кумови даруваа варена пченица, лепчиња и греана ракија. 19 јануари...Водици...ден кој сите го чекаат со возбуда...ден кој стариот кум го носи котлето заедно со крстот во црквата Света Марија. Крстовите се одврзуваат од страна на свештено лице и се предаваат на новите кумови. Новите кумови излегуваат од црква со крстот завиен во пешкир и ставен врз глава, првите неколку чекори од влезот на црквата кои ќе ги зачекорат ги двои од полевањето со околу 100 литри студена вода на еден кум, од страна на група млади зубовчани. Така покиснати со вода до кожа, новите кумови ги носат крстовите во својата куќа. Доаѓањето на крстот дома се пречекува свечено и многу радосно. Сите членови на семејството го бакнуваат крстот. Крстот кај новиот кум останува дома се до идните водици. Подоцна, сите жители од малото се собираат на одредено место во маалото, да го прослават кумството. На отворено небо се поставува маса каде што стариот и новиот кум организираат заедничко славење со зубоски колбаси, топла ракила, пивтија, сирење, каскавал, туршија и др. Овој древен и драг обичај на вакво оргнизирање прослава на маалското кумство единствен е во целиот регион. Вечерта на Водици старите кумови ја организираат таканаречената Зубовска Кума вечера. На Кума вечера (кумова вечера) присуствуват само оние кои што се во кругот на крстот. Кума вечера секогаш поминувала и поминува во топла, ведра и срдечна атмосфера. Времето не е ограничено до кога треба да се седи, се седи дури и до утринските часови. Витко Огњаноски- Зубовце |