|
||||
ЗА БОЖИЌ -СО ДЕЦАТА ОД МАКЕДОНИЈА И СВЕТОТ |
Поетесата Марија Емилија Кукубајска ЗА БОЖИЌ -СО ДЕЦАТА ОД МАКЕДОНИЈА И СВЕТОТ Децата од неколку министерства на САД во Вашингтон, Божиќ одбележуваа и на други странски јазици освен англиски - на македонски и руски. На сликата, две сестрички посвоени од Русија, со нивната нова, американска мајка, споделуваа и на руски јазик честитки за најубавите зимски христијански празници. Во 2005 година, во Арлингтон, Вирџинија, д-р Кукубајска креира и спроведува програма за рана детска писменост во претшколското образование, The B-Right House, во рамки на нејзината невладина организација ЕМАРИ, во која класичното образование, со науките приспособени за деца и историјата на културите, религиите и уметностите имаа сериозна а забавна суштина. Дваесет години пред тоа, во Република Македонија, во Штип, децата на вработените во „Астибо“, најпрестижна модна конфекција во Југославија, ја слават Новата 1975 година, не само со пакетчиња и сликање со дедо Мраз и Снежана, туку и со прва мултимедијална забава за деца, инспирирана од детските празнични теми: радост, игра, фамилијарна љубов. Автор на сценариото е поетесата Марија Кукубајска, презентер во улогата на Снежната Кралица. Таа е еден од уредниците на весникот „Астибо“, дипломиран кореспондент по англиски јазик и апсолвент на.Педагошката академија во Штип, група Воспитувачи. Божиќ и Новата година се прославуваа на англиски, шпански, корејски, руски и македонски јазик, во детската градинката Prime Pres-School and kindergarten, Лос Ангелес, Вен Најс/Северен Холивуд, 1994 година. Само три недели пред големиот земјотрес во Нортриџ, учениците од 4-6 години, беа високо мотивирани да се натпреваруваа со групата за надарени деца од различна етничка, расна и верска припадност. Надарената група ја следеше програмата со прв класичен курикулум во кој и Новата година, Божиќ, Ханука и Кванза, се изучуваа преку концепти од техничките науки, космосот, приказни од јудео-христијанската библија и историјата на други религии, класична музика и балет, сликарска уметност и споредбена лингвистика. Креатор на програмата и режисер е директорот на градинката, американката од Македонија, Др. Марија Кукубајска. И децата со посебни потреби имаат потреба од новогодишни и божиќни свечености, радости и подароци, во 1990 година. Тоа им го овозможуваше UCP, SCF (United Cerebral Palsy, Spastic Children Foundation), многуте волонтери и донатори, претседателот на фондацијата Роналд Коен, како и директорот на програмата за креативни активности на ученици од 3-11 годишна возраст, Лос Ангелес – Северен Холивуд, Марија Кукубајска, ака Маја Тенер. Кукубајска-Тенер организираше мини изложба на уметнички изработки во оригами техника, од талентиран ученик со аутизам. Со теми од животинското царство од Ноевиот ковчег, тој ученик и тој свечен ден ги зарадува своите другарчиња со аутизам, Вили-Прадер, Даунов синдром и други попречувања во развојот. Еден од тие ученици на д-р Кукубајска, Рајан, со церебрална палсија, учествуваше и на националниот Телетон. Петнаесет години подоцна, 2015,неколку дена пред новата година, проф. Кукубајска, се наоѓа по трет пат меѓу децата од турска „јуручка“ етничка припадност. На нејзиниот само-финансиран тригодишен проект за аквизија на македонски и англиски јазик преку книжевни содржини, Кукубајска ги промовира моралните вредности како највредни подароци кои една фамилија или училиште можат да ги градат и споделуваат. На сликовитото прикажување на „Пинокио“, подготвено од студентката магистрант по англиска литература, наставникот Билјана Алексова Даневска, присуствуваа гости - професори турколози од Филолошкиот факултет УГД Штип, шефот на катедрата проф. Марија Леонтиќ, проф. Махмуд Челик, професори од универзитетот во Анкара, новинари од турските медиуми во Скопје и директорот на Јахија Кемал од Струмица. Во убавото македонско планинско село Парналија, во училиштето на надморска височина од 1500 м. поетесата Кукубајска на учениците им предаваше за волшебните тајни во учење повеќе јазиците и славење на верските празниците. На македонски и англиски јазик Кукубајска одржа работилница и лекција од нејзиниот новогодишен поетски календар „Птиците се слободни?“. Посебно занимлива постана нејзиното иновативно прикажување на зборооформување, со пример за составните делови на еден од најубавите зборови на сите јазици: „срце“, heart(h). Во зборот срце, кој за секој празник е суштина на радостите, учениците ги откриваа составните делови на heart: he, art, hear, ear, и heart(h), што беше оригинален приод на Кукубајска, и возбудлив едукативен „подарок“ за децата од 4-6 одд. 1995 година ТВ Телма известува за спектакуларната прва американска Божиќна и Новогодишна програма во Македонија, со учениците од првата American School Macedonia, основана од М. Бујко и Н. Черепналковски, во поранешните простории на МРТ. Меѓу учесниците во мултимедијална забава се и надарените Димитар Оровчанец и Валентина Трони. Д-р Кукубајска е дојдена од САД само четири месеци пред таа нова година, и тој период неуморно го посветува на медиумско промовирање на американски и македонски културолошки, историски и религиозни датуми и празници. 1997 е отворена гимназијата NOVA во Скопје. И таму д-р Кукубајска ја подготвува првата Божиќна приредба во „Домот на армијата“, платформа каде беа препознаени повеќе надарени ученици кои подоцна ги реализираа своите таленти и надвор од Македонија. Славењето на верските празници е сеприсутно во сите векови на човековото културно и уметничко творештво: литература, музика, сликарство, архитектура. Од историја на литературата и културата на САД, до етика и сликарство, д-р Кукубајска е најсреќна кога им предава на учениците македонци, власи, турци, албанци, евреи, американци и други. American International School Of Macedonia, Skopje, за учениците во гимназиското образование изготви Божиќна и Новогодишна програма 1999, „Сите заедно во 21 век“. Авторот на програмата, и директор на гимназијата, д-р Кукубајска, постави мото кое ја опфати хуманата цел на празнувањето: „Споделувај, грижи се за другиот, разменувај пријателска радост“. Божиќната прослава ги опфати точките: Значењето на Божиќ од модерна, историска и библиска перспектива; модна ревија „Временска машина 0 – 2000 –“; уметничка изложба на Арт-Деко украсување божиќни пакетчиња; студентите изведуваат музички точки и студентска лотарија со отварање на најуспешните кутии со подароци. ТВ Сител за своето In Vitro милениумско издание за Новата 2000-та година, автор Маја Синадиновска, ја реализираше темата „Познати мајки и нивните ќерки“. Др. Марија Кукубајска и нејзината исто така позната ќерка Емилија, дебатираа за доблестите како најголеми придобивки во духовното култивирање на човештвото од почетокот на Христијанството до денес, и покрај дегенеративните процеси видливи во 20-21 век. ДЕТСКИ ПЕСНИ ЗА БОЖИЌ И НОВА ГОДИНА автор: Марија Емилија Кукубајска
ЕМИ - БОЖИЌ Нели мами, секој ден за нас е роденден на благодарноста што сме дел од стварноста на земја и небо?! Научивме, Знам – секој ден е роденден на бебето-Родителот наш. Децата, Ние од сееекогаш за сееекогаш од нашиот небесен владетел Добиваме нааајголем дар, најсвечен украс за дрвцето На животот. Ни Дедо Мраз, ни Санта Клаус Николаус, туку Исус, татко, син и дух – тројство, како вода, пареа и мраз, живот ни дарува од тука до вечноста, и царува со нашето тело преродено со својот Божиќен дар. За спас, за нас, мами. Замисли – нииикогаш да не не’ снема веќе – Божиќ дојде, Бог, за да не спрема за место кај Него, по 12 месеци, учители 12, 12 борби за красни творби – и испити за прием во вселената. (Од книгата „Еми и куклите“, Кукубајска, М.Е., илустрации: Н. Накова, ЕМАРИ, Штип, 2008) ЈАНУАРИ – КОЛОЖЕГ Знаеше ли, другарче мое, најстар календар бил пронајден во островска земја – Шкотска. А знаеш ли и што е постаро од природата? Календарот наш македонски! (Од книгата „Имињата на Времињата“, Кукубајска, М.Е. НУ-УБ Гоце Делчев, Штип, 2019) |