Среда, 22 Јануари 2020    PDF Печати Е-пошта
МАКЕДОНСКО ТАНГО, Macedonian tango

Branko sБранко Сотировси

МАКЕДОНСКО ТАНГО,  Macedonian tango     

​Почувствувајте ги убавините на Македонското танго наречено Аргентинско танго. Покрај македонските ора, кои се бисери во светот, Македонското танго е вештина, оро, ораторство, комуникација помеѓу танчерите, сонцето и планетата Македониа. Танчерите со нивниот танц ги слават родителите за нивниот љубовен поглед „ЅЕ“, и љубовен допир со светлоста - денот во пролетта. „Аргентинското танго или 'љубовна приказна во три минути“, како што го нарекуваат многумина, потекнува од Македонците доселени во Аргентина, а извршило големо влијание врз поезијата, драмските уметности, модата, сликарството, архитектурата…“ 

За да го објасниме танецот во двојки наречено Аргентинско танго, мораме да се вратиме на самиот почеток. Целиот народ низ нашата планета бил див, живеел на најнискиот општествен поредок. Само Македонскиот народ, денес наречен Славо Македонци, го примил божјото знаење пред 500. 000 г. Тоа бил Првиот Зет, Дон, Дион, Дионис, Хермес, Куртиш, Кокопели, Асклепиј, денес Св. Никола - Дедо Мраз. Единствениот ја раширил божјата семенка и мисла низ цел свет. На овој начин се до далечниот исток стасале македонските вештин, како на пример карате, јога, писмо, музика и др. и на западот јазикот, писмото, танцот и музиката, со еден збор македонската култура. На овој начин светот ќе биде помакедончен.
Пред две илјади години, кога оската на нашата планета ќе помине во следниот космички месец од 2148 г., кој е на изминување за 128 г.,се случува катастрофа. Македонскиот народ ќе биде окупиран, поробен. Две илјади години е асимилиран, присилно и доброволно раселуван, од измислени нации. Окупаторот го црпи материјалното богатство од Македонија. Но се случува еден феномен, поробувачот на Македонците повторно ќе биде културно асимилиран ПОМАКЕДОНЧЕН, со македонската духовна и материјална култура. Македонската култура, окупаторот ќе ја конзервира во Македонија, таа ќе остане иста, како во камениот период. Додека Македониа е во ропство, западна Европа се развива индустриски. Се освојуваат колонии од каде се црпат сировини. Со појавата на првиод пароброд 1807 г. европејците, меѓу кој се и Македонците масовно се иселуваат за Америка. Во Аргентина Македонските емигранти, кои се одликувале со висок степен на развојот во духовната свера, ќе го измислат тангото.

Несомнено корените на аргентинското Танго треба да се бараат во склоп на Македонската цивилизација, македонскиот фолклор, јазик и култура. Македонскиот ритам од 7/8 - ски такт, кој ѐ составен од два прости ритми 4/4 -ни (тангото) и 3/4 - ни (валцерот). Самиот збор Танго, кој е во врска со танцот за првпат е употребен во 1890. година, а се знае дека доаѓа од македонските зборови: Т = татко, АНГ = пролет - симбол на вечниот живот (ангел), анг прочитано од десно кон лево е КНА = со значење: „Љубовна желба на богот да ја оплоди Божјата Планета Македониа“ (Зета Македониа стр. 380.) .... Оваа игра во двојки претставува ТАНЦ  со Долго Милување во круг, како Танец (ронда, родна, рода). 
Аргентинското Танго се игра на забави наречени milonga, овој збор е македонски со значење ДОЛГО МИЛУВАЊЕ.  МИЛО = што е сакан; што предизвикува пријатно чувство при гледање или танцување, ЛОНГ = долго (долго ѐ значење на Македонскиот народ од територијата денес наречена франција). Буквален превод на зборот „лонг“ е: ЛОНГ = ЛОМ - со значење светлост. Збород лонг - лом го означува денот 25-ти декенври, кога се прекршува денот, или најдолгото времетраење на ноќта се намалува, а времетраењето на денот се зголемува. Тоа е денот кога се раѓа млдото Сонце Зет, наречен Р'С, Р'сто, Ристо. Настапува период на „долго милување“ со невестата Планета Македониа, се до 22-ри март, кога Планетата Македониа ќе биде оплодена. Букбален првод на збород милонга е = милување во прегратка со светлина. Не е исклучено полката, валцерот, мазурката и schottische, како ритми кои се произлезени од македонскиот ритам 7‘/8 - ни исто така да имале свое влијание во создавањето на milonga-та.
На почетокот од 20. век тангото доживува светска експанзија, во Македонија и Европа. Во стиховите на македонските танго песни, се појавува старата македонска традиција и тоа се пеело за, минатите времиња, се спомнувале изгубените љубови кон саканата и татковината Македонија, копнежите по мајката, родното место, но најмногу од се, се пеело за љубовта спрема тангото, всушност се пеело за љубовта на Таткото Сонцето Илија со Планета Македониа.
„Нешто подоцна тангото добива значајно место во стандардните танци, како ballroom tango, денес попознат како Македонско танго (наречено европско танго). Сепак, иако потекнуваат од ист корен, македонското танго (европското танго) во многу се разликува од аргентинското: во ставот, прегратката, движењата, импровизациите, балансот и чекорите.
Според стручњаците, за учење на тангото потребно е доста труд, волја, љубов и креативност, зашто самиот танц изискува огромна прецизност и пред се извесна дарба на пророкување - толкување на божјата волја. Затоа што чекорите не следат предвидлив ред, туку се подложни на импровизации на оној што води или, пак, на една кореографија на бескрајни комбинации во односот помеѓу мажот и жената, во нивниот допир како телесен, така и духовен. Обата партнера мораат многу да придонесат- исто како и во вистинска љубовна приказна. Мораат да научат да се наслушнуваат меѓусебно и да си веруваат еден на друг. Тие внесуваат свои стилови и декорации (adornos) што значајно придонесува за возбудата и непредвидливоста на танцовото искуство.

Инаку, тангото секогаш се танцува во насока спротивна од сказалките на часовникот, исто како македонското оро, како на коњичките трки (коњите и обложувањето заземале значајно место во танго песните, 'тоа е поради фактот што, коњот е симбол на оплодувачката мок на сонцето'), а танцувачите се трудат да останат на ивицата на подиумот избегнувајќи го неговиот центар. 'Милонга танцот потсетува на разбранети сончеви зраци', река - ДОН која нежно се бранува постојано менувајќи ги ритмите. Можеби токму поради постојаната промена на ритамот, како главна карактеристика на танго музиката, овој танц не е подложен на однапред осмислени кореографии.“
„Овој танц го красат мноштво негови стилови: salon tango, milonga, tango nuevo, orillero, fantasia.
Fantasia е сценско танго или танго перформанс кој е наклонет на глумата, драматичноста и акробациите. Tango nuevo својот одраз го наоѓа во електро музиката (Gotan project, Bajofondo…), има бројни декорации и е мошне популарно кај помладите генерации. Milonga е танго кое има побрзо темпо и го карактеризираат ситни и едноставни чекори. Иако милонга музиката историски е многу постара од танго музиката, танцот е доста понов.
Она што танго музиката ја изделува од сите видови музика е секако инструментот бандонеон (вид армоника), како и отсуството на тапани. Бандонеонот се појавил во Германија околу 1880. година. Иако било прилично тешко да се совлада, неговиот плачен звук ја фатил самата суштина на тангото. Клавирот, виолината и бандонеонот се најчесто тие кои ги одржуваат фасцинантните танго ритми. Исто така, кај тангото убавината на гласот е еднакво битна како и начинот на пеење, просторот помеѓу слоговите, намерата што ја обвива секоја фраза. Пејачот на тангото е пред се глумец. Не било каков глумец, туку таков што слушателот во него ги препознава сопствените чувства.
Во 2009. година тангото стана дел од светското културно наследство. Организацијата на ОН за наука, култура и образование (УНЕСКО) на овој танц му додели статус на традиција од посебно значење за човештвото.“(цитат: //panoptikum.mk/argentinsko-tango/)​             

Карактерот на танцот Македонско танго, наречено Аргентинско танго, неговото суштинско значење, може да се открие само преку вредностите на Македонската цивилизација, македонскиот кодиран јазик, македонскиот кодиран ритам 7/8, македонските топоними распрослани низ целиот свет, наука и култура која води потекло од камениот период од пред 500.000 г. во продолжеток до денес.

Анализирани термини, кои се употребуваат во Македонското танго:​

1. Аргентина = топоним со значење: Ар = земја, ген = Гена - женско име, гена или жена, ТИНА = женско име изведено од именката Костадин - Костадинка, со значење КОСТ = коска, ДИН = од. Буквално значење на именката Костадин, Коста и Тина  ѐ: наследниот ген по коската, како најјак дел на човечкото тело.

Кабасео = ишарет на мажот (ка = желба, б = божја, ас =  прв, првак, о = молба), ПРВА ЖЕЛБА НА БОГОТ, МАКЕДОНЕЦ СО ПОГЛЕД.
2. Лидер  = партнер (ли = додава, иде = придружува некого во од).
3. Милонга = забава (мило = што е сакан на мил начин, лонг = долго), ДОЛГО МИЛУВАЊЕ.
4. Миранда = ишарет на жената ( мира = во мир, н'да = надеж),  СО НАДЕЖ ЗА ПОМИРУВАЊЕ.
5. Половер = партнерка (пол = спротивно, вер = вера) ВЕРА ВО СПРОТИВНИОТ ПОЛ.
6.Ронда = движење на танчерите во круг, од десната страна. (ро = ротација, вртење околу својата оска, н'да = надеж), ронда со значење = рода, родна, ВРТЕЊЕ ОКОЛУ СВОЈАТА ОСКА ВО НАДЕЖ за љубов). Ронда е танц во прегратка во рамките на Танецот во ронда - кога главниот мотив постојано се повторува, наречено танго.
7. Таанго = Танец игра. (таа = таа, н'го = него), ТАА СО НЕГО. АНГ = ангел, пролет, ТАНЕЦ во ронда - кога главниот мотив постојано се повторува, нареченоТанго.
8. Сакада = саката (влегување во просторот на партнерката)

​Најголемиот СОН на Македонците е Сонцето, пролетта, љубовта, оплодувачката моќ на молњата, ситната роса, и Вера Преродба - реинкарнација.​

СОН
Лице ко месечина,
Коса златна коприна,
Очи, сон гледаат,
Вистинска убавина. x2​

Страшна олуја,
Срце ми поигрува,
Го барам убавецот,     
Во роса се претворил. x2

Сонлив, проѕирен,   
Ми дојде до постела.
Рамо ми допира,
Гром силно удира. x2

Страшна олуја,
Срце ми поигрува,
Го барам убавецот,     
Во роса се претворил. x2

Го барам убавецот,
Во роса се претворил.

12.07.2019 г. Бранко Сотировски

​За песнава направена е мелодија, во ритамот на Македонско Танго. 

 „Сон“ - https://www.youtube.com/watch?v=3NqihW4Sivk                             

Песната е промовирана 04.11. 2019 г.

Мецо сопран: Александра Коцевска. Мелодија и аранжман: Сашо Ливрински. Текст: Бранко Сотировски. Продукција: Зета Македониа. Концертот е одржан во Музеј на Македонската Борба.

Извор: Од книгата „ЗЕТА МАКЕДОНИА 400,000 г. МАКЕДОНСКА ЦИВИЛИЗАЦИЈА НА ПЕТ КОНТИНЕНТИ, ТРАДИЦИЈА ДО ДЕНЕС“. Книгата може да се купи од авторот на меил Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или по тел. +389 78 264 106. Прочитај повеќе: zetamacedonia.com

https://www.zetamacedonia.com/subcat/zeta_makedonija/tom_iii-41384-6541-116

 

 

 

 

 

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.