Среда, 12 Февруари 2020    PDF Печати Е-пошта
Трифун Костовски – бизнисмен, донатор и екс - градоначалник на Скопје (7)

trifun1

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ЛИЧНОСТИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Трифун Костовски е познат и признат бизнисмен, голем  донатор и еден од најбогатите во Република Македонија; тој е македонски политичар, бизнисмен, екс-градоначалник на Скопје, вљубеник во Скопје и Македонија, хуманист, човекољубец, пејач... Тој е финансиер и поддржувач на голем број невладини организации, болници и социјални установи, како и на голем број хуманитарни и волонтерски активности

Исто така, тој дава спонзорство за едукација на млади музичари и уметници. Дава спонзорства за заштита и обнова на културно-историски споменици и на свети места на Македонската православна црква – Охридската архиепископија; дал донации за значајни активности и објекти во Скопје, како што беа за улица „Водњанска“", кејот „13 Ноември“, булеварот „Маркс и Енгелс“, споменикот на Мајка Тереза, инфраструктурата во неколку училишта, гимназии, факултети во Скопје и во други градови во Република Македонија.

Трифун Костовски е роден на 27 декември 1946 година во Скопје, во престолнината и градот на иднината на Република Македонија. Во Скопје го започнал своето образование и го завршил со дипломирањето на Економскиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Покрај македонскиот, зборува и англиски, полски, руски и хрватски јазик.

Неговата биографија е многу богата и во неа, меѓу другото се вели дека неговото прво вработување му било во „Технометал-Македонија“, во Скопје во 1971 година. Потоа бил претставник на „Технометал-Македонија“ во Варшава, Полска, а во 1989 година се вработува во швајцарската компанија „Sitko“, во Виена, за која отворил претставништво во Варшава.

Трифун Костовски како македонски деловен човек е основач на познатата фирма „Кометал Трејд“ во Виена во 1991 година. Таа е компанија која се занимава со активности во сферата на металургијата на австрискиот, швајцарскиот, полскиот, украинскиот и рускиот пазар. Судбината на Трифун Костовски е тој да биде на распетие меѓу Виена и Скопје, да живее со неговата сопруга Драгица и нивните деца Олга и Коста и во Швајцарија и во Македонија.

trifun2

Скопје

Со доаѓањето во Македонија, во Скопје го продолжи неговиот деловен пат. Така, меѓу другото,  тој стана еден од основачите и активен член на „Форумот за Македонија 2001“, во периодот од 2001 до 2004 година, на „Форумот за евроатлантска интеграција на Република Македонија“, во 2003 година и на „Граѓанското движење за Македонија“ во 2004 година; бил  член на Парламентарното собрание на ЦЕИ во 2003 година, на Советодавното бизнис-тело, работен состав II на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа (2003–) и на Бордот на Меѓународната кризна група од 2003 до 2006 година; корпоративен член на Советот за надворешни работи на Соединетите Американски Држави  (2004–) и на Глобалната бизнис- коалиција за борба против СИДА (2005–).

Костовски е претседател на Здружението „Човекот пред сè“. Во последно време е свртен кон човекот, кон обичните луѓе и нивните проблеми. Здружението на чие чело се наоѓа тој, во фокусот на внимание го има, пред сè, човекот.

Се чини дека 1998 година е една од најзначајните години за бизнисменот Трифун Костовски. Имено, тогаш во мај ја формираше Фондацијата „Трифун Костовски“. Функцијата на Фондацијата е финансирање на научни проекти, едиции, публикации и уметнички колекции од национален интерес.

Таа е една од најзначајните фондации во Република Македонија. Формирана е во Македонската академија на науките и уметностите, која традиционално го одбележа денот на своето основање. Така, јубилејот 15 години постоење на Фондацијата „Трифун Костовски“ беше одбележан на 15 мај 2013 година. Покрај тоа, беше потенцирана големата улога на Фондацијата во поддршка на науката и културата, што и е основна цел на сопружниците Драгица и Трифун Костовски, притоа, информирајќи, дека во иднина започнатата мисија ќе ја продолжат нивните деца, Олга и Коста. Инаку, МАНУ се гордее со досегашната плодна работа на Фондацијата која има големо значење за афирмација и развој на Македонија, воедно беше посочено на нејзината годишна програма од која беа издвоени и преиздадените книги, објавени пред пет години.

Одбележувањето на 17-годишнината од постоењето на Фондацијата „Трифун Костовски“ се одржа во просториите на МАНУ на 14 мај 2015 година. Притоа, говорејќи во воведното обраќање, Олга Костовска, во лично име, во име на Управниот одбор на Фондацијата и основачот, нејзиниот татко, Трифун Костовски потсети дека со своето дејствување Фондацијата се обидува да ги зачува вистинските литературни, научни и културни вредности во државата. Костовска изрази надеж дека до јубилејното одбележување на 20-годишнината од постоењето ќе биде реализирана и иницијативата на Управниот одбор доставена до Претседателството на МАНУ за воспоставување на меѓународно признание „Блаже Конески“, кое би им се доделувало секоја година на странски научници со исклучителни заслуги во афирмацијата на македонистиката.

Таа напомна дека реиздавањето на делата на Кирил Пејчиновиќ и на истакнатиот српски социјалист Коста Новаковиќ доаѓа во време кога се чувствува голема потреба од зачувување на македонскиот јазик. Во рамките на едицијата на Фондацијата за филмски портрети на академиците, информираше Олга Костовска, завршен е и портретот на академик Ѓорѓи Филиповски во траење од 30 минути по повод неговиот 95. роденден, а таа со особено внимание потенцираше дека Одборот на Фондацијата е отворен за разгледување на проекти и на млади научници и уметници и дека има желба и волја да им даде поддршка на оние што на тие полиња сакаат да ја имаат иднината и да партици-пираат и да го обликуваат научното и културното живеење во Македонија.

Претседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски, осврнувајќи се на делото на Коста Новаковиќ „Македонија на Македонците, земјата на земјоделците“ кое за првпат било објавено во 1924 година, а на македонски јазик го издала Издавачката куќа „Култура“ во 1959 година, со поговор на Данчо Зографски, говореше за големата улога на Новаковиќ во презентацијата на неговите ставови за состојбата во Македонија, на крајот од XIX и почетокот на XX век и нејзината позиција на Балканот, меѓу балканските земји. Тој потсети дека социјалистот Коста Новаковиќ, кој за своите идеи бил и осудуван и на крајот и убиен во сталинистичките чистки, ја критикувал политиката на Србија кон Македонија по Балканските војни, бранејќи го правото на Македонија за слобода и самоопределување.

За вредноста на делото „Собрани дела“ од преродбеникот Кирил Пејчиновиќ и неговото влијание и денес во разбирањето на развојот на свеста за улогата на народниот јазик, на јазичната самобитност, говореше академик Катица Ќулавкова. Таа воедно и го промовираше реизданието кое за првпат во едицијата „Од македонското книжевно наследство“ го издала „Македонска книга“ од Скопје во 1974 година, а го приредил Блаже Конески.

Инаку, бизнисменот и донатор  Костовски, меѓу другото е основач и финансиер на неколку медиумски куќи во Македонија; финансиер на бројни невладини организации, болници, социјални установи, хуманитарни и волонтерски активности и помагач на инвалиди, социјални случаи, болни за операции и лекувања; спонзор на заштита и обнова на културно-историски споменици, светилишта на МПЦ-ОА и на ИВЗ, како и донатор на значајни објекти и акции.

То беше сопственик на ракометниот клуб „Кометал“ од Ѓорче Петров, кој беше европски ракометен клупски шампион во женска конкуренција во 2001/2002 година.; претседател и спонзор на фудбалскиот клуб „Работнички Кометал“; спонзор на „Пелистер Кометал“ – повеќекратниот државен шампион во ракомет во машка конкуренција и претседател на Ракометната федерација на Република Македонија во периодот од 2003 до 2007 година.

trifun3

МПЦ „Света Богородица“ во Скопје

Инаку, историскиот развој на „Кометал“ од Ѓорче Петров започнува со формирањето на македонскиот ракометен клуб кој беше основан во 1979 година. До осамостојувањето на Македонија, ЖРК „Ѓорче Петров“ настапувал во сојузните лиги на поранешна СФРЈ, а по добивањето на независноста на нашата држава и формирањето национална ракометна лига, клубот станал синоним за македонскиот ракомет со 16 шампионски и 15 титули во Купот на Македонија.

Во 1994 година, по триумфот над тогаш неприкосновениот владетел во европскиот женски ракомет, „Хипо“ од Виена, во РК „Ѓорче Петров“ како спонзор влезе „Кометал трејд“ на чело со Трифун Костовски и од маалски клуб го претворил во европски ракометен шампион. Најголемите успеси на тогашен „Кометал Ѓорче Петров“ (сега повторно РК „Ѓорче Петров“) на меѓународна сцена се освојувањето на титулата европски шампион во 2002 година и вицешампионските титули во 2000 и во 2005 година. Во шампионската 2002 година, РК „Ѓорче Петров“ го освои и европскиот Суперкуп.

Политичката кариера господинот Трифун Костовски ја започна во 2002 година, кога беше избран за независен пратеник во Собранието на Република Македонија и остана сè до 2005 година. Тоа му даде поттик да се кандидира за градоначалник на градот Скопје во 2005 година, кога и беше избран на оваа значајна функција, на која остана до 2009 година.

Трифун Костовски, меѓу големиот број награди и признанија е добитник на наградата „Свети Климент Охридски“ за достигнувања во науката, уметноста, културата и хуманитарната дејност во 2004 година

Како христијанин и почитувач на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Трифун Костовски има спонзорирано голем број светилишта. Меѓу другото, има помогнато во санацијата на црквите: „Света Софија“ во Охрид и „Свети Пантелејмон“ во Велес и на конаците на манастирот „Свети Јован Бигорски“. Исто така, има донирано во црквите „Свети Трифун“ во Кучково, „Свети Петар и Павле“ во Јурумлери, Скопско, „Свети Климент“ и „Света Петка“ во Штип, во храмот „Рождеството на Света Богородица Трорачица“ во Крива Паланка, а е помагател и на џамијата во Центар Жупа.

Најголемата инвестиција во верско-националните објекти на Трифун Костовски е, секако, неговото ктиторство на изградбата на Соборниот храм „Рождество на Пресвета Богородица“ кој се наоѓа во центарот на градот Скопје. Црквата се наоѓа во познатото Пајко Маало на самиот кеј од левата страна на реката Вардар. Таа била соборен храм на градот Скопје и седиште на Скопската епархија (митрополија). Патрониот светец на црквата „Пресвета Богородица“ е заштитничка на градот Скопје.

Продолжува

 G6

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.