|
||||
75 години од II-та светска војна, февруари – месец на ретките болести |
Проф. д-р Марија Емилија Кукубајска БОЛЕСТИТЕ КАКО ВОЈНА И ВОЈНИТЕ КАКО БОЛЕСТ: Ана Франк, Татјана Савичева, Садако Сасаке и Еми Кукубајска, детските автори на дневници (Глобална конференција за современи прашања во образованието. Христијански универзитет, Санкт Петербург, Русија, 2019, Реферат) „Го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ – Гоце Делчев, Македонски револуционер, борец за слобода и човекови права, убиен 1903, во борбите за натпревар меѓу грчки и бугарски анексии на Македонската земја под Отоманска власт. Ако војната е метафора за болести во општеството, болеста е метафора за духовни и физички војни. Во војните и во болестите на војните низ 20-от век, 123 милиони загинале. Иако војните и болестите теоретски може да се контролираат, сепак ниедна од нив не е целосно контролирана. Ниту дипломатија, идеологија, наука, култура, литература или уметност можеле да ја сменат утопистичката парадигма за свет без војни, општества без борби, но пораките за среќен свет продолжуваат. Четири деца се натпреваруваат со љубов за живот и слобода од војување со болестите, и во војна и во „мир“. Две од тие деца од време на II-та Светска војна, другите две од повоениот свет, се борат против прерана смрт и неизлечиви здравствени проблеми. Децата се писатели и симболизираат милиони други кои ги играат сопствените улоги во трагичниот театар на човекољубие и морална снага. Соочени со неможноста да ги победат поразителните здравствени војни, девојчињата ги губат натпреварите во физичките борби, но победуваат со моќта на нивните профили на љубов за слобода, фамилија и татковина. Овие деца-автори, резимираат своја слика на реалноста надевајќки се дека нивните војни не се бесконечни. Следните четири разгледници на храброста, со Ана Франк, Татјана Савичева, Садако Сасаке и Емилија Кукубајска, се чествување на креативната работа на деца, младинки, кои се однесувале како рани птици што „се борат за слобода и здравје“, среде опсади во најтешки околности. Секое дете изразува посебен свет, а заедно одразуваат плуралитет на внатрешна и надворешна синергијата на физички уништувачки но психолошки триумфален однос кон болеста и борбата. Нивните лични истории документираат искрено раскажување со автентичен животен наратив, составен под притисок на смртната борба за здрав живот, општества и култури. Конфликтни интерпретации и несовпаѓања во дискурсите за поимот војна постојат од секогаш. Вице конзул на Јапонија во Литванија, Чиуне Сигухара, кој во 1940 година спасил 6.000 евреи обезбедувајќи им визи за Јапонија, изјавил: „Совеста ми кажува дека треба да постапам на одреден начин, но таквата постапка значи непочитување на наредбите“. Во судирот на цивилизациите и културните војни во 21. век, американскиот професор по општествените науки, Питер Брукс го предлага стариот но трајно хуман христијански код: „Сакај ги своите непријатели“. Брукс верува во љубов кон другиот кој не сака да сака и кој е деструктивен, со гнев и омраза за луѓето од поинакви идеи и идеологии. Брукс е претседател на AEI и професор на Харвард Кенеди Школата и Харвард Бизнис школата. AEI (American Enterprise Institute) е влијателен труст на мозоци поврзан со Конзервативното движење во САД, иако Харвард универзитетот од 1960-те до денес има еволуирано во либерално средиште за радикалите. Во објективното истражување на спротивставените движења Брукс докажува дека 93% од американците не ја сакаат поделеноста, но поделеност постои во се’, помеѓу богати и сиромашни агенси во општеството, интелектуално или финансиски напредни, или спротивни од нив. Верува дека несогласувања и конфликти може да се пренасочат кон здрави човечки натпревари на идеи, и дека моќта на љубовта е поголема од цинични и дволични дискурси на лажна толеранција, лажна правда, лажна слобода. Фамилиите на децата автори на дневници кои прерано им подлегнале на борбите за слобода, здравје и исчекување на среќа, постхумно реагирале со љубов и грижа. Тоа го чинеле и благодарните земји, конзерватори на пораките во дневниците. Татјана излегува од Ленинградската опсада, умира од туберкулоза, но останува да верува дека ќе сведочи за својата изгубена фамилија. Ана, издржува да се крие, но умира од тифус, во кампот на смртта, копнејќи да види свет без војна. Сасаке, после војната - со години се лекува од имунолошки заболувања од атомската бомба во Хирошима, починува од леукемија, но и покрај се’ верува дека децата треба да бидат среќни и слободни како птици, со своите фамилии како нивни јата. Емилија го одржува својот век низ многу болници по светот, не дочекувајќи лек за лупус нефритис, причинет, спрема медицински претспоставки, од еколошки загадени емисии од контаминираната почва, осободувани од земјотресот во Лос Ангелес. Војните и болестите ги обликуваат децата во издржливи, значајни, ефикасно човечни суштества, сведоци на светото човеково право да се биде има слобода и здрав живот во здрава фамилија, здраво општество, здрава држава. Овие деца минуваат низ постојана неизвесност во борбите за подобро утро, со зрели грижи дали најтешкото ќе бидат само лош сон во нивните лични страдања и во историјата на човештвото. Децата автори на дневниците знаат дека во секој миг нивните здравствени војни може да ги однесат во смрт. Свесни се дека позади скривницте, или зад вратите на болниците или саканите домови, можеби постои само привремено склониште. Страста на овие деца автори да пишуваат дневници додека минуваат низ бесмислени махинации на војните и апсурдот на болестите, за жал постанува веќе несфатлива за децата денес. Можеби поради сегашната изложеност на дигитална десензитивизација од други видови деструктивни влијанија, или бидејќи децата денес имаат друг вид борби и болести кои ги пренасочуваат на краткотрајни и итни задоволства да комуницираат преку социјални мрежи, со кои се развива и асоцијална социолошка патологија. Но децата автори носат автопортрети со волшебно позитивна порака во натпреварот со себе си - за духовна мотивација и лидерство низ проблемите. „И дома, сокриен на таванот, тој тајно црташе со креда“, пишуваКарл ван Мандер во „Хероизација на уметникот во биографијата“ (1906). Овие девници едуцираат против насилство и индоктринација, укажуваат на вредноста да се биде ослободен од болеста како војна и од војната како болест. Предупредуваат против закани врз внатрешниот и надворешен мир, против нетолеранцијата помеѓу поинакви разбирања за животот и светот. Предупредуваат за нечувствителноста кон ужасите на војната, и на животот без здравје, надевајќи се - свеста против здравствената дискриминација да се зголеми, а да се намалат или спречат болестите за кои нема лек, или се повторливи. Четирите авторки испишуваат драми без да следат правила за креативно пишување, со што одбегнуваат застареност, или следење, на стилски трендови. Нивните војни и болести ги обземаат да пишуваат како аматерски генијалци, желни за победа на мирот во нивниот живот, и во светот. Децата на 21. век треба да се присетат на причините зошто се напишани овие дневници, посебно денес кога здравствени војни, иако од друг вид, го погодуваат човештвото на глобално ниво: војни против зависност од дрога, секс, сексуалната трговија со деца, религиозни војни и политичка индоктринација за насилства во школи и на улица. Образованието, уметностите, медиумите и пред се’ здравата фамилијарна средина, се клучни во градење на свеста за поздраво општество во кое младината нема да е еднострано препуштена на радикален револт за агресивни промени.
Ана Франк е меѓународно најпознатото девојче автор на дневник. Родена е на 12 јули 1929 година во Франкфурт, во еврејска фамилија, умира во концентрациониот камп на смртта, од тифус, компликации на кожата и глад, живее како имигрант во Амстердам, во фамилијарно скривалиште, додека ги пишува дневниците, во време кога фашистичката војна се натпреварува да го оправда својот геноцид на одредени раси и вери. Умира на 15 години, 1945, во логорот Берген-Белзен. Ана Франк го документира својот живот во скривница, од 13 годишна возраст (1942-1944). Ана Франк се ослободува себе си од инхибиции на војната како болест, хранејки ги своите соништа дека војните, како и болестите, може да се победат. Втората светска војна постанува пандемска, како и првата. Ана Франк е во позиција да пишува еден вид приватни лекции за мотивации и желби за иднина надвор од воените страдања. Лекциите на повеќе теми, постануваат нејзино лично сценарио за преживување, свесно за војната која лудува надвор од скривницата. Ана е протагонист на психолошка само-заштита, сокриена зад полицата со книги, во соба каде работел татко и’ Ото Франк. Хитлеровото прогонство на еврејското население се засилува во јули 1942 година. Од тогаш до август 1944, Ана ги бележи своите набљудувања на исплашената и неслободна фамилија и пријатели. Дневникот и’ е таен пријател кој се бори и против често неподнесливото отсуство на приватност, недоразбирања со мајка и’, поголемото разбирање со татко и’, љубомора на сестра и’ Маргот. Размислувањата на Ана за бог, за брак, за правата на жената и за професионална ориентација се приближуваат до зрел наратив изразен на едноставен јазик. Скривалиштето било пренатрупано но сепак „слободно“ од смрт и болест. Реалноста за Ана се менува кога Гестапо ги пронаоѓа и апси. Концентрационите логори се почетокот на трагичниот крај на Ана. Прво Аушвиц, па Берген-Белзен, се просторот во кој Ана и сестра и’ престануваат да се судираат како во домашната скривница и каде почнуваат нивните беспомошни војни за гол опстанок. Ана умира 1945 година, неколку месеци по нејзиното затворањето во камп. Татко и’ Ото, игра пресудна улога во промовирање на писменото наследство на Ана. Тој е единствениот преживеан од фамилија, кој по војната се враќа во Амстердам. Неговата секретарка го има зачувано дневникот на Ана, а Ото има сторено се’ во негова моќ за светот да се запознае со дневниците како сведоштво за Холокаустот, оставено од неговата ќерка. Во 1947 година тој го објавува тоа што Ана го напишала на холандски јазик. Во 1952 година книгата се преведува и на англиски и се објавуваат како „Дневникот на една млада девојка“ (The Diary of a Young Girl). Татко и’ на Ана бил успешен бизнисмен кој докажува како животните пораки од Холокаустот на ќерка му ќе бидат пресени низ светот, на повеќе од 60 јазици. Ана пишува: „Сакам да бидам корисна или да донесам радост на сите луѓе, дури и на оние кои никогаш не сум ги сретнала. Сакам да продолжам да живеам и по смртта. Затоа сум му толку благодарна на бог што ми го подарил овој талент со кој можам да се развијам себе си и да го изразам она што е во мене. Кога пишувам можам да ги оттргнувам сите грижи од себе. Мојата тага исчезнува, мојот дух оживува. Но еве го и големото прашање, дали некогаш ќе можам да напишам нешто големо, дали воопшто ќе постанам новинар или писател.“ Едукатори, писатели, новинари и политичари се изјаснувале за зрелите размислувања на Ана, на различи теми од животот и војната, споредувајќи ги со сопствени случаи. Нелсон Мандела ги споредува нејзините страдања во војната со својата борба против aпартхејдот. Вацлав Хавел смета дека дневниците треба да се читаа за подобро да се разберат политичките и општествените потреби во образованието на Источниот блок. Популарноста на дневниците на Ана зема замав особено по нивното вклучување во школските програми на САД. Некои земји изразуваат поголем интерес од други. До крајот на 1950те години, Америка и Јапонија постануваат најголеми читатели на Ана Франк, додека Велика Британија тогаш е најмалку заинтересирана за нив. Популарноста на дневниците експлодира кога светската Еврејска заедница ја зема Ана за свој заштитен знак во меморијата за Холокаустот. Заснована на дневниците на Ана Франк, една драма е добитник на Пулицер наградата. Авторите Frances Goodrich - Albert Hackett ја слават нејзината премиера во Њујорк, на 5 октомври, 1955. Филмот „Дневниците на Ана Франк“, постанува комерцијален и уметнички успех во 1959. Најреалистично мислење, ослободено од политика, изразува секретарката на Ото Франк која лично ја познава Ана, по што успешно се побиваат сомнежите за оригиналноста на дневниците. „Ана не може, и не треба, да го претставува мноштвото поединци на кои нацизмот им ги одземал животите. Но нејзините верувања ни’ помагаат да ја сфатиме огромната загуба што светот ја доживеа во Холокаустот.“ Во јуни 1999, магазинот Time, одлучува додатно да го зголеми портретот на Ана Франк, во димензија поголема од животот. Во посебното издание „Time 100“, најпознатите личности на 20 век ја вклучуваат и Ана Франк, една од неговите „херои и икони“. Уредникот Roger Rosenblatt пишува за мисијата на Ана: „Страстите кои ги разгоруваа оваа книга сугерираат дека Ана Франк му припаѓа секому, дека таа се има издигнато над Холокаустот, Јудаизмот, девојчинството, дури и над добрината, и има постанато тотемска фигура која инсистира на правото да се постои и да се прашува и да се има надеж за иднината на човечкото суштество, во еден модерен свет во кој владее машинерија на уништување.“ Розенблат додава дека прагматизмот и храброста на Ана се за восхит, но и дека најзначајни компоненти во тоа се нејзината самоанализа и дискурс. „Причината за нејзината бесмртност е во суштина литературната вредност. Таа беше вонредно добар писател, за секоја возраст, а квалитетот на нејзинатото дело веројатно е резултат на непоштедно чесниот однос.“
Татјана Савичева е руски детски автор на дневник која издржала 872 дена зад барикадите на Ленинград за време на 2-та светска војна и фашистичкиот Барбароса план за геноцид на Словенските христијански народи. Татјана е една од 1.2 милиони жртви на умирање од изгубено здравје, глад и воздушни и земни бомбардирања за време на фашистичкара опсада на нејзиниот град (8 септ. 1941-27 јан. 1943). Татјана гледа и запишува за умирањето на еден по еден од членовите на нејзината фамилија. Таа останува последен сведок дека можеби е следната што ќе умре, болна, гладна, на крај од животните сили. Умира од цревна туберкулоза. Родена е на 23 јануари 1930, умира на 1 јули 1944 година, на 14 години, иако била спасена од опсадата и пренесена во болница. Легендарниот лик на Савичева преку нејзините потресни листови од малиот дневник, постануваат драматичен документ за немислосрдноста на војната која казнува невини животи и шири болни, дехуманизирачки услови во кои се фрлени луѓе, градови, народи и земји. Опсадата на Ленинград, вклучувајќи ги и страниците од дневникот на Татјана испишани на камени плочи, се оспоменети во Санкт Петербург, во детскиот меморијален комплекс на Зелениот Појас на Славата, долж Патот на Животот, во алејата Цвеќе на животот. Нејзиниот дневник е користен во Нирнбершкиот Процес како доказ за Хитлеровите злочини. Една мала планета откриена 1971 година од руската жена астроном, Људмила Черник, е именувана во чест на Татјана, 2127 Тања. Руската Федерација му оддава почит на своето дете, автор на дневниот запис, со тоа што именува еден планински превој во нејзина чест. Месноста се наоѓа во планинскиот ланец Џунгарски Алатај, на границата меѓу Казахстан и Кина. И малиот музеј, отворен во училиштето во кое одела Татјана, ја покажува големата почит на рускиот народ кон своите деца, некогашни жртви на воен геноцид. За 75 годишнината од опсадата, на 27.1.2019, Германија испраќа 12 милиони евра за модернизација на Руска болница на воените ветерани во Санкт Петербург. „Убедени сме дека оваа акција на добротворни цел ќе го подобри квалитетот на живот кај жртвите кои се сеуште живи и кои го помагаат историското помирување на народите од двете земји“, забележале министрите Хеико Маас и Сергеј Лавров. Садако Сасаки е јапонски детски автор на дневник. Атомската бомба во Хирошима (6 август 1945), ја исфрла двегодишната Садако надвор од прозорецот на семејната куќа, кога имала само две години. Умира на 12 години, после десет годишни мачни борби со болести: осакатувачки системски компликации и неподносливи болки. Се’ до 1955 година, таа се бори со разорните ефекти на нуклеарната радијација, неуморно пишувајќи ги дневниците особено во последните четири месеци од нејзиниот живот во болница (април-август). Садако пишува дури и на болнички чаршави, кога и’ снемувало хартија што нејзините другари ја носеле од дома. Не можела да се помири а да не ги забележи своите лекции за војната и здравјето после 2-та светска војна. Денес нејзините пораки се предупредување против нуклеарни, биолошки, ЕМП напади и други форми на идеолошки, медиумски и војни на културите. Таа е сакано дете, младинка – автор, за нејзината издржливост и љубов кон животот и кон луѓето. Садако ја одигрува својата кратка но моќна улога облечена во јапонската тивка милозливост и достоинство. На пријателската и кротка љубов на Садако Сасаки и’ возвраќаат нејзините верни врсници. Тие се здружиле со мотивација да објават збирка на писма и да соберат донации за да и’ подигнат споменик како на жртва од војната и болните страдања што ги предизвикува. Со насобраните донации вредните другари на Садако подигнале статуа која крева златен ждрал. Статуата се наоѓа во Меморијалниот парк на мирот во Хирошима и е посветена на годишните собири за Денот на мирот, 6 август. На плакетата е запишано: „Ова е нашиот крик. Ова е нашата молитва. Мир во светот“. Постариот брат на Садако, Масахиро Сасаки, објавува книга во која го објаснува процес на пишување на дневниците за време на нејзините последни месеци во болница, насловени Целосната приказна за Садако Сасаки. Животот и дневниците на ова 12 годишно девојче не ја оставило рамнодушна канадско-американската писателка Еленор Кер. Таа во 1977 година објавува роман, Садако и илјадате ждралови. Лекциите на Садако за нејзините здравствени војни продолжуваат и низ луѓето кои во своите животи влегуваат во натпревар со сопствената свест и совест, кои создаваат, особено најпосветено кога се предизвикани од неизлечиви болести. Се гради и Детски споменик на мирот, со фигурата на Садако Сасаки на врвот од статуата, со девојче и момче од страните, и со хартиени ждралови во стаклена кутија во заднината. Проектот Ждрал на мирот, од 2013 година, дело на Sue DiCicco, го слави наследството на Садако и ги поврзува учениците од целиот свет во визија за љубовта наспроти војните и болестите, во воени и во мирнодобски години. Руската музичка група Spleen, е инспирирана од Сасаки https://youtu.be/NbESCYhKhxY Стиховите на Fred Small во „Ждраловите над Хирошима, се посветени на Садако Сасаки.
Емилија Кукубајска е инспирирана од дневниците на Ана Франк, но парадоксално, и двете умираат во сопствени војни за здравје и мир, Ана – на два дена пред ослободување на логорот, 15. Април 1945, а Еми на денoт кога терористи ги бомбардираат Кулите Близначки, 11 септември, пет години подоцна, 2006. Еми починува од здравствени компликации на имуниот систем, борејки се со болеста во повоени години, како и Садако, a нејзините компликации од лупус нефритис и’ ги напаѓаат бубрезите и срцето. Емилија е родена на 16 август 1979 година во Бенгази, Либија, каде нејзините македонски родители предаваат и работат на Garyounis University - General Hospital. Почнува да пишува дневници на својот 13-ти роденден, можеби не случајно инспирирана од Ана Франк, верувајќи дека завршиле деновите на страшните воени конфликти кои го одземаат животот на Ана, не знаејќи дека по само две години ќе ја нападне лупус и ќе постане нејзина фатална војна, Десет години Еми неуморно исполнува 17 тетратки, а последни четири години, пишува и 3.000 страници електронски писма. По смртта на Еми, мајка и’ ги отвара дневниците. Ги објавува за 40 годишнината од раѓањето на Емилија, на англиски, Emi’s Diaries – On the Waiting List of Life (2019). Емилија живее и/или се лекува во Лос Ангелес, Вашингтон, Бренсон, Аугзбург, Скопје и Штип. Американски, германски, кинески и македонски лекари се обидуваат да и го спасат животот. Ги инспирира нејзината неуморна борба со болеста во потрага по лек и по нов бубрег, љубовта кон блиските и кон човештвото, посветеноста на човековите вредности. Харвард професорката Денис Фаустман, професорите Тед Грошонг, Пол Касиди, Харалампие Поленаковиќ, Др. Џимјади – ја лекуваат со најдобрите третмани. Останува непознато дали причинител е Чернобил радијацијата стигната до Скопје, земјотресот во Лос Ангелес, или генетскиот фактор по таткова линија. Дневниците на Емилија, споделуваат моќна одлучност да се бори и со критички загрозеното човеково морално здравје на младината. Таа е сведок на овој проблем кој ја распаѓа здравата психологија на културата особено меѓу децата и младината во Холивуд, и го смета поопасен од, или симултан со проблемите на физичкото здравје на луѓето. Најздраво и најумно дете од својата генерација, Еми не можела да сонува дека вистински кошмари во војување против сопствената смрт ќе постанат содржина и на нејзините дневници. Еми пишува и ги инспирира и децата и возрасните – никогаш да не се предадат во борбите за чување и заштита на здравјето, и за подобрување на човековите вредности. Таа е можеби жртва на мирновременски неуспех на медицината; постојано е соочена со смртта, низ дијализи, разорни лекарства, една недела во кома, со месеци во болници во повеќе земји, но, се враќа со секогаш поголема интелектуална, духовна, физичка и морална снага. Еми се враќа на својата моќ да му се радува и да го обожува чудото на живеење, да се натпреварува за нејголемите победи што животот им ги нуди на храбрите, умните, чистите во срце, издржливите. Националната телевизија „Сител“, Скопје, тогаш Р. Македонија, во милениумската епизода за новата 2000 година, Познати мајки и нивните ќерки, за свој омилен гостин ја има Емилија со мајка и’. Пораката на Еми е: вреднувајте го животот, внимателно но храбро, ослободени од предрасуди или притисок од средината – борете се да спречувате здравствени војни, откажете се од дроги, алкохол, секс пред брак, тривијалности; животот нуди неограничени потенцијали за сјаен напредок. Колумната „Назад кон нивите“ Еми ја објавува во Нова Македонија Скопје, 1999, и во неа пишува за неопходноста од заштитата на здравјето наспроти сите форми на здравствени војни со прехрамбени, биолошки и радијациски опасности на кои е изложен светот. Празничното издание на американскиот News Leader, Springfield, MO, 1996, од новинарката Кетрин Бекстаф, објавува на првата страница репортажа за здравствените и животни борби на Емилија. За американскит Ден на независноста, 4 Јули, детето хуманист пожелува да се ослободи од војните со лупус и дијализа, да го посвети својот живот на другите деца кои се борат за здравје, да изгради меѓународен детски културен и рекреативен центар на имотот на нејзиниот дедо покрај минералната бања Кежовица, да пишува детска и младинска литература за моралните предизвици и вредностите. Нејзината пријателка од Скопје, баронесата Валентина Трони, сопруга на чилеанскиот амбасадор во ОАЕ и ќерка на италијанскиот амбасадор во Р. Македонија, пишува во својот вовед на книгата од Марија Кукубајска “Слобода над смртта” (2013), „Еми ја постигна нејзината мисија и цел во овој живот. Таа научи толку многу за животот, повеќе од многумина на земјата. Таа се стекна со неверојатна мудрост уште од рана возраст, и можеби не преостанаа други лекции од овој живот бидејќи таа веќе постана неверојатно силна и зрела, како стара душа која живеела многу животи и стекнала толку многу знаење. Еми беше испратена на земјата од Господ, да се обидува да ги просветлува луѓето околу себе, за што сега сум сигурна.“ Американскиот поет и професор на Indiana University of Pennsylvania, Роналд Шејфер, е инспириран од благородните борби за здравје што ги води Еми во книгата писма од неа и до неа „Еми ноти – Вселена во вселената“ (2008). Неговата песна посветена на Еми „Ода за Емилија“ е добитник на првата награда за поезија на Меѓународниот конгрес на поети во Монтгомери, Алабама, 2009 год. Стихови и музика посветени на Емилија, „Рајска птица“, се компонирани од македонската поетеса и новинар Нада Накова. Оваа балада за Еми „Штипски Квартет“ ја промовира покрај нејзиниот гроб. На државното Радио Штип, баладата е најслушана во 2006, до пред смртта на Тоше Проески.
Бројни книжевни критичари и универзитетски професори објавуваат или презентираат текстови за алтруизмот на Еми, за борбите со болести и славењето на животот. Срцето на Еми запира 11 години по нејзината прва дијализа, на 11 септември 2006. На 27 години, Еми доаѓа од Америка, да ја посети баба си во Штип која се бори со рак. По четири недели, Еми го плаќа данокот за нејзината љубов и пожртвуваност кон баба си, која умира само шест недели по смртта на Еми. Еми е најпознатото македонско-американско дете автор на дневник и писма. Таа страсно сака историја и космички науки уште од прво одделение, студира нутриционизам и здравје, за да придонесе во реформи на исхраната во училишта и болници во САД, да се бори за здраво живеење за намалување на гладот во светот. На 16 години, Еми е најмлад студент по фармација на УКИМ Скопје, продолжува со студии на Point Loma Nazarene University San Diego но по критичен здравствен колапс, продолжува да студира преку интернет. Повторливите соочувања со напади на лупусот, ги реметат нејзините редовни студии. Мајка и’ на Еми, Марија Емилија Кукубајска објавува неколку книги посветени на живот на Емилија, нејзините примерни морални вредности и книжевното наследство: Emi – Versed in the Universe (2007) на англиски и македонски; Зборник (2008), проширено издание на „Еми - Вселена во вселената“ со текстови од меѓународниот награден конкурс во чест на Емилија; Emiko Haiku (2007), на англиски, вовед од Др. Коста Балабанов и Др. А. Прокопиев; Еми и куклите (2008), на македонски; Еми, куклите, цунами, небо (2011), на македонски (награда за книга на годината од автор на дијаспората, од Матица на Иселениците на Македонија); Слобода над смртта (2013), вовед проф. д-р Лидија Стојановиќ Лафазановска. Четири други книги во авторство на д-р Марија Кукубајска, се објавени од 2015 – 2019. Баба и на Еми, Радунка Кукубајска Николиќ, има посветено семејна приказна на Еми, по која М. Кукубајска адаптира хрестоматија за Штипско културно лето, а историчарот М-р Александар Донски режира документарна снимка https://youtu.be/ZsWA3Mdhi4I |