Среда, 10 Април 2024    PDF Печати Е-пошта
Археологија на македонскиот дух

kukubajskaМарија Емилија Кукубајска

Археологија на македонскиот дух

КАМЕНАТА КНИГА

На традиционалната годишна манифестација организирана од ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ Гевгелија - Метрички караван, изданието за 2019 е посветено на поети кои се родени или твореле во Штип и Гевгелија.  

Во Народниот театар во Гевгелија, книгата беше промовирана од претседателката на Друштвото на Писателите на Македонија, Соња Стојменска – Елзесер, книжевен научник и есеист.

Песната КАМЕНАТА КНИГА од реномираната македонско-американска поетеса Марија Емилија Кукубајска е дел од содржината на Метричкиот караван. Дел од авторите застапени во изданието се и Михаил Ренџов, Ристо Лазаров, Васил Тоциновски, Стојан Тарапуза, Трајче Кацаров.                             

kuku 

КАМЕНАТА КНИГА

Брчки - на лицето, камена месност,

 сончеви резови на разумот, везови - тврди докази

во камената книга неистината од фреквенции

на времето/простор. Брчки неизбришани

од милениуми, издупчени, со купули испишани

знаци на сонцето, зраци на зреење на живот

од пред времето да се брои

од оваа точка на која сега копа, чита, стои

читателот на душата: Анѓеле, Дарјан, Душко, Емануел,

Еми, Марија, Сашко... женско, машко дете, во чо-векот.

Камената книга – светлина во материја,

дух во физика, ф-акт и езотерија,

камено срце, со стрели, триаголници, лакови,

човек – ѕвезда, во богослужба вовед, дружба,

енергијата, се концентрира...  преку Бог се интерпретира.

Камената книга студенило оддава однадвор само,

а од вселената во неа вселена - топлина на Авторот

на СЕ’ - преку предци грее, звучи:

СУМ - како и секаде и тука мојот ракопис да ве учи...

творец и на камен и на пламен,

и на неживо и сè живо - ЈАС сум, вистина, светлина, пат:

наследства ви откривам, иднина подмладувам,

ве чувам од лажниот светлоносец и крадец на идентитети.

Брчките, пра-писма врз образот на светот, камени

зраци небесни ... човекот го чинеле човечен,

со надземни знаци човечното го кревале

во него - СозДавачот свој да го бара - за љубов, милост,

род и пород, и на земја и на небо – за да мисли, да се моли,

да благодари, да ПРОСТУВА.

Во камената книга – живо камено срце

предокот наш препознал, прсти на исконот,

корени, струни на бесконечност... пресадувал,

ускладувал, од небесни констелации во камени комуникации,

од еонски ери во тахионски пештери... сонца неутрински,

деноноќни. Во Црвен Брег, Беласица, бела Пела, Цоцев Камен

во црноземни минерали и метали – Бог битисува, богатство, дух.

... Камените книги

им се откриваат на надарените само, тие што учеле

да читаат бои и резби, наследници да учат на тајни

тешки: кои крадци аждајски им риеле ризници рајски.

Камените книги

души послани, посеани по полиња -  земни култури

израснале, посеви космички, хранливи агрикултури

со посланија печатени од Сезнајниот, од детски градини

на цивилизациите - до сега: тапии на историјата на Македонија,

Светонија, иако обесчестувана во векот на лажниот, и одродена.

Сепак, и сега ќе биде - препородена од пламенот во каменот.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.