Среда, 11 Март 2020    PDF Печати Е-пошта
Раде Силјан – поет, писател и плоден издавач (11)

28

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ЛИЧНОСТИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Раде Силјан е еден од најпознатите македонски писатели, поети и значаен издавач во Република Македонија. Тој е основач на Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје и е издавач на илјадници публикации. Раде Силјан е автор на многу дела за кои е добитник на високи признанија во Република Македонија и во светот 

 

Овој познат и признат поет, писател и плоден издавач е роден на 16 април 1950 година, во демирхисарското село Жван. Често се вели дека Жван е село на ергени, познати личности и иселеници. Тоа се наоѓа во регион во кој жителите, главно, се занимаваат со земјоделство, собирање на шумски плодови, одгледување на тутун и сточарство. Од  демирхисарскиот крај потекнуваат бројни писатели, уметници и научници. Не може никој да ја одгатне тајната, зошто толку писатели се родиле покрај Црна Река, во заветрината на Илинска Планина. Исто така, може да се каже дека во демирхисарските триесет и девет села, се зборува на најчист македонски јазик.

И родителите на Раде Силјан целиот свој живот се занимавале со земјоделство и со одгледување  тутун, а на своите четири деца им препорачувале да бидат добри и послушни ученици, за да не се занимаваат и тие во животот со оваа тешка физичка работа. Така, според зборовите на Раде, неговите родители му велеле:

Ако завршиш школо, нема да бидеш физички работник. И во целата сиромаштија позајмуваа пари за да ги купиме основните учебници, а лектирните изданија ги позајмувавме од скромната училишна библиотека. Плаќањето, односно раздолжувањето за нашето школување беше со  парите што ќе ги земеа по предавањето на тутунот “.

Раде Силјан завршил основно образование во училиштето „Браќа Миладиновци“ во Жван, кога во тоа време во прво одделение во училиштето имало 24 ученици. За жал, тој број се намалил и едно време во училиштето  имало само еден ученик во прво одделение, во селото од 1.000 жители останале уште  300 жители, главно, постари и стотина помлади, од кои, повеќето, со години се пријавуваат во Заводот за вработување...

29

Демир Хисар

Темелите на творештвото на Раде Силјан започнале да се градат уште кога тој бил ученик во шесто одделение. Тогаш се открило дека  има талент за пишување, а тоа го открил неговиот професор по македонски јазик, Јонче Поповски од село Бабино, преку неговите  писмени задачи по македонски јазик.

Инаку, родното место на Раде Силјан, селото Жван, е сместено под пазувите на планината Бигла, непосредно под пасивниот рудник за железна руда. Тоа се протега на десниот брег на реката Црна, која лежи на самиот пат помеѓу Кичево и Битола и претставува развиен рурален центар. Тоа уште од XIX век било христијанско село, кога било во рамките на Битолската каза (нахија Демир Хисар), на Отоманската Империја, таму живееле Македонци христијани кои живеат дури до денес.

Во него има бројни археолошки места, а постојат и следните македонски православни цркви: црквата „Свети Димитриј“ е позната и како „Латинска црква“, изградена во 1634 година, потоа црквите  „Свети Архангел Михаил“, „Свети Илија“, „Света Петка“ и манастирите – „Топлички манастир“, средновековен и новоизградениот „Жвански манастир“.

Кога го завршил основното образование, како што направија бројни негови соселанчиња, се запишал во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола. Поради семејната финансиска состојба на родителите, тогаш конкурирал и на Воената академија, каде го примиле, но требало да оди во Сараево на школување. Во тие почетни години на средното образование размислувал за медицина и техника. Но на крај завршил гимназија во Битола.

Раде Силјан отскокнувал од своите другарчиња во гимназијата. Тогаш бил примен за хонорарен соработник во Емисијата за млади, што се емитувала на Радио Битола, и во тој период дошло до промена на негово презиме. Имено, кога тој бил на свои 16 години го земал за презиме, името на татко му, Силјан. Но, во личната карта си го задржал вистинското презиме, слична, или иста судбина како авторот на овие редови Славе Катин.

Ја завршил гимназијата во Битола со одличен успех и запловил во водите на иднината. Така, уште на неполни 22 години  е избран  за главен уредник  на македонското издание на весникот „Железничке новине“, кој неделно се печател на неколку јазици во Белград. Секоја недела патувал за Белград со воз. Но, како што забележал Раде: немав време да го видам Белград од големите обврски. Од тоа стекнато искуство и денес без „око да му трепне“ може да склопи весник.

За весникот  „Железничке новине“  работел неколку години.

Неговото издаваштво започнало во 1975 година. Тогаш ја објавил својата прва книга „Третиот лик на времето“, за денес да има објавено повеќе дела,  меѓу кои, 17 книги со поезија, 11 книги со критики и есеи и дванаесет антологии на македонската поезија, проза и драма. Неговите поетски книги се преведени на англиски, италијански, руски, турски, полски, албански, српски и бугарски јазик. Добитник е на осумнаесет национални и меѓународни награди, меѓу кои и на наградите „Ацо Шопов“, „Браќа Миладиновци“, „Кочо Рацин“, како и на државната награда „11 Октомври“ за животно дело. Поезијата  и критиката се негова главна животна преокупација.

Неговите работни патишта продолжиле по искуството со „Железничке новине“, кога бил ангажиран на Катедрата по новинарство на Правниот факултет во Скопје, како асистент на предметот „Теорија и практика на новинарството“, а во 1979 година се вработил во Третата програма на Радио Скопје, како уредник на списанието, за по неколку години да биде избран за главен уредник на целата програма. Во радиото останува седум години.

„Во тоа време оваа програма котирала високо“, се сеќава Раде Силјан и вели дека „нејзини соработници биле врвни теоретичари од областа на литературата, економијата, науката…“ Но, брзо почувствувал дека просторот за работа во Третата програма за него бил тесен и ограничен, па во 1986 година се впуштил во нова авантура.

Затоа тој влезе во водите на бизнисот кога беше формирана Издавачката куќа „Македонска книга“, каде што е избран за генерален директор.

Во име на вистината со вработувањето во издавачката куќа требаше да работи сосема нешто друго од претходното. И правни и финансиски и економски работи, а тој дури тешко ги разбираше поимите меница, должнички договори…. Но, не се разочарав, туку седнав и почнав сé да учам. И на вработените, експерти од овие области уште на почетокот им изгледаше како сé да знам...  се присетува тој.

Не дозволил да дознаат дека, всушност, тоа е сосема непозната и нова работа за него и покрај тоа што е погрешно директорот да се однесува дека знае сé. Зошто да го прави тоа, кога околу него има толку специјализирани луѓе од областа на правото, финансиите, комерцијалните работи и слично. Така беше и таму. Фирмата во рекордно време ги имаше најголемите плати, а на издавачки план беше меѓу најдобрите во издавачката бранша.

30

По неполни четири години поминати во „Македонска книга“, во 1991 година, Раде Силјан заплови во приватните води на издавачкиот бизнис. Така, тој тогаш ја основа „Матица македонска“, една од првите приватни издавачки куќи во Република Македонија.

Книгоиздателството „Матица македонска“ е основана на 24 август 1991 година и досега има објавено илјадници наслови од најзначајните македонски писатели, научници и публицисти, во тираж од над пет милиони примероци, пласирани во Македонија и во многу национални библиотеки, славистички центри и специјализирани книжарници во европските и во прекуокеанските земји. За својата богата дејност „Матица македонска“ е добитник на национални и меѓународни признанија, а во рамките на Клубот „Матица“, денес членуваат повеќе од четириесет илјади читатели.

Книгоиздавателството „Матица македонска“ на 9 октомври 2016 година, во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ свечено го одбележа јубилејот 25 години од своето постоење.

Инаку, „Матица македонска“ е издавач на делата на авторот на овие редови Славе Катин и тоа: „Во Австралија како дома“(1992), кое е едно од првите изданија на оваа реномирана издавачка куќа во Македонија, потоа го издаде делото, „Печалбарски копнеж“ (1993) од Славе Николовски-Катин и публикацијата „Во чест на светите Кирил и Методиј“ (1994) од авторите д-р Вера Стојчевска-Антиќ и Славе– Катин.

Тоа беше централното чествување на Книгоиздавателството „Матица македонска“, иако издавачката куќа четврт век од основањето пригодно го одбележува од почетокот на годинава, со организирање промоции, средби со писатели и со изложби на познати уметници во центарот „Матица ексклузив“, чиј директор и главен и одговорен уредник е познатиот писател и поет Раде Силјан.

Раде Силјан е член на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) од 1982 година. Во два мандата бил претседател на  Друштвото  (2008-2014), а сега е претседател на Собранието на ДПМ. Член е на Сојузот на литературните преведувачи на Македонија и на Македонскиот ПЕН-центар. Главен и одговорен уредник е на едицијата „Македонски искушенија“ и член на редакцискиот одбор за подготовка на издавачкиот проект „135 тома македонска книжевност“.

Почесен член е на Македонското друштво за наука и уметност во Битола. Член е на фондацијата „Браќа Џидрови“ на д-р Лефтер Манче од Канада, а е член и на Меѓународната академија „Махаи Еминеску“ во Крајова, Романија  и на Славјанската академија во Варна, Бугарија, почесен член е на Асоцијацјата на македонските писатели од Сиднеј, Нов Јужен Велс.

Дваесет и четири негови книги се преведени на: англиски, руски, турски, грчки, италијански, бугарски, српски, украински, полски, латински, романски, црногорски, влашки, словенечки, бошњачки и албански јазик.

Денес Раде Силјан е основоположникот и душата на „Матица македонска“, која во овој период е една од најголемите и најзначајните издавачки куќи во Македонија, која достојно го преставува издаваштвото во Република Македонија, на Балканот и во светот.

Продолжува

 d5

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.