Среда, 15 Април 2020    PDF Печати Е-пошта
Георги (Џорџ) Бранов – активист во Македонската колонија во Канада и вљубеник во Античка Македонија (4)

001

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈСКА И ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Докторот по ветеринарни науки Георги (Џорџ) Бранов потекнува од село Буф, Леринско, Егејска Македонија. Тој е роден на 13  јуни 1944 година во виорот на Втората светска војна, кога грчките власти ги прогонувале Македонците од своите корени во Егејска Македонија

Инаку, Егејска Македонија опфаќа голем дел од Долна Македонија. Од вкупната површина на Македонија, егејскиот дел на Македонија зафаќа 34,153 километри квадратни, половина од цела Македонија. На север се граничи со Вардарска и Пиринска Македонија, каде што се денешните граници на Грција спрема север, на запад се граничи со Албанија и Епир, од кои ја делат планините Иван и Пинд. На југ границата достига до Тесалија, од која се разделува со планините Камвунија, Пиерија и Олимп заплисната од Егејското Море, а на исток до реката Места.

Националниот состав на населението во егејскиот дел има претрпено големи етнички измени, особено по Балканските војни и по поделбата на Македонија. До Балканските војни македонското население во Егејска Македонија било најбројно. Македонците под грчка власт биле и сè уште се подложени на асимилација и присилна емиграција, со единствена цел да се измени етничкиот состав на Македонија.

Меѓутоа, Македонците не само што постоеле, постојат, туку и ќе постојат, зашто не е лесно да се искорени еден народ таму каде што живеел со векови и покрај насилството и денационализацијата.        

Таков е случајот со Георге Бранов кој е роден во село Буф, Леринско, Егејска Македонија. Како и голем број македонски семејства,за време на граѓанската војна неговата фамилија се преселила во Битола, во Република Македонија. Таму Бранов го започнал своето образование и таму му се отвориле патиштата кон иднината.

002Селото Буф, Леринско

По завршувањето на основното училиште се запишал во Средното ветеринарно училиште во Битола, каде му се родила љубовта кон таа интересна наука. Потоа, по завршувањето на средното училиште се запишал на Ветеринарниот факултет на Универзитетот во Белград каде што и дипломирал во 1969 година.

Судбината на Георги Бранов е слична или иста како на голем број деца протерани од Егејска Македонија. Тој како факултетски образован човек истата година се преселил  во Канада, каде по извесен период започнал да работи на својата струка. Во Кичинер, во провинцијата Онтарио среќно се оженил со Десанка со којашто имаат два сина и една ќерка кои им подарија 6 внучиња.

По две години престој во Канада, во 1971 година успешно го положил Државниот ветеринарен испит и добил канадска лиценца за ветеринар. Истата година се вработил во Федералната инспекција за месо како федерален ветеринарен инспектор. Исто така, тој беше назначен како ветеринарен научник за патологија на домашните животни кои се користат во исхраната кај луѓето.

Во својата дејност како ветеринар се усовршувал и се служел со голем број стручна и научна литература. Тоа му овозможило да започне да пишува стручна литература. Така, за време на неговото работење во Агенцијата за храна, ја издал книгата „Атлас за патологија кај говедата“ (Clour Pathologytlas of Beef Inspection) кој се употребува како прирачник во секојдневната практика.

Исто така, тој е автор на „Прирачник“ за ветеринарните инспектори кои работат во кланичката инспекција за месо од говеда, свињи, овци, елени и северни елени (Inspection Procedures Manual for Beef, Hog, Sheep, Deer and Elk); Прирачник за живина, инспекциски процедури - кокошки, мисирки, препелици и други птици, (Inspection Procedures Manual for Poultry – chickens, turkeys, silkies, quail, emu).

Џорџ Бранов живееше во градот Кембриџ цели педесет години. Оваа пријатна населба го добила името по стариот универзитетски град во Англија. Овој град се протега по должината на бреговите на реката Гранд во југозападниот дел на провинцијата Онтарио. На градот природата му подарила убавини и богатства, па оттука и тој е една од побогатите градски населби во Канада.

Во минатото Кембриџ и околните места биле домот на северноамериканските Индијанци многу долг период, каде што тие со векови се занимавале со лов и риболов. Првата населба во регионот во сегашната Општина Ватерло била „Кембриџ Милс“, која е основана пред повеќе од 200 години. Подоцна, голем број села и населби се развиле во околината на Кембриџ. Затоа, во повеќе делови на градот има интересна архитектура која е од времето на XIX век, што го прави Кембриџ место за живеење и работа.

Уште со доаѓањето во новата демократска канадска средина, Бранов започнал со своите активности меѓу Македонците во Кичинер и пошироко. Со тоа тој сакал да докаже дека никогаш не ја заборавил својата прва татковина Македонија, која цел живот ја носел во своето срце. Како резултат на неговото вклучување и активностите во македонските организации во Канада, во 1989 година го организирал Првото македонско друштво во градот Кембриџ, во кое се приклучиле голем број македонски фамилии од сите делови на Македонија кои живеат на тие простори.

Во Кембриџ, пак, живеат околу сто и дваесетина илјади жители, од кои поголемиот дел се од англосаксонско, а потоа и од германско и шпанско говорно подрачје. Тој е индустриски град, со развиена лесна индустрија и земјоделство. Кембриџ, заедно со градовите Кичинер, Ватерло и Гуелф е град на бројни паркови и зелени површини.

Ватерло, пак, е еден од најголемите и најзначајните универзитетски центри во Онтарио, каде многу од студентите се од македонско потекло, а голем број се стекнале со факултетско образование токму во Ватерло. Во тие неколку градови свиле гнезно повеќе од илјада македонски доселеници од Македонија, претежно од Леринско, Костурско, Битолско, Воденско, Скопско, Велес, Струмица и од други места на етничка Македонија.

Во минатото, македонските семејства од Кембриџ за да ги задоволат своите верски потреби на својот мајчин македонски јазик, патувале стотици километри до македонските православни цркви „Свети Наум Охридски“ во Хамилтон и „Свети Климент Охридски“ во Торонто. Затоа, се појавила желбата за своја црква, особено кај семејствата од Егејска Македонија, врз кои се вршело силно грчко влијание и пропаганда.

Така, на 28 јули 1987 година, група  Македонци, на чело со Георги (Џорџ) Бранов се собрале и одлучиле да формираат македонски клуб. Целта на новоформираната асоцијација била да прерасне во место за средби на Македонците од сите делови на Македонија, кои живеат во Кембриџ, Кичинер, Ватерло, и Гуелф, а потоа да се формира македонски православен духовен национален дом.

003Вотерлу 

Благодарение на демократските процеси во Канада, за формирањето на ова македонско здружение му беше даден заслужен простор во медиумите во Кембриџ. Тоа предизвика интерес кај голем број Македонци, кои станаа членови на македонското здружение. Здружението ги поттикна македонските доселеници да започнат со свои активности на национално, културно и духовно поле.

Меѓу другото Македонците кои живеат во овие неколку градови започнаа да учествуваат на традиционалниот мултикултурен фестивал во Кичинер, каде го прикажуваа нивниот изворен македонски фолклор со свои национални карактеристики. Така, и традиционалната македонска музика, песни и ора, во придружба на македонска музика беа претставени пред канадските посетители.

Во почетокот на 1994 година тие ги започнаа преговорите за купување на една зграда на Копската православна црква во Кембриџ. На 15 август истата година, црквата беше купена и адаптирана во македонски православен храм. Инаку, овој црковен комплекс се состои од црковен храм, крстилница, сала за помали црковни обреди, сала за прослави, административни простории, библиотека, соба за потребите на свештеникот и паркинг.

Новата македонска православна црква го доби името на мајката Божја „Света Мала Богородица“. Потоа доби одобрување од Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква во Македонија и се приклучи кон семејството на македонските цркви во Канада. За кусо време црквата беше подготвена да им служи на македонските иселеници. 

Така, првата богослужба на македонски јазик се одржа на денот Мала Богородица, на 21 септември 1994 година од страна на архиепископот охридски и македонски, поглаварот на МПЦ господин господин Михаил и митрополитот Кирил. Во исто време, архиепископот Михаил, митрополитот Кирил и авторот на овие редови, како гостин од Македонија, се сретнаа со голема група иселеници од македонско потекло кои живеат во Кембриџ и околните градови. Оваа средба остави длабок впечаток кај сите присутни кои беа охрабрени за да преземат поголеми активности на духовно и национално поле.

Благодарение на бројните донации, особено на управата на „Свети Климент Охридски“ во Торонто, како и другите македонски православни цркви во Канада и САД, многу скоро беа собрани доволно средства за да се исплати црквата. Подоцна, во април 1995 година, македонскиот свештеник Гоце Деспотовски пристигна во нивната заедница.

Со доаѓањето на свештеникот, заедно со управите и бројни членови се зголемија активностите во рамките на црквата. Во почетокот женската секција, а подоцна и фолклорната група, одигра значајна улога во зголемувањето, продлабочувањето и збогатувањето на активностите. Тие организираа игранки, вечери и други активности.

Еден од најзначајните датуми за МПЦ „Света Мала Богородица“ беше 21 септември 1996 година, кога црквата беше осветена. Овој чин, кој имаше црковен и национален карактер, го изврши поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот охридски и македонски, господин господин Михаил, во сослужение на бројни свештеници, а во присуство на повеќе од 2.000 македонски иселеници и нивни пријатели, кои се собраа на осветувањето кога беа поставени темелите на иднината на духовното живеење на Македонците во Кембриџ и околните градови.

Денес, МПЦ „Света Мала Богородица“ е место на духовен мир за Македонците во Кембрич, Кичинер, Ватерло и Гуолф. Тоа е место за средби на младите и старите македонски генераци и место каде тие можат да ги продолжат да ги негуваат македонските обичаи, традиции и љубов кон својот мајчин македонски јазик и својата земја  Македонија.

Продолжува

katПишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.