|
||||
ПОКЛОНЕНИЈА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ (2) |
ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА СЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ И СВЕТИТЕЛИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму подоцна му се придружил и Кирил (Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во словенската историја. Нивните мисии ги извршиле со голем успех, со цел да ги описменат словенските народи. Константин, кој е познат со своето монашко име Кирил, за разлика од Методиј, не тргнал по стапките на неговиот татко Лав. Тој уште од детски и ученички години својот животен пат го насочил кон совладување на наставните предмети кои подоцна му овозможиле длабоко да навлезе во тајните на повеќе научни дисциплини и да се нареди до најучените луѓе на својата епоха. Лав и Марија му овозможиле на талентираниот Константин да се школува во солунските училишта во кои учеле само децата од богатите семејства. По завршувањето на студиите на Цариградскиот универзитет во 847 година, Константин бил задржан на служба во Цариград. Станал библиотекар на Цариградската патријаршија, извршувајќи ја истовремено и функцијата секретар на патријархот. Меѓутоа, библиотекарско-секретарската должност не му лежела на срце на младиот филозоф Константин. Уште во 847 година тој ја напуштил должноста библиотекар и се засолнил во еден од манастирите близу Цариград. Но, византискиот царски двор не сакал да се лиши од услугите на Константин. Тој бил наговорен да прифати да биде професор по филозофија на Цариградскиот универзитет. Константин со задоволство ја прифатил професорската служба, зашто своите сестрани знаења можел да ги пренесува на своите студенти. Истовремено можел почесто да дискутира по многу научни прашања со Лав Филозоф, Фотиј и другите учени луѓе. За кратко време Константин стекнал голема популарност кај своите студенти и цариградската учена средина. Нему му бил доделен епитетот „Филозоф“ и станал познат како Константин Филозоф. Наскоро византискиот царски двор почнал да го ангажира и во извршувањето на важни државни мисии.
Кирилометодиевската литература и библиографија доживува постојан растеж до ден-денес, иако браќата Кирил и Методиј се јавуваат на општествено-историската сцена на Славените во далечниот IX век, одноно пред повеќе од единаесет векови. Импозантната цифра на библиографски единици, собрани во делото на Г. А. Илинскиј и М. Г. Попоруженко – „Опит систематическој Кирило-Методиевској библиографии", до денес е толку зголемена, што и најновите библиографски податоци од средините на сите словенски книжевности не можат прецизно да ја заокружат нивната бројна состојба. Во секој случај, сигурно е дека и покрај ваквата ситуација воопшто во славистиката, постојано се јавуваат значајни студии или ракописи коишто го привлекуваат вни манието на истражувачите. Епохалното дело на светите Кирил и Методиј ги постави темелите на словенската култура воопшто, стана достоинство на словенската писменост , книжевност и култура, бидејќи резултатите од нивната дејност најдоа благопријатна почва кај Славените. Нивната активност ќе отпочне по иницијативата на моравскиот кнез Ростислав , а ќе биде пресудна за растежот на сите Славени. Барањето на моравскиот кнез упатено до византискиот император Михајло се состоело во истакнатата потреба од христијански мисионери коишто ќе умеат да го шират Христовиот збор на разбирлив словенски јазик. Византискиот император имал токму такви луѓе, испробани мисионери во Сараценската и Хазарската мисија. Словенските првоучители и апостоли потекнувале од видна фамилија и нивните родители, таткото Лев и мајката Марија, живееле во средновековниот културен центар Солун . Таткото заземал висок чин на воен заповедник друнгариј (потстратег) и на децата им овозможил солидно образование. Во тој поглед посебно се истакнал младиот Кирил кој, откако ја завршил високата Магнаурска школа во Цариград, го добил називот Филозоф . Љубовта кон книгата го следела Кирил од најмладитегодини, истакнуваат Панонските легенди, коишто се најважните извори за проследување на животниот пат на браќата. Иако досега книжевната историја не ги утврдила точните податоци за потеклото на нивните родители, познато е дека во Солун и неговата околина живееле македонски Славени, што значи дека тие имале можност добро да го научат словенскиот јазик. Кирил, по завршувањето на високата школа каде што ги совладал: граматиката, поезијата, геометријата, дијалектиката, филозофијата, реториката, итн., ги добил сите почесни титули и станал библиотекар во цариградската црква „Света Софија". По завршувањето на студиите на Цариградскиот универзитет во 847 година, Константин бил задржан на служба во Цариград. Станал библиотекар на Цариградската патријаршија, извршувајќи ја истовремено и функцијата секретар на патријархот. Меѓутоа, библиотекарско-секретарската должност не му лежела на срце на младиот филозоф Константин. Уште во 847 година тој ја напуштил должноста библиотекар и се засолнил во еден од манастирите близу Цариград. Но, византискиот царски двор не сакал да се лиши од услугите на Константин. Тој бил наговорен да прифати да биде професор по филозофија на Цариградскиот универзитет. Константин со задоволство ја прифатил професорската служба, зашто своите сестрани знаења можел да ги пренесува на своите студенти. Истовремено можел почесто да дискутира по многу научни прашања со Лав Филозоф, Фотиј и другите учени луѓе. За кратко време Константин стекнал голема популарност кај своите студенти и цариградската учена средина. Нему му бил доделен епитетот „Филозоф“ и станал познат како Константин Филозоф. Наскоро византискиот царски двор почнал да го ангажира и во извршувањето на важни државни мисии. Првата мисија на Константин Филозоф била извршена меѓу Словените во Македонија во првата половина на IX век. Во науката таа е позната како Брегалничка мисија, затоа што, главно, се одвивала меѓу Словените кои живееле по текот на реката Брегалница. Тие биле дел од племето Струмјани што тогаш ги управувал Методија. Константин Филозоф како мисионер требало да го помогне својот постар брат во придобивањето на немирните Струмјани на византиска страна, во борба против агресивните Бугари. Повеќегодишната мисионерска дејност на Константин Филозоф меѓу Словените по текот на Брегалница, била крунисана во 855 година со создавањето на словенската азбука - глаголица.
Ова епохално откритие Константин го постигнал со помошта на својот брат Методиј. Создадената словенска азбука, која најпрво била наменета за Словените во Македонија, се состоела од 38 букви, од кои, како што запишал Црноризец Храбар, „едни биле составени по образец на грчките букви, а други, пак, според словенскиот збор“. Во почетокот генијалниот филолог Константин создал 32 букви, а потоа придодал уште шест. Тоа се случило уште додека дејствувал меѓу Словените по Брегалничката област, а особено во градот Равен, кој, исто така, лежел по течението на оваа река. На тој начин, во овој дел на Македонија, Константин Филозоф заедно со својот брат Методиј ги поставиле темелите на словенската писменост. За животот и дејноста на словенските просветители најголем број податоци добиваме од делата: „Панонски легенди“, „Климентовото житие“ од Теофилакт, „Климентовото житие“ од Хоматијан и „О писменех“ од Црноризец Храбар. Делото на светите браќа по смртта на свети Методиј паднало во голема криза, но благодарение на нивните најдаровити ученици - свети Климент и свети Наум, охридските светители и чудотворци, учители и просветители, ползувајќи се со својот мисионерски метод, што имал за цел да им ја објави божјата вистина на новите народи, почитувајќи ја нивната културна самобитност, останал жив образец за Светата Црква и за мисионерите на сите времиња. Светите браќа Кирил и Методиј успеале да станат апостоли на Словените. Тие сакале да му служат на доброто на сите словенски народи и на единството на Универзалната црква. За овие и вакви свои заслуги, во своето апостолско послание „egrigae virtulis“ папата Јован Павле II на 31 декември, 1980 година ги прогласил за копокровители на Европа, чиј покровител е свети Бенедикт, прогласен од папата Павле IV на 26 октомври, 1964 година. Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН |