Среда, 06 Мај 2020    PDF Печати Е-пошта
ЈАЗИКОТ - САМОСВЕСНА ФРЕКВЕНЦИЈА ПРОГРАМИРАНА ВО ПРИРОДНИ КОДОВИ

0010Проф. д-р Марија Емилија Кукубајска

Д-р Кукубајска, средина, раководител на првиот Центар за јазици, Филолошки факултет, УГД Штип, 2007-8, кој подоцна ќе прерасне во Филолошки факултет.

Ако се’ е енергија, мислата пренесена преку јазикот е најбрза примена на енергијата во живот. Гласот и знакот на мислата во јазикот, озвучува фреквенции на цивилизациските историски наследства. Најсилна енергија е љубовта – затоа човештвото продолжува да учи од најинспиративната снага на љубовта - кон човекот, природата, општествените вредности.

Најблагородната функција на јазикот, како и најпозитивната љубов, делува низ суштински духовни содржини и состојби, бидејќи продуховената љубов, а не инстинктивните страсти, се култивираат од плодови на духот, трпеливо, без љубомора, без кражба на интелектуални добра.

Најквалитетната мисла во системот на јазикот, во зборовите, поимите, не се изразува заради сопствено возгордување или пофалби, или за пропагандно понижување, освојување и искористување на другите. Позитивната порака, како и позитивната љубов, не комуницира од нарцисоидни, лажни, агресивни френкевции, не го поттикнува поразително темното во човекот.  

Најдоброто во јазичните содржини, како и во љубовта, не произлегува од зла мисла, дури и кога е пишувано против господари на злото, туку ја воспева вистината која не застарува, како што не губи вредност совеста инсталирана од прапочетоци во совесното човештво.

Добромислата во јазичната порака е заштита од заблуди; верува во вистината и во постојаното усовршување на човечното, не губи надеж дека човекот сепак ги воочува своите погрешни чекори во историјата на материјата и духот. Затоа, потребата од љубов кон добриот збор никогаш нема да го остави човештвото гладно или мрзеливо по полињата каде треба да се сее и жнее вистината за човештвото и неговите народи, за непрекината фреквенција во вселената и на планетата Земја.

Целината на вистината не е само во еден јазик, ниту во една книга, вдахновена од еден човек на земјата, иако нечии генијални изразни можности се чини дека се приближиле до тоа во своите секуларни книжевни дела. Книжевностите на сите цивилизации се обидуваат да ја компонираат вистината за човекот и светот преку авторства, преводи, истражувања и препознавања на исти а независно развивани сознанија, но и за различни видувања пренесувани со јазични системи на преку 6000 јазици и говори во светот. UNESCO пресметал во 123 земји дека преку 2.2 милиони секуларни книги се печатат годишно. Од „светите“ книги, Гинисовата книга укажува дека Библијата е бестселер на сите времиња, со повеќе од 5 милијарди копии отпечатени годишно.

Верниците во Бог остануваат да ја читаат Библијата и нејзиниот историски контекст како книга составена на едноставен иако и симболичен и параболичен јазик. Тие веруваат дека во Библиските текстови е јазикот на врвната вистина - законите на природата кодирани во универзална, апсолутна, неменлива и одржлива вистина.

И во световните и во духовните изрази на мислата во јазикот, вистината за смисолот на животот и светот ќе се спознае кога човештвото ги надрасне своите сеуште детски заблуди, и детски болести, и лажни огледала на непослушни Алиси во земјите на огледалата, тогаш кога свеста на човекот, изразена во највисоката доблест - Љубовта, ќе се спознае себе си не делумно туку целосно, кога  во потрага по вистината ќе успее да стигне до изворот на своето постоење и цел – бесконечното Вселенско Сезнаење, Бесконечна Љубов – тајната за Бог.

Јазичната содржина, книгата отпечатена на дрвена хартија или дигитално, конвенционално се смета за најдобар другар, ако сеуште постојат добронамерни другари. Но, која книга, кој другар? Некои читатели сметаат дека најпопуларната секуларна новодобска книга за вештери и магии, Хари Потер, во суштина е и најлош другар кој води до опасно штетни илузии и анти-човечни сили. Други се внесени во таа серија на книги кои се повеќе збунувачки одошто позитивно креативни  имагинарни шеми. Некои најпопуларни книги, како и некои омилените актери во забавната индустрија - може да бидат и штетно заведливи, затоа е пресудно моќта за рассудување да води кон позитивни не само кон книги кои мамат со своите дегенеративни, субверзивни пораки.  

Човечниот јазичен потенцијал на мислата, звучи и резонира надвор и од книжните корици и од електронските мрежи. Природната средина, хабитат, на јазикот е човековата совест и љубов, и таа треба да остане да се облагородува преку суштината на живата свест, водата на животот, не преку Вештачка Интелигенција, и не во имитација на животот низ холограми. Роботиката си игра, но и подигрува со ограниченоста на човековите мисловно-јазични потенцијали, но, како и со секој изум, целта може да биде и развој на умот и уништување на душевната природа на човекот. Затоа, свесната одбрана од колонизација на јазиците треба да е во својот самостоен јазик меѓу јазиците.

Кога читаш или ги запишуваш мислите на јазикот на својот културен и историски хабитат, повлечен и сам, не бегаш од другите, туку уште повнимателно се посветуваш и на себе и на другите, притоа наоѓајќи се и дејствувајќи на својот најдобро познат, легитимен - мајчин јазик.

Прво помогни си сам, и во осаменост, како и во гужви, одбирај книги што нема лажно да ти помагаат. Тие можат да функционираат како дисфункционалната градба на Вавилонската кула: да те срушат и да не успееш ни самиот себе да се разбереш, уште помалку другите. Помогни си сам, за и твојата совест, твојот родител и твојот учител – да ти помагаат спрема взаемното добродетелско, креативно, когнитивно читање, изразување, пишување. 

Кога читаме со децата, или за децата пишуваме и читаме, правејќи го тоа преку нивниот, нашиот мајчин јазик, независно колку други јазици да владееме - тогаш градиме здрава свест, самосвест и совест за взаемна благодарност и почит, разбирање во фамилиите, остварување на човековите права и слободи меѓу соседи и народи кои, како и ние го застапуваат и негуваат сопствениот јазик.

Правата и слободите, како и моќта на јазикот, не зависат од бројноста на говорната популација на јазикот. Посебно не смеат да зависи од идеолошки и политички интереси или партиски толкувања за признаеност или применливост на еден усмен и писмен јазик.

Правата на еден јазик произлегуваат од човековата историска и надвременска, лична и колективна свест дека тоа е културното наследство на говорителот, запишувачот, писателот. Тоа е суверено и непоречно право да се биде учена, совесна, развиена индивидуа, напреден народ. Луѓе и народи  со самосвесен јазичен интегритет не прифаќаат лага за нивниот идентитет, но луѓе и народи без културолошки интегритет не прифаќаат вистина, затоа недемократски и ненаучно диктираат фалсификати на правата на сопствен јазик.    

Надвор од книжните фондови - дигиталните простори, датотеки и „облаци“, cloud computing, снимаат се’, и вредно, но и некорисно. Цицерон денес би ја корегирал својата мисла дека соба без книги е како тело без душа. Ќе треба да биде запознаен дека интернет содржините, ако се креирани без човечка совест, се како тела без душа, како ум без срце, како бездушна вештачка интелигенција, како странец во сопствениот јазичен ид-ентитет.

 0014

0011

012

Брошура на Центарот за јазици, УГД – Штип, 2007                                                                         

Текст: Д-р Марија Кукубајска                                                                                                         

Дизајн: УГД, Издавачка Дејност: Славе Димитров

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.