Среда, 13 Мај 2020    PDF Печати Е-пошта
Нова книга: СУДБИНА ВО КРУГ ОД СЛАВИЦА РИСТЕСКА

7.2

Деновиве во издание на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј излезе од печат книгата „Судбина во круг“ од Славица Ристеска.

Славица е виден општественик и борец за македонскиот јазик и култура во Дијаспората која активно делува во македонската заедница од далечната 1988 година. Како наставник по македонски јазик има работено во македонските саботни училишта како и во центрите за јазици во гимназиите во Бенкстеон и Когра (предградија на Сиднеј) каде подготвува ученици во 11-та и 12-та година за матурските испити по македонски јазик. Повеќе години има работено за млади и нивните семејства како здравствен работник. Како општественик на доброволна основа активно била вклучена како радио уредник и водител на програмата „Пеј Македонијо“ и во активностите на македонскиот Просветно-Училишен Одбор за Нов Јужен Велс каде повеќе години завзема функција на заменик претседател.

Инаку Славица има завршено Филозофскиот Факултет во Скопје на кој дипломира во 1988 година како професор по Историја. Своите постдипломски студии ги продолжува на Сиднејскиот Универзитет каде во 2003 гидина дипломира и се стекнува со својата втора професорска диплома „Професор по историја, ТЕСОЛ и Македонски јазик. Во 2015 година магистрира на Деакин универзитетот во Мелбурн во областа Промоција на здравје. 

Како член на Литературното друштво „Григор Прличев“ нејзината поезија била објавувана во неколку антологии: „Reunion“ (2003) во издание на Светскиот конгрес на поетите, „Коти на копнеж и страст“ (2003) и „Ѕуница“ (2018), обете во издание на Литературното Друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј. Таа исто е член на Друштвото на новинарите на Македонија од 2002 година.

 000

 Душан Ристевски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.