|
||||
ПОКЛОНЕНИЈА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ (4) |
КНИЖЕВНО - ПРЕВЕДУВАЧКОТО ДЕЛО НА СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ Никој подобро не можел да ги знае делата и подвизите на словенските просветители Кирил и Методиј од Климент Охридски, нивниот вреден ученик, којшто најдоследно ја продолжил значајната кирилометодиевска традиција во средновековната Охридска школа. И Климент Охридски во IX век, а и ние денес, ќе се согласиме во смисла на најсовременото сознание дека нивната основна карактеристика била трудољубивоста. Од неа се изродувале значајните дела на браќата коишто се сметаат за најдостојни патово дители на словенските народи кон културен растеж, којшто започнал во втората половина на далечниот IX век. Инаку, максдонскиот јазик спаѓа во јужнословснските јазици, а се формирал од словенските племиња што се населиле најјужно на Балканскиот Полуостров. Уште тогаш, во IX век, тој се одликувал со карактеристични особености во однос на јазичните црти. И понатаму во својот развој доживувал своевиден напредок. Прашањето за литературниот современ македонски јазик било поставено уште во XIX век, а решено дури со победата на НОБ. Македонскиот литературен јазик ја доживеал својата кодификација, со одлуките донесени на АСНОМ 1944 годииа, Во изминатиот седумдесетгодишен период растеше јазично-творечката дејност. Во трудот иа Блаже Конески, со наслов „Македонскиот литературен јазик” (Реферати на македонските слависти за XI Меѓународен славистички конграс во Братислава, Скопје 1993, 9-33), не случајно е истакнато: „Развитокот на функционалните стилови иа македонскиот литсратурен јазик во периодот на неговата кодификација ја потврдува обемноста и успешноста на таквите напори”.
Добромирово евангелие, Асеманово евангелие Со оглед на веќе познатите историсѕси состојби до 1945 година, оваа литература беше разгледувана во составот на бугарската, српската или грчката средновековна литература. Кирилометодиевскиот период, кој зазема клучно место во рамките на македонската средновековна книжевност, особено ео IX, X и XI век, станал предмет на посебни истражувања. Ракописното наследство, колку богато и доминантно во Македонија, многу бргу го привлекло вниманието на славистите, уште во екот од почетниат стадиум од развитокот на славистиката. Грижливо обработуваните ракописи на нашиот терен бргу исчезнувале и го наоѓале своето место во туѓи книгохранилишта. Покрај нивното исчезнување, тие најчесто биле приклучувани кон другите соседни книжевности. Мораме да истакнеме дека и покрај очевидното премолчување или присвојување на македонската редакција, се јавувале пера кои не можеле да ги предвидат и да не ги споменат и нагласат македонските карактеристики. Панонските легенди, нивнитенајзначајни и најопширни житија изобилуваат со податоци за нивната сестрана културна дејност. Меѓутоа, и покрај големиот број извори што достигнале до нас на словенски, грчки и латински јазик, до нас не достигнал ниту еден автограф од двајцата првоучители. Токму затоа до денес немаме целосна реконструкција на нивното сеопшто дело, особено на нивните книжевни лични и преведувачки творби. Откако, првин, ја составиле словенската азбука, Кирил и Методиј го издигнале старословенскиот јазик на ниво на литературен јазик во чијашто основа влегол говорот на македонските Славени од околината на Солун. И денес во говорот на селата од оваа област: Сухо, Зарова и Висока се наоѓаат најстарите остатоци од тој јазик. Кирил и Методиј ја отпочнале значајната преведувачка работа од грчки на словенски јазик користејќи го токму овој говор. Потребата од преводите на најнеопходните црковни книги се наметнале веднаш, бидејќи пред нив претстоел долгиот пат за изведување на нивната трета значајна мисија - Моравската. Во славистиката се смета дека првиот преведен стих се наоѓал во Евангелието од Јован со кое почнувало Изборното евангелие: „Искони бе Слово, и Славе бе у Бога и Бог беше Слово". Неуморните браќа морале да работат бргу, зашто во Моравија ги чекале со нетрпение да ја отпочнат христијанската служба на словенски јазик. Претстава за првиот превод на Изборното евангелие денес можат да дадат старите зачувани споменици: глаголското Асеманово евангелие настанато во Македонија во X-XIвек. Од двајцата браќа, Кирил се одликувал со посебен книжевен талент, којшто дошол до израз уште во неговите најрани години. Неговиот инспиратор, учител и патоводител по врвиците на богатата византиска книжевност бил многу познатиот и популарен византиски автор Григориј Богослав, чиишто бројни поетски дела почнале да го формираат младиот Кирил. Иако немаме многу податоци и извори за неговите први книжевни чекори, се смета дека својот прв поетски состав, една кратка молитва, му го посветил на Григориј Богослав. Благодарение на цитатите со коишто изобилуваат панонските легенди, овој вдахновен и искрен поетски состав е зачуван во третата глава од Панонските легенди Кириловата приврзаност кон христијанската религија и кон Бога од најраните години, наоѓа одраз и во другата молитва којашто, исто така, се наоѓа во споменатата глава од Панонските легенди. Меѓутоа, подоцна кога своите длабоки и сестрани познавања и ги ставил на услуга на својата земја, во творбите до израз ќе дојдат конкретните акции и желби и неговата висока општествена свест. Веќе во третата, претсмртната молитва, којашто ја наоѓаме во осумнаесеттата глава од Панонските легенди, неговата најголема желба е да продолжи започнатото дело, т.е. Моравската мисија. Покрај овие молитви коишто се зачувани на словенски јазик, односно вклопени во нивните опширни житија, Кирил составил и книжевни форми на грчки јазик. Книжевните полемики биле доста омилена и распространета литература во Византија. Кирил, кој одлично ги запознал достигањата на византиската наука, култура и литература, се обидел и на ова поле, бидејќи акциите што ги презел во трите изведени мисии му овозможиле богат и интересен материјал. И овие негови грчки состави не се стигнати до нас во оригинален вид, туку ги среќаваме во делови, расфрелни како цитати во делата што им се посветени точно ним. Во Х глава од Кириловото житие нагласено е дека Кирил составил книги, подоцна преведени на словенски јазик од Методиј и поделени на осум делови. Житиеписецот сигурно ги имал тие состави при рака, зашто употребил доста голем број цитати. Првиот Кирилов полемичен и книжевен труд се однесува на полемиката со византискиот патријарх Јован V/1, кој им бил верен приврзаник на иконоборците. Во 842 година во Византија повторно бил воспоставен култот кон иконите, а на Јован VII му престанала патријаршката должност. Кирил во тој период бил младо момче, но образовано и подготвено да влезе во полемика со белокосиот и упорен иконоборец Јован. Кирил воопшто не се збунил на прашањата на симнатиот патријарх, туку, напротив, многу смело му одговарал на нападите коишто имале за цел да не се признае светоста и култот на иконите. Се смета дека во 851 година, веќе познат на византискиот двор како многу учен и паметен човек, бил испратен да ја изведе првата мисија - Сараценската, со верско-политичка цел. Багдадскиот калифат многу се проширил во /Х век и Византија ја презела оваа дипломатска мисија со цел преку христијанството да воспостави мирнососедски односи со Сарацените. Во оваа мисија учествувал и брат му Методиј. Учените Сарацени поставувале прашања од најсложените поставки на христијанската религија. Притоа, им го објаснил значењето на Светата Троица, сфаќање коешто посебно ги збунувало муслиманите. Покрај точните и убедливи одговори, Кирил во полемиките покажал надареност за вонредно убаво изразување, користење на стил којшто многу одговарал на полемичната нота, потоа со сликовито разјаснување на проблемот доаѓал до убедлив заклучок така што ги збунувал противниците и излегувал како мудар победник. И полемиката кај Хазарите, во врска со изведувањето на третата Хазарска мисија, оставила траги во опширното Кирилово житие преку бројните прашања и одоговори, преку цитатите коишто зборуваат и за постоењето на овој книжевен состав. Кај Хазарите, Кирил и Методиј морале да им се спротивстават и на двете религии: еврејската и муслиманската коишто зафатиле многу подлабоки корени во државата на Хазарите, додека бројот на христијаните бил многу мал. Светата Троица повторно била предмет на разговори, полемики, потоа односите на византискиот двор, неговите постапки, особеностите на христијаните, итн. И од оваа полемика браќата излегле како победници и, како подарок, им биле дадени, како и кај Сарацените, заробените Византијци. Хазарскиот каган со високи пофалби ги испратил браќата и мисионерите. Четвртата полемика се случила во Венеција кога Кирил и Методиј по престојот во Моравија тргнале кон Цариград или Рим , за да го издејствуваат ракоположување во повисоки чинови. На нападите од тријазичниците, коишто никако не го признавале словенскиот јазик како рамноправен со трите „богоизбрани" јазици, Кирил им одговорил со зборови коишто убедливо го расчистувале патот по кој оделе браќата просветители: „Не врне ли дожд од Бога еднакво врз сите? А сонцето не грее ли исто за сите? Зарем не дишеме воздух сите еднакво? Па тогаш, како не се срамите да признаете само три јазици и сакате ситедруги народи да бидат слепи и глуви?. .. ". Во врска со изведувањето на Хазарската мисија Кирил составил уште три состави на грчки јазик, посветени на чинот на изнаоѓањето на моштите на одамна починатиот римски папа Климент. Задоволен што токму нему му паднала таа чест, Кирил составил расказ, свечено слово и химна по повод ненадејното наоѓање на светите мошти. За жал, и овие состави, коишто биле преведени и на латински јазик (освен химанта) од Анастасиј Библиотекарот, не стигнале до нас во оригинален вид. За книжевните состави на Методиј знаеме многу помалку. За некои дела од славистиката постојат противречни искажувања. Меѓу раните трудови на Методиј се споменува делото „Закон судниј лјудем". Една од хипотезите е дека составот настанал во Стримонската Клисура, каде што управувал или кнезувал, Методиј и тоа некаде околу 835 година. Според тоа, и важноста на овој труд е од неспорно големо значење бидејќи настанал пред Моравската мисија. Методиј претставува горостас во културната историја на Славените преку значајни преводи, особено на Библијата којашто ја превел целосно, 60 глави (освен Книгата којашто ја сметал за еретичка) и на неа работел речиси до последните часови од својот живот. Покрај овој обемен труд во славистиката се уште предизвикуваат интерес и се истражуваат преводите на Номоканонот и Петерикот. Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН |