|
||||
КИРИЛО И МЕТОДИЕВАТА ТРАДИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА ДЕЛ II (7) |
ПОКЛОНЕНИЈА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ Во Охридската книжевна школа долго време продолжила глаголската традиција. Низ целиот Х и Х/ век преовладувале глаголски словенски ракописи, а се јавувало и паралелно присуство на кирилските текстови. Јазикот на најстарите текстови е доста близок до кирилометодиевскиот. И во однос на лексиката, како и според одредени граматички својства, глаголските ракописи покажуваат поголема старина во однос на кирилските . Покрај тоа, тие откриваат одредени фази од развитокот на народниот јазик во Х век: губење на еровите, нивна замена во силна позиција во O и Е, итн. Зачуваните глаголски споменици од оваа школа влегле во старословенскиот канон. Меѓу нив осебно место зазема Асемановото евангелие, изборно евангелие пишувано со обла глаголица. Денес се чува во Ватиканската библиотека. Интересно е прашањето во врска со неговото датирање, кое се движи во распон од Х до крајот на Х/ век. Постарата славистичка школа беше склона да го датира во Х/ век, додека најновите истражувања датирањето го поместуваат во Х век. Ова Евангелие го содржи најстариот словенски глаголски синаксар. Во него се наоѓаат словенските светители: Кирил и Методиј и Климент Охридски. Блиску до овој словенски споменик стои и Зографското глаголско евангелие. Од кирилските споменици од овој центар кои стојат блиску до кирилометодиевската традиција, спаѓаат: Охридскиот апостол, апракос од неполн текст на апостолски читања; Добромировото евангелие, мошне значајно македонско четвороевангелие препишувано во јужномакедонски центар каде што се чувствувало и влијанието на грчкиот говор; Македонското кирилско ливче , класичен пример на старословенскиот канон и претставува дел од Методиевиот епилог (поговор) кон словенскиот превод на полниот Нов завет (или на целата Библија); Евангелието на поп Јован, македонско изборно евангелие, кое покажува доста сличности со Остромировото евангелие, Савинатакнига, Асемановото евангелие, Листовите на Ундолски, Добромировото евангелие; Болонскиот псал тир , всушност претставува толковен псалтир, пишуван во охридското село Рамне и се јавува како типичен претставник на ракописната традиција во Охрид од XIII век. Црквата „Св. Климент“ на Плаошник Во Охридската книжевна школа е вткаено целокупното дело на Климент Охридски кој ја пренел и негувал глаголицата и успеал нај долго да ја одржи, за разлика од Преславската школа во која уште во почетокот на Х век преовладувала кирилицата. Климент Охридски е автор на многубројни книжевни состави кои, главно, се поделени на поучителни и пофални слова , а се однесуваат на претставници и настани од христијанската религија, кој а Климент сакал да ја доближи до народот по еден јасен и трасиран начин. Откако во 893 година бил избран за велички епископ, неговата работа во Кутмичевица, особено во Охрид, ја продолжил Наум Охридски, за кого веќе се знае дека се јавува и како учител и како автор на химнографски творби. И двајцата ја негувале и употребувале глаголицата . Нивните творби биле проширувани преку брojните словенски преписи низ наредните векови кај сите Славени. Постојат уверливи докази дека кон Охридската школа припаѓа и делото на Црноризец Храбар, трактатот „0 писменах" , кој ги изразува мошне битните етапи од развитокот на словенската писменост, како и продолжителните полемики со тријазичниците кои го оспорувале словенскиот напредок воопшто. Во науката преовладува мислењето дека Храбровата полемика првобитно била напишана со глаголска азбука. Се почести се искажувањата од современите слависти дека и Азбучната молитва од епископ Константин била напишана со глаголски букви. Од книжевните извори што се однесуваат на животот и делото на свети Климент Охридски добиваме најконкретни показатели за продолжувањето на кирилометодиевската традиција. Анономен автор ги составил опширните словенски житија за Климент и Наум Охридски. Било пронајдено краткото словенско житие за Наума, а подоцна и второто кратко словенско Наумова житие. За нивната слава, што се пренесувала низ вековите, зборуваат дејностите на охридските архиепископи, по потекло Грци, кои секогаш имале неадекватен однос кон словенските културни придобивки. Во XI век архиепископот Теофилакт го составил опширното грчко житие за Климент Охридски, кое и денес претставува основен извор за проучување на животниот Климентов пат. Дека во XIII век Климент бил присутен и актуелен се гледа од Краткото грчко житие, што го составил охридскиот архиепископ Хоматијан. Живата традиција на свети Кирил и Методиј, што ја пренеле свети Климент и Наум Охридски се протега и во XVIII век, кога во Москополската печатница се печателе грчките служби и житија посветени на свети Климент и Наум Охридски, составени од грчките архиепископи: Хоматијан, Кавасила Григориј и од охриѓанецот Козма - драчки митрополит. Овие грчки автори оставиле убави канони и тропари во нивна чест. Оваа традиција е засведочена и преку Стематогафијата на Христифор Жефаровиќ. И во XIX век не била заборавена оваа традиција и покрај засиленото влијание на грцизмот, особено во јужните делови од Македонија. Првиот македонски превод на опширното Климентово житие го направил македонскиот преродбеник Партениј Зографски, употребувајќи го притоа галичкиот дијалект. Браќата Миладиновци биле живо заинтересирани за оваа традиција, особено по контактите на Димитар Миладинов со рускиот славист Виктор Григорович. Светите Кирил и Методиј и Климент и Наум Охридски се присутни во творештвото на Рајко Жинзифов, Ѓорѓи Пулевски, Кузман Шапкарев, Марко Цепенков, Григор Прличев и други. Почит кон кирилометодиевското дело изразиле Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Крсте Мисирков и Димитар Чуповски. Посебни творби им посветиле Григор Прличев и подоцна Никола Јонков Вапцаров, како и други. Денес современите македонски поети честопати се задржуваат врз нивното трајно и значајно дело. Тие се присутни и во богатото македонско народно творештво. Интересно е да се констатира дека македонските современи писатели, особено поетите, им посветиле посебни творби на творците на словенската писменост - браќата свети Кирил и свети Методиј и на нивните ученици свети Климент и свети Наум Охридски. Секако, во овој случај предничат творбите што му се посветени на свети Климент Охридски, чија традиција во Македонија живеела низ вековите, а денес како да еоскреснува со нови сили и со нов крвоток кој тече. Од празните автори посебно треба да ги потенцираме имињата на Лазо Каровски, Видое Подгорец и Томе Арсовски. Лазо Каровски ги состави првите романизирани биографии за светите Климент и Наум Охридски. Подгорец со делото ,Аз, буки, веди ... " го сврте вниманието кон словенските просветители на поширокиот читателски круг. Во најново време кон оваа дејност беше насочено вниманието на Томе Арсовски, кој покрај дводелниот телевизиски драмски текст за св. Климент Охридски, го состави романот „Свети Климетн Охридски", оживувајќи ја повторно словенската епопеја од времето на IXи Х век.
Свети Климент и Свети Наум Охридски Исто така и публицистот Славе Катин посветува посебно внимание на животот и делото на свети Кирил и свети Методиј, на свети Климент и свети Наум Охридски во делото „Македонски иселенички меридијани“, во кое е презентирано делото на овие македонски и сесловенски просветители меѓу Македонците од етничка Македонија во дијаспората. Повеќе македонски поети им посветија песни на светите Кирил и Методиј. Меѓу нив да ги споменеме: Славко Јаневски (Браќата Солунски), Петре Бакевски (Ѕвездата на Константин Филозоф), Јован Павловски (поема „Строгоста на живеењето" посветена на св. Методиј), Тодор Чаловски (Вруток на утока), Веле Смилевски (Вратени од San Klemente), Кирил Бујуклиев (На Солунските браќа) итн. На свети Климент му се посветени и бројни и одбрани стихови. Посебен поетски однос кон него реализира поетот Матеја Матевски, симболизирајќи ја неговата непроодност и неуништ ливост преку насловот на песната „Сенката што пее". Метафоричниот крај како да ги следи изминатите векови. Поетот Радован Павловски му посвети на свети Климент посебна песна, изнаоѓајќи го Климентовото дело низ вокалите распрснати во ѕвездите на еден народ . За Климент испеале стихови: Бошко Смаќоски, Јован Котески, Славко Јаневски, Георги Сталев, Душко Наневски, Цане Андреевски, Трајан Петровски, Љупчо Стојменски, Ристо Јачев, Радмила Трифуновска и многу други . Него го опеале и поетите од македонското иселеништво: Невена Аџиевска, Рада Видиновска, Џим Томев, Гоче Малинов и други. Активниот однос на современите македонски уметници кон словенските просветители е видлив и присутен во Македонија. Сликарските и скулпторските дела во Македонија ја збогатуваат нивната претстава и визија. Ваквиот однос само ја потврдува живата традиција на словенските просветители денес во Македонија. Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН |