Среда, 10 Јуни 2020    PDF Печати Е-пошта
КОН МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ“ (8)

1.5.2

ПОКЛОНЕНИЈА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ

Во пресрет на 1969-та година, кога се навршуваа 1.100 години од смртта на сесловенскиот просветител свети Кирил Солунски се роди идејата на 24 мај секоја година во Рим со пригодна свеќченост од името на македонскиот народ да му се оддава должната почит на св. Кирил за неговото епохално дело.

Во познатата базилика „Сан Клементе”, кадешто се наоѓа скромниот гроб на свети Кирил Солунски, започна да се одвива церемонија во присуство на амбасадорите на СФРЈ при Република Италија, односно при Светата столица, со членови на колективите на амбасадите, Југословенската културна делегација, делегацијата на Македонската православна црква, официјални претставници од редот на италијанските државни и верски органи, организации, институции и асоцијации, новинари идруги јавни и културни работници, пријатели на СФРЈ и на Македонија, од Југославија на работа во Рим, странски туристи и групи верници од Македонија што доаѓаат да присуствуваат или да земат учество (црковни хорови) на овој редок и значаен настан.

Тоа е трајно запишано на македонски и на италијански јазик на бакарната спомен-плоча поставена 1970-та година, преку која веќе се чувствува превезот на патината на времето.

Свечениот церемонијал отпочнува со чинодејствието што го изведува делегацијата на Македонската православна црква со асистенција на хорот на „Русикум” од Рим и на македонски црковен хор. По пригодната беседа на шефот на делегацијата на Македоиската православна црква, на гробот на свети Кирил започнаа да полагаат венци амбасадорите на СФРЈ при Република Италија и при Светата столица и Југословенската културна делегација, а букети свежо цвеќе полагаат многубројните почитувачи на споменот и делото на свети Кирил Солунски.

1.5.3

Базиликата Свети Климент во Рим

Се’ до 1978 година само СР Македонмја подготвуваше програма поврзана со чествувањето на св. Кирил. Потоа манифестацијата доби нов и поширок организациски карактер, под наслов „Југославија во чест на свети Кирил”. Се одвиваа разновидни и богати програми во Рим, а дел од програмите на манифестацијата се изведуваа и во Неапол, Л’Аквила и во областа Лацио (Терачино), а секогаш е договарано и за нови видови соработка во областа на културата и науката (Равена, Сицилија идр.).

Од 1978 година наваму програмата и составот на Југословеиската културна делегација го определуваше Меѓурепубличкиот координационен одбор за меѓународна. културно-просветна соработка (МКО). По одлука на ова тело, координацијата и организацијата на оваа заедничка културна манифестација и’ беше доверена на СРМакедонија, односно на Републичката комисија за културни врски со страиство, а денес на Министерството за култура. Така, денес, кога Македонија е самостојна и суверена држава, во манифестацијата редовно учествува делегација на Македонската православна црква, како и претставницм од областа на политиката, културата и науката.

Секоја година се изведуваат разни активности, со свечен дел, односно посета и почит на моштите на св. Кирил во црквата „Сан Клменте”, културни приредби од разновиден карактер и средби и разговори на официјалната културна делегација со италијански и ватикански државни органи и културни институции и творци.

Еден дел ол програмата за престојот во Рим и надвор од него, односно протоколарниот дел се покажа како многустрано полезен за двете сграни. Престојот во Рим, мотивиран, пред се’, од желбата да му се укаже достојна почит на са Кирил, се наметна како среќен повод и прилика за воспоставување на непосредни контакти на Република Македонија со соодветни претставници на Република Италија.

Овие бројни средби дури и кога се од формална гледна точка, имаат протоколарен белег, тие имаат благотворно дејство за подоброто меѓусебно запозиавање и разбирање, што наполно се совпаѓа со заедничките интереси и желби - преку проширување на меѓусебната соработка - и натаму да се придонесува за продлабочување на меѓусебната доверба и пријателска соработка.

1 2 3

Досегашниот историјат на манифестацијата покажа дека престојот и програмата на Македонска културна делегација и на делегацијата на Македонската православиа црква, (во која авторот на овие редови Славе Катин, како потпретседател на Комисијата за односи со верските заедници на Република Македонија, бил член на делегациите и пет пати на прием во Ватикан и кај папата Јован II), се одржува на мошне високо ниво. Започнаa и редовни средби и со поглавпрот на Католичката црква - папата Јован ПавлеII, а денес со папата Францис.

Инаку, во историските документи за свети Кирил и Методиј, меѓу другото, е запишано дека Ростислав, кнезот на Велика Моравија, испратил молба до византискиот император Михаил III овој да испрати, епископ и учител, кој ќе им објаснува на нивни јазик вистинската христијанска вера. Изборот паднал на светите браќа. Тие биле речиси подготвени и за оваа мисија, зашто голем број од светите книги веќе ги превеле на словенски јазик.

Тие избрале достојни ученици и помошници и тргнале во Моравија. Таму биле пречекани со голема радост и со големи почести. Набргу потоа отвориле училиште, во кое ги подготвувале идните свештенослужители и учители за западните словенски народи. Тука наишле на голем отпор од германски свештеници: билњ обвинувани за ерес.

Затоа, биле принудени да појдат во Рим и да го докажат своето правоверие. Во Рим биле примени со големи почасти од папата Адријан II. Тој ги одобрил словенските богослужбени книги и наредил да бидат поставени во олтарот на црквата „Санта Марија Маџоре“ и богослужби да се вршат на словенски јазик во три римски цркви. Кирил во Рим тешко се разболел и починал на 14 февруари 869 година.

Треба да се подвлече дека плодотворните контакти што ги остваруваа споменатите делегации во Рим и Ватикан се должеа и на тесната соработка и ангажирањето на дипломатските претставници на земајта при Република Италија и при Светата столица со италијанските официјални органи и културни институции.

Разновидните одбележувања, свечености и средби што редовно се одвиваа од 1969 до 2008 година ги претставуваме во пресек по хронолошки редослед.

Продолжува

 G6 
Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.