Среда, 17 Јуни 2020    PDF Печати Е-пошта
ДВАТА ДЕЛА ОД ДОКУМЕНТАРНИОТ ФИЛМ „ИСУС ХРИСТОС И МАКЕДОНЦИТЕ“ ПОСТАВЕНИ НА YOU TUBE

1pal12

Од неодамна двата дела од документарниот филм „ИСУС ХРИСТОС И МАКЕДОНЦИТЕ“, откако претходно беа неколку пати емитувани на националната ТВ СОНЦЕ, веќе се поставени на You Tube на историскиот канал на авторот на филмот (сценарио и режија) Александар Донски: https://www.youtube.com/channel/UC3Qrkh5UK9iypmV_Q-VOVDg 

Продуцент и главен спонзор на филмот е Австралиско-Македонскиот театар од Сиднеј со продуцентот Душан Ристевски, a снимањето финансиски го помогнаа и Македонската добротворна асоцијација од Нов Јужен Велс, Австралиско-Македонскиот Совет од Нов Јужен Велс, МЛД „Григор Прличев“ и извесен број македонски патриоти. Обата дела на филмот се снимени на англиски (со македонски титлови), а текстот го читаат: Стефо Нанцу, Ана Санбејл и проф. Драган Донев. Преводот на англиски е од Бубе Донска.             

Филмот го открива и осветлува пред светската јавност  огромниот придонес на Македонците во создавањето на Стариот и Новиот Завет и ги обелодена досега прикриваните и запоставувани факти за животот и активностите на големата Македонска колонија   која живеела во Светата земја пред и за време на дејствувањето на Исус Христос.

Имено, денес постојат стотици документарни емисии и филмови кои го третираат животот во Светата земја во времето на Исус, но во ниту еден од нив не се спомнати Македонците  како жители на Светата земја! Спомнати се Грците, но не и Македонците, иако Македонците повеќе пати се спомнати како жители на Светата земја во античките еврејски извори. Со овој филм конечно ќе се поправи оваа историска неправда.

Познато е дека Македонците делумно или целосно владееле со Светата земја околу 270 години и тоа од нејзиното освојување од страна на Александар Велики Македонски, па се до времето од само неколку децении од раѓањето на Исус Христос. По смртта на Александар, неговите наследници кои останале таму да владеат, населиле голем број Македонци  во Светата земја кои таму живееле и во времето на Исус. Познатиот антички еврејски историчар Јосиф Флавиј (1 век) запишал дека Евреите биле (цитат) „под македонско ропство“, како и дека многу Македонци во тоа време живееле во Светата земја. Флавиј ги третирал Македонците и Грците како два посебни народа.   

Во 1931 година познатиот германски историчар Улрих Вилкен напишал дека пред раѓањето на Исус во Светата земја била извршена масовна колонизација на Македонци и дека овие Македонци останале да живеат таму и во времето кога дејствувал Исус, но и потоа. Вилкен запишал дека во Светата земја се појавила (цитат) „една друга Македонија“. Во тоа време во Светата земја постоеле градови кои биле основани од Македонците на кои им биле ставени македонски имиња, а имало и постари градови кои биле преименувани со македонски имиња. На тој начин во времето на Исус во Светата земја егзистирале градови со чисти македонски имиња: Пела, Дион, Макед и други.

Овој документарен филм, меѓу другото, нуди податоци и дека:

- Првиот превод на Стариот Завет  од еврејски на мешаниот јазик  коине се случил по иницијатива на еден Македонец!

-  Неколку старозаветни книги биле напишани во времето кога Македонците владееле со Светата земја, додека делови од старозаветната книга „Захарија“ практично биле напишани во – Македонија!

-  Освен Свети Павле и Свети Лука, имало и други познати библиски личности кои престојувале во Македонија. Некои од нив се: Свети Петар, Свети Андреј, Свети Матеј, Свети Јован и други. Дури тројца од четворицата евангелисти кои го напишале Новиот Завет престојувале во Македонија.

-  Во ранохристијанскиот ракопис  за посетата на првиот Исусов апостол Свети Андреј на Македонија неколку пати се спомнати Македонците како жители на нашата земја.

-  Во посета на Македонија дошла и лично Света Богородица! Во Биографијата за Света Богородица напишана од светогорскиот инок Стефан (пренесена од автентични древни извори) постои детален опис за посетата на Света Богородица на Македонија и нејзините средби со Македонците при шти Света Богородица ја благословила нашата земја.

-  Делови од Новиот Завет биле пишувани во Македонија, а првите христијани на тлото на Европа биле Македонци!

-  Првата христијанска заедница основана на тлото на Европа  била основана во Македонија!

-  Според една светски позната енциклопедија, но и според некои американски библиски истражувачи,  постои голема веројатност дека еден од четворицата евангелисти свети Лука, бил  по потекло Македонец! Во филмот ќе бидат претставени докази и индиции за ваквите тврдења.

Дали познатиот библиски крал Херод Велики кој владеел во времето на Исус имал македонско потекло? Малку е познато дека  голем број припадници на неговата династија носеле македонски имиња!  Така, на пример, синовите на Херод Велики се викале: Филип, Александар, Архелај, Аристобул и Антипатер (сите се имиња на познати поранешни античко-македонски владетели), а неговите две ќерки се викале Олимпија и Роксана (исто како мајката и сопругата на Александар Велики Македонски). И самото име Херод има балкански корен, а според античкиот еврејски историчар Јосиф Флавиј, Херод Велики не бил Евреин, туку „странец“ кој ги славел боговите од балканската античка митологија.

Дел од Библијата вештачки е променет во полза на Грците. Во преводот на неколку јазици на старозаветната книга „Даниел“ вештачки е уфрлен зборот „Грција“, иако во оригиналниот текст на хебрејски односната земја е наречена „Јаван“ (а не Грција). Во времето на пишувањето на старозаветната книга „Даниел“ не постоела земја или држава што се викала „Грција“.

Авторот Александар Донски ги повикува сите македонски интернет активисти да ги испраќаат линковите од Јутуб со двата дела од филмот „ИСУС ХРИСТОС И МАКЕДОНЦИТЕ“ на христијански институции ширум светот. Сигурни сме дека доколку овој документарен филм биде промовиран на вистински начин, истиот ќе предизвика голем интерес во меѓународната јавност со што вистинскиот удел на Македонците во создавањето на Стариот и Новиот Завет конечно ќе биде трајно прифатен.

Основа на сценариото на документарниот филм „ИСУС ХРИСТОС И МАКЕДОНЦИТЕ“ е истоимената книга од А. Донски, која во 2002 година е објавена во издание на издавачката куќа „Ѓаконија“ под покровителство на МПЦ  и епископот господин господин Агатангел, кој ја благослови истата. 

Првиот дел можете да го видите на:

 https://www.youtube.com/watch?v=HiWraz_Vu-E&feature=youtu.be

Вториот дел можете да го видите на:

 https://www.youtube.com/watch?v=zpVLXFR2gzc&feature=youtu.be

1pale1

Мапа на Светата Земја од времето на Исус

(„Библија“, Загреб, 1983 г.). Обрнете внимание на македонските имиња на некои од градовите!!!

1pale2

1pale3

1pal3

 

1pal5

1pal6

 1pal7

 Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.