|
||||
ПОДДРЖЕТЕ ЈА НАЈНОВАТА ПРЕРОДБЕНИЧКА ДЕЈНОСТ СРЕДЕ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА! |
ПОДДРЖЕТЕ ЈА НАЈНОВАТА ПРЕРОДБЕНИЧКА ДЕЈНОСТ СРЕДЕ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА! КНИГА ПОД НАСЛОВ „ИСТОРИСКАТА ВИСТИНА ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ“ НА ГРЧКИ ЈАЗИК МАСОВНО И БЕСПЛАТНО ЌЕ СЕ ШИРИ СРЕДЕ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА! Во издание и под покровителство на Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип, се поготвува излегување од печат на книгата „ИСТОРИСКАТА ВИСТИНА ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ“ од историчарот Александар Донски. Освен на македонски, книгата ќе биде објавена и на англиски и на грчки, по што масовно бесплатно ќе се шири среде Македоцните низ егејскиот дел на Македонија кои, поради познати причини, не го знаат македонскиот литературен јазик и умеат да читаат само на грчки. Во книгата на едноставен начин се објаснети сите клучни прашања од етногенезата на Македонците и историјата на Македонија и тоа: Дека античките Македонци не биле никакви Грци! Наспроти тврдењата на грчката пропаганда и историографија за нивното „грчко потекло“, во книгата ќе бидат понудени сведоштва од десетици антички автори кои тврделе дека античките Македонци не биле никакви Грци (Хелени). Така, на пример, античкиот историчар Аријан (I и II век.) напишал дека постоело (цитат): „...старо расно ривалство помеѓу Грците и Македонците“ за време на Битката кај Ис во која над 30.000 Грци се бореле на страната на Персија против Македонската војска. Латинскиот историчар Квинтиј Куртиј Руф напишал дека Македонците и Грците помеѓу меѓу себе комуницирале преку преведувачи, додека Демостен, Тразимах и Хесихиј ги опишале Македонците како „барбари“ (луѓе кои не зборуваат грчки). Античкиот историчар Јустин, пишувајќи за македонската окупација на грчките територии, констатирал (цитат): „Филип... ја наметна моќта на Македонија како ропски јарем околу вратот на Грција и Азија“. Античкиот географ Павсанија (II век) напишал (цитат): „Сите Грци се плашеа од Македонците и од Антигон“... и многу други сведоштва од десетици антички автори кои јасно сведочеле за посебноста на античките Македонци. Дека таканаречената „Грчка митологија“ воопшто не била грчка за што ќе бидат понудени докази од релеванти извори. На пример, во светски познатата американска CD Grolier енциклопедија (1995, Novato, CA 94945), за најголемиот број елементи од грчката митологија, сосема јасно пишува дека се преземени од други култури (цитат): “Грчката митологија содржи митолошки елементи од различни култури и истории.” И Таткото на историјата Херодот пишува дека речиси ниту едно од божествата на Грците не било грчко. Херодот вели (цитат): „Некои од овие богови (со исклучок на Нептун) верувам дека Грците ги презедоа од Пелазгите. За Нептун, пак, тие дознаа од Либијците, кои отсекогаш го славеа.” Херодот пишува и дека стариот балкански народ Пелазги зборувал неразбирлив јазик во однос на Грците. Сето ова аргументирано е објаснето во книгата. Дека денешните Македонци во најголема мера се потомци и на античките Македонци. Освен ДНК анализите (кои се неприкосновени), ќе бидат приложени уште многу други докази во прилог на оваа вистина. Постојат голем број културни елементи (обичаи, обреди, верувања, фолклорни мотиви и друго) кои останале уште од античките Македонци среде Македонците во XIX и XX век и сите тие детално ќе бидат прикажани, а за ваквата појава сведочеле и странски патеписци, кои ја посетувале Македонија. Во врска со етничката свест кај Македонците од егејскиот дел на Македонија (конкретно кај родот Пуливаковци), босанскиот фолклорист Стефан Верковиќ во средината на XIX век запишал (цитат): „Кај родот Пуливаковци постои предание дека се чисти Македонци и потомци на Александар Велики.” Дека постојат бројни сведоштва за грчкиот терор против Македонците уште од навлегувањето на грчките војски во Македонија во 1912 година, па се до 1950-те години на ХХ век. Ќе бидат претставени извадоци од писма што грчките војници ги упатувале до своите роднини за време на навлегувањето во егејскиот дел на Македонија во 1913 година, кои биле објавени во 1914 година во публикацијата „Enquete dans les Balcans, Dotatiot Carnegie pour la paix internationale“ (Paris, 1914). Така на пример, грчкиот војник Анастас Патрос, кој учествувал во грчката окупација на Егејска Македонија, на 14 јуни 1913 година му пишува на својот роднина: „Ние овде ги палиме сите села и убиваме жени и деца...” Војникот Бринија на 11 јуни 1913 му пишува на својот брат: „Тоа што им го правиме на селата е неопишливо. Тоа е вистински масакр. Нема ниту еден град или село кое не го запаливме...” Војникот Н. Зервас, на 13 јули, им пишува на своите родители: „Ние се покажавме како далеку посурови од Бугарите. Ние ги силувавме сите девојки на кои наидовме...” Војникот Лиудис на 13 јули и пишува на својата мајка: „Добивме заповед да ги палиме селата и да ги убиваме младите луѓе...” Што се однесува до Граѓанската војна во Грција, во која најмногу настрадале Македонците, ќе бидат објавени податоци од Анкетната комисија на Обединетите нации, која во 1947 година престојувала во Егејска Македонија. За теророт врз Македонците на оваа Комисија изјава дал и Гркот Јанулис, кој бил еден од командантите на Демократската армија на Грција. Помеѓу другото, на новинарите кои ја следеле оваа комисија на ОН, тој им го изјавил следното: „Јас како Грк се срамам да говорам за теророт над Македонците во Егејска Македонија и затоа станав со оружје в рака да се борам против тој ужас...” Во врска со овој терор, самиот командант на Демократската армија на Грција Маркос Вафијадис на истата Комисија дал изјава што ќе го вознемири секој цивилизиран човек. Тој буквално посведочил дека грчките монархофашисти гореле живи македонски деца! Еве што изјавил командантот Маркос (цитат): „...Во Меморандумот што ѝ го предавам на Анкетната комисија на ОН детално се прикажани сите злосторства... Мене ми е тешко да говорам за запалените села, за пискотот на децата кои живи ги гореа, за стотици силувани девојки, за колежи, за мачења, за убиства од заседа, за пепелот на селата кој со месеци паѓаше на опустените ниви...” Сведоштвата од Анкетната комисија биле објавени уште во 1947 година во Југославија од страна на познатиот српски и југословенски писател Оскар Давичо, кој таа година ја објавил книгата „Меѓу партизаните на Маркос“ („Триесет дена“, Белград, 1947). Сите овие потресни сведоштва, преку оваа книга, за прв пат ќе бидат пошироко претставени пред денешните Македонци, но и Грци, во егејскиот дел на Македонија! Како ќе биде дистрибуирана книгата? Познато е дека ако се направи обид книгата да се внесе во хартиена верзија во Грција, можна е заплена на тиражот. За да се избегне ова, книгата ќе биде форматирана во ПДФ и ќе биде испраќана по е-маил на нашите браќа и сестри Македонци во егејскиот дел, кои потоа сами ќе можат да ја споделуваат меѓу себе во електронска верзија, а секој што сака ќе може и да си ја испринта. Книгата на англиски ќе биде бесплатно делена на странски субјекти кои работат во Република Македонија или ја посетуваат, а секако дека можат да ја набават и нашите заинтересирани иселеници доколку контактираат со ЗМЕМ „Мирка Гинова“ од Штип. Што се очекува од оваа книга? Во последно време македонската национална свест засилено се буди среде Македонците во егејскиот дел на Македонија. Ова засега главно се манифестира преку отвореното експонирање на македонскиот фолклор и јазик на јавните собири. Но, ним им се потребни барем најосновни историски познавања затоа што спорот што го имаме со грчките националисти е од историска природа. Неодбранливите аргументи што ги нуди книгата на своите стотина страници претставуваат силно оружје во поткрепа на Македонската преродба која е во тек во егејскиот дел на Македонија. Книгата ќе послужи и како информативно четиво за чесните и добронамерни Грци, но и странци. Кога ќе биде реализиран овој проект? Тоа ќе зависи од собраните средства потребни за трошоците на овој проект. Ги повикуваме македонските патриоти и пријателите на Македонија ширум светот да го поддржат овој преродбенички и мисионерски проект - прв од ваков вид во егејскиот дел на Македонија во поново време. Секој заинтересиран кој сака да помогне може да контактира директно со авторот Александар Донски на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или преку фејсбук, а секако и со ЗМЕМ „Мирка Гинова“ од Штип. Александар Донски: Почнува новата преродба во егејскиот дел на Македонија! Македонски деца избркани од своите домови од егејскиот дел на Македонија Македонците во егејскиот дел на Македонија денес се се повеќе свесни за своето македонско потекло. Мапа на егејскиот дел на Македонија Македонска нација |