Среда, 08 Јули 2020    PDF Печати Е-пошта
ДЕЛЕГАЦИЈА ОД МАКЕДОНИЈА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ - ДЕЛ I (12)

2.1.0

ПОКЛОНЕНИЈА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ   

На приемот, Неговата Светост папата на црковната и државната делегација на Македонија и на македонскиот народ им упати една порака со следната содржина:

„Мошне сум среќен што можам да ја поздравам делегацијата на високи личности од Социјалистичка Република Македонија, која дојде на комеморација на големиот свети Кирил, кого, како и неговиот брат свети Матодиј, оправдано го слават како апостол словенски, основач на словенската книжевност. 

Свети Кирил беше голем апостол кој на посебен начин знаеше да ја оствари рамнотежата меѓу барањето на единство и законот на различност. Тој го основа ова традиционално и неменливо начело: црквата ги почитува и ги прифаќа сите услови, сите извори, сите животни

облици на народот, со кои се заветува Евангелието на Господа, прочистувајќи ги, зацврстувајќи ги и здружувајќи ги.

Така свети Кирил и Методиј можеа да го постигнат Христовото откровение, и литургискиат и духовниот живот на христијаните да го одомаќинат во културниот живот на словенските народи.  Меѓутоа, колку напори му требаа на свети Кирил за да го оствари таквото дело.

Неговото вдлабочување во јазикот и културата на словенските народи беше плод на долго и настојчиво проучување, постојано одречување, поткрепено со ретка генијалност, способност на тој јазик и на таа културада ѝ го даде првото писмо, што ќе послужи како адекватно средство да се изрази и прошири преку Светото писмо.

2.1.1 

Со тоа тој ги постави темелите на огромниот книжевен и културен развој, кој, се до денес, се прошируваше, разгрануваше, развој на кој вашиот народ му даде голем придонес.

Ние сме ви многу благодарни на вашата посета.

Нека свети Кирил, кој и натаму останува пример за денешните луѓе во настојувањето да се приспособат кон новонастанатите промени, ве вдахновува во вашите напори за слога и мир меѓу народите со различни култури и традиции".

На крајот, папата топло им се заблагодари на своите гости за големиот и драгоцен подарок - оригинална икона „Свети Крштение на Господа Исуса Христа" од манастирот „Свети Богородица"  с. Карпино Кумановско, од XVI век, која ја симболизира културната самостојност

на македонскиот народ, како и Светото евангелие (во кожни корици) печатено на македонски јазик, чија основа ја поставил свети Кирил.

Домаќинот им врачи подароци на своите гости, пожелувајќи им успех во нивната црковно-народна мисија.

По повод Денот на свети Кирил и Методиј - 24 мај, на претпразненството на 23 мај 1970 година во Рим, со глема радост и гордост, се одржа очекуваната, пригодна свеченост во базиликата „Свети Климент" каде што веќе полни 11 векови се наоѓаат светите останки на свети Кирил Солунски.

Свеченостите почнаа со молепствието над гробот на свети Кирил, на кое чинодејствуваа поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македедонски господин Доситеј и членовите на Светиот архијерејски синод на МПЦ; митрополитот злетовскаструмички господин Наум и митрополитот дебарско-кичевски господин Методиј со асистенција на дваесетмина свештеници од Македонија.

Претставникот на Владата на СР Македонија, потпретседателот на Собранието на СРМ г. Ванчо Апостолски и претседателот на Комисијата за верски прашања и член на Извршниот совет на СР Македонија г. Анте Поповски положија венец од Социјалистичка Република Македонија на гробот на свети Кирил.

На свечениот чин - молепствие и откривање на спомен-плочата присуствуваа и претседателот на Сојузната комисија за верски прашања во СФР Југославија г. Мило Јовичевиќ, југословенскиот амбасадор во Рим г. Срѓан Прица, членовите на Радио-телевизијата и Хорот и Филхармонијата на СР Македонија од Скопје и голем број културни и јавни работници, како и туристи, кои специјално допатуваа во Рим за да учествуваат на оваа наша голема национална свеченост и на тој начин да му оддадат почит на својот далечен и заслужен предок.

Архиепископот охридски и македонски господин Доситеј ја откри спомен-плочата изработена во бакар на која на македонски и латински е испишан следниот текст:

"На Свети Кирил Солунски, сесловенски просветител со благодарност од македонскиот народ“

Од името на македонскиот народ и Македонската православна црква говореше архиепископот господин Доситеј кој рече:

Пресвети и преблажени наш, преподобни оче Кириле,

Над гробот каде почиваат Твоите свети мошти, денес во овој миг се наоѓаме ние потомците, чедата на народот од чии пазуви си излегол и Ти, преподобни оче Кириле Солунски. Се најдуваат чедата на оној народ на чиј јазик си го направил најблагородниот чекор во просветувањето и зацврстувањето во верата Божја на словенските народи.

Овде, во вечниот град Рим, дојдени од нашата Македонија, која била удостоена од спасителната мисија и на свети апостол Павле, се најдуваме ние претставниците на македонскиот народ и Црква. Тука сме ние наследниците на Вашите ученици и следбеници, на рамноапостолите и нашите светители и просветители св. Климент и Наум, охридскитечудо творци.

 2.1.2

Ватикан                          

Тука, над Твојот гроб, дојдени сме да Ти се помолиме, преподобни аче Кириле, и скромно да Ти искажеме должна признателност и благодарност. Зашто, Твоите молитви и просветителното дело се најзаслужните што и Твојот македонски народ, заедно со другите словенски народи, можеше да ги преброди тешките искушенија низ кои мораше да помине во својата макотрпна национална и црковна историја.

Додека ги изговарам овие зборови, чувствувам дека Ти, преподобни оче Кириле, со право ми го поставуваш прашањето: Зошто ова го чиниме со вакво големо задоцнување? Зашто се работи за доцнење од цела една епоха, 1.101 година од Твојата смрт?                        

Сакаме да Те увериме, преподобни оче Кириле, дека тоа не се должи на невниманието, непризнанието, уште помалку на неблагодарноста на Твојот народ. Причините за ова се исклучително во тешкото и макотрпно минато низ кое македонскиот народ и светата Македонска православна црква мораше да помине. 

Требаше да помине повеќе од еден милениум на тешко ропство, за да, слава на Бога, на Вас свети браќа и наши патрони свети Климент и Наум и македонскиот народ да го огрее сонцето на слободата, а светата Македонска православна црква да го продолжи благородниот пат на Светиклиментовата Охридска архиепископија што беше неканонски и од иноверна власт прекината во кобната 1767 година.

Продолжува

 0711

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.