Среда, 15 Јули 2020    PDF Печати Е-пошта
ДЕЛЕГАЦИЈА ОД МАКЕДОНИЈА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ - ДЕЛ II (13)

2.3.2

ПОКЛОНЕНИЈА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ   

Преподобни оче Кириле,

Македонскиот народ дури пред четврт век, и тоа само во еден дел од својата сакана земја, се најде слободен. Оној народ на чиј јазик, со Божјата промисла, Ти ги преведе првите книги на словенски јазик и со словенско писмо, народот на Светиклиментовиот древен Охрид, каде пред повеќе од илјада години работеше и првиот Словенски народен универзитет, низ кој поминале преку 3.500 ученици, народот што има големи заслуги за просветата на сите словенски народи, ја имаше најтрагичната судбина последен да се ослободи и со својот литературен јазик последен да влезе во ризницата на светската култура и цивилизација.

Меѓутоа, Те уверувам, преподобни оче Кириле, дека во тешките дни на искушенијата низ кои врвеше мојот народ и Црква, честите молитви што нечујно ги искажуваше кон Господа нашиот човек, беа упатени и кон Тебе, кон Твојот брат свети Методиј и Вашите ученици свети Климент и Наум, Сава, Горазд и Ангелариј. Преку Вас Спасителот, Господ Бог ги услиши нашите молитви и еве денес ние Ве славиме на глас и ја искажуваме нашата топла и срдечна благодарност.

Можеби ќе ни замериш преподобни оче Кириле што на вака скромен начин ја искажуваме нашата благодарност. Те уверуваме дека тоа е честитата и срдечна интима што кон Тебе ја изразува Твојот македонски народ и Црква. Нека оваа скромна плоча биде само симболот на нашата безгранична почит и благодарност. А приклонувајќи се кон Тебе, ние Ти се молиме, како досега, така и во иднина да бидеш наш застапник пред престолот Господов. Едновремено, со честита совест Те уверуваме дека македонскиот православен народ, верен на своите претшественици, е и ќе остане доследен кон спасителното учење на Христовата вера.

2.3.3

Во оваа прилика не можам, а да не искажам голема благодарност и кон блаженопочившиот свети отец папата Адријан II, што така својски Те прими кон крајот на 867 година во Рим, како и на почитуваните ирски доминиканци, со чија заслуга и до ден-денес се чувани Твоите свети мошти во овој Божји храм. Впрочем, тоа е должно внимание кон Тебе, преподобни oче Кириле, и затоа што со твоја заслуга моштите на свети Климент Римски денес почиваат во овој свети храм.

Поставувајќи ја оваа скромна спомен-плоча ние чувствуваме долг да изразиме признание и кон вечниот град Рим, што во неговите пазуви повеќе од 11 столетија почиваат светите мошти на рамноапостолот и сесловенскиот просветител, свети Кирил Солунски.

Приклонувајќи се во нашите божествени молитви пред Тебе, преподобни оче Кириле, Ти ветуваме дека доследно ќе го продолжиме патот кон спасението по кој Ти, свети Методиј, свети Климент и Наум нас не поведовте. Зашто и денес Твоето учење е исто толку, ако не и повеќе од нужно луѓето и народите, човекот да биде брат со другиот, а границите се помалку да ги делат среќните и несреќните. Онака, како што Ти од Твојата татковина појде во други земји и татковини да ги учиш луѓето и народите.

АМИН!

На крајот, Хорот на Скопската радио-телевизија исполни делови од „Литургијата на свети Јован Златоуст" од познатиот македонски композитор од XIX век, Атанас Бадев.

Делегациите имаа повеќе приеми кај официјални црковни и државни функционери и насекаде беа пречекувани со мошне забележливо внимание, почитување и интересирање.

Делегацијата мошне срдечно беше пречекана од страна на градоначалникот на Рим г. Клелио Дарида, кој на шефовите на делегациите, архиепископот господин Доситеј и потпретседателот на Собранието на СР Македонија г. Ванчо Апостолски, им врачи златни медали по повод 2700-годишнината од основањето на Рим, а на другите членови на делегациите спомен-плакети.

По завршувањето на главната свеченост, откривањето на споменплочата над гробот на свети Кирил, нашите делегации со претседателот на Сојузната комисија за верски прашања г. Мило Јовичевиќ, југословенскиот пратеник при Светата столица г. Вјекослав Цврље и нивните соработници го посетија кардиналот господин Шепар.

Домаќинот срдечно ги пречека своите гости и пројави голем интерес за приемот кај папата Павле VI, за средбите со високите претставници на римокатоличката црква, а особено за свеченостите по повод откривањето на спомен-плочата над гробот на свети Кирил.

Со посебно задоволство претставниците на обете делегации го истакнаа својот голем восхит од срдечноста и гостпориемноста на Неговата Светост папата Павле VI, кардиналот господин Вилебрандс и другите еминентни претставници на Римокатоличката црква.

На кардиналот Шепар му се искажа особена признателност и благодарност за неговиот вонреден придонес за успешното извршување на оваа мисија, како и за посредништвото при создавањето на блиски екуменски врски со претставниците на католичката црква.

Во знак на внимание му беше предаден скромен подарок - Албум на фрески (копија) од најстарите цркви во Македонија. Кардиналот господин Шепар топло се заблагодари на вниманието и го изрази своето големо задоволство за се она што во името Божја го сториле нашите делегации во Рим. Се извини што поради своето слабо здравје не можел лично да учествува на тие свечености. Мислено и духовно бил на истите.

На 24 мај 1970 година, делегацијата на Македонската православна црква, на чело со архиепископот госодин Доситеј направи куртоазна посета на Ориенталниот институт во Рим и мошне срдечно беше примена од ректорот г. Иван Жужек и професорскиот колегиум.

Неговото Блаженство со избрани зборови ги поздрави домаќините и им пожела успех во нивната научна и мисионерска работа, а потоа им предаде подароци: на ректорот своја лична фотографија и албум од репродукции на средновековните фрески и икони од манастирите и црквите во Македонија; на професорот г. Лацко ист албум; и на Институтот (за библиотеката): Свето писмо на Новиот завет (на македонски јазик); „Свети Климент Охридски" (916-1966 година); „Од свети Кирил и Методиј до нашите денови"; Молитвеник; Црковна историја на Македонската православна црква; Историја на македонскиот народ (во три тома). Од страна на државната делегација на СР Македонија на Институтот му беа подарени 50 одбрани дела од македонската историја и литература.

Во прекрасната сала Гонфалоне се одржа концертот на Хорот на Радио-телевизија Скопје, на чија програма се наоѓаше „Златоустовата литургија" од Атанас Бадев, „Иже херувими" од Трајко Прокопиев, „Величание на свети Кирил и Методиј" од Тодор Скаловски, „Тропар" и „Светилен" од ораториумот ,,Похвала Кирилу и Методију" од Томислав Зографски .

2.3.4 

Света Софија во Охрид                                    

Во вториот дел на програмата настапи Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, под диригентство на г. Ванчо Чавдарски, кој исполни дела од македонските композитори: суитата „Тонска репродукција" од Миодраг Јановски, „Полиномот бр. 1" за гудачки оркестар

од Сотир Голабовски и „Класичната суита" за камерен оркестарод Томислав Зографски.

Целата оваа музичко-литературна програма се одвиваше во импозантен амбиент украсен со изложените фрески од Македонија, посветени исклучително на свети Кирил и Методиј и нивните ученици свети Климент и Наум Охридски.

Во 1970 година, МАНУ во два тома ги издаде поднесените реферати на симпозиумот: Кирил Сонунски, /, 11, (МАНУ-Скопје 1970).

Од 1970 година во Рим почна да излегува годишното списание "G/oria а Ѕап Cirillo", секогаш на 24 мај (24 maggio Roma), во кое, меѓу другото,се застапени следните материјали: Во бројот од 1970 година воведнастатија за светите браќа Кирил и Методиј напишал Гане Тодоровски,Петар Миљковиќ Пепек пишува во истиот број за ликовите на светитебраќа од Солун и на нивните ученици во Македонија.

Во 1971 годинаГеорги Сталев објавува труд за улогата на светите браќа Кирил и Методијкако создавачи на словенската култура. Цветан Грозданов пишуваза минијатурите во македонските средновековни ракописи. ДрагославОртаков објавува статија за црковната музика во Македонија. Во бројотод 1971 година, пак, Бранко Панов дава историски пресек за делотона светите Кирил и Методиј меѓу Славените.

Списанието од 1974 година и е посветено на македонската поезија. За бесмртното дело на светите Кирил и Методиј се однесува написот на Томе Саздов во бројот од 1975 година. Коста Балабанов се јавува со труд за култот на светите Кирил и Методиј во сликарството на Македонија од XIX век. Во списанието од 1976 година Блаже Конески говори за традицијата и делото на светите Кирил и Методиј.

Во истиот број Драгослав Ортаков пишува за црковната музика во Македонија. Радмила Угринова-Скаловска во бројот од 1977 година пишува за старословенскиот јазик. Во 1978 година Вера С. Антиќ објавува статија за делото на светите Кирил и Методиј, а Блаже Конески есеј за свети Климент Охридски.

Во 1988 година се појави јубилејниот број на списанието "20 anni della manifestazione" "La Jugoslavia in onore di San Cirillo". Во овој број со воведник се јавува Вера С. Антиќ и говори за делото на светите Кирил и Методиј. Следи и хронографија на дваесетте години од манифестацијата "Југославија во чест на свети Кирил" (1969-1978), 37-52 (во наредниот текстВо чест на свети Кирил").

Продолжува

 0711 
Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.