|
||||
ОД ПРВАТА ЖЕНА ЕВА ДО ПЕТНАЕСЕТТАТА ЕЗДРИНА КНИГА (11) |
Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, зборовите, изразите, називите, термините... кои се во „Библискиот речник“: од Ева - името на првата жена, до Еклизијаст - проповедник, односно една од старозаветните книги Ева - хавах на еврејски, име со повеќе значења. Име на првата жена, што и го дал Арам,мајка на сите живи, според 1 Мој 3,20. Претходно ја нарекол жена (1 Мој 2,23). Поимот Ева се изведува од поимот животен, или од онаа која дава живот, а жена, односно ишах, се подразбира како женска форма од изразот иш, што значи човек. Создадена е да биде едно со мажот, а нејзината подреденост на Адам е последица на нејзиното подоцнежно создавање од неговото ребро, а особено заради тоа што дозволила змијата да ја заведе и ја натера на грев (1 Тим 2,13; 2 Кор 11,3). Преку нејзиниот чин на прекршување на Божјата заповед, влегува гревот во човештвото. Мајка е на повеќе деца, од кои по име се набројуваат Каин, Авел и Сет. Евал - планина во Сирија, 940 м надморска висина. Од неа Мојсеј ги проколнал престапниците на Законот и наредил токму на неа да се постават камените плочи на кои бил испишан Законот (5 Мој 27,4). На Евал Исус Навин го прогласил Мојсеевиот Закон (ИН 8,30-35). Евангелие - Божјата порака на целото човештво за дарот на спасување на истото преку Неговиот син Исус Христос. Евангелија - првите четири книги од НЗ, го опишуваат животот и работата на Господ Исус Христос. Напишани се меѓу 65 и 100 г. Се нарекуваат Евангелија по Матеј, по Марко, по Лука по Јован, кои најверојатно се нивни автори. Евангелист - благовесник, се разликува од апостолите, пастирите и учителите (Еф 4Т11). Нивната служба се состоела во објавување на радосната вест на оние што не ја слушнале, Патувале од место во место. Подоцна со тоа име се нарекуваат писателите на четирите Евангелија. Евејци - древни жители на Сирија и Палестина, ги населувале линваските предели и Ермонскиот планински венец. Учествувале во подигањето на градбите што ги преземал царот Соломон (3 Цар9;20). Водат потекло од синот на Ханан. Евенезер - карпа на моќта, 1) место на големата битка во која Филистејците ги поразиле Евреите и им го заробиле Ковчегот на заветот. Точната локација на местото не е позната {1 Цар 4,1; 5,1); 2) каменот што го подигнал Самуил за да ја одбележи победата на Евреите над Филистејците{1 Цар7,12).
Евер - човек кој е туѓинец, име на повеќе личности од СЗ, меѓу кои и правнукот на Сим, кој е дедо на Фалек и Јоктан (1 Мој 10,25-30). Името има исто значење како и поимот Евреин, а во 4 Мој 24,24 со тоа име е иИзраел. Евзиба - мојата милина е во неа, едно од имињата на Ерусалим (ИН 62Т4). Евила -1) област близу Еден, чија местоположба не е точно одредена (1 Мој 2,11,12); 2) област на Синај и северозападна Арабија (1 Мој 25:18); 3) еден од синовите на Хус(1 Мој 10,7,29). Евил-Марадох (Меродах) - син и наследник на вавилонскиот цар Навуходоносор. Иако бил злобен човек, кој не ги почитувал законите, му бил наклонет на затворениот Јудин цар Јаохин (4 Цар 25,27-30). Евникија - мајката на Тимотеј, нејзиниот маж бил антички Грк (2Тим 1,5). Апостолот Павле му упатува на Тимотеј две посланија. Еводија - веројатно ѓаконица во градот Филипи, ревносен поборник за евангелието (Фил 4,2). Апостолот Павле ја моли да се помирисо Синтихија, веројатнои таа била ѓаконица. Евреи – на евр. Иврим – 1) дојденци, оние кои дошле од друга земја, име со кое другите народи ги нарекувале Израелците (1 Мој 40,15; 1 Цар 4,6; Јв 1,9). Аврам во 1 Мој 14,13 се нарекува Евреин. Мојсеј добил заповед на фараонот да му предаде порака од ,,еврејскиот Бог" (2 Мој 3,18; 5,3; 7,16; 9,1.13). Во НЗ, во Дап Евреи се нарекуваат палестинските христијани, кои зборувале еврејски или арамејски, наспроти елинистите, кои зборувале антички грчки. Не постои израз „еврејски" или „еврејски јазик" како ознака на древниот јазик на Евреите во СЗ. Таму древниот еврејски јазик се нарекува Ханаански јазик (2 Мој 19,18) или јудејски (4 Цар 18,26; Нем 13,24). Изразот ,,еврејски јазик" кој се среќава во НЗ се однесува на арамејскиот јазик. Тој јазик во последните векови пред Христос го истиснал еврејскиот во богослужењето, Во Откр 9,11 и 16,16 изразот „еврејски" означува збор со древно еврејско потекло; 2) семитска група на племиња кои дошле во Арабија и се населиле во Ханаан. Живееле како одвоени групи (Амфиктонија) до околу 1000 г.пр. И.Х., кога опасноста од Филистејците ги принудила да се здружат, под заеднички цар, Саул. За време на владеењето на Давиди Соломон, доживеале најголем напредок. После смртта на Соломон, се поделиле во две независни царства, Израел и Јудеја. Израел потпаднал под Асирците 721 г.пр.И.Х., а Јудеја во 586 г.пр.И.Х. Египет - (уште се нарекува Мисир, според еврејскиот назив мисраим) –земја што се протега долж Нил преку југозападната израелска граница. Имала големо влијание на Евреите. Тие во неа поминале околу 400 години. Египќаните повеќе пати освојувале дел од еврејските земји, се довремето на царот Давид, кој ги обединил Израел и Јудеја, заради ослабувањето на внатрешото уредување и власт на Египет. Еврејски јазик - семитски јазик во сродство со арапскиот; неговото писмо има 24 букви, кои се однесуваат само на согласките, а самогласките се означуваат со знаци. СЗ е напишан на еврејски и околу 250 г.пр.И.Х. е преведен на антички грчки. Арамејскиот јазик постепено го потиснал еврејскиот како говорен, па во времето на Исус Христос се користел само тој. На еврејски се читало само СП за време на богослужењето во синагогите. Евтих - среќник, млад човек, кој слушајќи ја Павловата проповед, заспал и паднал низ прозорецот од трети спрат. Но Павле на чудотворен начин го излечил (Дап 20,7-12). Евхаристија - заблагодарување; в. Вечера Господова. Егзодус - в. Исход. Египет - Мисраим на еврејски, па оттука произлегува и името Мисир, земја која се протега долж Нил преку југозападната израелска граница. Било големо и влијателно царство и како такво во текот на целото свое постоење вршело силно влијание на соседните народи. Синовите и потомците на Јаков, живееле во Египет околу 400 години, а после тоа се ослободени со Божја помош од водство на Мојсеј. Египќаните често пати ги освојувале израелските земји, се’ до времето на Давид, кога нивната моќ ослабела. Еглон - моавски цар, војувал со Евреите (СудЗ,12). Едем - област во која била сместена градината во која престојувале Адам и Ева, рајот на земјата. Не се знае точно каде се наоѓал, но се претпоставува дека бил тоа оаза на устието на Еуфрат и Тигар (1 Мој 2,8). Првите луѓе Бог ги истерал од рајот, зашто биле непослушни.
Градината Едем Еден - 1) град, со кој Тир одржувал трговски врски; 2) племе во арамејската држава, кое живеело меѓу реките Белих и Еуфрат (Ез 27,23). Едом - покраина што се простирала јужно од Мртвото Море, се до Акабскиот залив (Елат). Едомитите, според традицијата, воделе потекло од Исав, братот на Јаков и со стотици години биле огорчени непријатели на Израел (1 Мој 16,1 -19; 3 Цар 9,26). Подоцна биле присилени да си побараат ново живеалиште на југот на Јудеја и тој крај е наречен Идумеја. Оттаму народот бил одведен во ропство. Еврејскиот цар Ирод, кој владеел од 37.г. бил Идумеец. Независноста земјата ја изгубила кога Римјаните го разориле Ерусалим во 70 г. Едраин - главен град во царството на Ог, каде Израел ги победил Аморејците (4 Мој 21,33). Најверојатно станува збор за денешниот град Дера, кој се наоѓа на 24 км североисточно од градот Ирбид. Ездра (Језра, Езра)- помош, еврејски писател кој се вратил во Ерусалим од вавилонското ропство во времето на Артаксеркс. Во Ерусалим бил обновен храмот, но народот не ги почитувал Божјите заповеди. Многу од Евреите, меѓу кои и свештениците биле во брак со странкињи, кои си ги почитувале своите идоли. Ездра ги забранил мешаните бракови (Ездра7-10; Нем 8-9). Ездрина книга - поисправно е да се каже „Језрина" за канонската, а „Ездрина" за девтероканонската; петанесетта книга од СЗ. Го опишува првото враќање од вавилонското ропство во 538 г.пр.И.Х., обновувањето на храмот и второто враќање после скоро 80 години, предводено од Ездра. Книгите на Ездра и Неемија во почетокот биле една книга. Како две посебни издвоени се во античко грчкиот ракопис, а дури во 15 в. истото е направено и во еврејската Библија. Ездрини книги 2 и 3 - девтероканонски книги. Поголемиот дел од втората книга ја содржи истата содржина како и канонската книга, со изводи од Неемината книга и 2 Лт. Третата книга е главно еврејска, датира од околу 100 г.пр.И.Х. Содржи повеќе визии во вид на дијалог со ангел. Претставува единствена апокалиптична книга меѓу девтероканонските. Еја - ут, ноќна птица, симбол на мудроста (5 Мој 14,13). Еклесиа - в. Црква. Еклизијаст- Проповедник, една од старозаветните книги. Екрон - в. Акарон. Продолжува
Пишуваат: ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И СЛАВЕ КАТИН |