|
||||
ОД ЗБОРОТ ЕЛ – БОГ, ДО ХРИСТИЈАНИНОТ ЕРАСТ КОЈ ПАТУВАЛ ВО МАКЕДОНИЈА (12) |
Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, зборовите, изразите, називите, термините... кои се во „Библискиот речник“: од зборот Ел – кој има значење на Бог во древните семитски јазиц,и до христијанинот Ераст – кој како помошник на апостол Павле со Тимотеј патувал во Македонија Ел - збор со значење на Бог во древните семитски јазици. Можела да се употреби и како сопствена и како заедничка именка. Како сопствена именка, Ел го означува Бог во многу божечкиот систем на Ханаанците. Во Библијата овој збор често пати се среќава како составен дел на личните имиња (пр. Елиав, Ели-Илија). Еврејскиот збор за Ел е Елохим и е највообичаениот збор во Библијата со кој се означува Бог. И зборот Ел често се среќава во Библијата, во однос на Бога, посебно во книгата на Јов и во поетските книги. Често пати се среќава на крајот од личните имиња, пр. Даниел, Габриел, Михаел, Самуел, Емануел, Езекиел итн, како и во географските називи, пр. Ветел (Божја куќа) итн. Ел Шадај - име со кое Бог им се открил на патријарсите, во т.н. ,,свештенички" извор на Петокнижието. Се јавува во 1 Мој 17,1; 28,3; 35,11; 43,14; 48,3; 2 Мој 6,3; Ез 10,5. Како и другите еврејски имиња за Бог во 1 Мојсеева, започнува со Ел, Бог, на што се додава придавка или именка. На пример Ел Олам, со значење на Вечен Бог, Ел Елион - Бог највозвишен, Ел Елое Јизраел - Ел Бог на Израел. Етимологијата на зборот Шадај е неизвесна. Во 1 Мој 17,1 се преведува со Бог Семоќен. Елам - област близу до Персискиот Залив, југоисточно од областа која подоцна е позната како Асирија. Елам го окупирал народот кој ја освоил Вавилонија, околу 2280 г.пр.И.Х, Еламитите биле дивјачки народ, ограбувачи, вешто ракувале со лак и стрела. Главен град им бил Суса. Таму бил исклесан Хамурабиевиот законик, кој бил запленет за време на нападот на Ур, а пронајден е во 1901 г. Сиријците пратиле некои од жителите на Самарија во Елам, а Еламитите ги пратиле во Израел, на нивното место. Евреите од ,,Елам", автономното кралство, ја слушале проповедта на апостолот Петар на денот на Педесетница (1 Мој 14,1; 4,9; Ис 11,11; 21, 2; Ер 25, 25;Дал2,9). Елдад - Бог возљуби, израелски старешина, кој не отишол во Скинијата {Шаторот) кога бил повикан од Мојсеј, и наспроти тоа добил пророчки дар (4 Мој 1 1:26). Елеазар - Богпомогна, лично име на тринаесет личности од СЗ. Еден од нив е третиот син на Арон, кој станал негов наследник на првосвештеничката положба (4 Мој 20,25), по убивањето на двата постари брата. Бил задолжен за левитите и за се’ што било поврзано со богослужењето во Скинијата (2 Мој 6,23; 3 Мој 10,4; 4Мој39 итн.). Елиав (Елијав) - Бог е Отец, 1) често спомнувано име во СЗ, така се викал и постариот брат на царот Давид (1 Цар 16,6); 2) особено надарен човек од Бога, кој учествувал во изработката на украсите на Скинијата (2 Мој 31,6; 35,34,35).
Елиаким - Бог нека исправи, главен службеник и старешина над целата послуга на јудејскиот цар Езекија (4 Цар 18,18; Ис 36-37,6). Елијам - 1) слугата што Аврам го пратил во Харан. Тој се вратил, доведувајќи ја Ревека, да му биде сопруга на Исак {1 Мој 15,2); 2) помладиот син на Мојсеј (2 Мој 18,4); 3) јудејски пророк кој го претскажал бродоломот на Јосафатовите кораби, кога овој јудејски цар се спријателил со расипаниот израелски цар Охозија (2 Лт 20,37). Елијасиф - често старозаветно име, го носел и свештеникот кој помагал во обновувањето на тврдината, кога Неемија се враќал во Ерусалим (445 г.пр.И.Х.). Подоцна го избркал Товија од просториите на храмот, поради неговото многубоштво (Нем 13,4,5). Елима (Вар - Исус) - лажен пророк или магионичар, кого апостолот Павле го сретнал на Кипар (Дап 13,6-12). Елимелех - Бог е човек; цар од Витлеем, мажот на Ноемина, а свекорот на Рут. Со своето семејство избегал во Моав, за да побегне од владата. Таму и умрел (Рут 1). Елисавета - Бог е седмица, жена на пророкот Захарија, живеела во ридестите подрачја на Јудеја. Во поодмината возраст добиле син, Јован Крстителот. Елисавета била роднина на Марија, мајката на ИсусХристос (Лк 1,5-25; 57-80). Елисеј - Вог помогна, пророк на Северното царство и наследник на големиот пророк Илија. Бил син на богат земјоделец, кој направил се’ што можел за што поверно да Му служи на Бог (3 Цар 19,19). Неговата пророчка служба траела 50 години и меѓу другото учествувал и во актуелната политика, со советување на царевите. Бил ценет заради својата мудрост и потполна предаденост на израелскиот Бог (4 Цар 2, 1.3.11; 4, 1.8). Елифалет - 1) еден од синовите на Давид (2 Цар 5,16); 2) еден од доглавниците на Давид (2 Цар 23,34); 3) потомок на Саул и Јонатан (1 Лт 8,39). Елои - арамејски облик на еврејскиот збор за Бог; дел од извикот на Христос на крстот (Мк 15,34), а буквално преведено значи ,,Боже мој". Во Мт 27,46 е употребен еврејскиот збор „Или". И со двата збора се прави обид да се одразат почетните зборови на 22 Псалм што ги изговорил Христос, во античкото грчко Евангелие. Некои од присутните помислиле дека Исус го повикува Илија (Мт 27,47; Мк 15,35), чии пророштва се поврзуваат со денот Господов (Мал 4,5), па најверојатно затоа дошло до недоразбирање. Другиот дел од изразот лама савахтани значм зошто ме остави. Елои, Елои (Ели, Ели),(Или, Или), Лама Савахтани? - Боже Мој, Боже Мој, зошто Си Ме оставил?, зборовите на Исус Христос изговорени на крстот, пред да издивне (Мт 27,46); претставуваат исполнување на пророштвото од Пс22:1. Елон -планински град близу Елеонскатадолина, населен уште од 2000 г.пр.И.Х. Го утврдил царот Ровоам, со цел да ги заштити северозападните приоди кон Ерусалим. Елохим - име за Бог, што го користеле старите Израелци. в. Божје име иЕл. Елтекон - град во Палестина, 40 км западно од Ерусалим; со жрепка на Дановото племе, а покасно левитски град (ИН 19,44; 21,23). Елул - шестиот месец од еврејскиот календар, донекаде одговара на септември. Емануел - Бог е со нас, име на детето чие раѓање го прорекнал Исаија (Ис 7,17). Тој ќе биде знак дека Бог е со својот иарод и дека неговиот збор е вистинит. Раѓање на Емануел Емат - град на реката Оронт во Сирија, близу до израелската граница. Паднал под налетот на Асирците, а народот бил пратен во Самарија, откако Евреите биле одведени во ропство (4 Цар 17,24-30). Емаус - село на 12 км северозападно од Ерусалим, низ кое пеш оделе Клеопа и Лука, првата недела по Воскресението, кога им се придружил и самиот воскреснат Христос (Лк 24,13-35), Точната локација на селото не е позната. Емор - магаре; кнез на Сихем. Синовите на Јаков - Симеон и Леви, ги убиле него и неговиот син Сихем, зашто ја силувал Дина, нивната сестра (1 Мој 34). Ен-Геди (Енгад) - извор на детето, оаза на северниот брег на Мртвото Море. Во тамошните клисури се криел Давид бегајќи од Саул и во една пештера му се смилостивил (1 Цар 24), поштедувајќи му го животот. Ендор - дворски извор, мало гратче на 10км од Назарет. Ендорска вражачка ја посетил Саул на денот пред битката на Гелвуја (1 Цар 28,7-25). Енеј - човек од Лида, кого апостолот Павле го излечил во Христово име (Дап 9,33-34). Енос - човек на еврејски, син на Сит, живеел 905 години. Во негово време луѓето почнале да го призовуваат Божјото име (1Мој 4,26). ' Енох - син на Каин и татко на Метузалем (1 Мој 4,17). Според 1 Мој 5,24 на крајот на својот живрт бил вознесен кон Бога. Епафрас - граѓанин на Колоси кој на апостолот Павле му јавил во Рим за настаните меѓу тамошните христијани. Таа вест го натерала апостолот Павле да го напише посланието до тамошната Црква (Кол4,12). Епафродит - македонски христијанин од Филипи, соработник и пријател на апостолот Павле (Фил 2:25). Епископ - највисоко црковно лице после апостолите, во раната Црква (1 ТимЗ,1-7).Значењето на самиот збор е надзорник. Го претставува третиот степен во хиерархиската скала на свештенослужители: ѓакон, презвитер и епископ. Ерапол - град во римската провинција Азија, на10км северно од Лаодикија. Подигнат покрај топлите минерални извори, познати по лековитоста и по живописните водопади со варовник. Центар на многубожечките култови. Црквата тука е основана во времето кога апостолот Павле се наоѓал во Ефес (Кол 4,13). Ераст -1) помошник на апостолот Павле, кој со Тимотеј патувал во Македонија, додека Павле останал во Мала Азија (Дап 19,22; 2 Тим 4,22); 2) градски благајник во Коринт, христијанин, испратил поздрави до Римската црква во Посланието до Римјаните 16,23. Продолжува Пишуваат: ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И СЛАВЕ КАТИН |