Среда, 16 Септември 2020    PDF Печати Е-пошта
ОД СИНОТ НА ЛЕА И ЈАКОВ ЗАВУЛОН, ДО ВНУКОТ НА ЈЕХОНИЈА ЗАВУЛОН (15)

3.7.0

Во ова продолжение за читателите на  порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, зборовите, изразите, називите,  термините... кои се во „Библискиот речник“:  Завулон - синот на Леа и Јаков, родоначелник на Завулоновото племе, до Зоровавел - семе од Вавилон, внук на Јехонија

Завулон - син на Леа и Јаков, родоначелник на Завулоновото племе (1 Мој 30,20). Ова племе ја поседувало територијата околу Назарет и долината Језреел, се до Сидон (1 Мој 30,20). Во Суд 4,24 се напоменува дека Израелците од Завулоновото и Нефталимовото племе на заповед од Девора, го победиле Сисара. Подоцна се спомнува земјата Завулонова. но не и припадниците на племето (Мт 4,13.16). ВоОткр 7,8 Завулон се спомнува како едно од дванаесетте израелски племиња.

Заедница - Божји народ што се собира заедно. Во СЗ член на заедницата, односно на Божјиот народ - Евреите се станувало по раѓање. Религиското значење на заедницата е собирање на богослужење (3 Цар 8,55; Пс 111,1). Во одделни преводи на НЗ подеднакво значење им се придава на изразите заедница и Црква, за изворниот антички грчки израз ,,ек-лесиа". Заедницата може да биде куќна, месна, или составена од повеќе заедници, односно да биде огранизирана на различни нивоа, а повеќе заедници ја сочинуваат Црквата.

Заедница на светите - според апостолот Павле христијаните се свети (Фил 1,1), заради тоа што се во Христос. Во Првото послание до Коринтјаните 1,2 тие се повикани да бидат свети, зашто се „осветени во Исус Христос“. Светите се изедначуваат со припадницмте на Црквата.

Заем - според СП заемот се смета за добро дело, кога некому му се позајмува пари или животни потрепштини (Пс 112,5; Мт 4,42). Во СЗ било забрането да се зема камата на заемот од сонародниците (5 Мој 23,20). Доверителот смеел да бара залог (5 Мој 24,10), но морал да го врати до залезот на сонцето, ако се работело за предмет неопходен на позајмувачот (2 Мој 22,25). Преданието долго време им забранувало на христијаните да земаат камати ( Види Лк6,34).

Зајак - нечисто животно за Евреите, затоа што нема разделени шепи и не е папкар и преживар, па според тоа не смее да се јаде (ЗМојИ.6).

Заклетва - поткрепување на некоја вистина (1 Мој 47, 31; 50,5,25), заколнување и повикување на Бог заради поткрепа на некое ветување (1 Мој 50,5-7; ИН 2,12-14). Посебно значајна е заклетвата при склопување на сојуз, односно завет (1 Мој 21,31; 26,2-31; ИН 9,15). Евреите се заколнувале во некое од Божјите имиња, а било најстрого забрането колнење во идоли или лажно колнење (2 Мој 20,7; 3 Мој 19,12; 5 Мој 1,34). Според Мт 5,33-37 Христос е строго против заклетвата, зашто бара безусловно верување на дадениот збор. Заклетвата е сама по себе знак на недоверба, па не би требало да се јавува во христијанската заедница (Јак 5,12).

3.7.1

Закон - поим со повеќекратно значење; 1) во јудејството целокупното Мојсеево Петокнижие го сочинува Законот, зашто го содржи Мојсеевото законодавство, а СЗ описно е наречен „Закон и Пророци". Но понекогаш терминот Закон се однесува на целиот СЗ. Христос не го укинал или либерализирал Законот, туку укажал на вистинската суштина на послушноста на човекот кон Бога. 2) единствената сила што ги регулира настаните и нивниот редос-лед, на пример закон на приро-дата; 3) правила на однесување пропишанм од властите и за чие прекршување следат казни. Законот може да влече коренм од обичаи, царски укази или преку откровение, како во случајот на Мојсеј, кој на натприроден начин го добил Божјиот закон на Синај. Самиот израз закон, понекогаш се однесува на целиот СЗ (Јв 12, 34; 1 Кор 14,21), но многу почесто го означува Петокнижието, кај Евреите - Тора ,,закон". Во НЗ изразот „3акон и Пророци" (Мт 7,12; 11,13; Лк 16,16} ги означува сите канонски старозаветни книги освен поетските дела.

Законик - в. Петокнижие.

Закон на светоста - од 1877 г. 3 Мој 17-26 се нарекува „закон на светоста".

Закхеј - жител на Ерихон, кој станал Христов ученик. Бил главен митник и се стекнал со голем имот на незаконски начин. Бидејќи бил со мал раст, се качил на смоква (сикомора), за да може да го види Исус. По навалувањето од негова страна, Христос се согласил да влезе во неговата куќа, по што животот на Закхеј тргнал по сосема нови текови (Лк 19,1 -10).

Заретан – меѓаш  во Јорданската долина и индустриски центар, во чија непосредна близина се Соломоновите рудиици на бакар. Познат е по чудото при преминот на Израелците преку Јордан (ИН 3,16).

Захарија - си спомна Господ, 1) пророк кој се вратил од Вавилон во 537 г. и со Агеј ги поттикнувал Евреите да го обноват храмот. Вториот Храм бил завршен во 516 г.пр.И.Х. Захарија успеал рамнодушноста на народот кон обновата на храмот да ја претвори во воодушевување (Езд 5,1-2; Нем 12,16); 2) таткото на Јован Крстител и член на свештеничко семејство. Живеел во Јудеја. Во храмот добил визија со која Бог му најавил дека жена му Елисавета во поодмината возраст ќе роди син {Лк 1,5-25), идниот Крстител.

Захариева книга - Најверојатно шест од вкупно 14 глави се напишани подоцна од некој друг пророк.

Зачини - материи со јака арома, гуми, смоли, семиња од растенија и сокови. Се користеле во исхраната, во приготвувањето на козметички средства, за балсамирање на мртвите, а и како состојки на темјанот (Лк 23,55-56).

Зеведеј - рибар, мажот на Салома, а татко на апостолите Јаков и Јован (Мк 1,19-20). Според Мт 27,56 неговата жена Салома присуствувала на Христовото распнување.

Зевеј - мидјански цар, кого Гедеон го прогонувал и го убил, заедно со својот син, Поради тоа биле избрани за израелски судии (Суд 8,10-22).

Зевоим (Севоим) -град потонат во Мртвото Море, чија точна локација не се знае. Во времето на Аврам, неговиот цар се здружил во сојуз од четири цара против други четири цара и воделе битка кај долината Сидим, денес под Мртвото Море.

Зевс – античко грчко врховно божество (Дап 14,12-13).

Зелфа - слугинката на Леа, што и ја дал татко ѝ по мажачката со Јаков. А таа му ја дала на својот сопруг, со кого родила два сина, Гад и Асир(1 Мој 30,10,13).

Земја - 1) Ја создал Бог (1 Мој 1,1). Се замислуеала како кружна плоча која лежи на столбови во вода (1 Цар 2,8; Изр 8,29). Над неа е небескиот свод како купола која лежи на бреговите (2 Цар 22,8). Првобитната чистота на земјата е загризана од гревот (1 МојЗ,17), но на крајот од времето таа ќе се покаже како нова (Откр 21,1). Земјата Му припаѓа на Бог (Мт 5,35) ие подложна на Негов суд (в. Потоп). Изразот „небо и земја", односно „небо, земја и море" го означува целиотсвет (Ис 1,2; Пс 146,6); 2)тло, копно (Мт23,15) или обработена земја (1 Мој 4,14). или пак некоја област (Мт2,12). 

Земјишен посед - во Израел постоел од освојувањето на земјата и поделбата на земјиштето (ИН 13-21; 4 Мој 26,52-56). Јахве е вистинскиот господар на целокупното земјиште (ИН 22,19), Тој им ја ветил земјата на прататковците (ИН23,4).

Зилоти - еврејски националисти, во чие делување се уште се оцр-тувал духот на Јуда Макавејски, побунетиот водач кој во 2 в.пр.И.Х. успеал да го поврати храмот од рацете на Сиријците. Зилотите одбивале да им пла-ќаат порез на Римјаните и биле постојано подготвени за војување што би довело до воспоставу-вање на Божјо царство. Предиз-викале неколку побуни, а една од нив завршила со разорувањето на храмот во 70 г. После овој нас-тан се растуриле. Според Лк 6,15 еден од апостолите припа-ѓал на таа групација - Симон Зилотот.

Зимриј - Јахве помогна; цар на Израел кој некаде околу 876 г.пр. И.Х. владеел седум дена. Бил капетан на оклопните возила, а на престолот стапил после дворската завера и убиството на царот Ила (3 Цар 16,8-20). Бил нападнат од Амриј, капетан во војската, му го запалил дворот во Терса и тој загинал во рушевините.

3.7.2 

Зиф - вториот месец од еврејската света година, подоцна наречен ијар, одговара на делови од месеците април и мај (3 Цар 6,1).

Златно теле - идол направен по заповед на Арон, додека Мојсеј бил на Синај. Израелците го обожувале, според примерот што го виделе во Египет. Мојсеј го скршил (2 Мој 32).

Зли духови - Христос ги истерувал, а исто така и Неговите ученици (Лк 10.17). Се истеруваат со Христовото име (Мт 9,38; Лк 9,49). Тие го препознаваат Исус како Син Божји (Мт 8,29). Луѓето можат да ги истеруваат само со Божја помош (Мт 17,21). Тоа се натприродни битија, демони, често пати се јавуваат во форма на човек, а предизвикуваат најразлични зла: болести, болка, неспокојство (1 Цар 16,14.23; 18,10). Во НЗ злите духови се демони, или ѓаволи, подложни на Сатаната (Дап 19,12; Лк 7,21; 8,2).

Зло - спротивно на добро; се што не се согласува со Божјата волја (ЈвЗ,19-20). Може да се јави како физичко или морално зло. Физичкото директно го загрозува физичкиот опстанок на човекот (Јов 1 и 2). Моралното зло е последица од грешната човекова природа (Јак 1,13-15). Човекот делува според својата слободна волја и може да избере меѓу доброто и злото, но е одговорен за последиците од својот избор. Бог не е творец или причинител на злото, но во одредени прилики допушта да се случи.

Змеј - чудовиште од древната митологија (Пс 74,13; Ис 51,9; Јов 7,12). Понекогаш не се прави разлика меѓу змејот и голема змија (Ис27,1), в. Левијатан, Понекогаш се преведува со зборот крокодил, а се среќава и во пророчките книги. Во Откровението на Јован, се користи изразотз меј, но во Откр 20,2 се спомнува змија. Змејот ги означува силите на злото, против кого Бог ќе се бори и конечно ќе ги совлада (Откр 20,7-10). Во Ис 13,22; Ер 51,37 и други места, се спомнува шакал.

Змија - во СЗ опасно животно, слика на злото(1 МојЗ,14).

Змија од бакар - Во4 Мој 21,9 се спомнува дека Евреите во пустината биле искасани од змии отровници, заради нивното постојано жалење од Бог и Мојсеј. Мојсеј добил наредба да направи бакарна змија и да ја постави на столб, па секој што ќе погледне во неа, да остане жив. Во НЗ оваа случка и змијата од бакар се користат како праслика за Христос и Неговото делување. Според Исусовите зборови, како што Мојсеј ја подигнал змијата во пустината, така треба да се подигне иСинот  Човечки (Јв 3,14-15). И како што Израелците биле исцелувани само со поглед кон змијата, на ист начин ќе бидат спасени и оние што со вера ќе погледаат во Христос. Бакарната змија се чувала се’ до времето на царот Езекија, кој наредил да се скрши, зашто народот направил од неа предмет на идолопоклонство (4 Цар 18,4).

Зоровавел - семе од Вавилон, внук на Јехонија, заробениот јудин цар, роден во ропството; директен Христов предок. Се вратил во Ерусалим како предводник со првата група повратници во 537 г. и презел некои мерки за обновување на храмот. Не се зацарил зашто во тоа време првосвештеникот Исус ја држел верскатаи политичкта власт (Ездра 3). Неговото залагање за обновување на храмот било поддржувано од пророците Агеј и Захарија (Ездра 2,2; 3-5; Зах 4).

Продолжува

 0.0.0  6G  

Пишуваат: ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.