Среда, 28 Октомври 2020    PDF Печати Е-пошта
ОД КИСЛЕВ – МЕСЕЦ ОД ЕВРЕЈСКИОТ КАЛЕНДАР - ДО ЗБОРОТ КРШТЕВАЊЕ (21)

1kislevВо ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, зборовите, изразите, називите,  лексикографските термини...кои се во „Библискиот речник“: од деветтиот месец од еврејскиот календар –Кислев, до Крштевање, кое на многу места во СЗ се спомнува миењето како обред со кој се симболизира очистувањето од грев и преданост кон Бога

 

Кислев - деветтиот месец од еврејскиот календар, одговара на делови од месеците ноември и декември.

Кисон - помала река, со два крака кои се составуваат во долината Језреел и се влева во Средоземното Море, кај Хаифа. Во сезоните на дожд речното корито се полни. Девора, пророчицата од 12 в.пр.И.Х. пеела за големата битка кај Кисон, кога хананејските бојни коли се заглавиле во калта, а Израелците извојувале победа  (Суд4,5;5,12). После 250 години, пророкот Илија на бреговите на Кисон ги убил пророците на Ваал (ЗЦар 18,40).

Кит - се претпоставува дека некои библиски текстови кои спомнуваат морски чудовишта или големи риби, се однесуваат на китови. На пример во кнмгата на пророкот Јона, се спомнува голема риба, во чија утроба тој поминал три дена - како праслика на Исусовиот престој во утробата наземјата во траење од три дена (Јона 2,1). Но не е сигурно дали се работи за кит, од едноставна причина што Евреите користеле ист израз и за риба и за кит.

Китара - вид харфа, музички инструмент со две жици по кои се удира со два чекана. Помалите инструменти имале повисок тон, а по долгите биле со понизок тон.

Китим - старозаветно име за островот Кипар. Подоцна овој израз ја означувал областа во која спаѓале грчкиот брег, Мала Азија и некои острови во Средоземјето (1Мој 10,4).

Кифа - на арамејски Кефа, името кое Исус му го дал на апостолот Симон, а на антички грчки преведено како Петар, а значи карпа или камен (Јв 1,42); в.Петар.

Клаудиј - четвртиот римски император, владеел во периодот од 41 -54 г. (Дап 11,28). Во деветтата година од своето владеење ги иселил сите Евреи од Рим (Дап 18,2).

Клаудија - христијанка од Рим, која испратила поздрави до Тимотеј (2Тим 4,21).

 

2kislev

Ковчег на заветот

Клеопа - маж на Марија, која гледала како Го распнуваат Исус (Јв 19,26).

Клиет - приватна одаја (Мт6,6).

Кмет - судија (Јов 9,33).

Кнез - во некои преводи означува државен службеник понизок по ранг од судија (Лк 12,58); се преведува и како поглавар, извршител итн.

Книжевници (книжници) - толкувачи на Законот, луѓе кои ја истражувале Библијата; Евреи кои ги препишувале свештените списи, кои на антички грчки се нарекувале „вивлион', што значи „книга". Од околу 400г.пр.И.Х. биле значајни. Како толкувачи и „учители на Законот". Во новозаветно време биле една од најзначајните верски групи, а го потпомогнале предавството на Христос (Мк 15,1), Апостолот Павле го научил од нив Законот (Дап 22,3).

Ковчег на заветот - правоаголен ковчег (околу 115 Џ 70 цм) од багремово дрво, во кој Евреите ги чувале двете камени табли на кои биле испишани Десетте Божји заповеди (Декалогот). Во него бил сместен исадотсомана иАроновата процветана палка. Капакот бил златен, а од страните имало мотки за носење. На обата краја имало ликови на херувими со раширени крилја, како знак на Божјата заштита. Уште кога биле во пустината, Евреите почнале да прават од Ковчегот предмет на обожување. Но фактот дека Филистејците успеале да го земат, покажал дека не е чудотворен предмет сам по себе. Битката што ја преземале Евреите за да го вратат назад, покажува колкаво било неговото значење за нив. Евреите долго време го чувале, прво во Скинијата во Светињата над светињите (2 Мој 25,10-22; 1 Мој 10,1 -5; Евр 9,4-5 итн), а подоцна во храмот на Соломон, но што се случило понатаму со него, не се знае. Се смета дека е уништен во 587 г.пр.И.Х., но до денешен ден се објавуваат сензационални вести дека е пронајден во некој крај од светот.

Колоса - значаен град во Фригија, римска провинција во Мала Азија (Кол 1,2). Се наоѓал на неколку километри од Лаодикија, на главниот пат источно од Ефес. Апостолот Павле им упатил послание на верните во тој град, иако никогаш не им проповедал.

Конкубина - жена или, пак, купена или добиена како воен плен, која живеела со некој маж, кој немал кон неа никакви други обврски освен сопственички. Во СЗ тој обичај е дозволен, но пророците секогаш за него зборувале како за непожелен чин.

Корван - посветен дар, нешто приложено или заветувано на Бога, обично жртва паленица. Во Мт 27,6 ја означува храмовната благајна. Христос зборува против изигрувањето на должностите на поединците, со злоупотреба на средствата наменети за храмот. 

Кореј - 1) левитот кој го основал здружението на музичарите во храмот, кои по него се наречени ,,Корееви синови". Тоа име се среќава на почетокот на некои псалми; 2) левитот кој се побунил против Мојсеј, поради што пострадал тој, неговото семејство и целиот нивни имот на нетприроден начин - земјата под нив се отворила (4 Мој 16,1 -33}.

Кориандар - растение со ситно семе, се користи како зачин и лек (4Мој 11,7).

Коринт - главен град на римската провинција Ахаја, во Античка Грција, населен со римско и еврејско население. Во него постоела моќна христијанска заедница (Дап 19,1). Градот бил средиште на културата на своето време, цивилизациските придобивки, трговијата, но и на неморалот (1 Кор 9,24).

Коцка - се користела нашироко меѓу древните народи за да се разјаснат нејасните прашања (Ест 3,7; Јона 1,7; Мт 27,35). Во сад се ставале било камења, било испишани таблици и после долго промешување, се извлекувале. На овој чин обично му претходела молитва, со која се повикувал Бог Тој да го одлучи разрешувањето на тековниот проблем (Дап 1,23-26). Ханаанската земја им била поделена на дванаесетте племиња според принципот на одлучување со коцка (ИН 14,2;18,6); Саул и Јонатан фрлале коц-ка еден против друг(1 Цар14,40-45); в. Урим и Тумим.

Крв - според Библијата животот, односно душата е во крвта {3 Мој 17,11.14), или крвта е живот (5 Мој 12,33), но не исклучиво таму (Пс 104,29-30). Загубата на животот е казна за грев, а пролевањето на крвта на жртвуваните животни било за простување на гревовите. „Крвта Исусова" односно „крвта на јагнето" е искупителната жртва пред Бог за простувањена гревовите на луѓето (1 Кор 10,16; Еф 2,13; Евр 9,14; 1 Пет1,2;Јв 1,7).

Крит - остров во Средоземното Море; во СЗ се спомнува како Кафтор (5 Мој 2,23). Тоа е едно од местата од каде потекнувале Филистејците. Критскиот поет Епименид искажал многу остри зборови против христијаните, Некои од жмтелите на островот ја слушале христијанската проповед (Ер 47,4; Дап 18,28; Тит 1,12).

3kislev 

Крст - столб на срамот или столб за мачење, со најразлични форми, на кои се казнувале престапни-ци. Бил застапен како форма на казнувањекај некои од древните народи. Понекогаш казнетиот се оставал со рацете врзани над главата, за да се подложат на општ срам додека не умреле од глад. Друг начин на казнување бил со наострен колец, кој се закопувал во земјата и на него се набивал жив казнетиот. На тој начин царот Дарие набил на колец околу 3000 жители на покорениот Вавилон. Во тој случај смртта настапувала веднаш. Казната со бесење се применувала во Египет (1 Мој 40,19), во Персија (Ездра 6,11), но и кај Евреите (4 Мој 25;4; 5 Мој 21,22; ИН 8,29), но понекогаш го обесувале веќе мртвото тело заради осрамотување. Кога се користел крстот за распнување, бил во форма на буквата Т. Распнувањето на такви крстови го извршувале Римјаните како смртна казна само за најтешките престапници: разбојници, бунтовници итн. Преку Римјаните оваа казна дошла и до Палестина, па била применета и на Исус (Мт 27,26; Јв 19,18). Начинот на распнување детално е опишан во Евангелијата. Во повеќето случаи распнатиот не живеел повеќе од 12 часа, но понекогаш смртта настапувала дури третиот ден. Затоа Пилат бил запрепастен од брзата Исусова смрт (Мк 15,44). Евреите телото на умрениот обично го симнувале од крстот и го погребувале. Казнетите морале да го носат својот крст до местото на распнување, па така и Исус морал да го носи, но бил толку исцрпен, па Римјаните му наредиле на Симон од Кирина да му помогне (Јв 19,17; Мт 27,32). Пред смртта по еврејскиот обичај Му дале да се напие оцет, но Исус го одбил, зашто сакал да биде при свест (Мт 27,34). Еден од војниците Му ги прободел ребрата со копје, за да се увери дека е веќе мртов (Јв 19,34). Обично на распнатите им ги прекршувале нозете, за под дејство на тежината на сопственото тело да се угушат и да умрат побрзо. Смртта на крст се смета за една од најболните, на која казнетиот умира бавно, угушувајќи се, не можејќи да дише од тежината на сопственото тело. Со смртта на Исус на крстот се исполниле пророштвата спомнати во СЗ (2 Мој 12,46; Зах 12,10). Кај Евреите Крстот - дрвото на проклетството (Гал 3,13; Евр 12,2) преку смртта на Христос на него, станало симбол на спасението (Гал 6,14). Средството за мачење - собласт за неверните Евреи (Гал 5,11), а мрскост за Елините (1 Кор 1,23), за христијаните станал симбол на животот. Смртта на крстот е почеток на новиот живот во вечноста.

Круг - плитка чинија {Мт 14,8).

Ксеркс – античко грчка форма на еврејското име Ахасверс (Асвир). Два персиски цара го носеле ова мме. Првиот од нив бил синот на Дарие, спомнат во Книгата за Естира и во Ездра 4,6.

Крштевање - На многу места во СЗ се спомнува миењето како обред со кој се симболизира очистувањето од грев и преданост кон Бога (1 Мој35,2;2Мој 19,10;ЗМој8,6; 16,4; 17,16; Мк7,4; Евр 9,10). Таков надворешен симболичен обред било и крштевањето што го вршел Јован (Лк 3,3), за покајување и простување на гревовите (Мк 1,5; Мт 3,5; Лк 3,3; Јв 1,33). Така и Господ Исус дошол кај него да се крсти во водите на Јордан. И додека се молел, небото над Него се отворило и Светиот Дух се симнал на Него во форма на бел гулаб (Лк 3,21). После тој настан Исус почнал со своето делување. Неговите ученици крштевале, но Тој самиот никогаш не крстил ниту едеч. По Воскреснувањето, учениците добиле порака од Него, да одат и да ги научат смте народи, крштевајќи ги во името на Отецот, Синот и Светиот Дух (Мт 28,19). Апостолите усрдно ја извршувале доверената задача. Во Посланијата и Делата Апостолски се опишани повеќе крштевања на верните. Античкиот грчки збор за крштевање е „ваптизма" и означува потопување на целото тело во вода, што го означува погребението во смрт и воскреснување во Христос. Интересное дека во НЗ никаде не е спомнат глаголот крштевање, туку веќе спомнатиот - заронување, но со значење на крштевање.

Кукички - закачалки, служеле за држење на завесите во Скинијата (2 Мој 26,6).

Продолжува 

Пишуваат:

4jovanПЕТКО ЗЛАТЕСКИ

1Slave Katin 1СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.