|
||||
Киро Кипроски> ДОБРИТЕ ДРЖАВИ И ЛОШАТА ПОЛИТИКА |
Киро Кипроски> ДОБРИТЕ ДРЖАВИ И ЛОШАТА ПОЛИТИКА „Софија и Атина во однос на македонското прашање не сакаат да го видат тоа што го гледаат, туку го интерпретираат тоа што одговара“ ми изјави западногерманскиот историчар Д-р Стефан Тробес, во интервјуто за весникот „Нова Македонија“ со наслов “ДОБРИТЕ ДРЖАВИ И ЛОШАТА ПОЛИТИКА“, (објавен 26 март 1988 година),. Ставовите и погледите што д-р Троебс ги изнесе актуелни се и денес, и текстот го објавив во монографијата „ПОГЛЕД НИЗ ВРЕМЕТО“ , што деновиве ја промовирав, да биде достапен на јавноста, односно на политичарите и историчарите. Професорот Стефан Троебс во 1983 година ја издаде книгата „Бугарско-југословенската контроверза за Македонија - 1967 - 1982“. а Институтот за национална историја ја преведе и на македонски јазик ја издаде во 1997 година. Од книгава ќе цитирам мал дел од кој може да се согледа што ја мачи Бугарија изошто со Југославија меѓусоседските односи не се развиваат на посаканото ниво, проблемот е Македонија. Еве зошто: „Што се однесува до билатералните односи помеѓу Бугарија и Југославија, во екот на шеесетите години тие беа добри и постепено се подобруваа. А потоа, по повод еднодневниот престој на Тодор Живков (претседател на НР Бугарија) во Белград, на 5 декември 1966 година, кога тој се сретна и водеше разговори со Крсте Црвенковски, двете земји го насочија вниманието и кон интензивирање на основите за пеговори во 1967 година. Посетата на македонскиот партиски раководител Крсте Црвенковски на Софија каде на 20 мај 1967 година се сретна со Тодор Живков, претставуваше увод во новигте бугарско-југословенски основи за преговори. Невообичаено, бугарскиот печат отворено соопшти дека на дневен ред била темата Македонија. Од официјална страна ништо повеќе не беше објавено. Една година подоцна, Крсте Црвенковски, во еден говор пред Ценралниот комитет на СКМ, извести дека неговите разговори со Тодор Живков „и покрај тоа што во извесна мера содржеле значителни разлики во мислењата , биле не само отворени, туку и пријателски, определени со чувство за одговорност пред сопствениот народ и неговите интереси“. Од понатамошните излагања на Крсте Црвенковски може да се заклучи дека барањето за заштита на правата на малцинствата за таканаречениот македонски миноритет во бугарскиот округ Благоевград, што Југославија, сега, за првпат го постави на дипломатски тапет, го изненади бугарскиот паартнер и за него беше неприфатливо: „И покрај јасната желба за понатамошен развиток на соработката, до израз дојдоа разликите во гледањето на проблемот, третманот и правата на Македонцие во Пиринска македонија и во НР Бугарија, како и разликите во поглед на односот на голем дел од бугарската историографија спрема минатото на македонскиот народ, како во овој, така и во претходните преговори“ И покрај тоа, бугарското раководство беше спремно за натамошни преговори. За расчистување на двата споменати проблеми - прашањето за малцинствата и историографските полемики - Т.Живков, на 5 јуни 1967 година отпатува за Белград на разговор со Ј.Б.Тито. Од скудното коминике можеше да се види дека не дошло до некаков битен напредок“. Ванчо Апостолски, генерален директор на РО НИП „Нова Македонија“ во брошурата „НА ВЕЛИКОБУГАРСКИ НАЦИОНАЛИСТИЧКИ ПОЗИЦИИ“, повод Цола Драгојчева и нејзините мемоари, во овие две книги, а имамногу книги документи, оригинални писма, артефакти, кои јасно и недвосмислено потврдуваат дека сегашното актуелно бугарско раководство од Македонија бара нереални работи Македонците да се откажат од своите вековни корени, од македонскиот идентитет, од македонскиот јазик итн. Ние, Македонците, според мое мислење во кое длабоко сум уверен,актуелната власт со потпишувањето на Преспанската спогодба и договорот за добрососедство со Бугарија ја разнебитија Македонија,. Конечно, сегашното раководство треба да покаже храброст и цврстина да ги отфрли уценувањата на Бугарија и да и каже „НЕ“, како што ТИТО во 1948 година му кажа „НЕ“ на Сталин, во многу потешки политички и други услови. |