Среда, 11 Ноември 2020    PDF Печати Е-пошта
ОД ГОРСКИОТ ПРЕДЕЛ ВО МАЛА АЗИЈА – ЛИКИЈА - ДО МАНАСИЈА ПОСТАРИОТ СИН НА ЈОСИФ (23)

1mac

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, зборовите, изразите, називите,  лексикографските термини...кои се во „Библискиот речник“: од Ликија - горски предел во Мала Азија до Манасија (Манаше) - постариот син на Јосиф, роден во Египет

 

Ликија - горски предел во Мала Азија, неговите жители имале самостојно културно наследство. Во новозаветно време бил под римска власт, но повеќето области во внатрешноста имале самостојно управување, се’ до 43 г. Според Дап 27,5 апостолот Павле свратил во Ликија на крајот од третото мисиско патување во Рим, околу 58 и 60 г.

Ликови - в. Слики и кипови.

Лисица - понекогаш се однесува на шакал (Нем 4,3), или во преносно значење на Ирод (Лк 13,32). Кај Евреите лисицата е симбол на крвожедност, а не итрина.

Листра - град во римската провинцијата Галатија, каде Павле и Варнава успешно проповедале и исцелувале. Павле четири пати го посетил градот и напишал послание до христијаните во него (Дап 14,6-19). Таму го запознал Тимотеј и го зел за свој ученик (Дап 16,1-3).

Литар - мерка за тежина - 327,45 грама (Јв 12,3; 19,39); в. Мерки.

Литературна критика - в. Библиска наука.

Литостротон – антички грчки збор со исто значење како и еврејскиот ,,гавата" - подигнат под од мермерни плочки, украсени со мозаик. Со него се означува одделението во Преториумот каде им се судело на оптужените (Јв 19,13). Таму Му се судело и на Исус.

Лихва - камата; на Евреите им било дозволено да даваат на заем пари или предмети, но не и да земаат камата за тоа (5 Мој 15,7; 23,20).

Лог - в. мерки.

Логион - мн. логиа, Господовите зборови.

Логос – антички грчки збор, со повеќекратно значење. Главно се преведува со ,,збор" ,,слово" „реч" (Јв 1,1.14; 1 Јв 1,1; Откр 19,13). Во еврејството понекогаш од страхопочит поимот ,,збор" го заменувал зборот „Јахве". Во НЗ се однесува на Христос, според Јован ,,словото" било уште на почетокот и се поистоветува со Отелотворениот.

Лот - покривало, син на Аран и енук на Аврам. Го напуштил Ур Халдејски и со Аврам отишол во Ханаан. Подоцна се разделиле и Лотсо своето семејство и стадата заминал во плодната јорданска рамница. Покасно се населил во Содом, од каде побегнал по предупредувањето на ангелот дека градот Бог ќе го разори. Но настрадала неговата жена, се претворила во солен столб. Денес таа област ја покрива Мртвото Море (1 Мој 13-19; Лк 17,28-30; 2 Пет 2,7-8).

2macАпостол Лука

Лука - на латински луциус -светлина, лекар и пријател на апостолот Павле (2Тим4,11). Го придружувал на неговото второ мисиско патување, а на третото одел со него од Филипи до Рим (Дап 16,10-17; 20,5-15; 21,1-18; 27,1-28,6). Автор е на Третото евангелие и Делата апостолски (Кол 4,14). Според преданието потекнува од Антиохија од родители пагани, не бил женет, а умрел во Беокија на 84г.

Лукино евангелие - третата книга од НЗ, напишана околу 75.г. Нејзиниот автор не го познавал лично Исус Христос, но сите податоци за Него ги добил од луѓе кои биле сведоци или учесници во настаните за кои пишувал. Малку внимание посветил на Исусовите приказни - параболите. Ја истакнувал важноста на молитвата и многу ја ценел улогата на жените и нивното делување.

Лукиј - пријател или роднина на апостолот Павле, на чии поздрави од Коринт до христијаните во Рим ги придружил и своите (Рим 16,21).

Луцифер - светлоносец, име за планетата Венера, соутринските часови (кај нас Денмца). Исаија со тоа име го нарекол вавилонскиот цар (Ис 14,12; 2 Пет 1,19). Подоцна Луцифер се нарекува Сатаната пред падот.

Љубов - најдлабокото чувство на близина и грижа кон ближниот (1 Мој 22,1; 37,3). Во СП се среќава искажување на љубовни чувства меѓу маж и жена (Јаков и Ревека, Песна над песните итн...), меѓу родители и деца (Јаков и Јосиф), меѓу пријатели (Давид и Јонатан), Љубовта е еден од Божјите атрибути (Јв 3,35; 14,31; 15,9). Кулминација на таа Божја љубов е жртвувањето на Неговиот единороден Син за светот (ЈвЗ,16).

Магаре - товарно животно, но понекогаш служело за транспорт на значајни личности (Суд 5,10). Белите магариња ги користеле царевите и кнезовите. Христос влегува во Ерусалим, качен на магаре, како знак на месијанското достоинство (Мк 11,2-7; Јв 12,14),

Магдала - град во Галилеја на караванскиот пат меѓу Назарет и Дамаск, на самиот крај на Генисаретската рамнина (Мт 15.39); Местото од каде била Марија Магдалена (Марија Магдалена е, всушност, Марија од Магдала). 

Магија - делување врз настани и луѓе со помош на окултни средства. Во СП оваа појава најостро се осудува и се забранува (1 Цар 28; 4 Цар 9,22, Мих 5,12...}. Машките обреди не биле реткост ни во Израел, често пати биле дел од многубожечките обреди на околните народи. Се споменува и во НЗ.

Магог - в. Гог.

Мадијани (Мидјани, Мадијанци, Мидијци) - спор, расправа - номадски народ кој живеел на северозапад од арапската пустина, Биле меѓу првите народи што ја припитомиле камилата. Мадијан, родоначелникот на племето, бил син на Авраам и неговата втора жена Хетура. Се нарекувале и Исмаилци. Судијата Гедеон извојувал победа против Мадијаните. Со тек на времето се претопиле со другите народи во Палестина и ја изгубиле својата народност (Судб-8).

Мазга - понекогаш означува и брза, лесна камила (3 Цар 4,28).

Макавеи - чекан; членовм на семејството кое се изборило за независност на Евреите од Сири-а. Владееле од 166 до 63г.пр.И.Х. Таа година Римјаните на чело со Помпеј го завзеле Ерусалим; в. Јуда Макавејски.

Макавејци 1 и 2 – последните две девтероканонски книги. Ја обработуваат еврејската историја во 2 ѕ.пр.И.Х.(од175-143.г. пр.И.Х.), како и борбата на Макавејците за независност, по која Ерусалим е ослободен, а храмот обновен.

Македонија - област на Балканскиот Полуостров, на север од Грција, со која владеел Филип Македонски од 359 до 336 г.пр.ИХ Неговиот син Александар го проширил царството до границите на Индија. Македонците ги потиснале Римјаните во 146 г.пр.И.Х. Апостолот Павле и неговите соработници ја посетиле Македонија неколку пати и многумина обратиле во христијанство (Дап 16,9;20,1-6). На нејзина територија имало повеќе христијански општини: Солун, Филипи, Вермија, итн.

Макпела - двојна; полето што Авраам го купил од Ефрон Хетиецот за 20 сребреници, за да може да ја погребе својата жена Сара. Подоцна и тој, како и Ревека, Исак, Лија и Јаков се закопани во истата пештера што се наоѓала во полето (1 Мој 25,9-10).

3macСвети Петар и Павле

Малахија, Книга на пророкот-книга од СЗ, напишана околу 460 г.пр.И.Х. Малахија е еден од малите пророци и за него ништо не се знае. Во книгата е изложена историјата на Евреите под персиска власт од отсуството на пророкот Неемија и пред доаѓањето на Ездра.

Малта -остров во Средоземно Море, на 100 км јужно од Сицилија. Таму апостол Павле доживеал бродолом, близу до денешниот главен град Ла Валета (Дап 28).

Малхо - мелех, цар, слуга на првосвештениците, кој бил со луѓето што го фатиле Христос во Гетсиманската градина. Петар со меч му го отсекол увото, но Христос го зацелил (Јв 18,10).

Мамре - рамница во близината на Хеврон, на ју год Палестина, каде Авраам добил ветување од Бога дека ќе добие син (1 Мој 13,18; 18; 23,17). Под дабот во Мамре Авраам ги дочекал трите ангели со изглед на патници.

Мамон - богатства, Во НЗ изразот, „да му се служи на мамонт" означува преголемо ослонување на материјалното богатство и занемарување на Божјите наредби (Мт6,24;Лк16,13).

Мамриј - главатар на Аморејците (Аморитите), можеби поранешен сопственик на Мамриската рамница(1 Мој 14,13).

Мана - основната храна на Евреите за време на четириесетгодишното лутање по пустината. Во 2 Мој 16 и 4 Мој 11 е опишан начинот на кој се појавила. Не се знае од што се состоела, Различни растенија лачат мана како супстанца, спонтано или, пак, при загризување од инсект. Еден вид дрво што расте на Синајскиот Полуостров, лачи материја со нечисто жолта боја, која се променува во бела при допир со камен, а се топи на топлината на сонцето. Се создава во временски период од 6 до 10 недели, а најголем принос има во јуни. Арапите и денес ја користат маната од билките. Ги отстрануваат лисјата и другите нечистотии и ја цедат низ тенко платно. Ја чуваат во кожни мешини се до наредната година. Во Псалмите маната се нарекува „небесен леб" и „ангелски леб" (Пс 78,24-25), зашто паѓала од небото на необичен начин. Маната е праслика на Христос како „леб на животот, што слезе од небото" и за разлика од оние кои ја јадеа маната во пустината и изумреа, оние што ќе јадат од овој леб ќе живеат вечно (Јв 6,48-51).

Манасија (Манаше) - оној кој направи да заборавам, 1) постариот син на Јосиф, роден во Египет. Мајка му била Асенета, ќерката на првосвештеникот (1 Мој 46,20); 2) племе што потекнува од синот на Јосиф, Го населувало источниот и западниот дел на Јордан и доаѓало до чести судири со Сиријците од Дамаск. Судијата Гедеон е еден од големите луѓе од Манасија (Суд6,15); 3) најрасипаниот Јудин цар, владеел околу 687до824г.пр.И.Х. Го поттикнувал поклонувањето на Ваал. Дел од периодот на неговото владеење бил мирен и напреден. Тогаш Асирците го одвеле во Вавилон, каде се покајал за своите лоши дела. Се вратил кај својот народ и почнал да го почитува вистинскиот еврејски Бог (2 Лт 33,1-20).

Продолжува 

Пишуваат:

4jovanПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И

1Slave Katin 1СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.