Среда, 02 Декември 2020    PDF Печати Е-пошта
ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (26)

1bib

Во ова продолжение за читателите на  порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот речник“, преку имињата, зборовите, изразите, називите,  лексикографските термини...: од амонскиот цар Наас до терминот Наследство, кој во Мојсеевиот закон содржи едноставни прописи за наследството

Делото „Библиски речник”, чиј автори се м-р Петко Златески и Славе Николовски - Катин е отпечатено во 1997 година на 215 страници на македонски јазик, со благослов на поглаварот на Македонската православна црква Охридска архиепископија, неговото блаженство, архиепископот г.г. Михаил, а во редакција на д-р Јоаким Хербут, Скопски бискуп на Католичката црква во Македонија, д-р. Ратомир Гроздановски и м-р Ѓоко Ѓерѓевски, двајцата професори на Православниот теолошки факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, при што голем е придонесот на уредникот на Библиски речник”,  Елена Стојанова.

Инаку, м-р Петко Златески беше почитуван вонреден професор на Православниот теолошки факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, по предметите Македонско црковно пеење – теорија; Црковно пеење; Типик; Апологетика и Историја на религијата. Тој како долгогодишен Генерален секретар беше душата на Библиското здружение на Република Македонија, кое е посветено на превод, подготовка, издавање, и дистрибуирање на Светото писмо до сите граѓани кои живеат во Република Македонија и оние кои се насекаде во светот и сакаат да го читаат ова значајно дело на македонски јазик.

Почитуваниот професор м-р Петко Златески беше роден на 10 јуни 1955 година во реловуционерното село Дуње, Прилепско, а во Господа се упокои на 13 мај 2020 година, на празникот Преполовение. Затоа и овие продолженија за „Библискиот речник“ се во негова чест, да се смопени неговото име и дело, за Бог да го прости.

Во врска со печатењето на „Библискиот речник“ треба да се нагласи дека темелите беа поставени во 1988 година кога беше издаден Новиот Завет во нов превод на архиепископот  Гаврил, а целата Библија беше издадена од United Bible Societies (UBS) во 1990 година, која  е позната како „Гаврилова“ Библија. Новото ревидирано издание, познато како Македонска стандардна Библија, беше издадено во 2006 година од Библиското здружение на Република Македонија. Оваа Библија е одобрена и со благослов на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а ја користат голем број македонски христијани нашироко во светот. 

2bib

3bib

Коавторот на „Библискиот речник”  Славе Николовски - Катин, кој како публицист е познат само како Славе Катин, е аналитичар на Македонците во светот и е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија, на животот на Македонците во светот, на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на Античка Македонија. Исто така, неговото творештво се однесува и на низа други аспекти поврзани со македонската дијаспора, како и со културата, литературата, јазикот, историјата, журналистиката и религијата. Тој е aвтор на шеесет публикации, од кои седум се лексикогравски изданија, потоа на стотина научни трудови презентирани на различни симпозиуми, трибини и други собири, како и на околу 5.000 новинарски текстови објавени во Македонија и во светот, меѓу кои одреден број можат да се видат и прочитаат на веб – страницата: www.slavekatin.com.

Инаку, публикацијата „Библиски речник”, чиј автори се м-р Петко Златески и Славе Николовски - Катин е меѓу првите  објавено дело на реномираната издавачка куќа „Македонска искра”, чиј главен и одговорен уредник е Славе Катин. Ова македонско книгоиздателство е крстенo во 1997 година по првиот македонски весник „Македонска искра“, што започна да се печати во Перт, Австралија  во 1946 година.

Oвa продолженија на „Библискиот речник“ ќе го продолжиме со името на амонскиот цар Наас, а ќе го завршиме со терминот наследство, кој во Мојсеевиот закон содржи едноставни прописи за наследството.

Наас - 1) амонски цар, го нападнал Саул, но бил пријателски настроен кон Давид(1 Цар 11-12); 2) таткото на Авигеја и Саруја, сестрите на Давид, веројатно затекнати ќерки на Есеј (2 Цар 17,25).

Навав - планински венец од кој Мојсеј пред смртта ја набљудувал Ветената земја (5 Мој 34,1).

Навајот - најстариот син на Исмаил, чии потомци се претпоставува дека се Навајотите.

Навајоти - веројатно наследници на Навајот, син на Исмаил и шура на Едом (1 Мој 25,13). Во почетокот се занимавале со земјоделие, за некаде во 2 в.пр.ИХ да преминат на трговија.

Навал - безумен; богат племенски главатар, кој не сакал да им даде храна на Давидовите војници. Неговата жена Авигеја го спасила пред бесот на Давид. По неговата смрт Давид се оженил со неа (1 Цар25). 

Навутеј - младица, фиданка; жител на Језраел, кој имал лозје покрај имотот на царот Ахав. Но царот сакал да му го земе лозјето, па царицата Језавела смислила план како да се обвини Навутеј за богохулство и нелојалност кон Ахав. Навутеј и неговите наследници биле каменувани, а пророкот Илија кажал дека Језавела ќе умре на истото место каде Навутеј бил убиен. Тоа и се случило, а телото на царицата го јаделе кучињата (3 Цар 21).

Навуходоносор (Набукодоносор) – на акадски Небото ја штити границата; владетел на Вавилонците од околу 605 до 562 г.пр.И.Х. Бил најистакната личност на своето време и маркантна фигура во целокупната блискоисточна историја. Ја освоил Јудеја и ја принудил да му плаќа давачки, а Евреите на три пати ги одведувал во ропство во Вавилон (597 и 586 г.пр.И.Х., кога е и крајот на Јудиното царство). Притоа богатствата од храмот биле запленети, а Ерусалим разрушен. По смртта на Навуходоносор, државата почнала да слабее пред посилните налети на Мидјаните и Персијците (4 Цар 24; Плач 4,8-10; 2 Лт 36,11 -20; Ер 39).

Наградник - (2 Мој 28,4; 3 Мој8,8 и др.) посебна одежда на градите на свештеникот, со 12 различни скапоцени камења, на кои биле изгравирани имињата на дванаесетте племиња Израелски (2 Мој 28,15-30). Конците и другите украси што го поврзувале наградникот за ефодот биле изработени од злато. Првосвештеникот ги носел имињата на племињата на своето срце заради постојано потсетување на нив пред Господ (2 Мој 28,29.30). Се нарекувал уште и наградник судски, можеби заради угледот на свештеникот што го носел како праведен во еврејската заедница, Се носел при судење.

Надав - добар, благороден 1) најстариот син на Арон, кој го придружувал татка си и Мојсеј на врвот на Синајската Гора. Умрел на денот кога бил назначен за свештеник, како казна (4 Мој 3,3-4); 2) син и наследник на царот Јеровоам. Владеел година дена и бил убиен од Васа од Исахаровото племе, околу 900 г.пр.И.Х.; Васа и го наследил на престолот (ЗЦар 14,20).

Надеж - една од основните психолошки потреби на човекот. Според апостол Павле надежта ја имаат оние кои живеат со Бога, и надежта, заедно со верата и љубовта се трите најзначајни добродетели за христијаните (1 Кор 13). Придонесува за чистотата на животот и не’ оспособува страдањата да ги поднесуваме со трпение (Рим 5,3). Надежта целосно ќе се исполни со Второто Хрис-тово доаѓање (1 Пет1,13). 

Наемник - слуга што бил најмуван и исплаќан по надници. Неговите права ги штител Законот, но честопати му се закинувале при наплатата (Мал 3,5). Наемник бил и надничарот што водел стадо на пасење (Јв 10,12). 

4bib

Назарет

Назарет - заштитен; село во галилејските ридови, на околу 350 м надморска висина, близу до трговските патишта од Јорданската долина до Средоземното Море. На северната страна од ѕидот се наоѓа угаснат вулкан. Господ Исус Христос е роден во Витлеем, но детството го поминал во Назарет, каде живеел се’ до почетокот на Својата мисија (Лк 4,29). Затоа во НЗ на повеќе места се нарекува и Назареќанец (Мт 2,23; 26,71; Мк 10,47 и 14,67; Лк 18,37, Јв 18,5.7; 19,19).

Назореј - на еврејски одлучува, односно посветен. Во 4 Мој 6,2-21 се опишува специфичен завет на маж или жена со Бога. Па така, назорејот штом го зел на себе тој завет, не пие вино и други жестоки пијалаци, ја отсекува косата, не оди во дом во кој има мртво тело и не присуствува на погреби. Периодот на посветувањето бил или до крајот од животот, или само до одреден ден, во зависност од личната одлука или родителското ветување (Суд 13,3-5). По неговиот завршеток, назорејот носел жртва во храмот, свештеникот ќе му отсечел парче коса и ќе ја приложил на жртвеникот и се разрешувал од заветот. Некои се заветувале и без принесување на жртва во храмот, но по доаѓањето во Ерусалим тоа морале да го надокнадат. Тоа бил случај со апостолот Павле (Дап 18,18). Нема зачувани докази дека назореите се организирале во било каква форма на монашко живеење. Познати назореи биле Самсон (Суд 13,4-5); Самуил (1 Цар 1,11.28) и Јован Крстител (Лк 1,15), а веројатно и пророчицата Ана (Лк 2,36-37).

Наид- в. Нод.

Наин - мало село во Галилеја, со поглед кон Јерзаелската долина. Христос го оживел мртвиот син на една наинска вдовица (Лк 7,11-17).

Намесник - во СЗ службеник со понизок ранг од кралот или гувернерот (3 Цар 22,47). Во НЗ под намесник се подразбирал гувернер на римската провинција или проконзул (Дап 13,7), кој бил и воен командант и имал овластување да осудува или ослободува. Бил праќан од римскиот император во провинции второстепени по значење, како што била Јудеја (Мт 27,2). Обично престојувал во Кесарија, а во Ерусалим одел за големите празници. Намесникот Понтиј Пилат Му судел на Господ Исус Христос.

Нзроди - в. Јазици, израз со кој се означувале сите други народи и племиња кои не биле Израелци - пагани и многубошци

Наследство - Мојсеевиот закон содржи едноставни прописи за наследството. Земјата можела да се заложи, но не сосема да се продаде и да се отуѓи. Најстариот, односно првородениот син добивал два дела од наследството (5Мој 16,15). Децата родени од робинки немале право на наследен дел, а можеле да го добијат само она што таткото сакал да им го даде. Обчино се иселувале од домот сами или, пак, законските наследници ги бркале (1 Мој 21,10). Ќерките имале право само на еден дел од татковиот имот додека не се мажат, кога добива нешто како подарок (ИН 15,18). Ако некој умрел без деца, неговиот имот припаднувал нанеговите браќа, на чичковците, или ако ги немал, на најблиските роднини (4 Мој 27,8-11), редоследот на наследување бил следниот: ако некој умре без син, наследството го добила ќерката, но под услов да се омажи во своето племе; ако немал ни ќерка, имотот го през-мале браќата, ако немал ни браќа - чичковците, а ако немал ни чичковци, тогаш преостанатите најблиски роднини (4 Мој 27,8-11). Вдовицата немала право на наследство, но децата или другите наследници биле должни да ја издржуваат (Мт 15,4-6; 1 Тим 5,4-8). Понекогаш вдовиците се враќале во домот на своите родители (1 Мој 38,11; Рут 1,13). Верниците се Божји наследници и сонаследници на Христос (Рим8,17). Апостолот Павле сугерира дека вдовиците треба да се почитуваат, а најверојатно раната Црква ги издржувала вдовиците во своите редови, зашто се препорачува во списокот на вдовиците да не влегуваат оние помлади од 60 години (1 Тим5,1 -16).

Продолжува

Пишуваат:

1slave 7ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И

1slave 1СЛАВЕ КАТИН

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.