|
||||
ОД АПОСТОЛОТ СВЕТИ ПАВЛЕ (САВЛЕ) - ДО КНИГАТА ПЕСНАТА НАД ПЕСНИТЕ (29) |
Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот речник“, преку имињата, зборовите, изразите, називите, лексикографските термини...: од Павле (Савле) - апостолот и мисионерот, чии посланија го сочинуваат најголемиот дел од НЗ, до Песната над песните, која е книга од СЗ и претставува збирка на 250 лирски песни
Павле (Савле) - апостол и мисионер, чии посланија го сочинуваат најголемиот дел од НЗ. Роден е во Тарс, се школувал кај равинот Гамалил. Бил фарисеј и ги прогонувал христијаните и присуствувал на каменувањето на Стефан. Кога бил на пат за Дамаск, каде одел да ги уапси тамошните христијани, видел блескава светлина и Го слушнал Исус Христос како му вели: ,,Савле, Савле, зошто Ме прогонуваш?" После тоа ослепел и бил одведен во Дамаск. Таму Бог го пратил Ананија, да му помогне. Откако му се повратил видот, Павле се крстил. И така одненадеж почнал да го проповеда она што доскоро го прогонувал. Кога Евреите сковале план да го убијат, отишол во Ерусалим. Тамошните христијани знаејќи за неговите прогонства, се плашеле од него, но Варнава го претставил пред другите апостоли. Потоа Павле се вратил во Тарс. После неколку години, Варнава го зел со себе да и помогнат на црковната заедница во Антиохија и Сирија. Подоцна двајцата биле пратени прво на Кипар, па во Мала Азија, каде го ширеле Евангелието. После посетата на Кипар, за него се зборува како за Павле. Им помогнал на еврејските христијани во Ерусалим да разберат дека Исус е Спасител за сите народи, а не само за Евреите. На второто мисионерско патување Павле го зел за помошник Сила. Ги посетиле христијаните во Галатија. Во Листра им се придружил Тимотеј како втор помошник. Од Троја отпловила за Грција, каде им се придружил и Лука, авторот на едно од Евангелијата и Делата апостолски. Основале христијанска општина во местото Филипи, но Павле и Сила биле претепани и фрлени во затвор. После тоа отпатувале преку античка Грција. Павле проповедал и во Атина, а во Коринт поминал 18 месеци. Потоа се вратил во Ерусалим со прилози од Грција и Мала Азија за сиромашните христијани. Некое време поминал иво Сирија. Потоа повторно тргнал за Ефес, Скоро три години им проповедал на Евреите и Грците. После повторната посета на Коринт, се вратил во Ерусалим, каде го уапсиле и го пратиле со Кесарија, за да му суди римскиот прокуратор Феликс. Чекајќи на сослушување во затвор поминал две години. Дотогаш Феликс бил заменет од Фест. Павле како римски граѓанин се повикал на цезарот (кесарот) и бил пратен во Рим на судење. На патот бродот со кој пловел претрпел бродолом недалеку од Малта, но сите патници устеале да се извлечат. Кога стасале во Рим, Павле поминал во куќен притвор две години. После судењето веројатно е ослободен и можеби после тоа проповедал во Шпанија. По второто затворање, Павле бил погубен од царот Нсрон во Рим во 67 г. (Дап 7,58, 9-28 и Посланијата на апостол Павле). Оставил силен впечаток врз христијанството, одиграл огромна улога во ширењето на Евангелието и оснивањето на христијански заедници, ширум Средоземјето. Има некои индикации, кои не се потврдени, дека Павле бил и во нашите краишта. Падот Адамов (Првороден грев) - Адам и Ева згрешија пред Господ прекршувајќи ја Неговата заловед да не јадат од дрвото на спознавањето на доброто и злото во Рајот. Преку нив гревот влезе во човештвото, па сите нивни потомци се раѓаат грешни (1 Мој 2-5; Рим 3,23).
Палестина - ветената земја за Израелците, во која дошле после ропството во Египет и долгите лутања по пустината. Позната е и како Канаан или Ханан. Името потекнува од Филистејците, најголемите непријатели на Евреите. Според античкиот грчки збор ..Палестини", (Херодот), (2 Мој 15,14), Римјаните ја нарекле Палестина. Сите настани во СП се случуваат таму и секогаш се третира како родна земја на Евреите. Земјиштето е планинско и рамнинско, а значајно место зазема Јорданската долина, со реката Јордан, која тече од Галилејското Езеро до Мртвото Море. Памфилија - римска провинција на југ во Мала Азија, со главен град Перга. Населението било составено од антички Грци и варвари. Апостол Павле поминал низ оваа област и таму Јован Марко се раздвоил од Павле и Варнава (Дап 13.13). Пасха - премлн; еврејски празник, кој е востановен во знак на сеќавање на преминот преку Црвеното Море, по бегството од Египет. Познат е и како Празник на бесквасни лебови почнува на 14 ден од месецот Нисан. Се слави цела седмица, како ,,Празник на пресни лебови" (бесквасни). Во тие денови Евреите се собирале во Ерусалим. Евангелистите спомнуваат четири Пасхи во животот на Христос, првите три Јован, а последната останатите евангелисти. Првата и втората Пасха Исус ја поминал во Ерусалим пред да ги избере Дванаесетте, во друштво на некои од учениците (Јв 2,13-25 и 5,1-47). Третата Пасха ја празнувал заедно со апостолите во Галилеја. Место празнување, Тој го умножува лебот и зборува за Себе како за вистинска Пасха и вистински лебнаживотот (Јв6,4-7,2). Конечно, последната Пасха, а единствена со сите апостоли ја празнувал непосредно пред Своето страдање (Мт 26,17-20). Јудејскиот обред точно пропишува по кој редослед да се одвиваат гозбите, особено празничните; в. Празници. Патмос - остров во Егејското Море (70 км западно од Милет), Се спомнува во Откровението на Јован 1,9. Авторот на оваа книга вели дека Римјаните го прогониле на овој остров, заради сведочењето за Исус Христос. Таму имал визии, кои ги забележал во последната новозаветна книга. Патријарх - прататко на човечкиот род. Така ги нарекувале предците кои живееле пред Потолот, Почнуваат со Каин и Авел, завршуваатсо Ламех. После нив следат оние прататковци кои живееле од Потопот, па до раѓањето на Авраам. После него доаѓаат Исак и Јаков и 12-те синови на Јаков, од кои потекнуваат племињата на Израел. Пафос -древен фениќански град на Кипар. Таму апостолите Павле и Варнава го преобратиле во христијанство угледниот римски намесник, прокураторот Сергиј Павле (Дап 13,6-12). Педесетница - празиик кој се слави педесет дена по почетокот на Пасхата и епосветен на споменот на примањето на Законот на Синај, преку пророкот Мојсеј. Понекогаш се нарекува и Празник на неделата (Шавуот) или Празник на првите плодови (Празник на пченичната жетва) (3 Мој 23,15). На денот на Педесетница Светиот Дух се симнал на апостолите и оттогаш тој ден се нарекува Духови или Духовден. Се слави како роденден на црквата (2 Мој 23,16; 3 Мој 23,15-21; 5 Мој 16,9-12; Дап 2). Пекол - место на мртвите, еврејскиот збор е шеол.. Древните Евреи, како и другите Семити, сметале дека шеолот е под земја (4 Мој 16,30-33; Ез 31,17; Амос 9,2). Иако го замислувале како темно, хаотично и безгласно место. сметале дека мртвиот во него не престанал сосема да постои. Шеолот не бил место на патење и тага. Идејата за шеолот како место за казна е развиена во новозаветно време (Мт 5,29-30; 25,41 ;Мк 18,9); в.Ад. Пентапол – античко грчки назив (пенте-5, полис-град) за петте палестински градови: Газа, Ашкелон, Ашдод, Гат и Екрон. Пентатеух (Петтокнижие) - античко грчки назив за првите пет книги од СЗ, напишани од Мојсеј, Се викаат и книги на Законот и ја содржат најраната историја на Израел и Мојсеевиот Закон; в. Тора.
Пепел - симбол за тага, жалост (Јов 2,8; Еф 4,3; Јв 3,6; Пс 102,9). Пепел од црвена јуница (4 Мој 19) се користел за осветување на оној кој ќе се допрел до мртовец, гробница и сл. Но ако некој се допрел до таа пепел, се очистувал со, „вода за очистување" (4 Мој 19,9-13). Перга - древното пристаниште Памфилија, римската азиска провинција. Апостол Павле ја посетил на два пати во текот на првото мисионерско патување (Дап 13,13; 14,25). Пергам - град во Мизија, во Мала Азија. Некое време бил главен град на Азија како римска провинција. Бил центар на раното христијанство. Се спомнува како место каде била една од седумте цркви од Откровението (Откр 1,11).Изразот „таму каде е престолот на сатаната", сигурно се однесува на обожувањето на царот во тоа место (Откр 2,12-16). Во него се преработувала кожата на посебен начин, па на неа се пишувало како на папирус, кој се изготвувал во Египет, а го носи името според градот - пергамент. Переја - јужниот дел на источна Палестина. Христос престојувал во тие предели (Мт 8,28-34; Мк 5,1-19; Лк 8,26-39; Јв 10,40-11,6). Персија - земја што ја населувале Индоевропјани, Во времето на СЗ Персиското царство било една од најзначајните држави. Доминирало над Блискиот Исток близу 200 години. Персискиот цар Кир Велики ги соединил Мидјаните и Персијците и ги победил Вавилонците. Тој им дозволил на Евреите да се вратат од вавилонското ропство во Палестина (2Лт 36,22-23). Царот Дариј I им дал потстрек да го обноват храмот во Ерусалим. А неговиот син Ксеркс, веројатно бил Асвир (Ахасвер). Во книгата на Естира се спомнува царот Артаксеркс кој им дозволил враќање дома на две групи Евреи, предводени од Езра и од Неемија. Песна на поклониците (песна за искачување) - наслов на 15 псалми (120-134). Се смета дека ги пееле поклониците додека се качувале преку ридовите до Ерусалим во времето на големите празници. Песна над песните – книга од СЗ. Претставува збирка на лирски песни, средени околу 250 г.пр.ИХ. Се нарекува и Песна Соломонова, Продолжува Пишуваат: ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И СЛАВЕ КАТИН
|