|
||||
ОД ИМЕТО РАВА – ЖИТЕЛКА НА ЈЕРИХОН - ДО ИМЕТО РАФ - ЧОВЕКОТ ШТО МУ ПОМОГНАЛ НА ИСУС ХРИСТОР (32) |
Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот речник“, преку имињата, зборовите, изразите, називите, лексикографските термини...: од името Рава - жителка на Јерихон, блудница,до името Руф - син на Симон од Кирина, човекот што му помогнал на Исус Христос при носењето на крстот кон Голготата Рава - широка, 1) жителка на Јерихон, блудница, ги сокрила двајцата израелски извидници пратени од Исус Навин на кровот од својата куќа и со јаже ги спуштила на безбедно место (ИН 2,1-24). Се спомнува во Исусовото родословие (Мт 1,5); 2) митско чудовиште, било поразено од Бога, пред создавањето на светот; 3) еден од називите за Египет (Пс87,4). Рави - учител, наставник, титула на угледните учители, од околу 70г. пр. И. X. Тоа се ,книжниците', односно учителите на Законот. Следбениците на Христос го нарекувале и Него рави (Мт 26,26; Мк 9,5; Јв 1,38; 23,8). Равуни - титула што искажува уште поголема почит од титула-тарави. Значењето ѝ е мој голем учител (Љ 20,16). Развод - (5 Мој 22,19; 24,1; Ер 3,8; Мт 19,7) - според Мојсеевиот закон разводот се допуштал во одредени услови и околности. Претставувал едноставна граѓанска постапка, што веројатно била многу злоупотребувана, па со тек на времето, мажот можел да ја остави својата жена заради банални причини. Постоеле две рабински школи кои се спореле по тоа прашање. фарисеите го искористиле прашањето за разводот како повод да го провоцираат Исус. Неговиот одговор бил дека брачниот сојуз треба да е свет и траен, но Мојсеј го допуштил разводот заради жестоките срца човечки (5 Мој 10,16; Рим 2,5; Мт 19,3-9). Според зборовите на Исус, разводот се допушта единствено поради прељуба. Рај - збор од сириско потекло, означува ограден простор или пошумена градина, на еврејски пардес, а на антички грчки парадисос. Според 1 Мој градината во која Бог ги населил Адам и Ева. наречена е рај, односно Едем; место со невидена убавина, совршенствои среќа. Никаде во СЗ зборот рај не означува место на некоја идна среќа, односно награда. Во НЗ овој збор се среќава три пати (Лк 23, 43; 2 Кор 12,4;Откр 2,7), секаде со значење на небо. Апостолот Павле го поистоветува рајот со третото небо, во кое бил однесен во визија (2 Кор 12,4) Традиционалното верување е дека рајот е место за праведните по смртта. Рака - празен, лесноумен човек, збор од сириско потекло, псовка; во Христово време не се користела многу често меѓу Евреите и имала многу навредливо значење. Ако некој својот ближен го наречел ,.рака", за тоа строго се казнувал. За тој престап подлегнувал под власта на врховниот еврејски суд - Синедрионот. Рама - висина, име на повеќе места: 1) место во областа на Венијаминово племе, близу до границата со Ефремовото. Таму пророчицата Девора под палмата на Ефремовата Гора му судела на Израел (Суд 4,4-5). Низ Рама поминувал левитот кога се враќал од Ерусалим (Суд 19,1.10-21). Таму пророкот Јеремија бил ослободен од заробеништво (Ер 40,1), во времето кога Евреите ги собирале за да ги одведат во Вавилон. Пророкот го опишал овој тажен настан во Ер 31,15. Според НЗ ова е праслика на тажниот настан од новозаветно време -убиството на новороденчињата од Витлеем, по наредба на Ирод (Мт 2,16-18); 2) град во ридовите во областа на Ефремовото племе, каде се родил, живеел и умрел пророкот Самуил (1 Цар 7,17; 2,11). Таму имал свое пророчко училиште и таму избегал Давид, бегајќи од Саул. Нејверојатно е истиот град со Раматајим (1 Цар 1,1), како и подоцнежниот Раматаим (1Мак 11,34), односно Ариматеја (Мк 14,43). Рамот - галад - град во Галад, близу до сириската граница. Во него е убиен израелскиот цар Ахав во битката против Сиријците (3 Цар 22,1-40), Распетие - смрт на крст; во римско време казна за робовите и другите осуденици од ниските класи. Свирепа и болна смрт. Во древните времиња Израелците злосторниците ги распнувале на дрво. Рахила - овца, ќарката на Лаван, жената на Јаков, а мајка на Јосиф и Венијамин. Јаков сакал да се ожени со неа - и затоа му служел на Лаван седум години за неа. Но Лаван му ја подметнал постарата ќерка Лија, па Јаковму служел уште седум години за Рахила. На патот кон Ханаан, ги сокрила домашните идоли под седлото во шаторот. Умрела додека го раѓала Венијамин, а Јаков и подигнал споменик на гробот (1 Мој 35,16-20) Рај Ревека - крава, ќерката на Мелха и Ветуил, жена на Аврамовиот син Исак. Мајка на Исав и Јаков. Повеќе го сакала помладиот Јаков и му помогнала со измама да го добие правото на првородениот син од својот постар брат. Погребана е во пештерата Макпела, каде е погребана и Сара, нејзината свекрва (1 Мој 23,19); Авраам, нејзиниот свекор (1 Мој 25,9); Исак, Лија - жената на Јаков и Јаков (1Мој 49, 31; 50,13). Реси - пришиени на четирите краеви на наметката на Евреинот, за да го потсетува на исполнувањето на Божјите заповеди (4 Мој 15,38-40; 5Мој22,12). Ресфа - една од наложниците на Саул, заради која неговиот син Исвосет се скарал со Авенир. Заради тоа Авенир му се придружил на Давид. Тој, пак, подоцна им ги предал нејзините два сина на Гаваонците, кои ги обесиле како освета за Сауловата окрутност кон нив (2Цар21,8-11). Рефаимска долина - плодна допина меѓу Ерусалим и Витлеем, на границата меѓу Јудината и Венијаминовата област; место каде се одиграле многу битки меѓу Евреите и Филистејците во времето на Давид (1 Лт 11,15). Рибарење - во новозаветно време една од важните стопански гранки. Во еврејскиот јазик постои само еден збор за сите видови риба, од најмалите до најголемите, како онаа што го проголтала пророкот Јона - даг. Во старозаветно време Фениќаните ја држеле главната индустрија со риба, но постоењето на „Рибјата порта" во Ерусалим укажува на постоење на пазарна увезена риба (Нем 3,3). Веќе до времето на Христос, бил развиен риболовот на Галилејското Езеро. Рибарите според НЗ работеле во групи, со мрежи и едра. Често ловеле ноќе, иако било опасно заради ненадејните бури, Имало два типа на мрежи: едниот се фрлал од брегот со рака, а другиот поголем и со тегови од страната, се фрлал од коработ (Мк 1,20; Мт 13,47-48). Старогрчкиот збор за риба - ихтис е земен како кратенка за Исус Христос ИХ Син Божји Спасител, и претставувал за првите христијани симбол на Црквата. Рим - главен град на Римското царство, основан во 753 г.пр.И.Х. и значаен центар на раното христијанство. Во него живееле многу Евреи и христијани, а според Дап 19,21 и апостолот Павле имал голема желба да го посети. Во Рим бил и на два пати затворан, а конечно и убиен од меч, како римски граѓанин. Таму апостолот Петар бил распнат наолаку. Римон - сириски бог на бурата, чиј симбол е молњата. Неман му се поклонувал пред Елисеј да го излечи од лепрата (4 Цар 5,19). Неговиот храм во Дамаск подоцна бил претворен во храм на Јупитер, а во 4 в. е претворен во црква. Како збор е составен дел на многу имиња, пр. Адад Римон (Зах 12,11). Рихав - Кенеин кој му помогнал на Јуј да го сотре домот на еврејскиот цар Ахав, при неговиот обид да го искорени од Израел обожувањето на богот Ваал (Бал) (4 Цар 10,1-28). Неговите следбеници - рихавити не пиеле алкохол и не јаделе ништо што содржело винова лоза. Живееле во шатори долго време по населувањето на Евреите по куќи. Пророкот Еремија ги ценел заради високите идеали (Ер 35,1-19). Ровоам - синот на Соломон и последен цар на Обединетото еврејско царство. Бил прв владетел на Јудиното царство (932-917 г. пр. И.Х.), откако десетте северни племиња го прогласиле Јеровоам I за нивни цар. Ровоам бил окрутен и строг владетел, а го обновил и идолопоклонството. Египќаните ја поразиле неговата земја и го ограбиле храмот. Бил во постојано непријателство со Северното израелско царство (2 Лт9,31-12.16;ЗЦар 14,25). Рог - во СП претставува знак на моќ, почит и слава (5 Мој 33,17; Лк 1,69). Служел како сад за течност, особено за чување масло (3 Цар 16,3; Пс 25,5), но и како музички инструмент, труба (ИН 6,8-13). Служел и како заштита од многу животни, оттука и симболиката на кршење на рогот на некој цар или народ претставува намалување на нивната власт. И обратно, воздигнувањето на нечиј рог, значи зголемување на неговата моќ (1 Цар 2,1.10; Лк 1,69). Жртвеникот во храмот бил украсен со четири рога, па секој што бегајќи од казната или власта ќе се фател за рог, си го спасувал животот - добивал азил. Рода - младата слугинка на Марија, мајката на Јован и Марко. Му ја отворила вратата на Петар, откако бил пуштен од затвдр, пресреќна што го препознала неговиот глас (Дап 12,12-16). Роднина - близок степен на сродство, но не секогаш дете од вујко или тетка (Лк 1,58). Родос - остров во источниот крај на Егејското Море. Во новозаветно време населен со голем број Евреи (Дап 21,1). Овде апостолот Павле се задржал на своеот трето мисионерско патување. Островот бил познат по статуата на Колосот, едно од седумте светски чуда, која паднала во морето за време на земјотресот во 224 г. пр.И.Х. Родословие на Исус Христос - се среќава во евангелијата по Матеј 1,16 и Лука 3,23-28. Кај Матеј се наведува од прататкото Аврам па понатаму, а кај Лука по обратен редослед, но доаѓа до Адам. Матеј сака да покаже дека Христос потекнува од Авраам и затоа се служи со распоред на родословијата во 3 по 14 колена, иако во последното множество има 13 колена (Мт 1,17). Лука сака да покаже дека не е само Аврамов, туку и Адамов, односно светски син. Родословието на Матеј ги изостава потомците од паганите мајки, а ги наведува децата од левиратските бракови; а Лука го наведува природното родословие.
Ропство - присилно преселување на цел народ или само на неговите водачи. Првпат го примениле Асирците, а од нив го усвоиле и Вавилонците, Се применувало како последна казна над покорените заради воспоставување мир. Но вообичаено зборот ропство го означува вавилонското ропство, кога Вавилонците под водство на Навуходоносор во 597 г.пр.И.Х. преселиле стотини илјади Јудејци. После разрушувањето на Ерусалим преселиле уште многу народ, во 586 г.пр.И.Х. (4 Цар 24,11-14). Биле оставени само најбедните да се прехрануваат како орачи и одгледувачи на винова лоза (4 Цар 25,2-21). Дел од заточениците во Вавилонија, напреднале во толкава мера: што не сакале да се вратат повеќе. Тие го сочинувале значајниот дел од дијаспората. Рувим - види син, најстариот од дванаесетте синови на Јаков, чија мајка била Лија (1 Мој 29,32). Ги одвраќал своите браќа да не го убијат Јосиф. туку да го остават во резервоарот за вода, од каде имал намера подоцна да го извлече (1 Мој37). Го изгубил правото на првороден син зашто имал односи со Вала, наложницата на татко му (1 Мој 35,22; 49,3). Племето што потекнало од него било малубројно и безначајно (1 Мој 33,6). Рувимовци - племето што потекнува од Рувим, синот на Јаков и Лија. Го примиле своето наследство веднаш по смртта на Мојсеј. Му помогнале на Давид да стане цар во Хеврон. Биле заробени од асирскиот цар Теглат-Феласар 3, а по ропството најверојатно се претопиле со Дановото племе (1 Лт 5,26). Рут - симпатична; Моавка, мажена за син Евреин, син на Ноемина. После неговата смрт се вратила со својата свекрва од Витлеем, во Јудеја. Со неа се оженил богатиот Воо, пленет од нејзината верност, искрености добрина кон свекрвата. Нивни син е Овид, дедото на Давид, Рут - Книга за Рут - книга од СЗ, напишана околу 400 г.пр.И.Х. Во неа се истакнува дека Бог се грижи за луѓето од сите народи. Руф - црвен на латински, 1) син на Симон од Кирина, човекот што му помогнал на Исус Христос при носењето на крстот кон Голгота (Мк 15,21); 2) христијанин на кого апостолот Павле му испраќа поздрави во Посланието до Римјаните. Се претпоставува дека се работи за истата личност од 1) (Рим 16,13). Продолжува Пишуваат: ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И СЛАВЕ КАТИН |