Среда, 17 Февруари 2021    PDF Печати Е-пошта
ОД НАСЕЛБАТА ТАБЛИЦИ НА ЗАКОНОТ – ДО НАСЕЛБАТА ТЕЛ АВИВ (37)

1zamo

Во ова продолжение за читателите на  порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот речник“, преку имињата, зборовите, изразите, називите,  лексикографските термини...: од Таблици на Законот - камени плочи на кои се напишани Десетте Божји заповеди – до Тел Авив - брег на плимата; населба на еврејските изгнаници, на брегот на реката Кебара и во близина на Нипур

Таблици на Законот - камени плочи на кои се напишани Десетте Божји заповеди; им биле дадени на Израелците преку Мојсеј на планината Синај (2 Мој 20,1-17;32,15). Во поширок облик дадени се во 5 Мој 6-21 и во 2 Мој 34. Антички назив за Десетте Божји заповеди е Декалог.

Тавита - ,,срна", христијанка од Јафа, која според Дап 9,36-43 апостолот ја вратил во живот.

Тавор - височинка на 588 м надморска висина, северно од рамнината Језраил, граница меѓу племињата на Нефталим, Зевулон и Исахар (Ис 19,12.22.34). На нејзиниот врв Варак ги собрал Зевулон и Нефталим во борба против Сисар (Суд 4,6.12.14} иго поразил (Суд 5). Според 5 Мој 33,18 таму било и светилиштето на Исахар и Зевулон, она истото што се напаѓа во Ос 5,1. Преобразувањето на Исус Христос опишано во Мт 17,1-9 и возвишувањето опишано во Мт 28,16, се случиле токму таму. Новозаветниот текст тоа не го потенцира.

Талант - в. Пари. Не може точно да се одреди дали означува тежина или пари, зашто и парите се мереле.

Тадеј - одважен; единствено во Мт 10,3 и Мк 3,18 се споменува како еден од апостолите. Се претпоставува дека е истата личност спомната во други новозаветни книги, Лк 6,16 и Дап 1,13, како Јуда, братот на Јаков. Не се знае ништо за неговиот живот и делувањето.

Тадмор - Палмира, во елинскиот период, град-оаза во сириската пустина{2Лт8,4).

Тајна објава - Откровението на апостолот Јован. 

Тајни учења - учења на гностичките кругови на лажни учители кои се занимавале особено со родословијата од 1 Мојсеева и оттаму извлекувале најфантастични заклучоци за светот и неговиот постанок. Тие учења ги има во вид апостолот Павле во 1 Тим 1,4 и Тит З,9.

Талитха куми - девојко, стани, зборови на арамејски искажани од Христос (Мк 5,41).

Талмај - потомок на Анак (4 Мој 13,22; ИН 15,14; Суд 1,10).

Талмуд - учење, проучување. Некаде околу двестотата година по И.Х. довршена е исцрпна збирка закони - Мишна, со цел СП да се приближи до секојдневниот живот. Во вековите што следат таа е надополнувана со толкувања и дополнувања, и новата збирка што настанала е наречена Гемара. Мишна и Гемара го сочинуваат палестинскиот Талмуд, кој е завршен околу 400 г. Вавилонскиот Талмуд е по исцрпен, довршен е околу 500 г. и заедно со СП го сочинува темелот на еврејското верување и учење до денешен ден. Го содржи толкувањето на Петтокнижието, мудри изреки, научни приказни итн. Претставува значаен извор за разбирање на СП. 

1zamo1

Тамар - град во Јужна Јудеја, утврден од Соломон (3 Цар 9,18). 

Тамара - палма, 1) снаата на Јуда, после смртта на мажот ја омажиле за Онан (1 Мој 38); 2) ќерката на Давид, ја силувал нејзиниот полубрат Амнон и заради тоа бил убиен од брат ѝ Авесалом (2 Цар 14,27). 3) ќерката на Авесалом, а жена на Ровоам, Соломоновиот син (2 Цар 14,27).

Тамариск - дрво што расте во Средоземјето, убаво со мали ливчиња со виолетова боја. Во СЗ се сметало за свето дрво.

Тамната -1) место во областа на Дановото племе, меѓу Бет-Шемеш и Акарон, на северната граница на Јудеја (ИН 15,10; 19,43; Суд 14, 2 Лт 28,18); 2) град во јужна Јудеја со непозната местополжба (1 Мој 38,12; ИН 15,57).

Тамнатарес - место каде е погребан Исус Навин, се наоѓало на Ефремовата Гора (Суд 2,9). Во ИН 19,50 се споменува како Тамнат-Сарај.

Тамуз - 1) месец во еврејскиот календар, одговара на делови од месеците јуни и јули; 2) Сумерско божество на сточарството и на билките; сроден на богот Адонис, а маж и брат на божицата Иштар. Језекиил го споменува оплакувањето на Тамуз како обред осуден од Господ како гадотија.

Танак - канаански царски град (ИН 12,21), долго време им одолевал на Израелците (Суд 1,27). Се споменува подоцна како град на левитите, но во времето на царевите го губи значењето.

Танис - в. Рамзес, в. Соан.

Тапуах -1) ханаански град западно од Витлеем (ИН 15,34); 2) царски град на границата меѓу племињата на Манасија и Ефрем (ИН 12,17; 17,8).

Тара - име со нејасно значење, најверојатно „козорог", синот на Нахор, а татко на Авраам, Нахор и Аран (1 Мој 11,24-32). Од Ур дошол во Ханаан, се населил кај Аран и таму умрел. Во ИН 24,2 се споменува дека Тара им служел на други богови.

Тарак - етиопски и египетски цар (689-663.г.пр.И.Х.). Ги поддржувал палестинските кнезови против Асирија; за време на неговото владеење Асирците го освоиле Долен Египет и го протерале од Мемфис. По повторното кратко освојување на Мемфис, Тарак конечно се повлекол во Напат. Се споменува во 4 Цар 19,9 и Ис 37,9.

Таргум - превод на СЗ на арамејски говорен јазик, делумно проширен и протолкуван. Постојат повеќе верзии; 1) Кумрански, содржи извадоци од Јов и 3 Мојсеева; 2) Онкелсов, го содржи Петтокнижието, настанал по устен пат во Палестина, а е запишан во Вавилон, околу 500г.; 3) Ерусалимски, го содржи палестинското Петтокнижие со извесни надополнувања; 4) Јонатанов, составен од пророчки книги; 5) Псевдојонатанов, содржи дел од Ерусалимскиот и дел од Онкелсоновиот Таргум; 6) Таргум што ги содржи Јов, Изреките и Псалмите. Овие збирки се многу значајни за проучување на јазикот што го говорел Исус Христос.

Таре - в. Тара.

Тартан - врховен заповедник на асирската војска, го опсадил Ерусалим (4 Цар 18,17; Из 20,1).

Тарс (Тарсис) - главен град на Сицилија во римско време, основан од Фениќаните на Кодна; во времето на Селеуците е хеленизиран (2 Мак 4,30), Имал развиен духовен живот (Дап 21,39). Бил родно место на Павле (Дап 22,3), живеел во него еден период после своето обраќање (Дап 9,30; 11,25).

Тарсис - античкогрчки град, чија местоположба не е одредена (Из 66,19; Пс 72,10). Честопати се поистоветува со шпанскиот град Тартес. Бил богат град (Ез 38,13), од него во Тир се увезувало сребро, железо, олово и коситар (Ер 10,9; Ез 27,12). Таму избегал Јона, според Јона 1,3 и 4,2, Според 3 Цар 10,22 и Из 2,16 големите т-говски бродови се нарекуваат тарсиски.

Тартак - име на непознат бог (4 Цар 17,31).

Тат - крадец.

Татнај - надзорник на повторната градба на храмот, поставен од царот Дариј (Ездра 5,3.6; 6,6.13). 

Тафнис - место во Египет по долината на Нил, каде боравеле израелските бегалци. Таму избегале после убиството на Гедолија, а ги присилиле и Еремија и Варух да дојдат со нив (Ер 43,7-9; Ез 30,18).

Тафса - град на Еуфрат, северната граница на Соломоновото царство (3 Цар 5,4).

Тацијан - в. Библиски текст.

Тврдина - в. Антиохија, Махеронт, град. 

1zamo2

Тврдина со една од најстарите слики на Исус Христос

Теба - име за Но-Амон, град на околу 740 км јужно од Каиро. Во времето на Новото царство (околу 1600-663 г.пр.И.Х.) главен град на Египет, познат по храмот во Карнак и Луксор, како и по Храмот на мртвите со Долината на кралевите. Имал миогу развиен религиозен живот. Во 665 г.пр. И.Х. бил освоен од Асурбан и паласирскиот цар (НемЗ,8; Ер 46,25; Ез 30,14).

Тебет - календар.

Тевда - јудејски бунтовник (Дап 5,36), времето на неговата побуна не се знае точно. Бил убиен и неговите приврзаници се растуриле.

Тевет - десеттиот месец од еврејскиот календар, одговара на делови од месеците декември и јануари (Ест2,16).

Тевец - град на 15 км северојужно од Шекем. Таму некоја жена го усмртила Авимелех со воденички камен фрлен од тврдините (2Цар11,21; Суд 9,50-53).

Теглатфаласар - в. Тиглат-Филесарш,

Текст - в. Библиски текст.

Текстовна критика - значајна област од библиската наука. Се занимава со сите постоечки ракописи, преку 5000; со нивно подредување според времето на нивното настанување; со утврдување на изворниот библиски текст, преку елиминирање на искривувањата во текстовите и неправилното читање. Притоа се користат и текстови од црковните оци и постари библиски преводи.

Тема - оаза во северозападна Арабија, каде се пресекуваат два каравански пата (Из 21,14; Ер 25,23; Јов 6,19); во него живеел осум години последниот нововавилонски цар Набонид.

Теман - 1) внукот на Исав (1 Мој 36,11.15.42); 2) територија на Едомците {1 Лт 1,36.53; Ер 49,20), но не се знае каде била точната локација; според Амос 1,12 се наоѓа покрај Восор, а според Авдиј 9 на Исавовата Гора; а пак според Авакум 3,3 на планината Паран.

Текуја - град во јудејските планини, утврден од Јеровоам (2 Лт 11,6); после изгнанството бил повторно населен (Нем 3,5.27). Родно место на пророкот Амос (1.1)-

Тел Авив - брег на плимата; населба иа еврејските изгнаници, на брегот на реката Кебара и во близина на Нипур; место на живеење на Езекиил (Ез 3,15).

Теле златно - в. Бик.

Продолжува  

Пишуваат:

1slave 4 ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И

1slave 3 СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.