|
||||
ПОКЛОНЕНИЈА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ И СВЕТИ МЕТОДИЈ ВО 1996 И 1997 ГОДИНА (47) |
ДВАЕСЕТ И ОСМОТО И ДВАЕСЕТ И ДЕВЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ВО РИМ И ПОКЛОНЕНИЕ ВО ЕЛВАНГЕЛ Во 1996 година црковната делегација беше во состав: Митропоитот Дебарско-кичевски Тимотеј, свештеник Зоран Данев и протоѓаконот Ратомир Гроздановски. Предводник на државната делегација беше и тогашниот претседател на Собранието г-динот Тито Петковски. На специјална аудиенција во папската библиотека, македонската делегација беше примена од папата Јован Павле II, кој прочита и поздравен говор на француски јазик. Особен интерес папата покажал за делото и култот на светите Климент и Наум во Македонија. Наредниот ден, на 24 мај, на гробот на свети Кирил Солунски митрополитот Тимотеј чиноначалствуваше со молебенот, по што државната делегација положи венец. Црковната делегација оваа година оствари повеќе билатерални средби со високи претставници на Ватикан, како што беше средбата со кардиналот Содана, со отецот Јозеф Мај од Советот за единство на христијаните, епископот Пјер Дипре, отецот Јиржи Весели од Ватиканскиот универзитет Анџеликум. Црковната делегација ја посети и библиотеката на најголемиот католички универзитет Грегоријана. На 1 јуни 1996 година во градот Елванген во Германија каде што свети Методиј бил затворен од 870 до 873 година, беше одбележан Денот на светите Кирил и Методиј. По свечената богослужба во чест на Браќата, присутниот Архиепископ и поглавар на МПЦ - господин, господин Михаил, со митрополитите господин Кирил, господин Горазд и протоѓаконот Александар Цандовски, одржаа беседа за грандиозното дело на Светите Браќа. Црковната делегација изврши молебен, а делегацијата на Владата на Р. Македонија беше предводена од министерката Софија Тодорова и Славе Николовски-Кати, потпретседател на Републичката комисијата за односи со верските заедници. Пред спомен-плочата беа положени венци, посебни од амбасадорот на Р. Македонија г-дин Срѓан Керим во Германија . По беседата на поглаварот Господин, Господин Михаил, беше осветена спомен-плочата со ликот на свети Методиј, изработена во бакар и бронза од скулпторот Боро Митриќески, на ѕидот од манастирот каде што бил затечен свети Методија. На банкетот во нивна чест слово одржа господинот Буке, заменик-градоначалник на градот Елванген.
Од издавачката дејност: Илија Велев: Македонскиот книжевен XIV век, Веда, Скопје 1996. Илија Велев: Свети Гаврил Лесновски во книжевната традиција, Менора, Скопје 1996. Вера Стојчевска-Антиќ: Апокрифи, Табернакул, Скопје 1996. Илинка Дракулевска-Грубовиќ, Славе Николовски-Катин и Никола Јордановски: English-Macedonian Veterinary Dictionary Англиско-македонски ветеринарен речник, „Матица македонска“, Скопје, 1996, 1-296, (на англиски и македонски). Славе Николовски – Катин: Македонски иселенички паноптикум, Друштво за наука и уметност, Битола, 1996, 1-296 ДВАЕСЕТ И ДЕВЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ВО ВЕЧНИОТ ГРАД РИМ – 1997 Дваесет и деветтото поклонение во вечниот Рим се оддржа во годината кога МПЦ одбележуваше 30 години автокефалност. Црковната делегација беше предводена од Архиепископот Охридки и македонски г.г. Михаил, кого го придружуваа митрополитот кумановско - полошки Кирил, митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, протојерејот Стојко Ристевски и протоѓаконот Ратомир Грозданоски. Во државно-црковната делегација беа вклучени и Скопскопризренскиот бискуп д-р Јоаким Хербут, министерот за култура г-дин Слободан Унковски и потпретседателот на Републичката комисија за односи со верските заедници Славе Николовски-Катин. Архиепископот Михаил, во присуство на голем број верници, се поклони на светите мошти и отслужи молебен на гробот на свети Кирил Солунски. Веднаш потоа одржа вдахновено празнична слово за светителот, што беше проследено со големо внимание и интерес од присутните, особено од новинарите кои цитираа делови од словото во медиумите. Откако се поклони, делегацијата оствари и повеќе средби со видни личности и институции на Ватикан, како и со папата Јован Павле. На средбата, папата беше информиран за поставувањето на камен-темелникот на римокатоличката црква „Св. Кирил и Методи“ј во Охрид и, по тој повод, му беше упатена покана да ја посети Македонија. Црковната делегација оствари средба и со кардиналот Ечегариј. Од издавачката дејност: Илија Велев (со коавтори): Македонски скрипторски центри IX-XV/11век, Скопје 1997. Илија Велев: Лесновскиот книжевен центар, Мисла, Скопје 1997. Илија Велев: Кирилометодиевската традиција и континуитет, Институт за македонска литература, Култура, Скопје 1997.
Вера Стојчевска-Антиќ: Свети Климент Охридски, Епоха, Скопје 1997. Фиданка Танаскова, Славе Николовски-Катин: Македонски клуб Илинден 1903 во Хамбург (1978-1998), „Македонска искра“ - Скопје, 1997, 1-86 (на македонски). Петко Златевски, Славе Николовски–Катин: Библиски речник, Библиско здружение на Македонија и „Македонска искра“, Скопје, 1997, 1-215 (на македонски). Славе Николовски-Катин: Речник во слики - Ајде да учиме англиски и германски, „Македонска искра“, Скопје, 1997, 104. Славе Николовски-Катин:Речник во слики - Ајде да учиме англиски и француски, „Македонска искра“, Скопје, 1997, 104. Продолжува Пишува: СЛАВЕ КАТИН |