|
||||
ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (44) |
Делото „Библиски речник”, чиј автори се м-р Петко Златески и Славе Николовски - Катин е прво дело од ваков вид на македонски јазик во издание на Библиското здружение на Република Македонија и на книгоиздателството „Македонска искра” од Скопје. Во објавените 43 продолженија за читателите на порталот „Македонска нација“го претставивме „Библискиот речник“ преку лексикографските термини, имињата, зборовите, изразите, називите и друго од ова прво издание на македонски јазик Тоа е отпечатено во 1997 година на 215 страници на македонски јазик, со благослов на поглаварот на Македонската православна црква Охридска архиепископија, неговото блаженство, архиепископот г.г. Михаил, а во редакција на д-р Јоаким Хербут, Скопски бискуп на Католичката црква во Македонија, д-р. Ратомир Гроздановски и м-р Ѓоко Ѓерѓевски, двајцата професори на Православниот теолошки факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, при што голем е придонесот на уредникот на „Библиски речник”, Елена Стојанова. Инаку, м-р Петко Златески беше почитуван вонреден професор на Православниот теолошки факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, по предметите Македонско црковно пеење – теорија; Црковно пеење; Типик; Апологетика и Историја на религијата. Тој како долгогодишен Генерален секретар беше душата на Библиското здружение на Република Македонија, кое е посветено на превод, подготовка, издавање, и дистрибуирање на Светото писмо до сите граѓани кои живеат во Република Македонија и оние кои се насекаде во светот и сакаат да го читаат ова значајно дело на македонски јазик. Почитуваниот професор м-р Петко Златески беше роден на 10 јуни 1955 година во реловуционерното село Дуње, Прилепско, а во Господа се упокои на 13 мај 2020 година, на празникот Преполовение. Затоа и овие продолженија за „Библискиот речник“ се во негова чест, да се смопене неговото име и дело, за Бог да го прости. Во врска со печатењето на „Библискиот речник“ треба да се нагласи дека темелите беа поставени во 1988 година кога беше издаден Новиот Завет во нов превод на архиепископот Гаврил, а целата Библија беше издадена од United Bible Societies (UBS) во 1990 година, која е позната како „Гаврилова“ Библија. Новото ревидирано издание, познато како Македонска стандардна Библија, беше издадено во 2006 година од Библиското здружение на Република Македонија. Оваа Библија е одобрена и со благослов на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а ја користат голем број македонски христијани нашироко во светот. Коавторот на „Библискиот речник” Славе Николовски - Катин, кој како публицист е познат само како Славе Катин, е аналитичар на Македонците во светот и е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија, на животот на Македонците во светот, на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на Античка Македонија. Исто така, неговото творештво се однесува и на низа други аспекти поврзани со македонската дијаспора, како и со културата, литературата, јазикот, историјата, журналистиката и религијата. Тој е aвтор на шеесет публикации, од кои седум се лексикогравски изданија, потоа на повеќе од стотина научни трудови презентирани на различни симпозиуми, трибини и други собири, како и на околу 5.000 новинарски текстови објавени во Македонија и во светот, меѓу кои одреден број можат да се видат и прочитаат на веб – страницата: www.slavekatin.com. Инаку, публикацијата „Библиски речник”, чиј автори се м-р Петко Златески и Славе Николовски - Катин е меѓу првите објавено дело на реномираната издавачка куќа „Македонска искра”, чиј главен и одговорен уредник е Славе Катин. Ова македонско книгоиздателство е крстенo во 1997 година по првиот македонски весник „Македонска искра“, што започна да се печати во Перт, Австралија во 1946 година. Во врска со излегувањето на „Библискиот речник”, поглаварот на Македонската православна црква архиепископот Гаврил, кој беше еден од најзаслужните за печатењето на црковните книги ќе ќе го напише следното: „Секому е познато дека Библијата не е само учителка, туку и воспитувачка затоа што во неа е содржана мудроста за нашиот живот овде на планетата Земја, а потоа и во царството небесно. Таа не учи на вистинољубие, Вогољубие, на човекољубие, на правдољубие, на мирољубие, но не на самољубие, оти зборува за Божјата бистина, за правдата и љубовта во човечкиот живот. Таа е основа на нашата Христијанска вера и надеж за вечниот живот...“ Словото Божјо е живо, дејствува и е поостро од секаков меч со две осштрици: навлегува до разделување на душите и духот, до зглобовише и мозокот, и ги проценува мислите и намерите на срцето. (Евр. 4.12) Во воведот, пак на „Библискиот речник“ д-р Ѓоко Ѓерѓевски го напиша следното: „Библискиот толковен речник од Петко Златески и Славе Николовски - Катин е првенец од ваков вид на македонски јазик, кој излегува само после неколку години од појавувањето на комплетното македонско издание на Светото писмо на Стариот и Новиот завет. Составен е да служи како патоказ за истражување на Библијата, како помагало за секој љубител и читател на Свегото писмо. Подготвен е да биде толкувач и водич низ библиските текстови и да помогне за подобро и полесно да се разбере Божјото слово. Далеку и временски и просторно од местото на библиските збиднувања, на денешните читатели често им се случува да се изгубат во безбројните непознати лични имиња, називи на земји, реки, градови, места, племиња... Бидејќи авторите на древните ракописи пишувале за своите современици и сонародници, воопшто и е се труделе да дадат објаснувања за работите, нештата и дејствијата кои на нивната читателска публика им биле општопознати. Во нашите околности, пак, Библискиот речник се јавува како корисен прирачник, објаснувач, помагач, а чесго и како неопходен појаснувач на сложените текстови, Светото писмо е составувано низ вековите, од мноштво автори и пренесувачи на Божјиот збор. Тоа опфаќа период од повеќе илјади години и претставува ризница на огромното историско богатство, а пред се’ на спасителната мудрост објавена од Бога. Текстовите од Стариот и Новиот завет опишуваат неброени случки во кои главните ликови се мажи, жени, деца, овчари и мудреци, цареви и војници, богати и бедни и други жители древни. Библискиог толковен речник од Петко Златески и Славе Николовски - Катин, главно содржи историски и археолошки податоци за личностите од Библијата, поединости за бибписките настани и институциите, податоци за библиските книги, со најразновидни информации наменети за денешниот културен и религиозен свет. Исто така, дадени се и повремени кратки објаснувања на одделни теолошки термини, пропратени со бројни бибписки цитати. На тој начин доаѓа до израз изворниот мотив за составување на овој Речник, кој да биде не само со научни, туку и со информативни карактеристики. Речникот е богат со разновидни илусграции кои на читателот му го доближуваат чудесниот свет на Библијата, го освежуваат и оживуваат и на моменти наликува на еден вид мала енциклопедија. Затоа со право може да се рече дека со својот скромен придонес од областа на библиското проучување, Словото Божјо ќе биде ,,како дождот и снегот што паѓаат од небото, ја напојуваат земјата и ја прават способна да раѓа и да зеленее, како оган и чекан што крши карпа, но и како духовна храна послатка дури и од восочен мед." (Иса 55,10, Ер 23,29; Пс 18,11). Исус Христос како проповедник На крајот ќе споменеме една мудра изрека која вели: ,,Не е доволно само да се поседува Библијата, таа требаида се чита; не е доволно само да се чита, треба и да се разбере и да се проникне во неа; но не е доволно само да се разбере и да се проникне во неа, туку според неа треба и да се живее!". Првата промоцијата на Библискиот речник, чии издавачи се Библиското здружение на Република Македонија и Книгоиздателството „Македонска искра“, е направена на 7 април 1998 година, на празникот „Свето Благовештение“, во црквата „Света Петка“ во Скопје. Говорејќи за ова дело, Неговото блаженство, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Михаил, меѓу другото, истакна дека делото на Петко Златески и Славе Николовски - Катин е од огромно значење за читањето и обработката на Светото писмо (Библијата), особено за учениците од Македонската богословија и за студентите од Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“. Според него, Библијата е едно од најзначајните културни наследства, не само на еден, туку на сите народи во светот. За Евреите, како и за православните, римокатолиците и протестантите, таа е Света книга, инспирирана од Светиот Дух, а за човекот е светлост која постојано го осветлува неговиот живот. Во опширното излагање, пак, протаѓаконот д-р Ратомир Гроздановски ќе рече: „Библискиот речник на Петко Златески и Славе Николовски – Катин е вистинско помагало во толкувањето и објаснувањето на Светото писмо, бидејќи Библијата е дадена, не само како книга која треба само да ја читаме, туку, таа е Божјо слово кое треба да биде разбрано и спроведено во живот. „Библискиот речник“ е работен според западната библиска теологија и тој е за општохристијанска употреба и библиска помош на сите што ја читаат Библијата. Содржи 215 страници текст со табели во кои се вклучени годините, месеците и деновите на Евреите, мерките и тежините, потоа парите, календарот, еврејските празници, кратенките за насловите на книгите од Библијата, како и хронологијата на животот на апостол Павле“. Од овие причини „Библискиот речник“ и започнува со мотото: „Преку ноќта имаше Павле видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: „Премини во Македонија и помогни ни“. (Дап.16.9). Крај Пишуваат: ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И СЛАВЕ КАТИН |