|
||||
ПОСВЕТЕНО ДЕЛО НА ПОКЛОНЕНИЈАТА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ (54) |
ЧЕТИРИЕСЕТТОТО ПОКЛОНЕНИЕ ВО ВЕЧНИОТ ГРАД РИМ ВО 2008 ГОДИНА Делото „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим”, чиј автори се д-р Вера Стојчевска-Антиќ, Славе Николовски-Катин и викарниот епископ хераклејски Климент е едно од значајните изданија на книгоиздателството „Македонска искра” (2008) на 228 страници. Во ова издание се одразени повеќеродни дејности, манифестации, собири, институции, личности, изданија и други активности кои се носители на името, дејноста, работата, на светите Кирил и Методиј и нивните ученици Инаку, книгоиздателството “Македонска искра” е формирано благодарение на демократските процеси што настанаа по осамостојувањето на Република Македонија како независна, демократска и самостојна држава. Тогаш се создадоа поволни услови за приватна иницијатива, меѓу другото и во областа на културата, со посебен акцент во развојот на книгоиздателството. Така, е формирано денешното Друштвото за издавачка и образовна дејност, производство и промет (Книгоиздателството) „Македонска искра” ДООЕЛ увоз-извоз-Скопје. „Македонска искра“ е крстена по весникот „Македонска искра“, првиот македонски весник што започна да се печати во Перт, Австралија во 1946 година. Таа за првпат е регистрирано во Окружниот стопански суд во Скопје, на 28.03.1995, за потоа да ги следи сите законски измени. Меѓутоа, својата издавачка дејност “Македонска искра” ја започна во текот на 1997 година и досега има објавено стотици наслови од значајните македонски писатели, научници и публицисти, во тираж од илјадници примероци, пласирани во Македонија и во многу национални библиотеки и специјализирани книжарници во европските и во прекуокеанските земји, особена меѓу македонското иселеништво На оваа скромна, но со видни резултати издавачка куќа посебна област во издаваштвото се учебниците и дидактичката литература одобрена од Министерството за образование на Република Македонија. Сите учебници и различната дидактичка литература на „Македонска искра“ се користат во основните и средните училишта, и имаат значаен прилог и придонес во образовниот процес во Република Македонија.
Публикацијата „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим”, од авторите д-р Вера Стојчевска – Антиќ, Славе Николовски – Катин и викарниот епископ хераклејски Климент е едно од значајните изданија на оваа реномирана издавачка куќа во Македонија, чиј главен и одговорен уредник е авторот на овие редови, Славе Катин. Рецензенти на ова дело се Архиепископот г.г. Стефан и проф.д-р Ѓоко Ѓорѓиевски, декан на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, а беше издадено во 2008 година, кога се навршуваа шеесетина години самостоен слободен, просветен и културен живот и растеж во Република Македонија. Треба да се нагласи дека во публикацијата „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим”, се проследени јубилеите кои во одредени години ги потенцираат активностите и дејностите во врска со претставувањето, изучувањето или откривањето на нивното сестрано дело. Исто така, своевиден простор е посветен на манифестација „Во чест на св. Кирил” и поколенијата на гробот на св. Кирил Солунски во Рим, во период од 40 години (1969-2014). За ова дело Архепископ Охридски и Македонски г.г.Стефан ќе напише дека пораката на светиот апостол Павле - помнете ги вашите наставници, што ви го проповедаа Словото Божјо (Евр. 13, 7), нашла и има вистинско место меѓу македонскиот народ кога е во прашање чествувањето на македонските и сесловенските просветители, браќата од Солун - светите Кирил и Методиј. Во книгата „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим” е запишано декачетириесет години Македонската републичка делегацијасвечено го одбележува Денот на словенските просветителисветите Кирил и Методиј во Рим. Во месец мај веќе 40 годиние претставувано македонското традиционално наследство, во кое е вткаена плодната дејност на солунските просветители,кои во основата на литературниот старословенски јазик ги вткаајужномакедонските говори од околината на Солун . Во програмите вочест на свети Кирил Филозоф и свети Методиј, широко чествувани воМакедонија, важно место зазедоа и тие во Рим, посветени на поклоненијатапред гробот на Свети Кирил Филозоф, починат во Рим , на 14февруари стар стил, (27 нов стил), во 869 година. Во широкото откривањена Кирилометодиевското наследство, преку културни, научни идруги уметнички програми и манифестации во Рим, и МПЦ со пиететги одбележа изминатите чествувања, на кои посебно се задржувамево оваа книга. Разбирливо е дека ваквиот однос се засили со признавањетона автокефалноста на МПЦ во 1967 година, по што веќе во1969 година започнаа редовно одржуваните молебени на гробот насвети Кирил Филозоф во Рим. Првиот архиепископ на МПЦ, г.г. Доситејим даде значаен белг на сите чествувања, кои понатаму го продолжијаистиот пат наредните архиспикопи, за да ја одбележи 40-годишнинатана поклоненијата денешниот охридско-македонски архиепископ г.г.Стефан. На чествувањата во Рим и во Република Македонија земаат учество високи претставници на Владата на Р. Македонија, на Министерството за култура, на Министерството за надворешни работи, на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, а во училиштата ширум Македонија, кои го носат името на просветителите денот се одбележува празнична и свечено. Свети Климент во Рим Оваа година е посебно одбележана во календарите за прослави, во која зема учество Македонската државна делегација. Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан организира свечен настап со молебен на гробот на свети Кирил, со посебна беседа. Покрај свечениот чин пред гробот предвидени се и билатерални средби на државно, верско, културно и научно ниво. Резимиран осврт на досегашните 40 прослави дава монографијата "40 чествувања пред гробот на Св. Кирил Филозоф во Рим", изработена од авторите: проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ, Славе Николовски-Катин и епископот Климент, промовирана на четириесеттиот јубилеј во Рим, со промотор од страната на охридско-македонскиот архиепископ г.г. Стефан. Универзитетот "Свети Кирил и Методиј" од Скопје организира, како и секоја година, покрај свечената прослава и академија, молебен пред споменикот на светите Кирил и Методиј во универзитетскиот комплекс. Музејот на Македонија учествува со "Етнолошка изложба на македонски народни носии и накит". Избор на хорски изведби подготви женскиот камерен хор "Света Злата Мегленска" од Скопје. Во изминатите чествувања се остваруваа контакти со папите Јован павле II и Бенедикт XVI. Издавачка дејност: Вера Стојчевска - Антиќ и Методиј Златанов: По стапките на христијанството во Македонија (книга З) , Скопје 2008. Славе Николовски-Катин: Иселеничка вртелешка, „Македонска искра“ - Скопје, 2008,1-254, Славе Николовски-Катин: Монографија за Бошко Рајчовски-Пелистерски од Детроит, „Македонска искра“ - Скопје, 2008, 1-254 (на македонски и англиски) Вера Стојчевска-Антиќ, Славе Николовски-Катин, епископ Климент: 40 поклоненија пред гробот на свети Кирил во Рим, „Македонска искра“, Скопје, 2008, 1-228 (на македонски). Крај Пишува: СЛАВЕ КАТИН |