|
||||
Д-Р. ВЕРА АПОСТОЛОВА – МЕХАНЏИСКА - ЖИВОТHИОТ СОПАТHИК HА БЛАГОЈ (4) |
Бизнисменот, хуманистот и донаторот и, во исто време, човекот кој епосветен на фармакологијата и економијата во Република Македонија и на Балканот, Благој Механџиски и неговата животна сопатничка Вера, испишаа една прекрасна заедничка деловна, лична, семејна, национална и професионална сага долга четириесетина години. Често се вели дека жената е десната рака на мажот. Тоа се потврдува во брачниот живот, во нивното заедничко живеење, во кои споделиле и радост и тага, и успеси и падови и многу убави мигови, патувања, дружења, отвориле нови патишта на живеењето и опстојот, од кои носат прекрасни спомени за еден хармо-ничен и среќен македонски брак. Семејните корени на д-р Вера Механџиска, родена Апостолова, покојната сопруга на Благој Механџиски се од Пијанец. Поточно, нејзините родители се од Македонска Каменица, а таа е родена во Делчево, како второ дете во семејството Апостолови, по сестра ѝ Надица, педагог, и братот Жарко, адвокат. Имено, нејзиниот татко Фиданчо Николов Апостолов - Кантуре (1918-1990) бил роден во Македонска Каменица, а најдолго учителствувал во Македонска Каменица, Делчево и Тработивиште, каде станал учителска легенда. Тој бил познат како вистински народен учителски доајен, којшто со своите етички вредности, мисловно-критички хоризонти, естетски перфекционизми и професионалната делотворност, со својата раскошна човекова природа, со своите карактерни својства кај своите генерации во Делчево и Македонска Каменица останал како пример, почитуван просветен инспектор, просветен советик и уважен граѓанин на општините Делчево и Македонска Каменица. Фиданчо како учител секогаш покажувал примерни резултати во училиштето надвор од него. Многу ја сакал својата служба и имал голема педагошка љубов кон учениците, при што покажал одлични резултати. Затоа, бил почитуван од учениците, колегите и образовните институ-ции, кои за неговиот успех во работата го наградиле со унапредување во работата со бројни признанија и награди Мајка ѝ на Вера, Ристена Апостолова, пак, била пример на добра и традицио-нална Македонка, мајка, баба, другарка чувар на семејството. Таа не била образована како Фиданчо, но била мудра природно надарена. Ристена била поддржувачот и, во многу случаи реализаторот на сѐ она што Фиданчо го постигнал во својот живот и дело. Со еден збор, таа била столбот на семејството Апостолови. Делчево Животната приказна на познатото и признато семејство Апостолови започнала во Македонска Каменица и Делчево, револуционерни гратчиња во кои се родени или имаат потекло плејада македонски интелектуалци, револуционери, бизнисмени и други личности, кои се борат за афирмација на македонските идеали и кои постигнале видни резултати на повеќе полиња, не само во Пијанец, туку и ширум Македонија. Вера Механџиска е Македонка родена во Делчево во 04.02.1947 (26.02.2014) година. Та е второ дете во бракот на познатиот пар педагогот Фиданчо Апостолов-Кантуре и домаќинката Ристена. Нивната ќеркичка дошла на свет во немирните години по втората половина на четириесетите години од минатиот век. По успешното завршување на основ-ното образование во Делчево, Вера се запишала во средно училиште, кое го завршила со успех. Потоа продолжила на Медицинскиот факултет во Скопје, каде успешно го завршила своето виско образование. Во тој период се запознала со Благој, кога и пламнале првите љубовни искри на двајцата лични млади луѓе, што било најава за нови предизвици, за еден нов брачен живот. Така, 1974 година ќе биде забележана со златни букви во животот на Вера и Благој. Таа година тие го започнале својот заеднички живот и посреќно утре во годините што следеле. Вера беше благородна личност која со сето свое битие, со душата и срцето беше посветена на своето семејство, на Благој, на ќерќите, на зетовците, но најмногу на внучињата, кои ѝ беа светлата точка и убавината во нејзиниот живот. Д-р Вера Механџиска беше почитувана, позната и призната Македонка која потекнуваше од македонско патриотско семејство. Во исто време, таа беше почитуван медицински работник, специјалист и, заедно со Благој, најактивните во веледрогеријата „ЗЕГИН“. Несомнено дека кога се пишува за историскиот развој на жената во македонската медицинска фела, тогаш името и делото на Вера Механџиска е тесно поврзано со активностите и работата на медицински и фармацевтски план. Со нејзината работливост, честитост, трудољубивост, хуманост и донаторски однос, остави длабоки траги кај младите генерации и претставува патоказ за ширење на добриот македонскиот дух и љубов меѓу вработените, семејството и пошироко, меѓу пријателите, другарите, колегите... Вера не само што напорно работеше во нивниот бизнис, туку таа беше актив-на во организирање на различни посети, видувања, другарувања, како и на вече-ринки, пикници, и друг вид македонски собири и дружења. Истовремено, таа беше жената која финансиски помагаше бројни индивидуални личности и институции, на кои им требаше помош, особено на македонските православни цркви во Македонија. Оваа благородна и прекрасна личност со исклучителни способности и чувства го чуваше како аманет делот од спомените и настаните од нејзините животни врвици, и во детството и во онаа рана младост на битките да се бори и да се успее по секоја цена и кога е најтешко. И, се разбира, вгнездено во долапот на вечноста го чуваше најубавиот период - тоа се долгите брачни години со нејзиниот сопатник Благој. Колку може да се пишува за таа заедничка идила, за радостите, успесите, тегобните моменти, среќниот углед и статус, и сѐ така од средината на минатиот XX век, и првите децении од XXI век сите години што следеа потоа што им ги дари Бог, да живеат среќни години во новото столетие, заедно со своето семејство, ќерките и најголемата радост внучињата, да им се посвети до крајот на нејзиниот живот. Нема поблагородна работа од чув-ството да се осветли историската вистина за едно семејство, за еден брачен живот, за една вистински голема и респектирана жена и нејзиното поколение, како што беше д-р Вера Механџиска. Проникнувањето во семејните и индивидуалните хоризонти на семејството Апостолови и Механџиски и на Вера ја откриваат сликата за судбината на Македонците од биб-лиска Македонија, особено за Македонците од Пијанец и Малеш.
Вера со Благој
Вера со ќерќите Викторија и Христина Животната приказна на Вера Механџиска е, истовремено и еден вид сторија и историска вистина на една честита и образована Македонка. Со овој дел во биографијата за нејзиниот животен пат, сублимирано се проектира најновата фаза наисторијата на една скромна докторка. Приказната за Вера и на нејзиното семејство Апостолови и Механџиски е и иста и единствена и слична и идентична иразличнасосудбинските ипатешествија-танабројни Македонци. Инаку,биографскитеподатоци за Вераи Благој се огледало на нивниот животен пат, судбина, минато, сегашност, дел од нејзините лични и семејни постигнувања, како дел од иднината на нејзиното семејство. Затоа, со право може да се каже дека со ова дело во кратки црти се проектира еден дел од македонската историја, на македонска жена, сопруга, почитуван родител, на едно скромно македонско семејство, чиј претставник беше д-р Вера Механџиска. Продолжува Пишува: СЛАВЕ КАТИН |