|
||||
ДЕЛ ОД ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ВО ДЕЛОТО НА РИСТО СТЕФОВ (1) |
Делото „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ е публикација на Ристо Стефов (Chris Stefou), роден на 11 јуни 1953 година во револуционерното село Ошчима, Леринско, во Беломорска Македонија. Како последица на економско-политичките случувања во Егејска Македонија, неговото семејство се иселило од дедовкиот праг во 1965 година кога Ристо имал дванаесет години и за секогаш се населиле во демократска Канада. Ристо Стефов (Chris Stefou) е писателот кој живе и твори во Канада и кој ја афирмира Македонија од античко време до денес. Тој е добро познат во македонската заедница во Торонто, а е афирмиран автор во македонската дијаспора и во етничка Македонија. Ристо е автор на поголем прој публикации со кои се покажа и долажа како вљувеник во историјата и вистина за македонскиот народ и етничка Македонија. Инаку, неговото родно живописното селото Ошчима е сместено меѓу градовите Лерин и Костур блиску до изворот на реката Бистрица во северо-источниот дел на Егејска Македонија. Селото се наоѓа на околу илјада метри надморска височина, помеѓу планините Бигла на север, планината Гомнуш на исток и планините Локма и Боданца на запад. Од ова чисто македонско село има голем број познати личности во Република Македонија и особено во Канада. Во селото Ошчима кое има своја судбина и своја историја се смета дека првите жители се доселиле од други делови на Македонија. Не се знае колку точно е старо слото, но првите информации за најстарите фамилии се од 18 век. До почетокот на 19 век три-четириесет фамилии живееа во Ошчима, чиј број на жители бил околу двеста. Тој е автор на делото „History of the Macedonian people from ancient times to the present“ чиј преводот од англиски на македонски јазик под наслов „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ е на Соња Прус, а го уредил и подготвил за печат авторот на овие редови, Славе Катин. Делото е издание на книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, во 2008, на 505 страници, а е отпечатено во печатницата „Софија“ во Богданци. Рецензенти на делото се: академик Антоније Шкокљев – Дончо и Славе Николовски – Катин. Оваа значајно историско дело кое за прв пат е печатено на англиски јазик во Торонто е огледало на вистината за македонскиот народ и за Македонија од антички времиња до денес. Книгата е поделена на 29 глави во кои се третира историскиот развој на македонскиот народ и Македонија од најпрвото македонско кралство преку издигнувавето на Македонската Империја, до денешното формирање на македонската независна, демократска и самостојна држава - Република Македонија. За излегувањето на книгата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ од Ристо Стефов на македонски јазик е заслужен Славе Катин. Тој е рецензент на книгата, ја уреди, ја подготви за печат, неговата издавачка куќа „Македонска искра“ ја издаде книгата и ја промовираше во Република Македонија. Славе Катин како публицист е аналитичар на Македонците во светот и е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија, на животот на Македонците во светот, на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на античка Македонија. Исто така, неговото творештво се однесува и на низа други аспекти поврзани со македонската дијаспора, како и со културата, литературата, јазикот, историјата, журналистиката и религијата. Тој е aвтор на шеесет публикации, од кои 22 се со името „Македонија“, 20 се монографии на македонски и на англиски јазик за познати личности во дијаспората и Република Македонија, а седум дела се лексикогравски изданија. Исто така, Катин е автор на над стотина научни трудови презентирани на различни симпозиуми, трибини и други собири, како и на околу 5.000 новинарски текстови објавени во Македонија и во светот. Инаку, во предговорот на делото „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ се вели дека уште од почетокот, грчката, бугарската и српската држава, а во помал степен и албанската, систематски ги користат сите можни средства, вклучувајќи пропагандна војна, за да го негираат постоењето на македонската нација. Тие го прават ова не поради тоа што Македонците не постојат, туку за да ги узурупираат целосно македонските територии и богатото македонско наследство.
Монографијата за донаторот Атанас Близнаков,чие потекло е од селото Д’мбени е првото издание на доживотниот член на фондацијата “Близнаков’, Славе Николовски-Катин, а е издание на Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и Министерството за иселеништво, отпечатена во Скопје во 2000 година, на 336 страници, на македонски јазик. Делото „Short History of the Macedonian People” („Кратка историја на македонскиот народ) е дело на Ристо Стефов, отпечатено во Торонто вo 2007 година. Се’ до неодамна, немаше организирани македонски претставници да зборуваат во името на македонскиот народ и за нивните права како граѓани на овој свет, па затоа непријателите на Македонија – Грците, Бугарите, Србите и, од неодамна, Албанците – зборуваа во нивно име. Сега, дојдено е времето кога Македонците ги земаат работите во свои раце и ги оспоруваат старите верувања и нелегитмноста на оние кои зборуваат во нивно име. Само Македонците се законски наследници на македонското наследство и се составувачи на македонската историја. Македонците не се Грци, Бугари, Срби или Албанци. Ниту, пак, истовремено можат да бидат Грци, Бугари, Срби и Албанци, како што тврдат нивните непријатели. Грција тврди дека “Македонија е грчка” и дека таа е тоа четири илјади години. Спротивно на античките и современите докази, тие продолжуваат да инсистираат дека античките Македонци биле Грци. И, пак, спротивно на доказите и без доказен материјал, современите Грци тврдат дека тие се директни потомци на античките Грци и дека како такви се законски сопственици на античкото наследство. Освен тоа, а и без трошка докази, тврдат дека “сите” антички Македонци биле убиени во текот на таканаречените “инвазии на Славјаните” во V и VI век по Христа и дека не останал никој друг освен Грците да полагаат право на македонското наследство. Грците, повторно, без никакви докази, тврдат дека модерните Македонци се Словени кои извршиле инвазија на Македонија во текот на V и VI век по Христа и дека немаат ништо заедничко со античките Македонци, па, според тоа, немаат право на македонското наследство. Книгата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ ги оспорува сите грчки тврдења и без никакво сомнение ќе докаже дека тие не се ништо друго освен еден “грчки мит”. Прво, добро е познато дека една “грчка држава” никогаш не постоела пред 1829 година. Античките градови-држави биле освоени од страна на Филип II, крал на Македонија, во 338 година пред Христа и никогаш не биле обединети во една држава с’е до создавањето на грчкото кралство во 1832 година. Зарем не биле Македонците тие кои ги освоиле античките градови-држави? Како тогаш античка Македонија може да биде грчка? Големите сили го создадоа современтото грчко кралство за првпат во 1832 година како обид да се подели Отоманската Империја и да се спречи формирање на една словенска држава на Балканот. Големите сили, Британија и Франција, ја создадоа современа Грција само со цел да го блокираат рускиот пристап до Средоземното Море. Што се однесува до чистотата на современата грчка нација, постојат изобилни докази, и историски и научни, кои им противречат на современите грчки тврдења. На пример, не постои современа чиста грчка раса која потекнува директно од античките градови-држави. Денешните современи Грци, како и другите нации на Балканот, се составени од Словени, Македонци, Турци, Албанци, Роми, Власи итн. Еден современ Грк е само Грк по образование или асимилација и нема корени постари од 1832 година кога грчката држава и грчката нација/народ биле создадени за првпат. Современиот Грк не само што нема митско минато, туку, за жал, ги напуштил и се откажал од своите вистински корени и наследство. Постојат многу примери за тоа како градовите-држави постигнале националност на сметка на други раси/етнички групи. На пример, кога за првпат во 1912 година Грција ги окупирала македонските територии, немало Грци кои живееле во Македонија. Сепак, неколку години подоцна, грчката држава продуцирала статистички податоци кои покажувале дека големо мнозинство од македонското население било грчко. Како било можно тоа? Во реалноста, тоа не било можно. Грчката држава бесрамно го асимилирала македонското население со насилно менување на македонските имиња и топоними во грчки имиња и топоними. Продолжува Пишуваат: РИСТО СТЕФОВ И СЛАВЕ КАТИН |