|
||||
ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА – ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА ЕТНИЧКА МАКЕДОНИЈА (2) |
Делото „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ е публикација на Ристо Стефов (Chris Stefou). Оваа значајно историско дело кое за прв пат е печатено на англиски јазик во Торонто е огледало на вистината за македонскиот народ и за Македонија од антички времиња до денес. Книгата е поделена на 29 глави во кои се третира историскиот развој на македонскиот народ и Македонија од најпрвото македонско кралство преку издигнувавето на Македонската Империја, до денешното формирање на македонската независна, демократска и самостојна држава - Република Македонија. Во неговиот богат опус на издадени книги, едно од најзначјните научни и негово капитално дело е „Историјата на македонскиот народ од антички времиња до денес“, на „Македонски јазик“ (2008), од Скопје, за чија промоција Ристо Стефов дојде за прв пат во Република Македонија За ова многу значајно историско дело кое содржи над 500 страници, тврд повез, рецензенти се: академик Антоније Шкокљев - Дончо, по потекло од Дамбени, Костурско, Егејска Македонија и Славе Николовски-Катин од Преспа. Оваа значајно историско дело кое за прв пат е печатено на англиски јазик во Торонто е огледало на вистината за македонскиот народ и за Македонија од антички времива до денес. Книгата е поделена на 29 глави во кои се третира историскиот развој на македонскиот народ и Македонија од најпрвото македонско кралство преку издигнувавето на Македонската Империја, до денешното формирање на македонската независна, демократска ја самостојна држава - Република Македонија. Посебен простор во книгата "Историјата на македонскиот народ од антички времива до денес" од Риста Стефов е посветен на периодот на Филип Втори Македонски и на неговиот син најголемиот од сите европски кралеви Александар Трети Македонски, кој беше најголемиот освојувач на сите времива, господарот на Азија и човекот кој ги прошири границите на Македонија до Индина. Исто така, во ова романизирано историско дело Ристе Стефов поместува опширни материјали за времето на Римската Империја, за кралицата Клеопатра, последната од големите македонски владетели, како и за воздигнувавето на христинаството на македонмските простори, на чело со Јустинијан Први. Потоа, се поместени материјали за Цар Самуил, времето на Византија и Отоманската Империја. Значаен простор е даден на настаните пред и после Илинденското востание, како и за Балканските војни и за трагичната поделба на Македонија. Во делото "Историјата на македонскиот народ од антички времиња до денес“, авторот Риста Стефов посветил особен простор за периодот на Македонија од 1939 до 1949 година, за Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција, која беше фатална за македонскиот народр од Егејска Македонија. Исто така, авторот се осврнува и на егзодусот на децата-бегалци од Беломорска Македонија, како и на сегашната состојба во Република Македонија. Ристо Стефов е Македонец од Канада, публицист, канадски интелектуалец, инжинер по образование и сопственик на компјутерско биро, доблесен патриот, човек кој цел живот ги брани интересите и ја чува и афирмира вистината за Македонија и македонскиот народ пред светската јавност. Покрај делото “Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес”, тој е автор и на делата: “Македонија – илустрирано издание со карти, фотографии и биографии”, “Малата книга со големите грчки лаги”, “Монографија за селото Ошчима”, “Кратка историја за Македонија и македонскиот народ” и заедничкото дело со д-р Мајкл Серафинов “Ова земја не ја даваме”, како и на „Македонија во античко време“ и „Балканот и Македонија“, заедно со академик Антоније Шкокљев-Дончо и Славе Николовски-Катин, сите на англиски јазик Ристо Стефов е ангажиран од Добротворното здружение на Ошчима, едно од првите македонски асоцијации, формирано 1907 година во Канада. Тој бил во управниот одбор, потоа бил избран за претседател на оваа друштво. Исто така тој е член и на Леринското друштво за Онтарио, на кое бил и претседател, потоа на Македонското научно друштво, а е многу активен и во македонската заедница . Инаку, друштвото “Ошчима” во минатото, па и се’ до денешно време, било и е тесно поврзано со жителите од селото, а посебно на оние кои во меѓувоениот период и по Граѓанската војна во Грција, кога селото ги претрпело најголемите несреќи. Тоа развило и издавачка дејност, во чии рамки е отпечатена и монографијата за селото, како и телефонскиот именик во кој се поместени телефонските броеви и адресите на сите жители од Ошчима, без оглед на сегашното место на живеење. Ристо Стефов за прв пат по заминувањето во Канада се врати во родната Македонија и го посети слободниот дел, Република Македонија во 2008 година. Тоа за него беше голем предизвик, времеплов и своевидна сага за неговото интелектуално опстојување. Целиот свој живот делбата на Македонија ја сваќа како трагедија и погуба на македонското дело, на својот народ и на идните македонски генерации. Затоа, тој е публицистот кој војува со перото и пишаниот збор се’ со цел да ја прикаже и афирмира вистината за Македонија и македонскиот народ во светот. Тоа го потврдува фактот дека кај него тлее убавата и правдољубива идеја за Македонија, а со своите дела за висината за Македонија се издигнува над времете во кое живее. Неговите дела, во исто време претставуваат поттик и инспирација за идните македонски генерации, особено во иселеништвото, а и пошироко во Македонија. Тој пишува дека во текот на дваесеттите години од минатиот век, во текот на размената на своето население со Турција, Грција увезла еден милион христијански Турци од Мала Азија што претставувало околу една петтина од нејзиното цело население и најголемиот дел од нив ги населила во Македонија. Овие луѓе, исто така, станале Грци со сила. Вистинскиот недостаток, односно пукнатина, во генеологијата на претензијата на грчката држава врз античките народи е што, по осумдесет години живеење на македонска почва, таа ги убедила азиските новодојденци дека тие се законските сопственици на македонските земји и наследство, бидејќи им било кажано дека тие се вистинските директни потомци на античките Македонци, а не автохтоното македонско население што тие го замениле. Грчката држава не се срами да прибегне кон измама и лаги, дури и кон својот сопствен народ, за да го убеди светот дека само Грција и само Грците се законски наследници на македонските земји и нивното наследство. Сето ова се прави на сметка на вистинските Македонци кои живееле на тие земји стотици генерации и кои сега се раселени и истиснати. Бугарите, исто така, полагаат право врз македонките територии и користат секакви можни средства да го убедат светот дека Македонија законски им припаѓа ним. Бугарското тврдење е дека “Македонија е бугарска” бидејќи македонскиот народ е бугарски. Тие се Бугари бидејќи зборуваат на “еден дијалект” на бугарскиот јазик. Делото „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ ги оспорува бугарските тврдења и ќе докаже дека тие, исто така, се погрешни и контрадикторни. Добро е познато дека Македонците веќе живееле на Балканот и зборувале на словенски јазик долго пред да пристигнат првите бугарски канови, со нивните турски и татарски хорди. Доказите покажуваат дека бројно инфериорните Бугари биле асимилирани во поголемото автохтоно население, кое зборувало на словенски јазик, и дека го прифатило словенскиот јазик и култура. Поточно, Бугарите зборуваат на дијалект на македонскиот јазик, а не обратно. По се, зарем не биле тоа македонските браќа Кирил и Методиј од Солун кои ги просветлиле Бугарите? Книгата ,,Македонија - земја на легенди”, од Ристо Стефов печатена на англиски јазик, а издадена од издавачката куќа ,,Македонска искра” од Скопје во 2010 година, пак, е дело за неговата голема љубов кон родната земја. Авторот ги опишува импресиите од првата посета на Република Македонија по четириесет и две години живеење во Канада. Ова дело кое се однесува за неговата посета на Македонија, ќе остане тој вечно да се сеќава на се’ она што го виде и доживеа. Во исто време книгата ќе остане да биде значаен документ за бројните посети, настани, дејствија, личности, простори и збиднувања. Со своите репортерски видувања тој настојува да навлезе во суштината на македомнското живеење, во вистината, слободата, иднината... Затоа, Ристо Стефов вели: ,,Дојдете и посетета ја Македонија каде обичниот човек може да живее како крал”. Без да навлегуваме во премногу детали на ова место, сакаме да напоменеме дека целта на оваа книга е на читателот да му претстави едно македонско гледиште за историјата на Македонија. Време е светот да го слушне македонското гледиште. Спротивно на она што непријателите на Македонија изјавуваат, вистината е на македонска страна. Постојат изобилни докази дека античките Македонци не само што опстанале низ многубројните несреќи и премрежја од античко време до сега, туку дека нивните потомци, навистина, постојат во Грција, Бугарија, Република Македонија, Албанија, Канада, Австралија, Соединетите Американски Држави, Европа и низ целиот свет. Тие сега се во процес на регрупирање и ги користат можностите на информатичкото доба да возвратат и повторно да го земат она што е нивно. Книгата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ е хронопис на настаните во кои се вклучени Македонија и македонскиот народ од предисториско време до денес. Таа во никој случај не е потполно комплетна, ама на читателот ќе му даде една општа анализа на македонската историја. Книгава е напишана на англиски јазик, а овој е превод на македонски јазик. Таа треба да биде корисна посебно за помладите генерации во дијаспората кои сакаат да учат за македонската историја, но немаат време или ресурси за долги и опсежни истражувања. Освен што обезбедува една сеопфатна анализа на историјата, книгава содржи скапоцени информации собрани од интервјуа и лични искуства што не можат да се најдат на било кое друго место. Исто така, бидејќи оваа книга го претставува македонското гледиште, во оваа пригода се користени македонски зборови за да се опишат некои попознати имиња на места како, на пример, Солун (Салоника), Цариград (Константинопол) и Православни (Византијци). Продолжува Пишуваат: РИСТО СТЕФОВ И СЛАВЕ КАТИН
|