Среда, 19 Мај 2021    PDF Печати Е-пошта
БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ КАКО ВОЈНИ НА ИСТРЕБУВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (3)

1ka1Восхитувањето од слободата спласнало брзо, како што пламените jазици од селата што гореле го запалиле ноќното небо. Македониjа била повторно во пламен. “Ослободителите” се претвориле во окупатори и опсипале пустош врз македонското население. Политичкото, економското и етничкото единство на Македониjа веќе го немало.

Грчките воjници кои дошле да ги ослободат своите “христиjански браќа” од турските угнетувачи и од страшните Бугари, сега палеле, мачеле и убивале луѓе. Според зборовите на сер Едмонд Греj /Sir Edmond Grey/, “Балканската војна почнала како војна за ослободување, брзо прераснала во војна за анексирање, а завршила како војна за истребување.” (Стр. 294, Васил Богов, “Македонско откровение, Историски документи, карпи и кршевини, современа политичка идеологиjа”).

Грчките злосторства му биле обелоденети на светот кога била пронаjдена една изгубена поштарска торба во која имало писма од грчките воjници во Македониjа, адресирани до нивните семејства во Грциjа. Таа и била предадена на Карнеги комисиjата за помош и содржините на писмата биле обjавени на јавноста. Очекуваjќи да се борат за славата на нивната татковина, воjниците сепак се нашле во ситуациjа да мачат, убиваат, палат куќи и да протеруваат жени и деца од нивните домови, на наjподол начин.

Писмата откриле дека воjниците деjствувале според директни наредби од грчките власти и од самиот крал. На македонските семејства на познати егзархисти (Македонци што припаѓале на бугарската црква) им било наредувано со сила да “си понесат со себе она што може да го носат и да си заминат”. “Ова сега е Грциjа и овде нема место за Бугари.”

Оние кои останале биле присилени да се заколнат на лоjалност кон грчката држава. Секој коj одбивал да положи заклетва на лоjалност, или бил погубуван, како пример што може да им се случи на оние нелоjалните, или бил истеран од земjата. За да јa обjаснат масовната евакуациjа, грчките функционери тврделе дека жителите на Македониjа си заминале според сопствениот избор или станале Грци според сопствениот избор. Но, вистината е дека на никого воопшто не му бил даден никаков избор.

1ka12  1ka13

Sер Едмонд Греj (Sir Edmond Grey) 

 “Илjада грчки и српски публицисти почнале да го исполнуваат светот со нивниот вик за суштинскиот грчки или српски карактер на населението во нивните различни сфери. Србите на несреќните Македонци им дале дваесет и четири часа да се откажат од својата националност и самите да се изјаснат за Срби, а и Грците го сториле истото. Одбивањето значело убиство или протерување. Грчките и српските колонисти се слевале нa окупираната територија...

Грчките весници почнувале да пишуваат за македонски народ во целост на грчки јазик – и тие го објаснувале фактот дека никој не зборува грчки, со тоа што го нарекувале народот “бугаро-фони Грци” ... грчката војска влегувала во села каде никоj не зборувал на нивниот jазик. “Што мислите со тоа што зборувате бугарски?” викале офицерите. “Ова е Грциjа и вие мора да зборувате грчки.” (Стр. 104, Џон Шее, “Македониjа и Грциjа, Борбата да се дефинира една нова балканска нациjа” /John Shea, Macedonia and Greece, The Struggle to Define а New Balkan Nation/).

Во 1913 година професорот Р. А. Реис /R. А. Reiss/ ја известил грчката влада: “Оние за кои вие велите дека говорат бугарски, јас едноставно би ги нарекол Македонци... македонскиот jазик не е jазикот на кој зборуваат оние во Софиjа... повторувам дека масата население таму (Македониjа) останува едноставно Македонци.”

Историjата повторно го свртела погледот од грчките, бугарските и српските злосторства во Македониjа, за да се фокусира на новите настани кои само што не почнале да се развиваат и кои се заканувале да го прегазат целиот свет.

Откако ги изгубила Босна и Херцеговина, во корист на Австриjа во 1908 година, но и албанските територии во 1912 година (повторно поради Австриjа), Србиjа станала огорчена и навредена. “За Србите-националисти, хабзбуршката монархиjа (Австро-Унгариjа) била старо злобно чудовиште кое спречило нивната нациjа да стане голема и моќна држава.

На 28 jуни 1914 година, еден млад српски националист, Гаврило Принцип, го убил наследникот на хабзбуршката монархиjа, надвоjводата Франсис Фердинанд и неговата жена, во Сараево.” (Стр. 104, Феликс Гилберт, 601 Крајот на европската ера, 1890 година до денес /Felix Gilbert, The End of the European Еrа, 1890 to the Present/).

1ka14  1ka15

За само две недели од атентатот, избувнала Првата светска војна која ќе јa прегази цела Европа. Тоа било неизбежно и прашање на време било кога една “светска војна” ќе избие на Балканот. Големите сили биле неспособни за спроведување дипломатиjа, ниту меѓу себе ниту со новите балкански држави, за чие содавање тие помогнале. Македониjа била жртвувана за да се задоволат новите балкански држави, но тие сториле малку за да ги задоволат своите екстремно интензивни апетити за земjа и за пљачкосување.

Додека Првата светска војна беснеела, уништуваjќи ги животите на милиони млади мажи и жени, Грциjа, Бугариjа и Србиjа му служеле на својот шовинизам во Македониjа. Наредните пет години, додека светот бил зафатен со своите лични проблеми, немало кој да ги слушне лелеците на македонскиот народ во рацете на новите тирани. Кога надгробните споменици на мртвите Македонци би можеле да зборуваат, тогаш тие би кажувале стории за мачења и погубувања, за измами и лаги. Тие би рекле:

 “Нашите христиjански браќа доjдоа да не ослободат нас, но наместо тоа, тие не убиваа поради тоа што им бевме на нивниот пат да станат моќни. Ние бевме етикетирани како ‘криминалци’, бидејќи не сакавме да попуштиме на нивните барања. Ве прашувам вас, дали е кривично дело да сакаш да живееш како слободен човек? Дали е кривично дело да сакаш да си Македонец? Дали е кривично дело да сакаш да си јa изразуваш својата слободна волjа? Криминалци се оние кои валкаат се што е христиjанско, кои кажуваат лаги и измами и не’ убиваат нас за да ја поседуваат нашата земја. Историјата ќе го забележи 10 август 1913 година како наjмрачен ден за Македониjа, денот кога нашата иднина умре.”

Тројната окупациjа ги влошила условите за живеење во Македониjа, но борбениот дух на македонскиот народ продолжил да живее во илегала и во странство. Борбата на трите генерации за слобода и за независна Македониjа заврши. Генерациjата на Илинден и на ВМРО беше поразена, не од Турците или од муслиманското угнетување, туку од христиjанската свирепост и измама.

Набрзо по окупациjата, насекаде се поjавиле илегални здружениjа, охрабруваjќи го македонскиот народ да не јa прифати својата нова судбина и да се спротивстави на поделбата. Како резултат на тоа, многу Македоници го направиле тоа така што одбиле да му се потчинат на новото чиновништво и што не учествувале во новите институции. Но, ова не ги сопрело воените режими кои јa окупирале Македониjа од систематска денационализациjа и насилна асимилациjа.

Борбата за “превласт во светот”, која започнала поради балканските работи, наскоро земала злокобен пресврт за повторно да jа инволвира Македониjа. Додека силите на Антантата (Британиjа, Франциjа, Русиjа и Италиjа) се бореле со Централните сили (Германиjа и Австро-Унгариjа), Бугариjа, која боледувала поради неjзините загуби од Букурешт, останала неутрална. При пресвртот на настаните, на изненадување на Грците, силите на Антантата и пришле на Бугариjа, нудеjќи и значително голем дел од македонската териториjа во замена за неjзиниот соjуз.

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5 РИСТО СТЕФОВ  И

1slave 5 СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.