|
||||
УСПЕШНИ 30. ГОДИНИ НА ФАРМАЦЕВСКАТА КОМПАНИЈА „ЗЕГИН“ (6) |
Името на фирмата „ЗЕГИН“ е составено од пет букви кои значат: „З“ - здравство, „Е“ - едукација, „Г“ - гаранција, „И“ - информација и „Н“ - надеж. Тоа биле кратенките за кои бил распишавме конкурс пред регистрацијата. Мисијата на брендот, пред сé, е да се биде вистински пријател на здравјето на луѓето и семејствата, преку обезбедување на квалитетен а најефтин лек поткрепен со стручен совет. Компанијата ЗЕГИН е ригистрирана во 1989 година како прва и најголема веледрогерија во Македонија и оваа 2019 година е јубилејна – 30. година од нејзиното дејствување. Нејзината основна дејност е внатрешна и надворешна трговија со лекови, медицински помагала, диететски, макробиотски и козметички производи. Компанијата работи во согласност со правните регулативи во земјата, имплементирајќи ги највисоките светски стандарди и најуспешните практики. Компанијата е регистрирана и за увоз на лекови. Во рамките на ЗЕГИН Големопродажба, функционира посебен сектор за истражување и анализа на пазарот, како и за следење на светските достигнувања во областите кои се сфери на интерес и дејствување. ЗЕГИН Големопродажба, соработува со клинички центри и општи болници и ја снабдува широката мрежа со повеќе од 400 аптеки, што ја прави најголема веледрогерија во земјата со удел од 60 % на пазарот со лекови. Фирмата „ЗЕГИН ДОО“ од Скопје е прва приватна веледрогерија во Република Македонија која долг период претставува пример за успешно работење, донаторство за хуманитарни цели, но и фирма која често нуди интересни иницијативи и новини. Под мотото „Аптекарски бисер во Македонија“, пред повеќе од 17 години стартуваше со работа веледрогеријата „ЗЕГИН“. Брендот „ЗЕГИН“, не само што е познат во Македонија, всушност, тој тежнее да стане регионален лидер на Балканот, за што во мај, 2006 година, со исландската фирма „Milestone“, „ЗЕГИН“ потпишал договор за здружување, при што е формирана заедничка фирма со еднаков капитал 50:50, со докапитализација. Во функција на идните бизнис перспективи, во април 2000 година, Народната банка на Македонија издаде дозвола за основање на Штедилницата „ЗЕГИН“. Како основачи на новата штедилница станаа трговското друштво за внатрешен и надворешен промет „Зегин Благој“ ДООЕЛ Скопје и Викторија Механџиска. Седиштето на Штедилницата е во Скопје. Нејзините цели и задачи се: да може да прибира денарски штедни влогови од физички лица, најмногу до износ кој е двапати поголем од нејзиниот основачки капитал; да одобрува кредити на физички лица и поединци, кои вршат самостојна дејност без својство на правно лице; да зема кредити од банка и штедилница; да се занимава со економско-финансиски консалтинг; да одобрува кредити на правни лица преку банка; директно да кредитира банки и штедилници и директно да кредитира правни лица, но најмногу во висина од 30 отсто од гарантираниот капитал на Штедилницата. Во 1989 година „ЗЕГИН“ стартуваше со четворица вработени ентузијасти, а по десет години, во 1999 година, прерасна во колектив со 218, главно, млади лекари, фармацевти, економисти и инженери и со синџир од 14 продажни објекти. Во 2015 година компанијата контролира пазарен удел од речиси 60% и соработува со 400 аптеки низ Македонија, клинички центри и општи болници. „ЗЕГИН“ има вработено 1.700 луѓе, има 126 аптеки на македонскиот простор. Според сопственикот Благој Механџиски, успехот на оваа позната веледрогерија, се должи на тоа што нивниот стремеж и упорност отсекогаш биле во чекор со најновите достигнувања во фармацевтската индустрија, а снабденоста со разновидни и евтини лекови да ѝ е задача без отстапка. Не случајно „ЗЕГИН“ во своето работење се раководи од девизата „Здравје со најевтин лек“, но имиџот на фирмата се гради со настојувањето цената на лековите што подолго да остане непроменета. Слоганите на „ЗЕГИН“ имаат долга традиција и претставуваат знак на препознавање и меѓусебна доверба меѓу компанијата и коминтентите. Слоганите на прв поглед и наједноставно даваат реална претстава на широчината на компанијата и хуманоста на дејноста, а тоа се: „ЗЕГИН–вашата семејна аптека“, „ЗЕГИН–аптекарски бисер на Македонија“, „Еднаш со Зегиновиот лек-пријатели за на век“, „ЗЕГИН-храм на вашето здравје“, „ЗЕГИН-повеќе здравје-повеќе задоволство“,„ЗЕГИН-ваша семејна аптека“, „ЗЕГИН-25 години со вас и за вас“, „ЗЕГИН-евробалкански лидер во промоција на нови молекули“, „ЗЕГИН е дел од вашето семејство кога е најпотребно - за здравје“, „ЗЕГИН- ваша семејна аптека“ и „ЗЕГИН-лидер во фармацевтскиот бизнис во Република Македонија и во регионот“. Мисија на „ЗЕГИН“ е да се понуди широк спектар на производи од разни области во медицината, преку лекови, додатоци во исхраната, производи за бебиња, па сѐ до козметички препарати по најприфатливи, достапни и најниски цени. Целта на „ЗЕГИН“ е да им се понуди на пациентите стручна помош, и постојана достапност преку совети за нивното здравје. Со еден збор „ЗЕГИН“ сака да биде пријател на пациентите. Една од дејностите на мисијата на „ЗЕГИН“ е да се вклучи во внатрешната и надворешната трговија со лекови, паралекови, медицински помагала, диететски, макробиотски и козметички производи. Така, одделот „ЗЕГИН- големопродажба“ е директен увозник на лекови. Свети Пантелејмон е патронот на аптеките „Зегин“ кој со години наназад го одбележува сопственикот на овие аптеки Благој Механџиски и неговото семејство. Така беше свечено и во август 2004 година, во аптеката што го носи името на светецот во скопската населба Карпош 3. Инаку, свети Пантелејмон бил лекар, кој со својата исцелителна моќ им помагал на луѓето. Затоа и не случајно е избран да биде симбол на успесите на „ЗЕГИН“. Сопственикот на приватните аптеки „ЗЕГИН“, Благој Механџиски ја прошири својата дејност. Тој, заедно со познатата моќна финансиска фирма „Milestone“ од Ирска, во август 2007 година, регистрираа фирма која почна да работи под името „MM Investment“. Од фармацевтскиот сектор се префрлија и на полето на банкарството, земјоделството.. Благој со пријатели Во таа прилика тој изјави: „ЗЕГИН“ е мултинационална куќа која влезе во најголемиот финансов меѓународен конгломерат во светот „Мајлстоун“, кој ја основа првата финансиска корпорација во Македонија. Заедно ќе работиме со фирмата „MM Investment“. Нивната порака е: сакаме да финансираме во оваа мала земја. Ние и двете сме мали земји, но сме големи народи. Нѐ зближуваат исти желби - и малите народи можат да постигнат многу, ако се здружат и заедно работат и еден на друг си дополнуваат“. Тој формално го најави влезот на оваа фирма на балканските простори, која важи за главен дистрибутер на финансиските инвестиции на ирската компанија. Станува збор за фирма која е распространета низ целиот свет. Присутна е во фармацевтската индустрија, во финансискиот сектор, а поседуваат банки во скандинавските земји, во Англија и во САД. Се занимаваат и со инвестициски фондови, храна, електроника... Исто така, тој изјави: „Во банките ќе влеземе преку новоформираната фирма, бидејќи здравствена организација и аптека не може да купува банки, тоа дејноста не го дозволува. „Milestone“ веќе имаат искуство со банки, со осигурителни компании, чевларска индустрија, стоковни куќи, електроника...“ Тој најави дека планот за инвестиција во Македонија е многу голем. Само во банкарството, вели дека ќе влезат со околу 200 милиони. Преку фирмата влезе и во земјоделските комбинати, така што ја купија винарницата „Лозар“ од Велес, се инвестира во Млекарницата во Берово за производство на замена за детско млеко, а се работи и на Фабриката за производство на ЦО2 и екстракција на есенцијални масла со помош на ЦО2 во Новаци, Битолско. Во рамките на компанијата функционира регистарот - „Сектор за нови производи“. Овој сектор е надлежен за регистрација на лековите и нивно промовирање во Република Македонија. Истата услуга е достапна и за потребите на партнерите, а барањето за регистрација се врши во Агенцијата за лекови при Министерството за здравство на Република Македонија. Целите, пак, на „ЗЕГИН“ се да се постигне висок квалитет на услугите за нивните пациенти и деловни партнери; да се изгради мрежа на аптеки низ цела Република Македонија, со цел да се овозможи пристап до лековите; да се постигне континуиран професионален развој на вработените; да се спроведат најдобрите светски достигнувања од областа на медицината и фармацијата. Продолжува Пишува: СЛАВЕ КАТИН
|