Среда, 09 Јуни 2021    PDF Печати Е-пошта
ДЕЛ ОД СУРОВАТА СУДБИНА НА ЕТНИЧКА МАКЕДОНИЈА (6)

1kult123

Нападот врз Мала Азиjа бил “ексклузивна грчка инициjатива”, без благослов од силите на Антантата и, како резултат на тоа, тие се нашле сами и останати без мунициjа. Тие знаеле дека не можат да се потпрат на Италиjа или на Франциjа за помош, но јa сфатиле својата тешка ситуациjа во која се нашле кога и Британиjа одбила да им помогне.

Дo почетокот на есента Грците биле одбиени на повеќе од половина пат помеѓу Смирна и Анкара, стигнуваjќи во еден неприjатен воен ќорсокак. Сфаќаjќи дека не ќе биде можно да победат воено или политички, Грците прибегнале кон Париската конференциjа од март 1922 година, барајќи компромис. Компромисот повикувал на повлекување на грчките воjски и ставање на христиjанското население под заштита на Лигата на народите.

Претчувствувајќи победа, Мустафа Кемал од Турциjа инсистирал на безусловна евакуациjа на грчките сили, барање што било неприфатливо за Грциjа. Се’ уште сметајќи на британската љубезност, во jули 1922 година, Грците неуспешно се обиделе да добиjат дозвола од своите соjузници да влезат во Цариград.

Турциjа започнала една офанзива од големи размери, на 26 август 1922 година (црн ден за Грциjа и неjзината Голема идеjа), во близина на Афјонкарахисар /Afyonkarahisar/ и ги присилила Грците на брзо повлекување назад до Смирна. На 8 септември грчката војска се повлекувала, а наредниот ден турската војска упаднала во Смирна.

Наjлошото дошло попладнето на 9 септември, кога започнале убивањата и пљачкосувањата, проследени со еден масакр врз христиjанското население во кој 30.000 христиjани, повеќето Ерменци, исчезнале. Како резултат на ова насилство, 250.000 луѓе побегнале кон краjбрежjето за да јa избегнат катастрофалната несреќа.

Воениот поход во Мала Азиjа завршил како и што згаснала “Мегали Идеа” за една поголема Грциjа. Сепак, уште полошо, како резултат на ова катастрофално грчко фиjаско, било тоа што милион турски христиjани биле раселени, повеќето од нив во Македониjа. Нивното населување влиjаело врз македонската демографиjа, како и врз моралот на македонското население.

Цела генерациjа млади Македонци, кои биле регрутирани во грчката војска, биле испратени во воените походи во Мала Азиjа и многу од нив ги изгубиле своите живот. Грчките власти никогаш не го признале нивното служење и никаква компензациjа не им била платена на семејства на оние “глави на семејството” кои го загубиле животот. Причината за ваквиот пропуст, според грчките власти, е што “тие биле Бугари”.

Ни имаат кажано дека е доблесно да се умре за својата татковина. Зарем не би било уште подоблесно да се умре за нечиjа туѓа татковина? Како Грците им се одолжиле на оние кои биле доволно доблесни да умрат за Грциjа? Дозволиле нивните вдовици и жени да живеат во сиромаштиjа. Ете како Грциjа ги третирала своите наjдоблесни граѓани!

1kult1234Исламот во Грција

Со Договорот од Лозана, склучен во jули 1923 година, Грчко-турската војна завршила. Грциjа и Турциjа потпишале спогодба за размена на население, користеjќи јa “религиjата како основен критериум за националност.” (Стр. 120, Ричард Клог, “Кратка историjа на современа Грциjа”).

Ноемвриското издание на Националниот географски магазин од 1925 година, наjдобро јa илустрира големината на бранот луѓе, дрскоста на грчките и турските власти и целосното непочитување на човечкиот живот.

“Наjголемата преселба во историjата”, “Трагедиjа го прогонува Блискиот Исток додека Грциjа и Турциjа си разменуваат два милиона од својот народ.” ...1922 година почна со она што навистина може да се нарече наjголема, наjспектакуларна преселба во историjата - принудна меѓумиграциjа на два милиона христиjани и муслимани преку Егеjското Море.” “... почетните епизоди на драмата на размена беа одиграни во придружба на татнежот на топовите и sвецкањето на митралезите и декорации кон кои пламените на холокаустот беа вперени во Смирна.” (Стр. 533, Мелвил Чател, Национална географиjа /Melville Chater, National Geographic, November 1925/).

 “Еден потег на пенкалото прогонува 3.000.000 луѓе. Сигурно е да се каже дека историjата не содржи поисклучителен документ. Никогаш пред тоа во светската долга свечена поворка од луѓе-скитници немало 2.000.000 луѓе - а сигурно не помалку од 3.000.000, ако е можно целосно да се примени ретроактивната клаузула - не биле протерани и повторно примени назад со потегот на пенкалото.” (Стр. 569, Национална географиjа, ноември 1925).

 “Дури и ако се смета за доброволна преселба, наместо за присилна размена, движењето не би можело да се спореди со било што слично во историjата на емиграциjата.” “Секој може едноставно да додаде дека историjата никогаш не продуцирала документ кој бил потешко да се изврши.

Требало да се намалат овие тешкотии бидејќи таа размена се базирала врз религиjата, а не врз расата. Поради петвековната турска доминациjа во Грциjа, определувањето на која раса припаѓаат поединците е често придружена со такви сложености, кои го тераат попишувачот да плаче.” (Стр. 570, Национална географиjа, ноември 1925).

“Грциjа, со површина од една петина од турската површина, имала 1.500.000 повеќе жители од неa. Турциjа, со население од 5.000.000 жители и природно богата територија, имала само 15 луѓе нa една квадратна милjа... Грциjа, со површина помала од една петина од турската површина, сега имала население кое го надминува населението на Турција, за првпат, за 1.500.000 жители, што просечно изнесува 123 жители на една квадратна милја. ” (Стр. 584, Национална географиjа, ноември 1925).

“Најголемото тешко патување во историjата чини 300.000 животи. Конзервативните проценки овие 300.000 животи ги сметаат изгубени поради болест и изложеноста на штетните временски влиjаниjа.” (Стр. 584, Национална географиjа, ноември 1925).

“Вистинската размена во голем степен била во корист на Турциjа, бидејќи околу 380.000 муслимани биле разменети за околу 1.100.000 христиjани”. “Вкупното население во Грциjа се зголемило помеѓу 1907 година и 1928 година од 2.600.000 на 6.200.000.” “По грчките воени напредувања од 1912 година, на пример, грчките елементи во грчка Македониjа сочинувале 43 проценти од населението. Дo 1926 година, со повторното населување на бегалците, грчкиот елемент се искачил на 89%.” (Стр. 121, Ричард Клог, “Кратка историjа на современа Грциjа”).

1kult1235 1kult1236

По сето ова, изненадувачки (и срамно) е што Грциjа се’ уште тврди дека неjзиното население е хомогено; директни потомци од народите на античките градови-држави.

Ако Грциjа денес постои како хомоген етнос, тогаш таа и го должи ова на катастрофата од Мала Азиjа. Ако стотици илjадници бегалци не беа дошле во Грциjа, денес грчка Македониjа немаше да постои. Бегалците jа создадоа “националната хомогеност” на оваа земjа. (Антониос Кандиотис, Митрополит на Флорина /Anonios Kandiotis, Metropolite of Florina/, стр. 141 во Анастасиjа Каракасидоу, “Полиња на пченица, планини на крв” /Anastasia Karakasidou, Fields of Wheat, Hills of Blood/).

Според Каракасидоу, речиси половина од бегалците биле населени во урбаните центри и руралните подрачjа во Македониjа. “Бараjќи локации на кои ќe јa насели масата народ, грчката влада гледала на север, кон новоинкорпорираната земjа во Македониjа...” “... до 1930 година, 90 проценти од 578,844 бегалци, населени во руралната Грциjа, биле концентрирани во региони на Македониjа и западна Тракиjа.

Според тоа, грчката новостекната втора “житница” (по Тесалиjа), станала место за чување на бегалците од источна Тракиjа, од Мала Азиjа и од Понтиjа /Pontic refugees/.” (Стр. 145, Анастасиjа Каракасидоу, “Полиња на пченица, планини на крв”).

Продолжува

Пишуваат:

1slave5 РИСТО СТЕФОВ  И

1slave 5 СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.