Среда, 07 Јули 2021    PDF Печати Е-пошта
ДЕЛО ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ОПШТИНИ, ЦРКВИ И МАНАСТИРИ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА, КАНАДА И САД (4)

1kata1234

ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН 

Македонската православна црква (МПЦ) игра значајна улога во опфаќањето и сплотеноста на Македонците надвор од Македонија, особено во прекуокеанските земји. По обновувањето на самостојноста  на  Охридската  архиепископија во 1958 година и на автокефалноста во 1967 година, МПЦ направи силен пробив меѓу бројното македонско иселеништво од сите делови на Македонија во прекуокеанските земји САД, Канада и Австралија, како и меѓу Македонците во денешната Европска унија и во други земји.

МПЦ е организирана преку своите епархии: Американско-канадската и Австралиската-македонска православна епархија која беше формирана во 1967 година, а која во 1974 година е поделена на: Американско-канадска и Австралиска епархија, во чија диоцеза денес е и Нов Зеланд, а од 2016 година постои и Сиднејско австралиска епархија Од 1984 година постои и Македонска православна епархија за Европа.

Авторот Славе Николовски-Катин ја подготви публикацијата „Македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД”, во издание на НИО „Нова Македонија”, Скопје, 1991, а која содржи 192 страници, во соработка на Панде Колемишевски, чиј рецензенти беа академик Блаже Ристовски и митрополитот Кирил. Таа е трето дело на Славе Катин и прв и скромен историски обид за периодизација на македонските православни цркви и манастири во прекуокеанските земји.

На про­мо­цијата во „Сарајот“ во Ресен, по повод осумте века на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курби­ново, академик Блаже Ристовски, тогашен потпретсдател на експертската влада на Македонија и претседател на Комисијата за односи со верските заедници рече:

 „Катин дава глобален преглед од појавата на македонските пра­во­славни црковни општини до современиот црковен живот на маке­дон­­ски­те доселеници во прекуокеанските земји, САД, Канада и Ав­стра­лија. Активното духовно и културно-просветно живеење на Македонците во дијаспората, наметнува, во определен обем и време, низа суштински праша­ња што се однесуваат на вистината за Ма­ке­дон­ската православна црк­ва и за македонскиот народ во минатото и за сегашните состојби во ма­кедонските православни црковни општини надвор од Републиката. 

Во ова дело, Катин настојува да го осветли историскиот и раз­вој­ниот пат на македонските православни црковни општини и на ма­ке­дон­ските иселеници во прекуокеанските земји. Поточно, да го фокусира она место во македонската црковно-национална историја, за кое се из­бо­ри­ле самите македонски иселеници. 

Оттука, во подготовката на книгата се користени научни трудови, публи­кации, извештаи, писма, разговори и други извори поврзани со оваа тема. Но, и покрај тоа, Катин е свесен дека ова негово дело не претендира на исцрпност, заради што и очекува дополнувања и сугестии кои би ги збо­гатиле сознанијата за активностите, животот и историјата на маке­дон­ското иселеништво, од сите делови на Македонија и на македонските пра­вославни цркви и црковни општини во Австралија, Канада и САД“, истакна д-р Ристовски.

Инаку, Првата инцијатива за МПЦ се роди во Мелбурн, Австралија, во 1956 година. Новоизградениот храм „Свети Ѓорѓи“ е првата МПЦ освете­на од ма­­кедонски владика. Веќе во 1962 година е поставен камен-те­мел­­ник на МПЦ „Свети Петар и Павле“ во Гери – Индијана во САД, а во 1964 го­­­дина на црк­вата „Свети Климент Охридски“ во Торонто, Канада.

Во публикацијата „Македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД” е напишано дека во нашето духовно и културно живеење последните години сé поевидентен е недостигот од еден, макар и глобален, преглед: од појавата на македонските православни црковни општини до современиот црковен живот на македонските доселеници во прекуокеанските земји, САД, Канада и Австралија.

Активното духовно и културно-просветно живеење на Македонците во дијаспората разгледува, навистина, во определен обем и време, низа суштински прашања што се однесуваат на вистината за Македонската православна црква и за македонскиот народ во минатото и за сегашните состојби во македонските православни општини надвор од Република Македонија.

При подготвувањето на материјалот, а текстовите за црковните општини со изведени скратувања на материјалите кои беа објавувани во весникот „Нова Македонија“ од Скопје, се користени публикации, списанија, научни трудови, писма, разговори, извештаи и друг вид материјали, што се однесуваат на животот и активностите на македонските православни црковни општини и на македонските доселеници во прекуокеанските земји. Оваа публикација не претендира на исцрпност, туку, напротив, таа само ги поткрепува наводите и констатациите изречени при третирањето на одделни прашања за значењето и улогата на Македонската Свети - Климентова православна црква.

Продолжува

1Dusan RistevskiДУШАН РИСТЕВСКИ МАКЕДОН 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.