|
||||
ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ВО „ГРЧКАТА ГРАЃАНСКА ВОЈНА“ (15) |
Очигледно, законите Л-2 и М биле направени да бидат против интересите на македонскиот народ. Дури и на невините Македонци кои заминале пред Граѓанската војна не им било дозволено да се вратат. Прашањето сега е: “Што планирала Грциjа да прави со Македонците?” Начинот на кој законските акти Л-2 и М биле применувани во текот на годините носи уште едно прашање: Ако нема Македонци кои живеат во Грциjа, како што тврди Грциjа, тогаш на која националност припаѓаат овие луѓе на кои грчката влада одбива да им дозволи да се вратат? Зошто грчкиот закон прави разлика помеѓy Македонци и Грци кога тоа им одговара на Грците, но не кога тoа им е од корист на Македонците? До крајот нa l947 година, насекаде беснееле битки и војната полека се приближувала на север во Македониjа. Јасно е дека тоа било “грчка војна”, па, сепак македонското население повторно било вклучено во неа. Тешко вооружените грчки воени воздухопловни сили и механизираната артилерија стекнале контрола врз повеќето градови и главни патишта. Партизаните, буквално, биле фатени во стапица, но ги продолжиле своите стриктно дефанзивни походи од планините Вичо и Грамос. Како што ситуациjата се доближувала до критичната точка, така двете страни ги засилувале своите регрутирачки кампањи од истото население. Партизаните не можеле повеќе да сметаат само на доброволци и започнале да регрутираат борци со сила и да го ангажираат секого што можеле да фатат, машко или женско. Освен нивната улога да помагаат, сега жените ги вооружувале и им давале борбени задачи. Тие се бореле рамо до рамо со мажите против доброобучената, добродисциплинираната и тешко вооружена грчка војска. Таква била судбината на македонските жени, oд кои најголемиот броj биле земени сосила за да водат нечија туѓа војна. Планината Грамос Како што се интензивирала војната, така грчките воени воздухопловни сили редовно ги бомбардирале македонските села, ставајќи го цивилното население, вклучуваjќи и деца, во опасност. Во пролетта 1948 година, за да ги спасат децата, била воведена една привремена евакуациона програма и применета на доброволна основа. Се проценува дека околу 28.000 деца, на возраст од 2 до 14 години биле собрани, а потоа и пренесени преку граница во Jугославија. Оттаму, тие биле испратени во различни земjи од Источниот блок. Повторно сакам да нагласам дека евакуационата програма била спонзорирана и организирана од грчкото партизанско раководство кое било сосема изверзирано во “грчкиот закон” (актот Л-2). Сепак, тие јa спровеле програмата за евакуациjа на децата и ги лажеле маjките, кои им верувале, дека евакуациjата била само привремена мерка. Речиси на сите македонски деца кои биле евакуирани во 1948 година се уште им е забранет влез во Грциjа. До пролетта 1949 година, грчката Граѓанска војна станала “воено поле на колеж”, уништувајќи го македонското население. Дел од децата кои претходно биле евакуирани, биле донесени назад за да се борат против грчката војска прекалена во битки. Децата кои биле доволно силни да држат пушка, без разлика на возраста, биле грабнати од детските кампови за деца во Романиjа и донесени назад во Грциjа. Двe од трите групи кои биле вратени назад веднаш биле масакрирани, откако биле вовлечени во борба со грчката армиjа. Тие биле на возраст под петнаесет години, немале обука за војување, ниту, пак, претстава за тоа што да очекуваат. Третата група била поштедена бидејќи маjките протестирале против ваквите варварски деjства. Партизаните јa демобилизирале третата група пред да стигне на боjното поле и ги испратиле децата дома. Неочекувано, Захариjадис /Zahariadis/, врховниот командант на партизанските сили и негови блиски приjатели, со сета нивна мудрост, решиле да дадат финален отпор против Грциjа кој или ќе го оправи или ќe го скрши партизанското движење. Нивното образложение било дека партизаните треба да окупираат голем град за да им послужи како нивна база. Тоа ќе направело да бидат сериозно земени предвид и можеби да го здобиjат вниманието на големите сили, особено на Советскиот Соjуз. Има многумина кои го споделуваат нашето мислење дека партизанскиот напад на Лерин на 12 февруари 1949 година, не бил ништо друго освен обид да се искоренат македонските борбени сили и да се тероризира остатокот од македонското население со цел да си замине од Грциjа. Сега, со сигурност можеме да го кажеме ова бидејќи токму тоа и се случило. Во еден упорен обид, до последниот човек, да се сталожат и да добијат легитимитет, партизаните го нападнале градот Лерин, обидувајќи се да создадат база за деjствување и да му покажат на светот дека тие претставуваат сила достоjна за признание. Но, сепак, нивниот напор не бил награден. Не го освоиле Лерин и изгубиле поголем дел од своите сили при тој обид. Седумстотини млади Македонци, мажи и жени, тој судбоносен ден го изгубиле својот живот, а нивните тела биле закопани во една масовна гробница. Партизанското раководство чекало до зори пред да нареди напад. Бранови и бранови невини млади мажи и жени биле заклани, покосени токму во екот на својата сила, од грчкиот митралески оган. Ужасот на овоj колеж станал видлив кога се разденило и кога првите зраци го осветлиле црвеното ишарано боjно поле. Свежопаднатиот снег бил црвен од крвта и телата на загинатите. До ден-денес, мислењата се поделени околу образложението за нападот на Лерин, толку доцна во војната. Војната речиси била завршена, а грчката армиjа, поддржана од Британците, била незапирлива. Ретроспективно, некои веруваат дека ако се здобиле со контрола врз Лерин, на партизанското раководство тоа ќе му послужело како адут за да се предадат. Но, при разгледување на фактите, се открива еден позлокобен план. Досега добро е познато, насекаде во светот, дека Британија не би дозволила комунистичко влиjание во Грциjа. Одлуката на Британиjа била поддржана од Советскиот Соjуз и лично од Сталин. Партизанското раководство било добро информирано дека повеќе не може да се потпре на поддршката од земjите на комунистичкиот блок, под советско влиjание. Продолжува Пишуваат: РИСТО СТЕФОВ И СЛАВЕ КАТИН |